Anarchy
од ioio на 6 мај 2004 - 14:01
Прво морам да ви кажам што анархизмот не е.
Анархизмот не е тероризам, не е бомби, не е неред, разурнување или хаос. Не е убивање или грабеж. Тоа не е војна на еден против сите, не е враќање во варварство. Анархизмот e спротивно на се ова. Анархизмот значи да бидеш слободен, никој да неможе да те поробува, да не те краде и никој да не ти се наметнува. Значи да можеш да ги направиш работите што сакаш да ги направиш и да не си спречен во тоа.
Пред да се користи заборот анархизам постоел терминот Ослободителен Социјализам. Ова движење целосно се развило со дефинициите на двајца руски анархисти Михаил Бакунин (1814-1876) и Петар Кропоткин (1842-1921). Лав Толстој ги проширил идеите на анархизмот и го вовел терминот Христијански анархизам што значи верување во Бог но непризнавање на црквата како институција. Зборот анархизам е често злоупотребуван од медиумите и владата. Може да се сретне некоја ситуација на неред да биде опишана како тотална анархија што е апсолутно неточно. Ваквите злоупотреби довеле мнозинството да го знае значењето на зборот какво што го знае. Власта за да се зачува како власт се користи и со други намерни пропусти и збунувачки ситуации. На пример, вистинското значење на фразата е Сексуална експлицитност, а тие го направија само Екасплицитно за да ги цензурираат сите содржини на интернет и на другите медиуми кои не им се во корист.
Комунизмот каков го познаваме нема врска со идеалите на комунизмот и социјализмот. Тоа е тоталитаризам. Ленин, Сталин, Мао, Фидел, Ким сите тие се диктатори. Капитализмот пaк претставува напредна и интелигентна форма на робовладетелството.Карактеристики на капитализмот се сите оние кажани во првите редови на текстов. Вистинските идеали на комунизмот се најблиску до анархизмот. Единствено Че искрено се придржувал до овие идеали и отишол дури и подалеку, со што претставува пионер на анархистичкото уредување. Затоа неговото дело е почитувано од сите слободоумни и интелигентни млади луѓе. Знаете дека самиот збор анархија значи без-власт(ие) но тоа во никој случај не е состојба на неред и хаос. Во анархистичкото уредување општеството е заснована на доброволни односи и разбирање меѓу луѓето каде нема потреба од владеачка класа за да го организира и води народот. Повеќето сметаат дека општеството никогаш неможе да се одржи на потполно доброволни односи. Можеби сеуште не, но кога човештвото ќе стане
доволно интелигентно светскиот поредок ќе се вика....-о изненадување - анархија. Анархизмот ги обединува сите работници и сите луѓе во еден свет на слободи. Како доказ дека демократијата е автократија и дека не живееме во слободен свет ќе ги наведам овие изјави на државници на најдеморатската република во светот
-Ние мораме да употребуваме сила, тоа е затоа што сме Американци. (с)Медлин Олбрајт
-Никогаш нема да се извинувам за САД. Не ми е грижа какви се фактите. (с)Џорџ Буш 1st
-Едуцирањето на луѓето преку системот библиотеки може да доведе до промена на политичките ставови побрзо од кој било друг метод. Основата на комунизмот и социјализмот е едукацијата на луѓето. (с) Харолд Велд, министер за образование на САД.
Анархизмот подразбира и анти-национализам. Национализмот може да биде искористен како средство за манипулација со народот. Некогаш е користен и како начин работничката класа да се поведе во војна. Дури и револуционерниот национализам е реакционерен и контрареволуционерен. Типично за национализмот е непријателство спрема интернационализмот. Интернационализмот вели дека сите работници имаат исти интереси и дека национализмот ги врти едни против други, носи војни и мизерии на човештвото. Само интернационализмот може да донесе крај на расизмот, диктатурата, мизеријата и капиталистичкиот неолиберализам. Анархистите се борат против национализмот со тоа што го одбиваат и го изложуваат неговиот расизам, сексизам, хомофобија и антисемитизам.
Анархизмот е раширен и преку музиката и групите како Crass, Anti-Flag, Anti-Nowhere League.
Слушајте ги Anti-Flag, тие не се тука само за да забавуваат, тие имаат и некои пораки со себе, а свират анархо-панк. Неколку збора и за Anarchist Cookbook. Тоа се чисти глупости и еден куп од содржината е погрешен. Не верувајте на таа книга затоа што нема врска со вистинскиот анархизам. Анархизмот е мирољубив, а книгава ве учи кое е најдобро место на Golden Gate да поставите бомба. И многу е поинтересно да бидеш надвор и да си активен отколку да си ги разнесеш рацете во подрум правејќи бомби.
Симболи на анархизмот се, знаете, А во кругче, постои и црно знаме кое значи Black Anarchist и црно-бело знаме по дијагонала - социјал анархисти.
Многу кажав, многу и не кажав, ај у друг дел.
|
Последни коментари