Македонија и ММФ
од olivermk на 23 јул 2003 - 07:56
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нареди отпуштање на повеќе од илјади работници од Електростопанство на Македонија,а нивниот план успешно го спроведе владата на Република Македонија и ЕСМ.Беа отпуштени самохрани мајки,роднини на загинатите бранители,лица кои факултетот го завршиле со просек 10.00 и сл.Над 5 000 лица ќе останат без единствената парична помош која што влегуваше во нивното семејство,се заради болните идеи на ММФ која за единствена цел има целосно осиромашување на најсиромашните земји во светот и нивно колонизирање.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нареди отпуштање на повеќе од илјади работници од Електростопанство на Македонија,а нивниот план успешно го спроведе владата на Република Македонија и ЕСМ.Беа отпуштени самохрани мајки,роднини на загинатите бранители,лица кои факултетот го завршиле со просек 10.00 и сл.Над 5 000 лица ќе останат без единствената парична помош која што влегуваше во нивното семејство,се заради болните идеи на ММФ која за единствена цел има целосно осиромашување на најсиромашните земји во светот и нивно колонизирање.ММФ им дава кредити со висока каматна стапка на земјите во развој,а за возврат бара и најчесто добива целосна контрола над буџетот на државата пришто доста често воведува нови даноци, како што е данокот на додадена вредност (ДДВ) во нашата земја,отпушта вработени во јавната администрација за да парите останат во буџетот а одтаму да се преселат во нивните банки како отплата на земените кредити.ММФ воопшто не се грижи за економскиот развој на државата и нејзините потреби туку единствено си ги гледа нејзините интереси.Така тие можат да спречат финансирање на проекти од државен и јавен интерес или доделување парична помош на талентирани уметници,истражувачи или или лица кои освоиле највисоки места на различни натпревари.
Заради тоа ММФ е обвинувана од многу организации како причина за осиромашувањето и уништувањето на економијата на многу земји и главен виновник за големите разлики помеѓу богатите и сиромашните земји во светот.На сите антиглобалистички протести едно од основните барања е укинувања на ММФ и спречување на нејзината глупава намера да владее со сиромашните земји.
За жал и Македонија е под целосна контрола на оваа групација која само за оваа година има планирано нови отпуштање во Македонија во јавниот сектор пред се во здравството и образованието.Како парадокс е тоа што отпуштањата ќе бидат на национална основа односно ќе бидат отпуштани само Македонци,Роми,Турци односно сите освен Албанци кои не само што нема да бидат отпуштани туку ќе бидат и вработени нови лица.Голем број интелектуалци многу одамна се спротивставуваа на идејата за целосна соработка со ММФ,а еден од оние кои што уште во 1998 предупредуваа за негативните последици од соработката со нив беше и Благоја Самакоски, сопственикот на најреспектираната Македонска фирма за висока технологија и производител на првиот Македонски индустриски робот со што докажа дека на Македонија не и е потребна странска милост туку само давање на шанса на вистинските луѓе и за брзо време ќе излеземе од оваа криза,кој што тогаш предупреди: МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА МУ СЕ ПОКОРУВА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД (ММФ).Само после неколку години неговите предупредувања се покажуваат како точни.
Статијата е преземена од сајтот на Анти Глобализационата Унија на Македонија
http://www15.brinkster.com/agum
|
Последни коментари