Не знам колку Баграши знаат дека Индија е прилично демократска земја со прилична слобода на печатот. Мене тоа најочигледно ми стана од односот кон „животот и делото“ на Индира Ганди.
Јес дека нам ни сервираа од политички причини (неврзаните, кои патем тука никој не ги споменува) розова слика за Индира Ганди, но таа и има постигнато работи кои се ценат во Индија. Ако ништо друго, пар години по настаните за кои ќе пишувам, таа била повторно избрана за премиер, па син и и беше премиер (во Индија секогаш во весниците пишуваат за чиј син/ќерка е текстот
), а сега снаа и е лидер на владеачката партија во Индија. Индира Ганди има направено многу реформи во земјата, ги има одјебувано Американците, и конечно има загинато во атентат.
Последни коментари