Вчера пред да си легнам, го пуштив телевизорот, и ја видов „Вртелешка“ на Бејби
Лесна Ветрушевска. На прв поглед, гостите и воопшто не и беа некои атрактивни,
но сепак решив да видам за што станува збор. И не згрешив. Зошто? Па ќе дознаете
многу скоро. Весна, случајно или намерно, Го праша Ристо Самарџиев зошто не
праќа песна во конкурсот за песна на евровизија, каде ќе не претставува Тоше.
И човекот сосема културно си ги кажа своите ставови зошто и како без да навреди
некој. Си кажа и дека Тоше е најдобриот вокал кој Македонија го има... Е сега
доаѓа интересното...
Христијан Габровски, алијас Ристо Бомбата, на таа изјава се попали како мува
на гомно! Најверојатно со потреба да си ги лечи своите лични фрустрации, од
тоа што ниту тој, ниту пак неговите „пејачи“, ни во најубавиот сон не можат
да се рамнат со квалитетите кои несомнено ги има Тоше, па започна ХИСТЕРИЧНО
да ВИКА дека Тоше не е најдобриот пајач во Македонија, дека не е најубав, дека
не знае да пее најдобро итн. Епа, ај нека ми каже тој БИОЛАР ПРИЛЕПСКИ (како
што милува да каже татко ми), кој пее подобро од Тоше? Ристо Бомбата? Победничката
на Макфест 2003, Бојана која не може ни интонативно да се одржи? Или можеби
Дуле и Коки? Или Хистеричната Калиопи? Или... Маја Вукичевиќ можеби? Марјан
Стојановски-Дрвосечачот? Маја Гроздановска? И ај да не ги редам сега. Па сељак
ни заеден, зарем ти си тој со кого започнува и завршува кругот на елитните пејачи
во Македонија? Ристо Самарџиев барем има доблест да признае дека Тоше е најдобар,
подобар и од самиот него!
И да нема забуни, во Македонија дефинитивно има вокали кои имаат дијапазон,
можеби и поголем од тој на Тоше. Ама Тоше има нешто што сите тие други го немаат,
нешто што Тоше го прави единствен, па еве нешто од тоа:
Тоше има прекрасна боја на глас!
Тоше има единствена техника на пеење која ниту еден друг ја нема!
Тоше има изграден стил на пеење, има став за почит на сцена, има одличен изглед,
секогаш е добро облечен!
Тоше има ХАРИЗМА! Е тоа е нешто што Ти Биоларе нема никогаш да го разбереш.
И да не забегувам со квалитетите на Тоше. Ова е само дел од она што го прави
Тоше да биде Тоше, а не некој форсиран анонимус.
Ова е дел од неговите квалитети кои го прават Тоше КОМПЛЕТЕН пејач!
И уште нешто:
- Кој пејач во Македонија успеал да продаде карти и да направи 5 последователни
концерти во Униврзална, а да се бараат карти за шести и седми концерт?
ТОШЕ!
Кој е најблиску до Тоше?
- Дарио со три последователни концерти!
Знаеш самовозљубен, ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ!
И за крај, уште едно прашање:
- Кога ние, Македонците, ќе почнеме да ги цениме нашите луѓе овде, во Македонија?
Кога тоа ќе се случи, Македонија ќе тргне напред, а до тогаш, само латинската
е одговор:
Quo vadis Macedonie?
P.S.. Да нема забуни, јас не го сакам Тоше како личност, меѓутоа го почитувам
заради неговите квалитети и успеси.
Моја препорака е луѓето да ги оценуваме според нивните успеси и постигнувања,
а не според нашите нереални оцени за самите себе.
Последни коментари