Дедо Мраз на 21 век
од ГоранОдЧаир на 15 дек 2003 - 16:28
Си седам така на нет ноќно време, денгубам како и обично шарајќи низ светот на интернетот, кога одеднаш ненадејно ми помина една мисла, поточно прашање, каков би бил денешниот Дедо Мраз? Поточно каков е, бидејќи се уште постои нели?!
Имено на ова прашање главно ме натера развитокот на човекот, на технологијата, разликата меѓу генерациите, а со самото тоа и вербата кај секој поединец. Односно колку сеуште луѓето веруваат во Дедо Мраз!
Имено во период кога „се ти е на дланка“, кога технологијата, особено во поглед на компјутерите, ги „заробува“ своите „жртви“ недавајќи им простор да здивнат од самите нив, мислам дека не останува многу простор за да едно дете, млад човек да мечтае и да ја развива својата имагинација.
Технологија доведе до распад на имагинацијата кај луѓето, тврдејќи дека за да нешто постои треба да се докаже, да се има факти и аргументи дека постои, се да се сведе на „експеримент“. Сето тоа и плус младите родители кои несакајќи да ги лажат децата им ја кажуваат правата вистина, уште толку ја намалуваат имагинативната страна на секое дете.
Па добро де што има толку лошо ако некој ете баш верува во Дедо Мраз!?
Или пак плашејќи се да не останат разочарани децата, родителите им ја соопштуваат тажната вест. Епа имам едно прашање, ако се вели дека нешто што не може да се види не постои ( во случајов Дедо Мраз ), тогаш дали тоа навистина постои? Епа што станува тогаш со ветерот ?! Не го гледаме нели, а сепак го чувствуваме неговото присуство!!!А да не спомнувам за Семоќниот!
Како и да е..... бидејќи секоја генерација носи со себе свои погледи така и визијата за Дедо Мраз е сигурно изменета, иако тоа зависи од самиот себе. Па така да според мене Дедо Мраз сигурно „подлегнал“ под иднината и направил доста промени. Според мене тој сега не јава санка, туку доаѓа со space shuttle се разбира црвен, предводен од своите елени кои како главен кормилар го имаат Rudolph.И покрај тоа тој сеуште рачно ги донесува подароците ( се разбира под елката ). Дедо Мраз е сеуште облечен во црвено руво, меѓутоа повеќе не е дебел од слатките, сега јаде диетални благи. Дедо Мраз повеќе не прима писменца туку е-мајлови.... има огромна палата во Лапонија каде работи преку цела година со еднакво-рамноправните Елфови......Дедо Мраз сега не им носи подароци само на умните туку на сите. Епа Дедо Мраз те чекам!!! … со својот поклон се разбира :)
|
Последни коментари