4 јули, 2009 - 03:36
[веб кирилица]

од toomuchisnotenough на 2 јул 2009 - 21:09

преземено од http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/07/090702_porttugal.shtml

(уште да го преземеше и некој од македонскиве медиуми...)

Португалија без казни за дрогирањето

Пред осум години, Португалија го смени законот така што поседувањето или користењето дрога веќе не е кривично дело.

Се стравуваше дека тоа ќе ја претвори земјата во рај за нарко туризам.

Но, бројот на зависници паѓа, а оние кои се лекуваат се побројни.

Марија ми беше претставена на крајот од светот.

од BugS на 1 јул 2009 - 01:15

Преземено од Вест [www.vest.com.mk]
__________________

Сиромаштија... Да не може човек проблемите со снаата да си ги реши на раат.

Колку повеќе пари ќе стават толку побрзо ќе ги из­бр­кал злите духови. Уште ги убедил дека ако стават евра, лошите сили по­бр­зо ќе избегале оти тие многу се плашеле од Европската унија и од стран­ски­ пари

Ис­те­ру­ва­чот на ѓаволи и познат бајач од Штип Сабатин Ш. (42), кој низ гра­дот и пошироката околина е познат и по прекарот Штипјанецот, из­ма­мил двајца жители на велешкото село Омарани и им зел 14.000 ев­ра. Тој им баел и им дал гаранција дека сигурно ќе бидат спасени од цр­ни магии и болести членови на нивните семејства.

од Незнаен јунак на 30 јун 2009 - 00:28

Сликиве се вртат по Facebook...

1. македончиште

од Незнаен јунак на 29 јун 2009 - 19:55

Преземено од Време [vreme.com.mk]
__________________

Градоначалникот Коце Трајановски наложил за два месеца да се ликвидираат 90 проценти од кучињата-скитници во Скопје и, според некои показатели, тој негов морбиден и целосно незаконски план веќе почнал да се реализира - алармираат невладините организации за заштита на правата на животните. Нивните изјави ги потврдуваат стручни лица од Ветеринарниот факултет, кои деновиве биле на средба со Трајановски, како и вработени во стационарот „Вардариште“, кои говорат анонимно.

од Зелен на 28 јун 2009 - 15:51

Превземено од дневник (http://www.dnevnik.com.mk)

Цитат:

За „етногенезата“, нацијата и сличните куриозитети

Најголемиот адут на Македонија во прашањето за името е правото на самоопределување, а не докажувањето на античките корени. Но, дали немаме доволно капацитет кај специјалистите по меѓународно право, па оставивме оваа битка да ја водат недоучени историчари, кои однапред се осудени на пораз?

Историчарите кои „Дневник“ ги контактирал за мислење по ТВ-дуелот на „А2“ за прашањето колку сме Словени, а колку антички Македонци, не го дале своето мислење со оправдување дека не го гледале дуелот! Не знам за кои историчари станува збор, но очигледно е дека постои страв да се искаже своето мислење. Од што се плашат контактираните историчари - не знам, но знам дека дуелот утредента беше достапен на интернет-страницата на „А1“ и јас, иако живеам надвор од Македонија, го гледав. Чудно што на историчариве не им текнало за оваа опција. Не сме барем до толку античко општество да не помислиме на интернетот како решение за испуштената многу важна емисија, која ни дава јасна слика за еден важен елемент на нашата политика, која ја креира нашата иднина.

од Незнаен јунак на 26 јун 2009 - 21:36

Преземено од нетпрес [netpress.com.mk]
__________________

Владата го одзема корисничкото право на Министерството за култура за користење на земјиштето наменето за изградба на црква на плоштадот Македонија и го задолжи министерството да ги стопира сите активности за изградба на црквата, а целокупната документација да ја отстапи на Македонската православна црква. Со ова решение, соопштуваат од извршниот дом, се овозможи Министерството за транспорт и врски, согласно законските овластувања, истото земјиште да го даде на МПЦ, од која ќе зависи во целост продолжувањето на понатамошните активности, и надлежноста по ова прашање.

од Незнаен јунак на 26 јун 2009 - 01:01

Преземено од A1 [www.a1.com.mk]
__________________

Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, на педесет годишна возраст почина од инфаркт, во својот дом во Лос Анџелес.

Изворите велат дека кога докторите пристигнале, тој повеќе немал пулс.

од miopa на 24 јун 2009 - 20:29

Пред неколку дена бев на гости кај дедо ми во Благоевград и најдов нешто интересно таму.

Лична карта (членска карта), издание на Националниот комитет на Македонската емиграција во Бугарија.