Склоп на механизми, кој за свој погон ја користи само земјината гравитација, а може да придвижува и други уреди, беше еден од најпровокативните иновации презентирани на годинашната изложба "Макинова" во Скопје. Мнозина посетители на штандот не веруваа дека такво нешто е можно. Сепак, неговиот автор, 42-годишниот Војо Ушевски, го доби специјалното признание од меѓународното жири на изложбата. Изумот, кој беше изложен под името "Турбина за движење на течности и предмети по природен пат", ќе предизвика енергетска револуција во светот.- Со мојот изум "перпетуум мобиле", кој ќе може да движи и генератори и да произведува струја, ќе можеме да ги заборавиме јагленот и нафтата и нуклеарните електрани, и земјата ќе ја ослободиме да дише. Со него ќе го живееме животот почисто, како што природата го планирала тоа, а не како што правиме ние сега - нагласува Ушевски, кој по професија е полицаец.
Ова е извадок од
една вест која се појави во рубриката "Омнибус" од вчерашниот број на Дневник.
Ја читам вчера... и нешто не ми штима. Не ми е јасно кој е филмот?
- Дали некој го издриблал новинарот?
- Дали пронаоѓањето на бесконечно вртливи машини уствари и не е којзнае каков изум?!!? Веќе постојат
неколку такви. Ама сега пак... или тие не функционираат како што треба или светот е проклето незаинтересиран за нив?!?
- И конечно, дали навистина во Македонија го имаме човекот кој ќе го донесе пресвртот во историјата на човештвото? Човекот кој го пронајде изумот за кој сонуваат сите физичари во светот? Со тоа што моментално момците од NASA, MIT, Berkley се веќе на пат кон Македонија. :-)
Нека ми каже некој, како може новинар вака апсурдно да напише вест "Пронајден е Perpetuum Mobile!" и да ја стави во рубрика за занимливости? Тоа ти е исто како вест за убиство на премиерот да ја ставиш во мал бокс во Црна Хроника.
Нелогично, збунувачко, глупо, а сепак интересно и провокативно.
Последни коментари