3 септември, 2010 - 14:40
[веб кирилица]

ВНИМАНИЕ СИТЕ АДСЛ КОРИСНИЦИ!

од загрижени граѓани на 4 окт 2005 - 01:46

Ако сте постоечки корисник на АДСЛ и ако не преземете акција до 14ти овој месец очекувајте непријатно изненадување со телефонската сметка во ноември!

Ако не сте, можеби размислувате да станете нов АДСЛ корисник поради примамливата нова понуда за 1290ден. до 384kbps месечно?

Кликнете на повеќе за да се информирате како може да се спасите од сигурна кражба...

НОВО: На повеќе ќе најдете приговори спремни за носење во МТ составени од адвокат...


Како што веќе сигурно знаете, МТ ги променија условите за новите и за сите постоечки АДСЛ корисници. Од овој месец па натаму, доколку вашиот потрошен сообраќај (download+upload) надмине 4 гигабајти, ќе ви наплатат по 207ден. за секој нареден пола гигабајт кој ќе го потрошите вие .
Исто така, МТ воведоа и нов пакет кој е со лимит од пола гигабајт потрошен сообраќај .
Ова се е објавено 3 дена откога во Англија објавија дека ќе почнат на сите дома да им ставаат 24мегабита интернет конекција за 24 фунти. Еден мегабит за 90 денари.

БРОЈАЧОТ Е ЧИСТА ИЗМАМА!

Како што постоечките корисници забележаа на 1ви овој месец, бројачот за потрошен сообраќај на МТнет брои дупло, трипати, а во некои случаи и до 10 пати повеќе отколку што треба. Колку за илустрација, еве еден скриншот што покажува потрошен сообраќај за еден од администраторите само 33 минути по почнувањето на бројачот во октомври. За 33 минути наводно се потрошени 852 мегабајти, што во превод значи дека брзината била баснословни 440 килобајти или 3,5 мегабита во секунда. Во коментарите на сториите АДСЛ Лимит и Уште долго ќе сме „навистина блиски“ имате сведочења од други багра членови за слични состојби при проверка. Слични случаји се пријавени и на македонскиот Usenet простор во групите mk.comp.adsl и mk.comp.internet. Доста информации и искуства има споделено и на Револуција блогот.

Ова значи дека 100% сигурно ќе го надминете пропишаниот лимит и после 1ви ноември ќе ви стигне сметка повеќе пати поголема од вообичаената. За тие што ќе се залетаат и ќе го купат новиот СтартАДСЛ пакет, за нив ситуацијата е уште пострашна. Они сигурно уште првите денови ќе го надминат смешниот лимит од 512 мегабајти (што на МТнет тоа очигледно им значи 50-250 мегабајти) и ќе почнат да плаќаат по 207 денари за секои наредни 50-250 мегабајти.

АДСЛ КОРИСНИЦИ, НЕ ОЧАЈУВАЈТЕ, ИМАТЕ НАЧИН ДА СЕ СПАСИТЕ!

Дел од нас веќе поднесоа барања за прекинување на договорот. Дури и луѓе што добија СтартАДСЛ во петокот, во понеделникот 03.10 веќе ги имаа пречекорено лимите и сите поднесоа барање за да ја откажат „услугата“. Сите останати, во ваш најдобар интерес е да земете веднаш да напишете едно барање за прекин на услугата, во кое ќе наведете дека се откажувате поради новите услови и цени, и дека барате да не ви го наплатат попустот. Барањето веднаш потоа поднесете го во вашиот општински МТ салон. Истовремено со барањето, на истиот шалтер поднесете и приговор, за кој еве ви шаблон во Word, OpenOffice или Acrobat формат. Овој приговор е составен од адвокат и може да го користат и оние кои веќе го раскинале договорот, и во него фино е образложено зошто не треба да ви наплатат пенали.

Само вака може да се спротиставиме и тоа да вроди со некаков конкретен плод. Чекање нема да смени ништо. Треба абсолутно сите да ги раскинеме договорите и да не им остане ни еден единствен корисник.

До тие што се плашат дека ќе платат повеќе ако го раскинат договорот предвреме: пресметајте повторно! Запомнете, МТ можат од сега да ви наплатат во месечната сметка многу повеќе отколку до сега што плаќавте, и не им треба никаква причина за тоа, доволно е бројачот да покаже некоја бројка поголема од 4GB.

Ако имате одлучувачки глас за ова во фирмата во која работите, ова важи и за вас, сигурно лимитот веќе сте го надминале. И вие почнете постапка за раскинување на договорот, и доколку можете да си го дозволите тоа, тужете ги за зголемување на договорената цена. Запомнете, цената што досега сте ја плаќале сега станува минимум цена која можете да ја платите, а максимумот е неограничен!

Внимавајте, ако се јавите во МТ, или кога ќе го предавате барањето, тие сигурно ќе ви кажат дека се предомислиле и да почекате малку за да одлучат што ќе прават околу новите услови. Или дека нема да почне наплатата од ноември иако на сајтот јасно го пишува тоа. НЕ ИМ ВЕРУВАЈТЕ НА ЛАГИТЕ. Ќе ви кажат било што, само за да не го прекинете договорот веднаш и да ви помине рокот за безболно раскинување на договорот. Ова веќе се случило на повеќе багра членови кога пробале да дознаат нешто од нивната техничка подршка на 0800 12345, или кога биле да го раскинуваат договорот.

Јасно ни е дека на сите нас ни треба интернет, и затоа следете ги следниве линкови и прочитајте во коментарите и пораките кои алтернативи на АДСЛ ги има во Скопје и остатокот од државава:
АДСЛ Лимит
Уште долго ќе сме „навистина блиски“
mk.comp.adsl
mk.comp.internet
Блогот на Redguy

Ги молиме сите што ќе го прочитаат ова, и имаат некоја информација или искуство повеќе за ситуацијава или за останатите broadband услуги што се нудат кај нас, да остават коментар подолу на странава. И до интернет провајдерите кои не се викаат МТнет: Сега ви е шансата, не се срамете да се рекламирате!

Исто така ги молиме и сите независни website-ови и сите останати медиуми кои мораат да ги пренесуваат вестите иако МТ им е голем спонзор: Помогнете да се рашири веста за измамата и за акцијата против неа. Не читаат сите Багра. Луѓето мора да знаат!

И следете го местово, ќе се потрудиме сторијава секогаш да ги содржи или да линкува до најновите податоци.

НОВО:
На револуција блогот има петиција до МТ против промените која сите ADSL корисници треба да ја пополнат.
Таму може да најдете и верзија од приговорот (.doc, .sxw, .pdf) за оние што не сакаат веднаш да поднесат барање за раскинување на договорот.
Доколку некој не го најде ова во погорниот текст, шаблон приговор за тие што веќе го раскинале договорот може да најдете тука: .doc, .sxw или .pdf.

Опции за гледање на коментари


сликата на anastas87
среќа моја.. - од anastas87 на 4 октомври, 2005 - 02:51

.. шо иам кабелски. но, ако треба поддршка за тепање, кршење, убивање вработени, палење и демолирање на ебаното МТ, ќе дојдам..

сликата на ZisDead
љепи - од ZisDead на 4 октомври, 2005 - 09:28

Еве и додатен потик за да успее акцијата против мтнет, ако не е доволен сексот во ребра. Еве го Атила Хунот, гледајте го и дозволете негативните чувства да надвладеат [се смее]

сликата на гоце
Оригиналот... - од гоце на 4 октомври, 2005 - 09:48

ВНИМАНИЕ СИТЕ АДСЛ КОРИСНИЦИ! - од bozint на 10 октомври, 2005 - 14:43

Јас не бев во можност да дојдам одсабајле и планирам да одам во салонот на МТ во аеродром пошто сум од ново Лисиче, и ако може некој да каже дали ќе имам проблеми некој да ми го потпише договорот.
На петицијата се потпишав, а исто и за договорот не знам дали треба мое име или на оној на кој што гласи договорот (во случајов татко ми), претпоставувам неговото.

Поздрав

незнам сега - од VBB на 10 октомври, 2005 - 22:38

незнам сега точно што и како, но имај в предвид краен рок е 14 Октомври а утре е празник(11ти) и поднесуваш Приговор а не Договор [се смее]
во приговорот име на оној на кого гласи договорот.
два примерока, архивски печат нек ти удри и со пенкалце ќе пише број на него.
ја сум склучил договор во центар за адсл-то, но памтам за работа нешто требаше телефон па сум бил и во карпош во мак. тел. исто носеа луѓе папири,барања и сл. верувам ќе завршиш работа таму во твојот подрачен салон.

иначе ете поднесовме денес приговори, па ќе видиме.

од acoman
Од искуство - од FlavrSavr на 4 октомври, 2005 - 03:03

Од искуство = се заебав и јас, ама со ISDN. Нема да навлегувам, ама во принцип дотолку се изнервирав што решив да немам ништо со таа компанија, дури и ако ми дадат бесплатно. Кога го воведоа ADSL-от знаев дека нешто матат, така што ова не ме изненадува. Убедував некои другари да не ставаат ADSL пошто нешто ќе им се деси набрзо (не знаев што, ама еве ја потврдата). Искрен совет - раскинете ги договорите што побрзо и поштедете се од понатамошни нервози. МТ.Нет е... не знам, немам зборови... тоа е неверојатно, дури и за Македонија...

ЛУЃЕ - од VBB на 4 октомври, 2005 - 03:27

Луѓе, сериозно сум накурчен да дојдам, НЕМОЈ СЛУЧАЈНО ДА НЕ ВИДАМ НИКОЈ. ЌЕ ВЕ СКРШАМ.
Ќе гледам утре да станам рано, за да имам време да подразмислам уште малку. 99% сум убеден.
Ако нема никој, нема поента сам да го даам модемот. Џабе ќе биде.
ако има минимум 20 други луѓе,тоа е веќе нешто.замисли онака 20 модеми на купче [се смее]
Има ли некој камера?? ја иам ама касета треба да зеам.
Дајте дојдете и не серете многу, у 12 да ве видам нацртани таму.

Друга работа: местата за чекање на мапите се различни,немој да се заебе нешто ради тоа, неспоразуми и сл. кој е кој и сл.

НЕ ГИ ЗАБОРАВАЈТЕ ДОГОВОРИТЕ!
(ја би го залепил со едно селотејпче на кутијата од модемот,да се знае од кого е)
Ако стварно све биде ко што треба би го откажал и фиксниот телефон (ако може тоа да се направи на друг пункт на МТ, уште поарно,ЗА ДА НЕ СЕ ЗАДРЖУВАМ УНУТРА!ако процедурата трае некоја минута да не морам да се распраам таму што како. ме сфаќате)
Тие што ќе станат утре порано,нека укуцаат уште некој совет,мислење и сл.

сликата на eclipse-x
А стикчињата? - од eclipse-x на 5 октомври, 2005 - 00:52

Што дешава со тие што добиле гратис УСБ стикчиња од телеком при приклучувањето на АДСЛ? [се смее] Треба и тие да се вратат или шо? [тажен] Еден другар имаше па највише ради тоа.. [се смее] Ајт!

ПРИГОВОРОТ! ВАЖНО! ЧИТАЈ! - од VBB на 4 октомври, 2005 - 05:13

еве подготвив еден каков таков шаблон за Приговорот.
Ќе го понесам отпечатен со мене, кој сака да може да го исфотокопира на лице место таму и да си тури потпис.

Еве го прво како слика, како изгледа:

а еве го и текстот, за евентуално копи и пејст кој сака. (со тоа што оригиналот што ќе го носам ќе биде пофино форматиран као на сликата, па боље просто да се исфотокопира кај некој близок фотокопир)

-------------

До Раководството на
МТнет , ул. Орце Николов бб
1000 Скопје

ПРИГОВОР

Поради крајниот непрофесионален однос на вашата компанија кон сопствените корисници и вашето кршење на Договорот за користење на ADSL, во знак на протест ја враќам опремата која ми беше дадена на користење и барам прекинување на Договорот без апсолутно никаква обврска да плаќам пенали (ниту законска,ниту морална итн.), со оглед дека во случајов вашата компанија е таа која не го почитува Договорот со кој јас се согласив и го потпишав, а не се работи за мој каприц.
Вашата компанија воведе нови правила за користење, од таков вид, за кој корисниците не беа предупредени при потпишување на Договорот.
При потпишување на Договорот ми беше апсолутно јасно, дека Операторот го задржува правото да воведе ограничување до 4GB интернет сообраќај, за пакетот кој го одбрав. ТОА НЕ Е СПОРНО.
Ограничување: во техничка смисла, т.е. низа мерки по пречекорување на наведениот лимит како напр.: намалување на брзина, просто исклучување и сл. Тоа како иден корисник не ми се допадна, но сепак го сфатив како едно нужно зло (поради непостоење на алтернативен избор) и ставив свој потпис. Но вашите нови промени се од друг тип (наплата за пречекорување), тие не ми одговараат и не бев во можност да ги предвидам.
Во членот 11 од Договорот, јасно е кажано дека Операторот ИМА право да воведува новини, пак велам тоа не е спорно! Со ТАА РАЗЛИКА што на корисникот му се нуди можност да реагира во рок од 15 дена. Понатаму се вели, дека, доколку до реакција не дојде во утврдениот рок, Операторот ќе смета дека корисникот СЕ СОГЛАСИЛ со промените.(ова не е директен цитат, но во целост кореспондира со наведеното во Договорот)
Барам да го прекинам Договорот со вашата компанија врз основа на горенаведената можност која ми е пружена. Јас со промените на условите за користење НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ.
Доколку се работеше за мое барање за прекин на Договорот од други причини, без некој посебен повод, например едноставно поради мое немање желба за понатамошно користење, немање средства за понатамошно плаќање и сл. јас радо би се придржувал до обврските за кои сум потпишал и би ги платил „пеналите“. Како што наведов претходно, проблемот тука го создадовте вие.

Истотака, во моментов би спомнал и дека вашата компанија го крши Законот за електронските комуникации, член 96, став 3!
„Претплатниците мораат да бидат информирани за сите предложени измени во условите наведени во претплатничкиот договор во рок не пократок од триесет (30) дена пред воведувањето на измените, како и за правото дека во истиот период, без известување или последици можат да го раскинат претплатничкиот договор доколку не се согласуваат со предложените измени.“ (вашиот Договор говори за 15 дена. Вашиот Договор не е повисок правен акт од ЗАКОНОТ)

Барам: ВЕДНАШ И НЕОДЛОЖНО ДА ГО ПРЕКИНАМ ДОГОВОРОТ СО ВАШАТА ФИРМА, БЕЗ ДА СНОСАМ АПСОЛУТНО НИКАКВИ ПОСЛЕДИЦИ, ВРЗ ОСНОВА НА МОЕТО ПРАВО ДА НЕ СЕ СОГЛАСАМ СО ВОВЕДЕНИТЕ ПРОМЕНИ, КОЕ МИ ГО ГАРАНТИРА ДОГОВОРОТ И ЗАКОНОТ.
Во спротивно ќе бидам принуден своето право да го побарам на Суд, организирано со други незадоволни корисници.
Имајте в предвид, дека поради економската состојба во нашата земја и превисоките цени, користењето на ADSL е привилегија за еден определен слој на поимотни граѓани, кои истотака се во финансиска можност организирано да го префрлат споров на суд без никаков проблем.

Сворачен потпис:

Бр. На документ за идентификација (лична карта или пасош):

---------------
СТАНУЈТЕ РАНО САБАЈЛЕ,АЈДЕ ВРЕМЕ Е

сликата на excellent
Морам вака јавно: - од excellent на 4 октомври, 2005 - 08:53

БРАВО за трудот!

За другите:

Ајде мрзи, сега веќе немате екскјузис!

За администраторите:

Честито 600-те луѓе во исто време на Багра!

Трендо објави - од motherfucker на 4 октомври, 2005 - 09:01

Му пишав сабајле мејл на Трендо, а он експресно ја објави веста на онет.

Дополнување на ПРИГОВОРОТ - од adokov на 4 октомври, 2005 - 09:42

Јас се извинувам што доцнам, но мислам дека ова може да се искористи.
Вака значи:
Јас се согласувам МТнет да направи промена (на подобро или полошо) на цените. Тоа воопшто не е спорно. Тоа впрочем и го потпишав.
Но апсолутно не се согласувам тие да ја променат услугата која сме се договориле да ми ја достават, а тоа е НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ за ФИКСНА ЦЕНА.
Јас потпишав договор за НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ ЗА ФИКСНА ЦЕНА, а сега тие ми нудат ОГРАНИЧЕН ИНТРЕНЕТ БЕЗ ФИКСНА ЦЕНА, па дури и БЕЗ ГОРЕН ЛИМИТ.
На овој начин тие дури го КРШАТ договорот, па имам право и да ги тужам (оти сега јас по неполна година треба пак да барам Интернет провајдер, иако имам потпишано договор за две години).

сликата на olicdon
Внимание сите адсл корисници - од olicdon на 4 октомври, 2005 - 10:43

Е мамата нивна бе до кога ќе не сексаат,ја користам махадсл потпишав договор на 2 год (овој ми е 5 месец)за претплатата месечна да ми виде помала,и кога ги прашував за трансферот кога ке се надмине дали ќе се наплаќа,ми гарантираа со живот дека нема да се наплаќа под никој услов и дека ќе ја користеле втората опција,а таа е намалување на брзината на корисникот затоа што стандардот на граѓаните бил катастрофален.Сега таа гаранција нормално можам да си ја пикнам в г..
Глеам на овој мерачот просек ми е 5гб,сега ќе си земам програмче за трансфер count и ако лажат ич не ги ебам,ќе си платам 5 месеци пенали...ќе им го акнам модемот од глава...едно 100 клетви и ај у курац,и ко ќе дојде 2 фиксен оператор ке го откажам и фиксниот дури и бесплатна да им биди услугата.
На суд,судии адвокати ја мислам да не се занесуваме многу...знаете како функционира нашата државичка,само пред врата протест и масовно игнорирање на нивните услуги му е мајката...а кога ќе ми се јави онаа кучката од државниот мобилен да ми се лигави зашто сакам да го прекинам договорот,а сега е недостапна и на состанок чичо знае што ќе и речи...
Со овие пари сега јас што ги плаќам во Словенија добиваш ваква конекција 10 Mbps / 2 Mbps. limit free !!!!! http://www.t-2.net/ponudba_index.html

Масовно игнорирање ништо друго...овај месец 20 корисници,наредниот 30...и нека бидат провајдери во Конго...иако мислам дека таму има подобра услуга...

Оливер,Битола

не мора да се сурфа може да ... - од aldabeda на 4 октомври, 2005 - 11:32

Се разбира може да се чита шета дупи учи пие или гледа телевизија
пр МТВ еве најновото шоу на прасето со педерски манириииии
еве како течело неговото шоу се разбира бр. 1 со прв гостин
СЕРГЕЈ
слики на www.digimak.net
PS немам ADSL но имам избор ќе гледам МТВ1 [се смее]))

ВНИМАНИЕ СИТЕ АДСЛ КОРИСНИЦИ! - од driver на 4 октомври, 2005 - 11:52

дали на некого му текнало дека кога ке го раскинете договорот автоматски добивате известување за плаќање на пенали. ако не ја платите сметката со се пеналите ке ви го исклучат и телефонот бидејќи сметката е се на едно. МРАК:
би требало некој од оние ѓубриња од ,,државава,, да реагира бидејќи ебана страна ке сме ние. а бидејки нема да реагира како што никогаш и не реагирало панатлони надолу и свртете се на кај мт.нет.

а ако даде господ ке има некој 5 октомври и кај нас па тогаш нека му ја мислат јас си правам список.

сликата на DreadKnight
Среќа - од DreadKnight на 4 октомври, 2005 - 13:13

Среќа моја,ова е првиот месец откако имам АДСЛ,па и да го раскинам договорот нема многу да ме заебат.А шо викате да им доделиме ние на нив пенали,па да им џитнеме 2-3 бомби у центарот,да видат кого они ќе дупат?

Друг,дури и подобар начин е да им се нафрлиме со Downloadi и да ги оптеретиме овие неколку дена.

Или можеби да им најдеме некоја слабост во серверите,па да им ги заебеме колку може и не може.Најдете начин како да им се одмаздиме,и ќе бидам среќен да помогнам на секој можен начин.

Јебига,мислам дека доволно беше (како што некој спомна) дупење без наша дозвола.Сепак,нас не боли,а они си се смешкаат додека ние глави си кршиме овде како да излеземе на крај.Протестите ви беа нешто најдобро што сте го смислиле до сега.Можеби,само можеби ќе ги натераме копиљаците да го сменат мислењето во врска со усраниот лимит,па ќе се вратат на старото добро "намалување на брзината на пристап".А кога ќе размислам подобро,мислам дека друга алтернатива не им останува,зашто ќе изгубат преку 60% од корисниците во следните 30 дена,а не верувам дека би сакале тоа да им се случи само заради некој си имагинарен лимит со кој мислеле дека можат да ни зимаат пари како сакаат.

Само протести луѓе,ако нешто не спаси,тоа ќе не спаси.
И секако,масивно раскинување договори.

сликата на frajer
ќотек - од frajer на 4 октомври, 2005 - 13:27

има и подобар начин..
да се најдат оние кои ги предложиле сиве овие глупости..
тие се наши луѓе, излегуваат до вегера околу 10 секое сабајле да каснат нешто или можеби до мекдоналдс.
колабораторите треба да страдаат. Ќе ги најдете на излезот на новата зграда од Телеком, кај италјанска амбасада.
Најчесто се млади 25-30 годишни, али се најголемиот проблем...
Па покажете им што мислите за нивните одлуки.. или запомнете ги, па кога ќе излегуваат навечер во Процес или слично, тогаш ќе имате шанса најубаво да се разберете.
Мислам дека со дијалог од ваков тип, се ќе си дојде на ред.

п.с. не ги жалете жените од таму.како за сите така и за нив.. токму недостатокот на разум ги има донесено работите до ова ниво.

Не верувам дека некој протест ќе успее, но верувам во индивидуално решение.. Можеме ако сакаме, поединечно и побазично да започнеме да го решаваме проблемот, започнувајќи од вработените.

сликата на ufo
Не ми се веруе - од ufo на 4 октомври, 2005 - 15:26

Не ми се веруе еј! Ја сум со фрајер!! Идам копачот да го зеам сеа, мамата на некоја фенси фаца!

сликата на Evil_Genius
И ја сум за - од Evil_Genius на 6 октомври, 2005 - 02:18

И ја сум за масовно претепување на клошараната од МТ!!

Па овие дури го намалиле протокот и на ДаелУп-от ако памти некој она старото Поста Поста конектирање на диво као демек а ти стига на сметка на карај на месец онака паушално колку што ке им прдне.
сеа иде мизерни 30кб у секунда нема граница колку мизерни може да бидат!

EvilGeniusLand.blogspot.com

сликата на Itar_Pejo
O: Среќа - од Itar_Pejo на 4 октомври, 2005 - 13:50

DreadKnight напиша:

Среќа моја,ова е првиот месец откако имам АДСЛ,па и да го раскинам договорот нема многу да ме заебат.

Не е баш среќа во несреќа, особено ако видиш подобро во договорот дека пеналите се пресметуваат на ЦЕЛО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ, а не на изминатиот период (промена: само што увидов дека има повеќе варијанти на договори - речиси сум сигурен дека за мојот важи тоа што го наведов. Ќе мора да го ѕирнам кога ќе стасам дома). Тоа значи, дека пеналите ќе бидат во висина од нешто под 500 ЕУР. За таа сума со задоволство ќе го зашибам домашниот телефон директно во глава на тој што ќе ги бара тие пари од мене. Излез од ситуацијава освен раскинување договор (за кој следат пенали) не гледам.
Јас пеналите не ги плаќам, и:
1. Со брзина на светлината преминувам од Мобимак во Космофон
2. Плаќам 400 ЕУР за инсталација на хардвер за ОнНет бежичен интернет со месечна претплата од 1.500 ден.
3. Кукам кај Скајп авторитетите да направат диал-оут јазол во Македонија, што би ја спуштило цената од постоечките 20+ центи/минута на онаа како во развиените земји од 1,7 центи/минута. Во меѓувреме го арчам Космофон мобилниот за кон фиксен.
4. Ги заобиколувам во широк лак сите продажни места на Македонски Телеком поради голема веројатност од бомби и слични пеколни направи подметнати од корисници кои се влечкани по судови за плаќање на астрономски сметки за АДСЛ, пенали и камати за истите.

сликата на DreadKnight
O: Среќа - од DreadKnight на 4 октомври, 2005 - 16:22

Цитат:

4. Ги заобиколувам во широк лак сите продажни места на Македонски Телеком поради голема веројатност од бомби и слични пеколни направи подметнати од корисници кои се влечкани по судови за плаќање на астрономски сметки за АДСЛ, пенали и камати за истите.

Силно ти препорачувам да го направиш тој лак,бидејќи ако работите не се променат,јас ќе бидам првиот лудак што ќе ја подметне бомбата.Ова не е шега.

Мораше да пишам - од mrki на 4 октомври, 2005 - 14:12

Пред едно недела две на вести имасе како нашите пратеници не дошле на седница коа требало да се гласа националната стратегија за интернер развој или така нешто (со други зборови ги боли ...) за разлика од седницата коа требаше да си гласаат зголемување на плати и такви ствари. Исто така спомнаа колку сме напредни во тоа поле и колку што се сеќавам рекоа дека само 5% од лугето во државава користат интернет и компјутери (интересна бројка нели). Читајки го ова ке сватите колку се засегнати нашиве во врска со оваа тема. Имаше и двајца програмери, млади дечки најверојатно средно школо кој што земале 2-ро место на некој европски натпревар (нашата млада иднина од која се очекува многу) и по нецело поставено прасање што планирате за во иднина двајцата онака без никакво двоумење рекоа дека сакаат да ги снема од оваа држава.

Идеме даље, читајки го ова што ни го наметнаа нашите драги другарчиња од мтнет си го земав договорот да видам што пишува поточно во него и се зачудив колку они се грижеле и за нас подготвувајки го така да еве неколку поинтересни точки:

Член 6

Цитат:

Операторот се обврзува:

Во согласност со развојната програма и техничките планови, да ги промени техничките карактеристики на мрежата и услугата, со цел обезбедување подобар квалитет на услугата и можност за користење нови услуги

Е баш ме интресира која им е таа развојна програма? Мислам нема потреба да постирам линкови за да видат како би требало да им изгледа развојната програма, и се надевам дека и тие неколку што ќе продолжат да ги користат услугите на мтнет нема да имаат потешкотии користејки SLIP место PPP најверојатно новите техничките планови [се гази од смеење]

ПРАВИЛА И ОБВСКИ НА КОРИСНИКОТ
Член 7

Цитат:

Корисникот има право:

Да ги користи телекомуникациските услуги што се соодветни со техничкиот развој на мрежата на Операторот

Уште еднаш кој се тие технички развој?

Али како и дае се радувам што нашиот развој продолжува и следната година ќе бидеме само 3% корисници на интернет а почнува да ми е криво што избрав информатика за мое образование наместо да си се записам на земјоделски (баба ми има неколку декари земјиште моментално така и седи).

Уште една работа доколку не сте пресметале колкава сметка ќе ви дојде и сеуште планирате да го користите adsl-от мислам дека ова од прилика би ве ја разјасни сметката и сигурно ќе ве убеди да идете и да го раскинете договорот:

Имам download од 384kbps така да со full speed овие 4GB ќе ги потрошам за околу 24 часа а за наредните 29 дена ќе треба да доплатам околу 27,000 денари (еве нека биде 1/3 тоа се 9,000 денари) на оваа сума додајте си ја месечната претплата и не заборавајте на upload мислам дека нема потреба и тоа да го пресметувам сеа. И на крај имате ДДВ на целата сума.

Поздрав и мора да гасам adsl-ов ќе ми дое голема сметка ќе треба да се карам по дома пак [се гази од смеење]

adsl - од mone на 4 октомври, 2005 - 13:43

Abe arno ve citam ke si prajte denes protest protiv ebeniot mt-net
ama nie vo bitola nekako poslabo ova go razbira nekoj
Za site od Bitola pozdrav ama malku poveke da se organizirate
Voa rabota ke ne ebe site....

Pozdrav za Skopjani -Bravo!!!!!

ВНИМАНИЕ СИТЕ АДСЛ КОРИСНИЦИ! - од lsev на 4 октомври, 2005 - 13:51

Е сега вака!
Гледам дека сите се вртите околу едно исто во врска со 1.11.2005г.
МТ НЕТ има неколку мани во врска со ADSL от и тоа следниве:

1. Сите логирања и мерења на трафикот (UP/DWN)се базирани на usеr name и Password,значи доколку се закачат двајца со ист лузер и пас. трафикот ке го плати еден човек на кого се води сметката. Ограничувањето за еден user i pass не функционира слободно може да се закачат 2ца и да работат без проблем еден ке си плати.
Тоа е еден многу голем пропуст за кој што они препорачуваат да си смените pass преку нивниот веб,на кој што баш и не би му верувал во сигурноста на податоците.
2. Доколку го исклучите физички модемот од линија и го оставите 24 часа во мирување,ке видите дека бројките нема да бидат непроменети,
што значи дека дали вие трошите или не 4Gb ке ви одлетаат.
3. За сите заинтересирани може слободно да ја посетите станицата на еден YU провајдер и видете ги наведените цени за ADSL пакетите
http://adsl.neobee.net и обратете внимание на количината на податоци што ја нудат истите.
4. Дали ние живееме во информатичко општество на кое што информациите му се од витално значење или ке живееме во информатичка темница каде што информациите ке бидат прескапи дури и на некој од денешниве министри?
5. За една споредба на секој од пазарите каде што може да се купат CD/DVD може да добиете количина на податоци за само 100 денари а нашиов ни ебан и толку пцуен МТ.НЕТ ни продава неполно CD за 175+ддв.
Истово ова се случува и во другите држави каде што МАТАВ има свој телекоми и останати глупости.
6. За една споредба само доколку некој се реши да користи сателитски интернет кој што во последно време е мошне атрактивен и евтин,поради самата природа на работа 4Gb нема да ви стигнат само за уплоад да сакате да правите.На 384/128 со фул проток дневниот трафик ке изнесува 4Gb.

ПА ИМА ЛИ БРЕ ЛУГЕ ВО ОВАА ДРЖАВА, ИЛИ ОСТАНАА САМО КРАВИ И ВОЛОВИ ЗА МОЛЗЕЊЕ, МАДА НЕМА СТО ДА СЕ МОЛЗИ ПОВЕКЕ.КОРИСНИЦИ НА ADSL ПАКЕТИ СТАНЕТЕ И ВОЗВРАТЕТЕ СО МАСОВНО ГАСЕЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ НА ПАКЕТИТЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ И ПОШИРОКО ЛОПОВ.ДАЈТЕ ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕМЕ НА НЕШТО ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА, ДОСТА ДРУГИ НИ КОМАНДУВАА И НЕ УГНЕТУВАА ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА.

хомичи - сите овде - од grof на 4 октомври, 2005 - 14:04

Толку се сите овде јаки на збор, ама кога требаше стварно да дојдете на протест ----> ХОМИЧИ, или у превод, пеери.

Среќа што секој индивидуално може да се спаси и да го раскине договорот, инаку ако требаше група од еве да речам од 10 души, немаше да можеме да се собереме.

сликата на bezvrska
следни чекори - од bezvrska на 4 октомври, 2005 - 14:20

После денешниве ЧЕТКИ што ни ги удрија во МТ-Алмако неколку души што се собравме отидовме во Организација на потрошувачи. За договореното видете на блогот на „фановите“ на МТ АДСЛ

Ај ќе им дојде крајот на душманите.
On a lighter note: grof на кого бе ти хомич?

сликата на Tribo
одговор - од Tribo на 4 октомври, 2005 - 15:29

искрено не дојдов зашто не можев да го најдам догооворот, укурац цело сабајле претурам по дома,а не го потпишував ја татко ми го забутал негде...nevermind ќе го најдам.....ме интересира што беше REPLY от од МТНЕТ денеска коа се собравте?
имаше нешто конкретно? пенали бараат да се плаќа?
ај пишете нешто за да знам што ќе ме чека коа ке идам тамо! [се смее]

сликата на Tribo
одговор - од Tribo на 4 октомври, 2005 - 15:31

и

ADSL - од U571 на 4 октомври, 2005 - 14:51

Mameto mamino na toj telekom. Momentalno mi jade 100 evra sekoj mesec za pretplata na ADSL, telefonski razgovori i dva pretplatnicki broja na mobimak.Dajte bagraski pravnici ako ima takvi najdete dupka vo dogovorite za ADSL pa da gi ponistime 80% pa posle neka mu ja mislat.Ima i drugi varijanti. Ete na primer vo Strumica preku kablovska koristat bezzicen internet bez nikakvi troskovi za instalacija za mesecna smetka od smesni 10 EVRA bez nikakov limit.Dajte nekoj neka investira vo Skopjevo nesto slicno pa neka se podzamislat posle vo telekomot nas mameto mamino da im go ebam.Nego daj i edna gragjanska peticija do vlada za sto pobrzo da se otvori vtor fiksen operator.
Batki ne mi se lutete sto sabajle ne se pojaviv na protest. Ednostavno prekasno procitav. A ako ima nesto za vo brzo vreme izvestete me i ke dojdam so uste nekolku zaebani korisnici na adsl koj gi poznavam.

сликата на megaboy
Ееее многу ми е - од megaboy на 4 октомври, 2005 - 15:33

Ееее многу ми е криво што немало луѓе на протести. Кажете ако има пак некои слични протести и ја ќе дојдам иако користам кабловски. Мора да им се покаже на педериштата од МТнет дека не можат шо сакаат да прават. Ќе дојдев и денес ама сабајле у 11 станав и го видов постот.
Имате поддршка и глејте да ги раскинете договорите без да плаќате пенали, милом или силом [се смее] ако треба и крв ќе падне.

Протест - од Clutch на 4 октомври, 2005 - 15:56

Со протест како протест тешко дека нешто ќе постигнеме - приватна фирма се - ги боли курот. Ама со притисок и што е најважно лош публицитет поддржан од фактори во државава како Организацијата на потрошувачите или Народниот Правобранител, добро ќе ги залепиме. Не дека ги сакам партииве, ама пошто предизборната сезона почна, поддршката од некоја (опозициона или позициона) партија нема да биде лошо. Тие ќе не злоупотребат за свој публицитет, а ние нив за наш. Баш фино. Е, сега, може многу добро да ги попалиме за споменатата стратегија за зголемување на интернет корисниците во Македонија. Ова го убива тој процес во корен. А и онака секој ден некоја од партииве има прес-конференција, така што ќе им дадеме тема за муабет.

Инаку, добив информации дека МТшит во последниве месеци добиле мање-више 5.000 АДСЛ корисници. Тоа се околу 160.000 евра приход месечно (данокот и го одбивам на државата) и околу 2.000.000 евра годишно.

!!!!!! - од strelcho на 4 октомври, 2005 - 16:01

Ми се мрдна браусеров... Ми викаше page cannot be found и глеам 100 поста [тажен]

Мала грешка , - од strelcho на 4 октомври, 2005 - 16:02

Мала грешка , нема да дое сметка у ноември него у декември.. Од 1ви ноември почнуваат да тарифираат гигабајтите над 4, што ќе стои у сметка за нареден месец.. А најавуваат 30 дена порано (1ви октомври) (демек законскиот период), така да нема баш премногу правна основа за бунење во тој поглед.

Mameto од Ladykiller

абе луѓе дајте кажете сега што е уствари работава????
ни дадоа нели тие за раскинување договор лифчињата така? И сега?
абе немам време да се бавам сеа со телеком цело месец, планирам да патувам едно-друго,си иам и други проблеми мајкомустара. сметате дека е прерано да се поднесат барањата за раскинување??
абе ја уште денес ќе го дадев, поентата е да знам што да напишам и дали би имало ефект као поединец ако го предадам.

утре (односно среда) се собираме?? у петок?? не/да??? кажете бе.

И како тоа „лифчињата можеле да се остаат во било кој мтнет“, шо ефект би имало секој сам да ги поднесе i toa po razli;ni mesta???!!! или би имало ако секој биде информиран како треба да го пополни тоа,на кои закони да се повикува и сл.????
се спомиња средина на месец на блогот за поднесување на барањата, абе ок,ама некои од нас иаме и др. работи. едно-друго.
дајте плс кажујте како што поскоро да се отараси чоек.
што да се прави??

нормално не се мешам на оној кој нема друг избор за интернет, да прифати компромис со душманите, ја конкретно иам (којзнае дали е ок кабловскиот тука)
нејсе, ми се брза. Што советувате??

Петок. 12 на - од Spion на 5 октомври, 2005 - 01:14

Петок. 12 на пладне. Така се согласивме тројца од четворицата админи од Револуција блогот (безврска не оди на ИРЦ). Иако и тоа е релативно рано (чекаме и на bezvrska за правните информации). Пишува многу и во коментарите на последните стории, воглавно од bezvrska и еден човек, Александар - што треба да има во документот за раскинување. Сепак, безврска инсистира на правнички досреден документ (ваљда, НАЈВЕРОЈАТНО до петок ќе го имаме на блогот) - арно ама, не е лесна процедура од договор што бил усовршуван од армија правници од мтнет, релативно килав закон за електронски комуникации и закон за заштита на потрошувачите кој е нешто подалеку од нашиот конкретен случај да се извлече нешто совршено. Сепак, информацијата е дека може да се раскине без плаќање пенали, а за како точно и прецизно - до петок.

Одам јас да спијам, скиснав (особено) на ИРЦ и прашања на пе-ве-те, а и читање на багра и гледање по сајтови и коментари од спамери на блогот... *момент на уривање во кревет*

Разногласие - од VBB на 5 октомври, 2005 - 01:44

вака:

1. Г-ѓа Темелковска рече:
а) „ДА, МОЖЕ ДА РАСКИНЕТЕ БЕЗ ПЕНАЛИ САМО ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ“ И КРАЈ?
ИЛИ
б) „ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ПА ЌЕ ВИДИМЕ, ЌЕ БИДЕТЕ ИЗВЕСТЕНИ“(со тоа што ќе треба да се наведат цврсти аргументи во приговорот, за кои деновиве ќе размислувате)?
ИЛИ
ц) НА НАС ШТО ДОЈДОВМЕ ТАМУ БИ НИ ПОПУШТИЛЕ БЕЗ ПРОБЛЕМ КОЛКУ ДА СЕ ОТАРАСАТ (што се спомна као шака луѓе дај ќе ги одјебеме, другите ќе ги крадеме), ПА ВИЕ ОД АЛТРУИСТИЧКИ ПРИЧИНИ ПРЕМА ДРУГИТЕ ЈА ТУРКАТЕ РАБОТАВА ПОНАПРЕД? (у стилу да важи за сите)

2. Модемите
Ви се враќаат или не ви се враќаат??? ја го донесов, мислев ако брзаме одма ќе го дадев, ама разногласиево коа го видов ме попишманивте.
Доколку не плаќам ништо повеќе, штознам ја лично би го вратил колку да се отарасам од све што побрзо тоа поарно.

3. колку луѓе би раскинале договор бескомпромисно,а колку би останале ако им се понудат подобри услови??

нормално ја слушав све што се збореше таму али сеа сум збунет.

ми се брза озбилно, све би вратил и крај,само да не плаќам.

и ова - од VBB на 5 октомври, 2005 - 01:58

и ова: дали е педерски (делење од другите) ако ја експресно го искористам она што Темелковска го кажа и да се откачам што побрзо???
да се стрпам до петок??? што??

На кратко... - од Бојан1 на 5 октомври, 2005 - 06:22

За тебе лично, нема апсолутно никаква разлика ако се откажеш сам или со друштво (иако би било пострашно за нив ако откажувањето е масовно, во горе-долу исто време).

Во ливчето што ни го даде Л. Темелковска можеш да напишеш:

Во врска со промената на начинот на тарифирање на ADSL услугата на АД „Македонски Телекомуникации“, како и разговорот воден на 04.10.2005 во продажниот салон на АД „Македонски Телекомуникации“, јас, долупотпишаниот ___________, со адреса на живеење ________________, поднесувам барање за раскинување на договорот за користење на ADSL услугата на АД „Македонски Телекомуникации“.
Во согласност со разговорот воден помеѓу групата корисници (на која и јас бев член) и г-ѓа Лидија Темелковска во салонот на АД „Македонски Телекомуникации“ на (04.10.2005г.), очекувам мојот договор со број ____________ да се раскине без наплата на каква и да е „казна“, „пенал“ или „разлика во цени“.

Искрено ваш, ______________ [се смее]

(без смајлито)

Инаку, да. Нема наплаќање на „пенали“ и „разлика во цени“. Ако воопшто на некој му кажат нешто такво, ќе се повикате на разговорот со Темелковска, кој е и онака снимен. Тие змфрљ муабети помеѓу „Не плаќате ништо“ и „Се читаме вечер“ беа збунувачки затоа што се спомна и задржување на условите што важеа до пред 30-ти септември. Меѓутоа, како што спомна bezvrska на блогот, многу поарно е да се раскине скроз договорот отколку да остане тоа што било и да чекаме во следните месеци да извадат некоја нова „финта“ и „промена“ на „што-и-да-е“.

сликата на Itar_Pejo
O: На кратко... - од Itar_Pejo на 5 октомври, 2005 - 08:35

Бојан1 напиша:

Инаку, да. Нема наплаќање на „пенали“ и „разлика во цени“. Ако воопшто на некој му кажат нешто такво, ќе се повикате на разговорот со Темелковска, кој е и онака снимен. Тие змфрљ муабети помеѓу „Не плаќате ништо“ и „Се читаме вечер“ беа збунувачки затоа што се спомна и задржување на условите што важеа до пред 30-ти септември. Меѓутоа, како што спомна bezvrska на блогот, многу поарно е да се раскине скроз договорот отколку да остане тоа што било и да чекаме во следните месеци да извадат некоја нова „финта“ и „промена“ на „што-и-да-е“.

НЕ ГИ РАСКИНУВАЈТЕ ДОГОВОРИТЕ ПРЕДВРЕМЕ! Мене вчера на 080012345 ми беше кажано дека според важечките договори, пеналите ќе мора да ги платам, како и инсталацијата која на времето беше гратис! Ако ги раскинете договорите потпаѓате под клаузулите за раскинување кои се пишани и потпишани, така да некоја снимка на муабет со теткица од продажен салон нема многу да промени.
Според мене, треба сите да доставиме допис со следната содржина до 14 овој месец:
Поради промените најавени од ваша страна во печатените медиуми со кои го прекршувате анексот на договор (член тој и тој) во кои стои фиксна цена за услугата која ја давате, договорот го сметам за раскинат од ваша страна. Членовите од договорот и анексот на договор за можноста од еднострано менување на договорот се нечесни според член тој и тој од Законот за заштита на потрошувачите и со тоа ништавни. Евентуалните штети и трошоци кои јас како потрошувач ги имам со вашето раскинување на договорот ќе ви бидат доставени за подмирување во законски рок. Во случај да не ги платите истите, ќе биде барана казна според казнените одредби од член тој и тој од Законот за заштита на потрошувачите за одговорните лица и за вас како правно лице мултиплицирано со бројот на потрошувачи кои го побарале истото. Во случај да објавите во печатените медиуми дека ја поништувате најавената промена на тарифниот модел, ќе сметам дека договорот и анексот на договор сеуште важат.

сликата на monster
Гледајте Инбокс на Телма - од monster на 5 октомври, 2005 - 00:20

На 12 октомври во 19.15 минути, во Инбокс - дневна информатичка доза, многу повеќе на оваа тема. Поддршка за сите Баграши и ладен туш за сите замаени Македончиња.

ВНИМАНИЕ СИТЕ АДСЛ КОРИСНИЦИ! - од bozint на 5 октомври, 2005 - 01:08

Браќа, јас како што знам ќе почнат да наплаќаат од 1ви, така да решете ја врската овој месец. Ве подржувам 100% и објавете по некој сајт како он.нет да знаеме ако се изготви некако договор за раскинување од страна на Организацијата на потрошувачи. Поздрав

НАЈВАЖНО ОД СЕ!!! - од Бојан1 на 5 октомври, 2005 - 06:35

Не преземајте какви и да се мерки на физичко или cyber насилство додека не се заврши целата процедура... Не сакаме ваљда да им дадеме изговор да си го повлечат ветувањето од вчера.

НАВАЛИ НАРОДЕ! ТАЗЕ ФЛАЕРИ! - од Бојан1 на 5 октомври, 2005 - 08:17

Готов е и информативниот флаер, поставен на

http://revolucija.blogspot.com/2005/10/blog-post_05.html

сликата на yarre
Џабе Кречефте (ц) Чомбе - од yarre на 5 октомври, 2005 - 06:39

Вака пишувало на влезот на зградата на Чомбе утредента откако го искречиле влезот.
Не сакам да звучам песимистички но,

1. Македонски Телиња и Мутации е ПРИВАТНА фирма. Не се решаваат последиците на глупавата приватизација. Приватна, значи си правам во мое што си сакам. Орјентирана сум на профит, и готово! (осем се разбира радикални мерки, кои се санкционирани со закон)
2. Ги заболе нив за 30 души откажани, од цирка 6.000 АДСЛ корисници.
3. Таргет група со ова се оние кои користат еден АДСЛ повеке луге. Да се раскара ситуација, и тие да си земат посебен. На тоа ке добијат цирка 20% нови корисници (тие што ке се скараат меѓусебе кој колку тегнел, коа ке дое рачунот да се плати)
4. Одреден (немал број) луге вработени или блиски на МТ (деца на политичари и сл, ке си добијат акаунти без лимит (акаунтите ке бидат лимитирани на јузернејм, не на телефонски број)
5. Никој нема да откаже АДСЛ (или мал број). Зарем некој ке се враќа на модем?
6. И кабловскиот не е цвеќе, барем така видов од коментарите подоле.

Чаре? Масовен радикализам, но не за АДСЛ туку за МТ, што не верувам бидејки ние сме си глупи и такви со поднаведнати глави. Засега палите тоа DU Metter - ите и вежбајте живот. Кој со 4 Гига, а ако сте тројца со по 1.33. Се живее и ако не тегнете еден филм по 3 дена. Размислете колку МП3-ки ке истегнете у лимитот. Јеби га, само кај нас е вака, ама не е крив телеком, он си гледа профит. Крив е оној кој м го овозможил или му го овозможува тоа.
А, да , размислете кој од медиумите нема да има АДСЛ без лимит, па таму побарајте некој да го објави сето ова.

сликата на bezvrska
yarre напиша:А, да - од bezvrska на 5 октомври, 2005 - 09:27

yarre напиша:

А, да , размислете кој од медиумите нема да има АДСЛ без лимит, па таму побарајте некој да го објави сето ова.

Еве Дневник од денес: Незадоволство од услугите на телекомот: Брзиот интернет заглави кај терифите.

yarre напиша:

Засега палите тоа DU Metter - ите и вежбајте живот. Кој со 4 Гига, а ако сте тројца со по 1.33. Се живее и ако не тегнете еден филм по 3 дена. Размислете колку МП3-ки ке истегнете у лимитот.

Ако мери телеком може да не истегнам ни пола МП3-ка. Башка ако ова помине они понатаму ќе може секој месец да си ја мењаат цената и другите услови.

Точно! - од adokov на 5 октомври, 2005 - 09:12

Точно!

O: Точно! - од adokov на 5 октомври, 2005 - 09:19

Itar_Pejo напиша:

НЕ ГИ РАСКИНУВАЈТЕ ДОГОВОРИТЕ ПРЕДВРЕМЕ! Мене вчера на 080012345 ми беше кажано дека според важечките договори, пеналите ќе мора да ги платам, како и инсталацијата која на времето беше гратис! Ако ги раскинете договорите потпаѓате под клаузулите за раскинување кои се пишани и потпишани, така да некоја снимка на муабет со теткица од продажен салон нема многу да промени.
Според мене, треба сите да доставиме допис со следната содржина до 14 овој месец:
Поради промените најавени од ваша страна во печатените медиуми со кои го прекршувате анексот на договор (член тој и тој) во кои стои фиксна цена за услугата која ја давате, договорот го сметам за раскинат од ваша страна. Членовите од договорот и анексот на договор за можноста од еднострано менување на договорот се нечесни според член тој и тој од Законот за заштита на потрошувачите и со тоа ништавни. Евентуалните штети и трошоци кои јас како потрошувач ги имам со вашето раскинување на договорот ќе ви бидат доставени за подмирување во законски рок. Во случај да не ги платите истите, ќе биде барана казна според казнените одредби од член тој и тој од Законот за заштита на потрошувачите за одговорните лица и за вас како правно лице мултиплицирано со бројот на потрошувачи кои го побарале истото. Во случај да објавите во печатените медиуми дека ја поништувате најавената промена на тарифниот модел, ќе сметам дека договорот и анексот на договор сеуште важат.

Точна ти е логиката. Ние не треба да ги РАСКИНУВАМЕ договорите, оти на тој начин ќе треба да го платиме заостанатиот долг. ТИЕ САМИТЕ ГО РАСКИНУВААТ ДОГОВОРОТ поради тоа што ја менуваат УСЛУГАТА. Имаме потпишан договор за НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ на ФИКСНА ЦЕНА! Повеќе не е истата услуга, а ние сме измамени. Некој правно „попоткован“ нека го спастре ова во еден документ кој ќе им го доставиме на МТнет, секој поединечно, или како здружение на граѓани, корисници....


Warning: Unknown column 'uid' in 'field list' query: watchdog INSERT INTO watchdog (uid, type, message, severity, link, location, referer, hostname, timestamp) VALUES (0, 'php', 'Unknown column 'title' in 'field list'\nquery: statistics_exit\nINSERT INTO accesslog (title, path, url, hostname, uid, sid, timer, timestamp) values('ВНИМАНИЕ СИТЕ АДСЛ КОРИСНИЦИ!', 'node/6863', '', '38.107.191.82', 0, '28a7828671aaa827a82797d84c5006bd', 12615, 1283521231) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120.', 2, '', 'http://bagra.org/adsl', '', '38.107.191.82', 1283521231) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120