Грција е навистина редок пример во светот за напредна земја, со релативно стабилни економија и политика, но која грубо ги крши основните човекови права на малцинствата кои живеат на нејзината територија, и тука пред се' мислам на Грците со македонско (па и бугарско и албанско) етничко потекло.
Не само што не им дозволува да се изјаснат како Македонци, Владата на Грција со децении не дозволува ни да зборуваат на својот мајчин јазик, ниту пак да учат на него. Македонците не можат да ја изучуваат својата историја, словенските (македонски) топоними во Грција се заменети со грчки, не можат да оформат своја партија која ќе ги застапува нивните интереси, и слично. Веднаш по (за нас) неуспешната Граѓанска Војна во Грција, Македонците беа масовно протерани од Грција, и тоа во огромен број, десетици, па и стотици илјади. Нивните имоти беа дадени на грчки доселеници дојдени од сиромашниот грчки Југ, а некои села беа и срамнети со земја, без траг да остане од нив.
Последни коментари