8 јануари, 2009 - 17:43
[веб кирилица]

Фројд - Човекот на векот

од StormAngel на 18 сеп 2004 - 17:01
Психоанализата, со револуционерното откритие на несвесното, на скриените фантазии, на потиснатите желби, остави трајни белези врз цивилизацијата.

Во 1900 година, во својата величествена книга „Толкување на соништата“, Фројд ги поставува првите патокази за иднината на психо-анализата. Првиот оригинален предизвик кој е плод на неговата мисла, произлегува од централното место кое му е доделено на сонот, ветениот „кралски пат“ за пристап кон несвесното.

Гласот бргу се шири -- еден виенски лекар го пронајде клучот на соништата! Внимателното слушање на хистеричните пациенти го доведе до сознанието за комплексноста на психичката реалност.

Тој, во оваа чудесна и прекрасна книга, исто така, нуди неколку свои лични, најтаени мисли кои се темелат врз новата наука која тогаш ја создавал.

ХИПОТЕЗА НА НЕСВЕСНОТО

Психоанализата ќе го носи белегот на ова посебно раѓање, биографскиот жиг на нејзиниот основач. Исто така, таа се прикажува и како носителка на сомнежот, на скандалот-девојките имаат нечисти мисли, децата не се повеќе „невини“, детето сака да го убие таткото и да води љубов со мајката.

Застрашувачката сексуална желба, навлегува насекаде, не само во длабоката интима или во мислите, туку и во сите постапки во животот, во сите човечки желби.

Истовремено, самостојноста и слободата на индивидуата се чинат контрадикторни и ограничени со демонот на несвесното, засолнето во својата тврдина, коешто владее со темнината.

По Коперник, Земјата не беше повеќе центар на светот. По Дарвин, човекот беше само една алка од големиот синџир на живиот свет. Со Фројд, човекот не е повеќе газда на својот дом. „По Фројд“, новиот хоризонт, достапен на интроспекцијата, не може повеќе да биде игнориран.

Некои залудно ја мразат психоанализата,тие не се помалку уверени дека во нив постојат темни зони, скриени тенденции коишто нивните грешки во говорот или неспретности можат да ги откријат. Тие претпочитаат да не се задржуваат на тоа, што е нивно најстриктно право. Што се однесува до тремата кај виолинистот,вртоглавицата кај спортистот, домаќинката која ги заборава клучевите, љубовникот кој го греши името, дури никогаш и не примениле психоанализа, тие неизбежно се прашуваат што значи тоа.

Хипотезата за несвесното не принудува насекаде да бараме смисла, понекогаш дури и премногу, до претераност или до размислување.

Нашите зборови и гестови би биле оптоварени со скриена мисла која би можела да и биде контрадикторна на нашата свесна намера.
Секако,она што е пренесувано од пред еден век, под името психоанализа,често нема повеќе сличност со Фројдовата доктрина отколку една разгледница со оригиналот на Ван Гог.

„Психоанализата го напушти просторот на идеите за да навлезе во животот, во мислите,во однесувањето, во навиките“ - пишуваше во 1961 Серж Московичи во својата голема социолошка анкета за ширењето на психоанализата. Тогаш тој беше првиот кој сериозно размислуваше за влијанието на психоанализата надвор од културната сфера.
Секој знаеше дека Фројдовата мисла предизвикала плодни размислувања, вистински литературни, уметнички, филозофски авантури.

Промената на перспективата произлезена од Фројдовата мисла, создаде новости во творештвотомја услови појавата на надреализмот.

Во ХХ век, уметноста, литературата, филмот се исполнети со слики и емоции, произлезени од психоанализата. Останува да се одреди нејзиното влијание врз реалниот живот. Серж Московичи насекаде ја наоѓал нејзината трага во „светот на конверзациите на голем број индивидуи“.

Психоанализата, малку по малку, стануваше извод на прифатени идеи нејасно укажувајќи дека нашите постапки и нашите страсти би имале мрачни и вознемирувачки мотивации од коишто би дошло до нервоза кај сите луѓе, дека коренот на нашите страдања би бил скриен во нашите сеќавања од детството...

Опции за гледање на коментари


Фројд - Човекот на векот - од dragan733 на 18 септември, 2004 - 21:02

Фројд се појавил во едно бурно време на 19 -ти век, полн со револуции, преврати, револти на народот. Динамично време со промени, како во техниката, така и во општествените односи во времето на Маркс. Се појавил Фројд како рамнотежа на Марксовата филозофија за револуционерни промени. И Маркс и Фројд зборувале за динамичкиот концепт на појавите, за причинско последичниот однос на појавите но со дијаметрално спротивни толкувања. Буржоазијата морала да презентира свој човек кој ќе ја амортизира филозофијата на Маркс. Маркс толкувал дека се што потекнува, потекнува од човекот и мора да се изврши револуционерен преврат на општествените односи. Е сега се појавува Фројд кој и тој го застапува изворното, динамичко потекло на појавите, но со поинаков поглед, со цел да се амортизира Марксовата револуционерна филозофија. Навлегува Фројд подлабоко во човековата психа и наоѓа дека изворот на негативното кај човекот се наоѓа уште во раното детство. Значи со ваквото учење на Фројд се оправдуваат на некој начин и тираните и владетелите во тоа време кои, ако се потсетиме на Историските времиња не биле некои хумани владетели. И ваквото фројдово учење продолжува со полн интензитет да ја надвладува Марксовата револуционерна филозофија се до денешни денови. Тоа е и причината што и во денешни денови се гледа да се амортизираат револуционерните промени, и кај секој револуционер во денешни денови да му се изврши психолошка Фројдова анализа на личноста, вршејќи замена на неопходноста од промени. Тоа е и причината што и Фројдовата психолошка анализа е основа на одржување на Западниот цивилизациски систем, посебно на Англискиот кој е лидер по психијатриските откритија и имун од револуционерни промени.
Или како закључок дијалектика е, колку Фројдовата психолошка анализа помогнува да се амортизираат револуциите, реципрочно се засилуваат револуционерните времиња, се амортизира Фројдовата психолошка анализа, затоа што се е во рамнотежа.
Сепак не е се во Фројдовата анализа, кои некои ја критикуваат и во денешни денови, иако некои ја земаат како апсолутно учење во објаснување на појавите.

сликата на anastas87
Фројд - Човекот на векот - од anastas87 на 19 септември, 2004 - 00:37

::Сепак не е се во Фројдовата анализа, кои некои ја критикуваат и во денешни денови, иако некои ја земаат како апсолутно учење во објаснување на појавите. ::

Јоооооој, мудрецу! Ваква реченица не склопуе ни самиот Фројд!

сликата на aleksandra85
Фројд - Човекот на векот - од aleksandra85 на 19 септември, 2004 - 00:10

конечно нешто за Фројд . ..Супер . .инаку некни имаше документарна емисија за него на телевизија вредеше да се погледне .. го имаше и Јунг кој истотака кажа нешто за фројд и така

сликата на Boban
Фројд - Човекот на векот - од Boban на 19 септември, 2004 - 19:25

Дали може авторот на топиков или Драган да ми помогнат што се случува со мене, ако упорно ја сонувам Александра85?! Што вели Фројд за тоа? [се смее]

сликата на StormAngel
Фројд - Човекот на векот - од StormAngel на 19 септември, 2004 - 22:47

Господинот Фројд ќе ти каже дека ти навистина си имаш проблем со потсвесното,затоа што колку што Фројд памти,оваа е 189272872827 женска за која што ти копнееш или имаш такви други соништа и скриени желби.=)))))
П.С-Зошто осеќав дека ти ќе пишеш на ова?

сликата на aleksandra85
Фројд - Човекот на векот - од aleksandra85 на 20 септември, 2004 - 01:20

Е тоа ти е веке телепатија хаххааххахахахха

Фројд - Човекот на векот - од Сељачиште на 23 септември, 2004 - 01:06

>Ехо ли е, дежа ву ли е?

Toa e, тоа е.

Фројд - Човекот на векот - од Robomarket на 19 септември, 2004 - 01:03

Како и да е, everything revolves around sex.

[плази јазик]

сликата на StormAngel
Фројд - Човекот на векот - од StormAngel на 3 октомври, 2004 - 23:00

Па нели тоа е поентата!?
Getting head...[се смее]))))))

сликата на GoodBytes
Фројд - Човекот на векот - од GoodBytes на 20 септември, 2004 - 01:16

Интересна сторија. Навистина, Фројд заслужува да му се оддаде признание за неговите заслуги. Факт е дека во изминатиов век бил многупати оспоруван, оспоруван е и денес, но сепак, Фројд е заслужен за започнувањето на еден нов бран во лечењето на психичките болести, како и анализа на човечката психа. Тој ја воспостави разликата меѓу „психоанализа“, која се занимава со наоѓање на генезата на психичката состојба, и „психијатрија“ (која постоела и пред Фројдовото време), која се занимава со (класично, клиничко) лечење на болните. Психоанализата е секако супериорен пристап, бидејќи трајно ги отстранува причините за настанувањето на болеста (ако успее, секако).

Како и да е, Фројд е заслужен и за првите научни толкувања на соништата, нивната симболика и методи за маскирање пред сопствената и туѓата свест, за анализите на повеќекратната личност (иако, таа била позната и пред Фројд, на пример, генијалниот Достоевски ја обработил 50 години пред него, во „Двојник“ и во „Браќа Карамазови“), за грешките во говор, движење, заборавност, анксиозност, клаустрофобија, агорафобија... Заслужен е и за систематизирањето на новите методи за работа со пациенти (пр. инстантна асоцијација), како и подобрувањето на некои постоечки (пр. хипноза, која ја работеа со Јунг). Дури, има извршено и обемна анализа на причините и механизмот на хуморот, смеата и вицовите, замислете.

Фактот што прв храбро (за тоа време) се дрзна да зборува отворено за силното влијание на сексуалноста врз развојот на човечката психа, како и врз неговиот социјален живот, беше причина уште од почеток да биде напаѓан од своите колеги со конзервативни сфаќања на нештата.

Како и да е, никој не може да му ги оспори заслугите. Дури и неговите најсилни противници се базираат на негови анализи и користат негови методи. Навистина голем човек, и еден од најголемите на ХХ век.

сликата на viktoria
Фројд - Човекот на векот - од viktoria на 22 септември, 2004 - 14:49

Јас па го ценам Фројд ама не и психоанализата. [се смее] :) нема љутиш
И мислам дека доста неправедно е створен некаков мит за него дека е тој што прв пенетрирал во мозокот за сексуалноста , скриените тајни , валканите страсти.. Тоа бил составен дел од неговите истражувања ама најслаби му се откритијата токму за сексуалноста додека за многу други работи има удрено едни од најјаки темели на развојната психологија.

Фројдовите тези за нагоните кои он така добро ги идентификувал, луѓето ги толкуваат исклучиво како тези и прикаски за сексот и сексуалноста.
Ги има дефинирано двата принципиелни нагони агресија и либидо. Либидото го опфаќа сексуалниот нагон но и самопотврдувањето и успехот. Нагоните пак , се контролирани во мозокот во еден примитивен дел (мислам се вика лимбички систем) чија активност е одразена во сонот.
Исто така со воведување на термините како за ид-от, егото и суперегото јасно е дека сакал да оди многу далеку..

Неговите увиди во механизмите на свеста биле прилично плодни за развој на психологијата како наука, додека пак од клинички аспект примената на психоанализата како терапија дала и дава прилично неубедливи резултати.

Фројд најверојатно сакал да створи наука за свеста но немајќи ги денешните услови прибегнал кон каучот, психоанализата и кокаинот.
(некои овде ќе кажат lucky guy xaxaxa)

сликата на GoodBytes
Фројд - Човекот на векот - од GoodBytes на 22 септември, 2004 - 23:55

Како надополнување, само ќе дадам два факта:

а) Најсилно развиениот нагон кај човекот е нагонот за самоодржување - зачувување на животот и размножување. Од нив се создаваат и други покомплексни (но сепак и потсвесни) форми на дејствување на човечката психа.

б) За чудо на критичарите на Фројд, кои го идентификуваат неговото учење со „чист секс“, Фројд смета дека главните, есенцијалните причини за соништата се стравовите и желбите. Стравовите се јавуваат малку подоцна, но желбите уште од најрана возраст. Во својата книга за соништата, има дадено повеќе примери, кои меѓусебе се комплементарни. Од нив ќе издвојам еден сон, кој се однесува на сон од дете, каде механизмите за маскирање на вистината преку симболика се минорни, со цел веднаш да се увиди неговата есенција:

- Примерот со малото девојче кое дента требало да оди на излет на езеро, но не отишло, па вечерта сонувало семеен излет покрај езеро. Ова е чиста, немаскирана желба.

Секако, постојат и примери каде се јавуваат стравови, најчесто подоцна во животот на децата, кога Фројд смета дека се јавуваат посериозни стравови, па и желби измешани со стравови. На пример, едно поголемо девојче, никако не дозволува да спие ако вратите кои ја делат нејзината спална и спалната на родителите се затворени. Тука Фројд наоѓа желба кај девојчето за љубовта од таткото, како и страв од соперништвото на нејзината мајка во таа љубов. Факт е дека заклучоците (како овој) на Фројд се некогаш смели, чувство што го имав кога го читав, но сметам дека не ги влечел со сензационалистички побуди. И токму таквите делови подоцна добивале најсилни критики - тие кои се тези, за кои и не постои начин да се потврдат или побијат.

сликата на dimitar27
Фројд - Човекот на векот - од dimitar27 на 23 септември, 2004 - 12:44

Eve ja ke kazam:

LUCKY GUY [се смее]))

сликата на Psychonaut
Фројд - Човекот на векот - од Psychonaut на 20 септември, 2004 - 08:30

Ne go procitav, go komentiram samo naslovot.

Veke se birani luge na vekot i izbrani se Albert Einstein i Karl Marx. Verojatno so pravo. Dobar e i Freud, ama ne e nivna klasa. U sekoj slucaj, sve evrei...

Фројд - Човекот на векот - од VBB на 20 септември, 2004 - 18:16

Како беше она со петте најпознати Евреи на сите времиња? [се смее] дај некој нека ме потсети.
Не го памтам баш, ама вака беше отприлике:

1. Првиот проповедал дека најбитни работи се моралот, богобојажливоста, послушноста,дисциплината, верата и сл. Дека најбитното е у мозокот, умот.
Тоа е Мојсеј.

2. Вториот пак, вели, ОК све ама ипак све е у срцето - хуманоста, „љуби го ближниот свој“ итн..тоа се најважни работи..
(Тоа бил Исус.)

3. Третиот вели, остајте вие тоа, ако чоек не е најаден, ако нема основна егзистенција све друго паѓа у вода. Све е у стомакот.
(Кој бил тој? Карл Маркс.)

4. Четвртиот му вели на Маркса, бе батали ти тоа све, ако чоек не ебе нешто ќе биде исфрустриран, искомплексиран, ќе лечи комплекси преку насилство и сл. Све е у сексот (т.е. меѓу нозете)
(А овој? Па се разбира, Сигмунд Фројд)

5. На крај, доаѓа петтиот и вели:
Ма све е релативно
[се смее]))
Алберт Ајнштајн

Фројд - Човекот на векот - од Borg_1_of_1 на 21 септември, 2004 - 13:51

"With all due respect" za posledniot (pettiot) i negovata filozofija, ne se slagam.
Se e binarno - 1 ili 0, da ili ne, tocno ili netocno. Se drugo e kombinacija od prethodnive.
A relativnosta? Toa ti e izgovor od covek koj saka da nametne svoe mislenje so izgovor deka se zavisi od glednata tocka. Crvenoto e crveno, kade i da si (edino ako ne si daltonista, e togas vise si na pat za vo urgenten centar)

A vo vrska so celokupnava tema: Ziveo testoteron - pricinata i lekot za site covekovi stradanja ili da parafraziram, make love - not war.

pozdrav

сликата на GoodBytes
Фројд - Човекот на векот - од GoodBytes на 23 септември, 2004 - 01:23

Мала дигресија, како одговор на „дијалектичарот“ („Se e binarno - 1 ili 0, da ili ne, tocno ili netocno“)...

1. Ајнштајн не е филозоф, туку генијален физичар. Своите теории ги развил врз и преку математички докази, кои до ден денес не се побиени. Освен тоа, дијалектичарите не се во „кавга“ со релативизмот. Тоа се баби и жаби.

2. „...izgovor deka se zavisi od glednata tocka...“
Навистина се' зависи од гледната точка. Ако патуваш во воз, и во купето гледаш чаша со вода, таа за тебе стои мирно. Но, ако чашата ја набљудуваш додека си надвор од возот, таа се движи со одреден правец и брзина. Ако тебе некој те набљудува од свемирот, и ти се движиш (земјата ротира околу својата оска - која се менува, се движи околу сонцето, сонцето се движи во рамки на галаксијата, галаксијата се движи во рамки на универзумот).

Уште еден пример за релативност, даден од Ајнштајн, а кој се однесува на гледната точка и брзината на движење: ако гледаш во часовник кој покажува точно пладне, и ако почнеш да се оддалечуваш од него со брзина на светлината (што додуша е неможно ако имаш маса, според една друга негова формула, но сепак земено како пример), за тебе и ВРЕМЕТО ќе застане, барем она време кое се мери во системот кој ти си го избрал за појдовен и релевантен за својот експеримент.

3. „... Crvenoto e crveno, kade i da si...“
Ако не се лажам, токму филозофите (трансцеденталност) ќе те прашаат: „Ајде, опиши ми ја црвената боја?“, и тоа токму за да ти докажат дека црвеното не е црвено, како што викаш, „каде и да си“.

Или (пак филозофите), обидувајќи се да го релативизираат поимот Бог, како семоќен, ќе се запрашаат:
„Ако Бог е семоќен, дали може да создаде толку голем камен, што ни самиот не ќе може да го крене?“

4. „Водете љубов, а не војна“
Сосема се слагам. Тоа е убава максима.

Фројд - Човекот на векот - од Obi на 21 септември, 2004 - 04:43

На минатиот век?

Фројд - Човекот на векот - од recidivist на 22 септември, 2004 - 17:43

Psychonaut најчесто се воздржувам да идам оф топик или недајбоже да пуштам флејмчиња како што им е сатифакција и пунење на егото(он топик)[намигнува] на некои сенки овде по форумов.

И морам да напишам нешто слично кога Фројд го класифицираат во најмала рака како Шарлатан.

Сакам да ти кажам дека си во право да постираш и без да го погледнеш насловот но не можам да ни да се согласам со твојот став ни па да кажам ОК е се разбираме.
Последново го кажувам од проста причина што темава е доволна за да го оверклокира нашето во голем дел закржлавено мозоче(сега некој ке си помисли или и оштетено)[намигнува]..
Што се однесува на "Лугјето на векот" не можеш да ги дефинираш.

Може некои дефиниции или разно разни варијации од типот на генијалци,фрикови,надреалисти,утописти,
кардиналци,маргиналци па дури и криминалци D:) да им се закачат како епитети ама не вакви тези.У стилу кој бе он а?Ма апотекаркава што ми е у зграда знае поише од него:)

Мој став е дека треба да се направи една обемна студија во некој реноминиран институт,доколку нема( што не ми е веројатно) дека нема такво нешто.
При тоа појдовна точка да им биде анализата или генезата на теориите(на инкременталните) и да се проба да се процесуира во нешто..(тешка мисла) ми дојде..

Сега мислам како да се изразам а да не делува како небулоза,иако е можно при ваков начин на комуникација или топик добар дел од муабетот да делува конфузен.

Како и да е тоа е голем и сеопфатен проект и моја моментална фикција
Поентата ми е дека не е ни приближно точно мислењето или ставот дека Фројд не чини или Јунг е супер.

Тоа се само мислења(не можат да бидат ставови) на лица кои што немаат прочитано ниту еден пасус за психоанализа.

Немора да си фантом,не мора да ти е животна желба офисот да ти биде кауч и фотеља.

Доволно е само да се запрашаш кога “гледаш” со затворени очи,или да буљиш у таван нешто од типот:
Зошто ја гледаме само светлата страна на месечината или зошто не го користиме “цел” мозок или нешто побанално од типот на... што е акумулатор?
И да ти се пресече мислата....добар дел од ноќта,лежејки да си викаш дали беше зборот Акумулатор или Aлукуматор...и се отвара некоја вратичка во некоја келија во мозокот а мислите си навираат..милиони и милиони..течат..се надоврзуваат..летаат толку брзо што не ти се верува колку е моќно.

Да се надоврзам.

Како прво Фројд и ден денес е репер или референца во таа наука или во областа на псајкоаналисис.
Има многу да се дискутира но времето на сите ни е лимитирано..затоа ке скратам да не бидам напорен за читање..тоа мрзам затоа го избегнувам што повеќе можам.

Мене лично Фројд ми стана извонредно интересен за читање кога ја прочитав онаа негова хипотеза што е поврзана со “nerazvienite fantazii”.

Исто е многу битно дека современата психоанализа во добар дел се потпира на Фројдовите тези,односно хипнозата и начелно на Јунговите основи т.е поставки.
А нели знаеме дека Jung му бил ассистент на Фројд (претходно му бил асист на S. Blojer)

Голем дел од неговите тези многу од колегите не ги прифаќаат односно не се согласуваат затоа што скоро се во нив е гледанo под призмата на сексуалноста, и што се се објаснува од аспект на сексуални мотивации..

Инаку да,точно е дека бил многу често накокан односно џвакал листови од кока и тоа било причината што ја прекинал терапијата на пациентите со хипноза затоа што не можел разговетно да дава сугестии,со разговетен глас.

Очигледно му се свиџало ептен пошто во тоа време во Беч било друштвено прифатливо.
Паметни луѓе. [намигнува]

Alexandra sea so cekic bi me udrila po maloto prste,ama nezno:-)
Како и да е темава сама по себе е доволно сеопфатна и тешка што секое отстапување од типот абе кој ги ебе они мене е неприфатливо,за мене лично.

П.с не прифаќам неконструктивни сугестии или па флејмање недај буда [намигнува]

Tчао

сликата на frajer
Фројд - Човекот на векот - од frajer на 22 септември, 2004 - 18:50

Фројд бил пионер кој се обидел прв да ја испита епирички несвесната заднина на свесното (Јунг). Во работата се потпирал на општата претпоставка дека соништата не се случајни туку се поврзани со свесните мисли и проблеми. Оваа претпоставка се темелела врз заклучокот на еминентни невролози дека невротичните симптоми се поврзани со некое свесно искуство. Тие дури се и одвоени подрачја на свесниот дух кои во некое друго време или во други услови може да бидат свесни.
Фројд дошол до едно едноставно, но остроумно искуство, дека ако сонувачот се охрабрува да продолжи да зборува за своите слики од сонот и за мислите што ги поттикнуваат нив во неговиот дух, сонувачот ќе се предаде и ќе ја открие несвесната заднина на своите слабости со она што ќе го рече или намерно ќе пропушти да го каже. Неговите мисли може да изгледаат ирационални и безначајни, но по извесно време релативно лесно може да се увиди што се обидува да одбегне, каква непријатна мисла или искуство потиснува.
И затоа мене ми се допаѓа Фројд и неговиот пристап кој стана многу популарен и успешен. Соочувањето на сопствените проблеми, преку соништата, како појдовна точка за слободната асоцијација, иако има опасност од влијанието на богатите фантазии што ги создава несвесното во соништата. Јунг ја продолжува идејата на Фројд, ја надополнува и еден од приматите на неговата филозофија е и дека сонот не мора нужно да биде појдовна точка во процесот на слободната асоцијација.

Фројд го има следново кажано - цивилизацијата се потпира на постојаното потиснување на човечките инстинкти.
Слободното задоволување на човечките инстинктивни потреби е незаменливо со цивилизираното општество - откажувањето или одвлекувањето на истите се неопходни за прогрес? во истото.
Среќата- според Фројд, не е општествена вредност. Среќата треба да биде потчинета на дисциплината која ја бара современото општество, на дисциплината на моногамното размножување, на воспоставениот систем на закони и редовно методично жртвување на либидото, неговото постојано строго насочување кон општествено полезни дејности.
Жртвувањето и тоа како се исплатело - денес луѓето живеат подобро од било кога. Но гледано од која страна...
Дали конфликтот помеѓу принципите на задоволството и принципот на реалноста е до толку длабок да прави неопходност од реформи во структурата на човековите инстинкти, нешто кое според мене е невозможно да се постигне.
Да ве потсетам само за малку за она што го имам тука веќе пишувано, а тоа беше мојата заложба за прифаќање на идејата на полигамијата, особено потенцирана преку мојата сопствена определба за неможност или немање желба за воспоставување на врска со само една девојка и демаскирањето на концептот на бракот со една жена како форма на назадната христијанска религија која како вирус се шири денес преку западното практикување на демократијата.
Форсирањето на идејата дека жените се еднакви и дури и поеднакви од мажите:), заедно со прикажувањето на вонбрачните авантури како грев и брачната заедница како нужност, не прави сите нас денес како заложници на прифаќања на неприродни вредности. Глупости, не прави никого ништо, ако самиот не си го сака тоа. Ама свесно или прикриено, факт е дека се стимулира прифаќање на тие нешта, како гарант за некаква сигурност и прифаќање од останатите.
Како велат во малите градови, ако не си најдеш некого до 30 години, после цел град те мажи/жени.
Забегав од темава до моиве размислувања. Абе ми се ожени братучед ми заколнат ерген иначе, на 36 години. Нека му е со среќа.. за 10-тина години и на моја глава:))

сликата на GoodBytes
Фројд - Човекот на векот - од GoodBytes на 23 септември, 2004 - 00:26

Еве понекое мое размислување, побудено од твоите:

1. „Соочувањето на сопствените проблеми, преку соништата, како појдовна точка за слободната асоцијација, иако има опасност од влијанието на богатите фантазии што ги создава несвесното во соништата.“

Според Фројд, соништата не се под влијание на богати фантазии, туку на потсвесни механизми кои намерно ја искривуваат вистината (стравовите и желбите воглавно), со цел да ги скријат од свеста. „Слободна асоцијација“ Фројд не користел при толкување на соништата, туку при тестови кои ги водел со пациенти во свесна состојба: тој кажувал збор (на пример, кибрит), а пациентот веднаш го одговарал првото што ќе му падне на памет. Преку овие тестови, Фројд се обидувал да воспостави механизам за доаѓање до фаза кога ќе постави неколку критични прашања, на кои ќе добие „искрен“ одговор, победувајќи и збунувајќи ја потсвеста. И ден денес, овие методи се практикуваат во клиники.

2. „Слободното задоволување на човечките инстинктивни потреби е незаменливо со цивилизираното општество - откажувањето или одвлекувањето на истите се неопходни за прогрес? во истото.“

Ова, според Фројд, е описот на Супер Егото, дел од свесната половина на свеста, кое се грижи индивидуата (ЈАС) да се прилагоди на општествените и цивилизациски норми, со цел да стекне подобри позиции за остварување на целите. На пример, дете чепка нос пред други луѓе, додека тоа го прават помал број возрасни. [се смее]

3. „... полигамија, ... концептот на бракот со една жена како форма на назадната христијанска религија ...“

Нема ништо ново и револуционерно во концептот на полигамијата. Всушност, ФАЛА МУ НА БОГА што христијанството дошло и довело некаков ред на овие простори. Римското и старогрчкото општество, давејќи се во својата декаденција (предизвикана од преголемата моќ, како што е сега САД), било стигнато дотаму што воопшто не било чудно да се прават оргии, а хомосексуалноста и педофилијата биле општоприфатени социјални појави (како до пред некоја година во Авганистан).

4. „... жените се еднакви и дури и поеднакви од мажите...“

Ова ти е парафраза на Орвел, од „Животинска Фарма“, претпоставувам. Но сепак, сите сме „поеднакви“, секој за себе, и секој заедно. Така и жените. Секој од нас си има некаква улога во природата. Јас дури ке одам и понатаму - луѓето се еднакви и со животните, гледано од некој аспект. Да се вратиме на Фројд, нашата свесност не не прави поеднакви од животните, исто како што политички попаметните свињи не се поеднакви од другите животни, како што вика Орвел.

5. Со среќа на братучед ти. А и тебе (сенд лејтр).

сликата на GoodBytes
Фројд - Човекот на векот - од GoodBytes на 23 септември, 2004 - 00:32

„Среќата- според Фројд, не е општествена вредност. Среќата треба да биде потчинета на дисциплината која ја бара современото општество, на дисциплината на моногамното размножување, на воспоставениот систем на закони и редовно методично жртвување на либидото, неговото постојано строго насочување кон општествено полезни дејности...“

Ах, го пропуштив ова со среќата. Не според Фројд, но како добра филозофска дефиниција:
Среќата е непотреба од акција.

Совршено, нели?

сликата на StormAngel
Фројд - Човекот на векот - од StormAngel на 22 септември, 2004 - 18:57

И ај после некој нека зуцне дека Баграта е неедуцирана.=)))))
Вакви коментари од врвни аналисти не можеш да прочиташ бе.

сликата на Royalgirl
Фројд - Човекот на векот - од Royalgirl на 23 септември, 2004 - 00:47

Ма препишуваат бре,пушти ги таму...[се смее])

сликата на StormAngel
Фројд - Човекот на векот - од StormAngel на 23 септември, 2004 - 00:52

Не верувам.=)))))
Коментарите се од наши раце напишани,и мене просто ме чуди колку само знаеме во врска со Фројд или пак било што друго а не се искажуваме.
Хех!

сликата на GoodBytes
Фројд - Човекот на векот - од GoodBytes на 23 септември, 2004 - 01:33

Интересно, колку за споредба (не дека сметам како некои дека нашиот образовен систем е добар):

Една анкета спроведена во САД пред неколку години покажала дека 60% од средношколците и 40% од студентите не знаат кој им е северен сосед???

Еден мој пријател, кој е стоматолог, го учев да работи со компјутери пред некоја година. Прв пат фати глушец во рака тогаш, но беше смарт кид. По една година, се пријави на конкурс за работа како VBasic програмер во САД, и беше примен како прв од стотина пријавени!

сликата на StormAngel
Фројд - Човекот на векот - од StormAngel на 23 септември, 2004 - 01:36

Види вака,кај нас во Македонија сите сме си природно талентирани,само што за жал нашиот талент го користиме за ептен непотребни работи!=)))))

Фројд - Човекот на векот - од recidivist на 23 септември, 2004 - 07:11

Види вака,кај нас во Македонија сите сме си природно талентирани,само што за жал нашиот талент го користиме за ептен непотребни работи!=)))))

Не е баш така.
Да,талентирани може да сме природно ама и доволно образовани односно едуцирани.
Колку знаење од општа култура, историја а да не спомнам географија поседуваме стварно можат да ни завидат голем дел од "pametnite" нации.
Доволен пример е што во УСА(mrzam sto skoro za se ja zimame kako parametar ) дури 67% од испитаниците не знаат кој им е вајс президент а дури 82 % немаат благе везе кој е државен секретар.

Преписка од муабет со девојка од УСА:
Р:хелоу.
Усгрл:hi...asl..
Р: Male,Macedonia..
Усгрл:what?i ask u where u from!?
Р:Маcedonia..FYROM.ex Yugoslavia?
Усгрл:where is that.
Р:Yugoslavia..ex..24 milion Citizens..1991 civil war..bla bla..Kosovo?
Усгрл:noup.unfamiliar to me..
Р:how old r u?
Усгрл:28.
Р:ok..maybe u know where is Greece?First neighbors to us?
Усгрл:yes i know..somewhere in europe!
R:wow,lucky you.10 points..now tell me what is deziribonukleinska kiselina(acid) If that sounds familiar to you ?[се смее]
Усгрл:FUCK YOU!

Ај нека искоментира некој нешто на муабетов ке му ја акнам една преку монитор:))

Да се надоврзам на концептот за природно надарени.
Точно е..Според мене.
Само што образовниот систем ни е гломазен како и админстрацијата,спор..
И не се насочуваат талентите,не се стимулираат.не се мотивираат и нормално е дека ке има браин драин.
Од сегде впрочем има бреин дреин.
Кај секој од нас се крие потенцијален интелектуалец и академски граѓанин само што од икс причини не се реализирал или не се искористил.
Поентата е јасна нели.

сликата на Royalgirl
Фројд - Човекот на векот - од Royalgirl на 23 септември, 2004 - 08:42

Некогаш ми се гади од коментарите од типот "ма ние сме ептен интелигентна нација,америте можат да ни се фатат..!"..интелигентна нација не ја уништува својата држава,свесно...интелигентна нација не страда од над 50% невработеност...интелигентна нација не гледа сапуници по цел ден...Соочете се со вистината:не сме ништо попаметни од остатокот од луѓето на планетата.А балканскиот менталитет чак и ни одзема поени.

сликата на ZisDead
Фројд - Човекот на векот - од ZisDead на 23 септември, 2004 - 09:34

Балканскиот менталитет се состои од тоа што ние мислиме дека тој постои. Бесмислена рекурзија во нашите балкански глави.

Фројд - Човекот на векот - од Obi на 23 септември, 2004 - 09:49

recidivist,

Ко се правиш толку паметен одговори ми на ова прашање:

Колку луѓе треба да евалуираш за да извлечеш било каков заклучок за нација од 282 милиони жители?

Акни се од монитор.
Цел свет нас ни завидува...на Македонците...колку сме паметни у пм.

Поентата е јасна, меѓутоа во исто време
поентата ти е промашена.

А, ако тебе се ти е погодено и тебе нема да те боли кур кој е кој во државната структура. За жал не ти е па мора да научиш како се викаат за да ги пцујаш ако нишо друго.

сликата на Royalgirl
Фројд - Човекот на векот - од Royalgirl на 23 септември, 2004 - 10:47

Баш...
Тоа што америте не знаеле кој им е вајс президент е поради фактот дека работат и немаат време да се замараат со такви глупости.Арно ама македончето поради премногу слободно време ги знае структурите на сите владеечки гарнитури,минати и сегашни,идни...Ги знае тактиките,стратегиите,заврзламите,ма ги знае и сите швалерации во политичките партии...Сето тоа поради премногу.слободно.време.

сликата на viktoria
Фројд - Човекот на векот - од viktoria на 23 септември, 2004 - 13:11

Колку луѓе треба да евалуираш за да извлечеш било каков заклучок за нација од 282 милиони жители?

- Видиш Оби повторно грешка. Едноставно мој совет ти е да не се бафташ со работи кои самиот ти не ги разбираш. И твоиве килави аргументчиња може поминуваат кај тебе у маало ама овде ко со сатарче ќе ти ги распарчаме на милион делови.

Као прво: тоа дали е нацијата со 280милиони или 3мил. ти е една иста ствар кога станува збор за вадење на процент или рачунање на статистика. Као што ќе евалуираш процент на нитрати во почва или диоксин во млеко... нема цела нива да ја анализираш него ќе си одбереш samples, а и за млекото нема да ги прегледуваш сите 10тона туку можеби само два пати по 600мл. Ти текнуе ?

Така и статистиките .. дека америте се најдебела нација... и со најнизок ниво на општа култура во целиов развиен модерен западен свет. - Кои патем се често правени од new scientific и сл.

Во колку заклучиме дека америте едноставно многу работат 45саата неделно и не ги интересира ништо друго па дури ни она што е во нивниот двор, тогаш не ги ставајте следниот пат во кошот на тие со “развиена демократска свест“ затоа што ниту ја имаат ниту е нешто друго од ’закржлавена’.
Ако самата суштина на -демократијата- значи владеење на народот, а ваму имаме пример на народ игнорантно незаинтересиран за самиот себеси и било што друго од 620$ неделно + shopping mall онда пиши - пропало барем за демократијата и колективната свест кај овој колектив кој сигурно Фројд со драго срце (и широка ноздрва) би го испитувал .

Толку .

сликата на Royalgirl
Фројд - Човекот на векот - од Royalgirl на 23 септември, 2004 - 19:46

Абе хани,па еве ние знаеме и кој број гаќи носи Бранко,и што марка му се чорапите на Љубчо,па константно правиме иста грешка при остварување на нашето демократско право![се смее]
И пази сега,постојат неколку класификации (според јачина):
-лаги
-големи лаги
-екстра големи лаги
-статистика

...така да,не се опирај ти многу на new scientific:))

Фројд - Човекот на векот - од Obi на 24 септември, 2004 - 01:05

Девојко ти стануваш смешна со твоиве глупости.
Дозволи ми да ти покажам како се распарчува " килав аргумент ко со сатарче"!

Тука не станува збор за серија млеко туку станува збор за луѓе.

Во статистиката постои термин кој се вика
"margin of error". Кога би знаела да го пресметаш тоа, би открила дека за 282 милиони луѓе не можеш да направиш профил само на двајца. Резултатие што ќе ги добиеш не би биле само статистички неверодостојни туку статистички смешни.
Ти текнуе?

Друго. Никој тука не зборува за тоа колку се дебели Американците и ако изведуваш некои теории дека дебелите луѓе мора да се глупави и неинтелигентни би сакал да знам како си стигнала до тој заклучок.

Интересно е и тоа што Македонија до вчера беше комуњарска земја а денес ти ке продаваш пуфки за демократија.
Поентата на било кој систем е да им овозможи безбедност, основни права и потреби, и комфортен живот на луѓето за да не блокираат патишта, да штрајкуваат за работи,плати, пензии и други пичке си материне. Со други зборови keep them happy and busy. Иначе им придоаѓаат луди идеји...

Не знам зошто мислиш дека народот не е заинтересиран за себе си. Народот ќе се побуни и ќе се заинтересира само во ситуација драстично да се промени неговиот живот, права, безбедност итн. Тоа не е така само во Америка туку е така во било која демократска земја која успешно функционира. Општеството е успешно баш кога народот не се интересира. Читни малу за историја на општествени системи и може ќе ти влезе нешто во таа главата шо ти ја полнат со француски глупости.

А тукашната колективна свест е помоќна од било која колективна свест на земјава. Кажи ми еден пример каде што глупавиот или инфериорниот владеел и диктирал!

сликата на ZisDead
Фројд - Човекот на векот - од ZisDead на 24 септември, 2004 - 18:22

„Општеството е успешно баш кога народот не се интересира.“

Каква мисла, каков блесок на мудроста......Јооооој Мораво јој

Фројд - Човекот на векот - од Obi на 25 септември, 2004 - 07:51

ZisDead ako sakash drzi se ponastrana od moive komentari ako nemash nishto pametno da ponudish.
Za tvoe dobro...
Ne se blamiraj nepotrebno.

Фројд - Човекот на векот - од GT на 27 септември, 2004 - 00:00

Viktoria zlatna, Aj ova so amerite najdeleba nacija ...statistika izvadena od samite ameri koja ne veli deka se najdebela nacija veli deka e zemja so najgolem procent na lugje koi imaat visok +15 kg and up. Toa ne znaci deka u prosek se najdebeli, neznaci i deka ne se, ama takvo info neam videno. Nego ona so najamlku opsta kultura... ziti sve? Daj mi link, referenca od kniga , scientific journal bilo shto, uzasno me interesira ovaa statistika.
Baska, so svoi fakti po glava se mavash curo. Velish : amerika u seto ova e prva od "razvieniot zapaden svet"-hmm ti francija ja sporeduvas so amerika ili jas gresno citam deka muabetot e za Makedonija. Pa i hipoteticki da gi prifatam vasite kompleksi preteceni u teorija moram da se zaprasam , od koga be Makedonija i makedonskiot narod mu pripagja na zapadniot razvien svet?
A koj toa rece makedoncite u amerika se snaogjale pobrgu i podobro od amerive?
Wolla... deckite so na leto se vrakjaat u mkd vi gi kazuvaat ovie prikaski?

Фројд - Човекот на векот - од recidivist на 27 септември, 2004 - 02:11

Еве факти кога веке сме кај Aмериканците.
Погледнете малце подобро.

http://quickfacts.census.gov/qfd/

http://www.bls.gov/

http://www.findarticles.com/p/articles/mi_m1272/is_n2630_v126/ai_20004041

A single mean, bleak prison cell, with its thin mattress, basic plumbing, 60-watt bulb, and concrete floor, costs beleaguered taxpayers--from Portland, Ore.. to Pensacola, Fla.; Portland, Me., to Albuquerque, N.M.; and all points in between--a minimum of $45,000 and as much as $125,000 to build.

Кога више сме кај way of life.
Американците највише средства(после одбрана) трошат за?!! во воведување на едукација за намалување на криминалот???
Зарем е можно.
Ова е податок кој ме фрапира барајки и читајки факти на горните линкови.
Е драги мои Македонци.
Зарем треба да учат нашите поколениа дека криминалот не се исплати во училиште.
До кај стигна "најдемократската" земја на планетава.

п.с
најубаво се гледа зошто немаат време да прочитаат нешто.

Hours of work---
Manufacturing…… 46.0
Overtime(daily)……… 4.6

Фројд - Човекот на векот - од Obi на 27 септември, 2004 - 02:54

Да бе...
А Идризово е 5 star хотел. [се смее]
Многу ми е интересно што јас живеам тука.
Во село Бостон (Прилепско-Битолско), дефинитивно гледам многу повеќе асфалт од тебе, а ти планираш да ме убедиш дека тука не чини. Мн ме интересира како планираш да го изведеш тоа.

http://borce.tigros.ro/photo/albums/color/boston/boston-night-clouds.jpg

и for the record...overtime тука е платено повеќе отколку нормално работно време. Не не тепаат да работиме.

И исто така for the record од твојот линк може да се види

невработеност во САД е 5.7%
а во МК знаеш колку е?
37% <-----

Пола земја нема работа ти за Америка си се фатил. хех

сликата на Chombe
Фројд - Човекот на векот - од Chombe на 27 септември, 2004 - 05:12

Едно е што викаат статистики, друго е тука/таму кога ќе дојдеш. Ако едната рака ја држам на рингла а другата во фрижидер, статистички јас сум на идеална температура. Lies, damned lies and statistics - Черчил. BTW, да му го нач*кам ја него...Ова за друго нешто. [се смее]

Али Бостон брат, стварно супер. Ја бев за 4-ти јули, алал ви Семјуел Адамс пивото. А и жените ви се ептен добри, одма се гледа интелигентна фаца за разлика од овие моиве salsa-merenge, mira-mira, goyа-eating latino cocksuckers. Jersey girls ain't trash, trash gets picked up!

И да, Идризово е Ritz-Carlton во споредба со неколку county jails во Northern New Jersey. Овде познавам неколку наши луѓе кој поради икс причини лежеа во Passaic County Jail (затворот е во строг центар на Paterson, NJ). Некој од нив беа abused или по нашки, им го ставија колбасот отпозади. Ова со сигурност, јас присуствував на сцената кога * го пуштија од затвор и фраерот не частеше и плачеше и јавно си призна за црниот колбас. В`гас, нели... Тие што имаа пари лежеа во Bergen County Jail кај белците. Или у превод, кој има пари за него не важи статистика.

И што кој к*р има ова врска со Фројд, сеа ќе се стаам offtopic. [намигнува]

Фројд - Човекот на векот - од Obi на 27 септември, 2004 - 10:53

Нели Сем е закон [се смее]?!
А во МК увезуваат Будвајзер...најголемо гомно од пиво. Море сеа да видиш за Octoberfest какви Sam Adams нови има...
мххх мххх мхххххххххххххх!!!!!!!!!!!!!!!
[се смее]

Фројд - Човекот на векот - од GT на 28 септември, 2004 - 15:52

I kolku go plakjaat Budweiserot fraerite u Makedonija primeti? Ne se glupi firmite so o uvezuvaat Budweiserot koj sekade u svet e pola ako ne i 1/3 od cenata na Heiniken a oni u MKD go prodavaat po cena na Heiniken nekade i pojke...pa ti vidi go profitot. Se dur ima fraeri po Trend, mend, palas, aquarius i druge picke materine ke ima jebenje u mozak... i to so americki proizvodi... da ne poveruvash ! Ne be stvarno se glupi amerite.

сликата на viktoria
Фројд - Човекот на векот - од viktoria на 18 октомври, 2004 - 17:32

GT, немам намера да ти се мешам во штипки пошто очигледно дека те интересира макроекономија, ама јас вака лаички ако може да те потпрашам нешто по оваа точка.

За приказнава околу Budweiser-от и демек колку се америте паметни/глупи и неговата актуелна цена.
Цената видиш не е некаков индикатор дали не они заебале или не. Ниту пак покажување на нивната памет. Особено затоа што можеш да бидеш сигурен дека они баш би сакале да ни ја дадат најповолната цена , го наметнат продуктот и почнат да рушат компетицијата. Цената логично е да е во Мак. поголема отколу во Германија на прим. ради ред причини.. Врз основната цена , удри логистика (шпедиција), прекуокеански производ - такса, увозен пијалок -такса, маржа и ете ти..
Зборот ми е дека производителот го шитка пивото да речеме 1долар по флаша , а таа иста флаша може да кошта у некоја земја 2,5,3 , 4 или 5 долара.
Така да не го користи ова као пример за нивната памет. Јас ќе ти најдам листа примери долга и бројна по страни како библијата , примери за нивната инвентивност, тактика, организираност , способност , бизнис, итд. од кои би требало да учиме и ги ставиме у пракса. [се смее]

Фројд - Човекот на векот - од recidivist на 4 октомври, 2004 - 01:29

Obi ти призна дека сркал црнец?[се смее])
Ништо чудно.
Охриџанчињата се познати по тоа дека сакаат црнечко мефце.

Фројд - Човекот на векот - од GT на 28 септември, 2004 - 15:48

C c c se frapiral. Od rezultati koi si gi izvadil od oficijalni strani na amerikanski vladini organizacii, ednata cenzus, drugata labor department. Ne ti kazuva nishto toa be? MOzda ne ti kazuva deka amerikancite se svesni za sviote minorni problemi i nemaat problem da gi plasiraat javno, i zamisli trosat pari ej, pari od budzetot da gi otrgnat tie problemi. E stvarno se idioti.Frapiracko stvarno.
A ne e ic frapiracko shto vo Makedonija nema ovakvi informacii, sto vo Makedonija zavodot za statistika sekoja godina ogromen procent od svoite budzetni pari trosi na prikrivanje na informaciite za nevrabotenost, za bezdomni lugje, za lugje zaboleni od rakovi , tumori i picke materine, za procentot na istepani uciteli po ucilistata, za procentot na ostavaci u srednite skoli i za procentot na korupcija kaj profesori. Za procentot na lugje koi rabotat vo tekstili fabriki kade zborot over time ne postoi nego lugjeto rabotat za 6000 denari za "normalno" rabotno vreme od 16 saati.
Amerika ima i drug problem , eksploatacija na rabotna snaga, ama ne vo amerika nego na strana. Taka nareceni sweatshops, vodeni od americki firmi vo nekoi azijatski zemji i latino amerikanski. POgodi cii nevladini organizacii trosat pari od svojot budzet za da gi gonat firmite ko NIke, Ann Taylor, GAp i slicni, nadvor od amerika, za krsenje na labor rights nadvor od amerika?
Ima neshto takvo u makedonija?
Ne da, idioti se amerikancite.
Over time daily... u prosek 4.6 sati se to? Vidi vidi ima rabota i overtime da se raboti... cc c c $20 na saat wage e platena $30 na saat za overtime... ako ne ti odgovara nikoj ne te drzi so noz na grlo, ama nemozesh ti toa da go znaesh mozebi imash loso iskustvo od makedonija, zatoa shto ako shefot ti rece da ostanesh neplateno overtime nemozesh da se sprotistavish bidejki ke dobiesh otkaz... nemoze on da izgubi, od 47% nevraboteni lugje lesno mu e nemu da najde zamena.
Najdemokratskata zemja u svet stigna do nivo kade shto losite politicki manevri gi ostava na videlina na site za da ovakvi ko tebe mozat da plukaat i frlaat kamenja po nea. Toa e demokratija....
POcni da citash i makedonski vesnici malku... ministerstvoto za Ekonomija ke go limitira pristapot na internet na svoite vraboteni koi go zloupotrebuvaat... najposetena strana na internet od ministerstvoto za ekonomija ne se research strani od interes, nego e hranaivino.com.mk, i xxx strani. A so da praish koga za groto od makedonija internet e ko televizorot pred 100 , gledaat gola zena se krie pozadi ekran... ova zemajki u predvid deka edna Albanija ima pojke kompjuteri po glava na zitel
Ebem i razvienite zemji ebem i... ko se moroni

сликата на viktoria
Фројд - Човекот на векот - од viktoria на 18 октомври, 2004 - 18:21

GT еве ти еден златен одговор.

Ти си поприлично ограничен така што една просто-проширена реченица имаш проблем да ја сфатиш. (конкретно алудирам на она моето за развиениот свет)

Видиш има некои развиени западни земји кои влегуваат во листата на богатите земји. Ние не сме таму. Ама па развиените богати земји од време на време си прават статистики за тоа кој е од сите нив најдебел? Кој е најбољи у математика.. Кој најмногу рециклира отпад. Кој најмногу конзумира преработени заситени масти.? Кој од кои болести највише умира и сл.

Најинтересно е тоа колку само мајчински ја штитите вашата нова татковина од било каква критика . Едноставно ќе мора да се авто-цензурирам. Инаку трауми, тага, ова она, ќе завршите и вие дебели + со никаква општа култура.
Енивеј, ако те интересира баш тоа за некаква општа култура и како американчињата имаат нешто помала општа култура од другите кликај овде.
Всушност завршиле на самото дно на листата, претпоследни. Зад нив е Мексико.

Инаку, да , Америка се рачуна за најдебела нација у западниов развиен свет. Мислам дека само на Западна Самоа се подебели .
Да кажеше некој дека на прим. Англичаните се најдебели у Европа дали ќе имаше одма вака трогнати и увредени емигранти што као не го прифаќаат тој факт како веродостоен. Патем, вистина е.
Инаку за тоа како дебелината веќе стана фактор No1 за смртни случаеви читај ваму
и ваму
и ваму.

сликата на Chombe
Фројд - Човекот на векот - од Chombe на 19 октомври, 2004 - 01:31

Инаку трауми, тага, ова она, ќе завршите и вие дебели + со никаква општа култура.

Ти си таа што мисли дека на Бугарија, Србија и е исток а Турција запад. Ти си таа што малце подоле истреска за „комори“ у мозокот. Ти си таа што не срамиш на бугарски форуми, „Бугари само за гимнастика и клизање ве бива“. Географија, биологија и физичко, седи кец. Замисли ти да ни беше репер за општа култура? Јас пре би го ставил Ѕинго, ако ништо друго барем за спортот ќе трефнеше.

И после тука идат линкови како дебелината била причина број 1 за смрт во Америка. Кај нас во Македонија и средната класа е во немаштија, викторија се фатила за тоа дека Америте биле 15% поглупи и 10% подебели од остатокот од развиениот свет. Дали ти имаш појма дека твоите бројки се тотално небитни за функционирање на едно опшество? Дали не чувствуваш дека имаш патолошка омраза спрема се што е Америчко?

сликата на viktoria
Фројд - Човекот на векот - од viktoria на 19 октомври, 2004 - 02:36

Чомбе, не мислам јас дека Македонија е исток за Бугарија или дека ние сме и на Албанија запад. Туку се работи за лапсус кој фала богу што го направив иначе штета,.. ќе имаше етикета помалку да ми залепиш.
Тоа за клизање+гимнастика ако не примети беше пропратено со смајлиња и е во контекст на не