Каде е сега Марија Стамболиева?
од загрижени граѓани на 18 сеп 2003 - 19:38
Основна причина поради која го пишувам ова писмо е прашањето дали воопшто
некој ja памти и знае каде е Марија Стамболиева, мојот студентски лидер, и што работи
во моментот.
Студент сум од внатрешноста и моја прва можност да ја запознаам претседателката
ја имав минатата година кога таа од еден во друг студентски дом ја водеше
својата кампања.
Се уште ја чувам нејзината колоритна брошура преполна со бетувања (закон за
стидентски стандард, еднакви давачки на сите факултети, приватизација на
стундентските домови, Интернет сајт, котакти со студентите, денови на отворени
врати и, замислете, дури и можности за вработувања).
Наместо тоа, и годинава ќе
бидам сместен во истата бедна соба како и пред тоа. Но овој па нови цени за истата услуга.
Истo така, дознав дека од оваа година се воведува нова давачка.
Сите студенти што запишуваат година на Универзитетот се должни да уплатат по
500 денари.
И така нови давачки се воведуваат без никаква рекација од Сојузот на
студенти.
Кога последен пат сме ја виделе Марија Стамболиева да реагира нешто за
проблемите на студентите. Или се се заврши со препуккнувањата со Станко за
време на кампањата. Тогаш мислев дека сум го направил вистинскиот избор.
Неодамна дознав дека наместо да се занимава со нашите проблеми (за што го доби
мандатот), Марија Стамболиева веќе седум-осум месеци работела во Собранието на
Република Македонија, и тоа погодете во која пратенучка група. Тоа значи деа се
Што се пишуваше во медиумите за време на кампањата било точно.
А тоа се сведува
дека наместо вистински лидер на Студенсткиот сојуз, добивме уште еден партиски
кариерист, Сега остнува да видиме дали ќе ја доживее славата на човекот кој прв
тргна по овој `тежок` лидерски пат - Филип Петровски!?
Конечно, тука се наметнува прашањето дали воопшто треба да постои Сојузот на
студенти? Зошто треба секој студент на Иниверзитетот да плаќа по 150 денари,
кога воопшто не знаеме како тие пари се трошат? Слушам, најмногу за авионски
карти и патувања во странство.
Јас сум еден од 20-те илјади студенти на Универзитетот кој уредно ги плаќа сите
давачки од скромната плата на моите родители.
Сакам да знам дали Марија Стамоблиева ќе исполни барем ЕДНО од своите
предизворни ветувања. сакам да знам дали барем еднаш ќе спроведе некоја акција
за подобрување на животот на студентите. Најмалку поради причината што на
изборите јас гласав за тебе.
Македонија е мала земја и сите се знаеме. Убеден сум дека Мaрија Стамболиева на
некои избори во иднина нема да ја има можноста повторно да не прелаже.
Авторот познат на редакцијата на Вест.
|
Последни коментари