1 декември, 2008 - 19:55
[веб кирилица]

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Стерн

од KenzoTange на 29 јан 2005 - 12:01
Ова не е обичен текст, ова е трибјут ту Фрчкоски. Нашиот екол нормал супериор, човекот за кој сите се прашуваме како ги обавува секојдневните нормални моторни функции во своето тело на згоден смртник , кога има енормно голем и комплексен неокортекс незамислив за наши интелектуални стандарди и џидипи. И јас се чудев па почнав да ги интервјуирам неговите студенти кои евидентно подложни на неговиот гениј, вуду скрупули и принципи кажуваа само едно “цар е човекот, закон устав...”. Но јас скептички почнав да ги читам неговите книги во потрага по остатоци од плацентата на неговите интелектуални трудови кои се Титиов Врв за другиве ФИРОМ-интелектуалци.

Најпрво ја анализирав “Теории за демократијата” (1992) каде за чудо имаше се освен Фрчковштина, но добро си викам теории се во прашање, во секоја хрестоматија авторот не треба да размислува. Важно во оваа социолошка хрестоматија (замаскирана во политиколошка бидејќи така е со поише шмек) е тоа што можат да се насетат актуелните процеси на експериментална европеизација, губење на суверенитетот на нациите, новите политички системи кои ќе завладеат кај нас во наредните 12 години и др. Ех да имаше некој паметен тогаш да ја психо-патолошки анализира потсвеста на г-дин г-дин Љубомир Данаило Фршкоски (бидејќи и тој очигледно баш и не си ја разбрал книгата) и да изготви една стратегија за развој на Македонија.

Копав и по Фрчковото хоби со византизмот ама ме удри фобија на Тупурковштина и комплексите на моето потекло од работничко семејство па не се осудив да критикувам аристократско хоби како она на Фрчковци. За нас варварите си е Веро, Тинекс и зелено пазарче карши градска.

Значи утка пак. Наредно поле за истражување на македонското НЛО наречено ЉДФ е во неговите испади по ТВ медиумите. Читав, гледав и слушав што прави нашиот Хауард Стерн и се почуствував како антропологот Бронислав Малиновски познат по неговите набљудувања на поглавицата во џунглите на Полинезија. Се беше ОК, ЉДФ (скапо и екцентрично облекол наочара со црвена рамка) не само што се снаоѓаше со својот маркантен и припрост цинизам, туку и доминираше во секое гостување по емисиите за култура, економија и политика. Техниката е во “молчи кога другиот разговара” така подоцнежното уфрлување на опонентот во твојата дискусија го прави нецивилизиран сељак, “кога ти е редот објективно критикувај” потоа “вметни го поимот морон(и) за лица кои не се присутни во емисијата” за да не можат да реплицираат и секогаш “смешкај се” како фацијална симболизација на постоечкиот презир и омаловажување што го имаш кон останатите. Но во медиумите тој е заштитена загрозена врста, а изговорот за тоа е дека едноставно од тој човек блика позитивен садо-еротски набој и за неговите испади да се зборува без цензура е да се зборува за некој врвен француски коњак без бандерола. Треба да се стимулира расплодувањето на таа врста на интелектуалци што е можно повеќе макар и со Ин Витро оплодување на клиниката Јустинијан Први.

Моите антрополошки студии врз приматот Фрчкус Интелектуалис продолжија со анализа на основниот фактор на сустејнабилити на секој интелектуалец (а бил џандар број еден во 90-тите што се коси со стереотипот на народот за џандарите), а тоа се колумните во македонскиот “д Тајмс” т.е. Дневник каде редовно се прави интелектуална онанија. Повторно главна одлика на неговите испади во медиумите не се мудри мисли и стратешка политколошка или социолошка анализа на глобалните и националните социо-економски и политички состојби. Наместо тоа се запознав одблизу со тоа што значи да се прави аналогија помеѓу Анимал Планет и Дискавери Ченл во однос на македонската дневна политика. Увидов дека единствено нешто што Фрчковски може да го Нострадамусовски предвиди како иднина е тоа што го гледал синоќа на кабловска. Баџи џампинг или царството на мравките е нешто што Фрчко го смета како одличен интелектуален инструмент за дескрипција на македонската реалност, но не ми е јасно дали и тој како мене - обичен цивил, го пие секојдневно менхетен коктелов сотавен од бучкуруш терминологијата ФИРОМ, Бране Вокер, Лоренс Бучковски, Хари Корпорејшн, Трифун Св. Индастријл... Хаос.... А јас сеуште очекувам да видам во колумните на интелектуалецов Фрчко нешто за експериментот со консоцијалната демократија во Македонија, новата стратегија на македонските полиси мејкери за афирматив екшн за етникумите, што значи Македонија во Републиканското лоби, што значи двојната формула за името за Македонија која е сеуште обединета во правните регулативи на Старателскиот Совет при ОН..........зошто сум и уште една добра аргументација зошто да останам Македонец.

Би го прашал Плевнеш, но не е тука па, за жал во ФИРОМ можеби вие г-дин ЉДФ сте единствен кој можете да ми одговорите. Во потрага по овие одговори и ви го пишувам овој трибјут.

Опции за гледање на коментари


Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од ParkEtuS на 29 јануари, 2005 - 13:03

Тоа време што си го потрошил во анализирање на ЉДФ,да си го потрошел на нешто друго
сигурно ќе ти било повеќе од корист во твојот живот...
Ти си знаеш голем си...

сликата на Chima
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Chima на 29 јануари, 2005 - 13:46

А што му фали на Фрчко , зарем да троши време да анализира некој друг кога дефакто Фрчко е еден од најмаркантните личности во Македонија , многу го почитувам и со задоволство ги читам неговите колумни

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 29 јануари, 2005 - 14:19

Чики, и братучетка му на Фрчко е за почит, нели? “-)

сликата на miopa
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од miopa на 29 јануари, 2005 - 15:03

Трендо има бољи колумни.

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Obi на 29 јануари, 2005 - 14:57

не е лош [се смее]

сликата на anastas87
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од anastas87 на 29 јануари, 2005 - 15:32

Не го читав цел текст..

Не знам дали сте обавестен, Фрчко у филмот „Судијата“ ја толкува улогата на Претседателот на РМ.

И, за авторт.. Фрчковштина и Тупурковштина.. ми мириса на сумљиво. А да, шо па толку те фасцинирал тој ЉДФ?!

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 29 јануари, 2005 - 17:27

Aj docitaj go tekstot [се смее] ako vekje komentiras:)

сликата на StormAngel
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од StormAngel на 29 јануари, 2005 - 15:33

Секој колумнист еволуира со тек на време и зависно од тоа во какви услови работи.
Фрчковски ги имаше сите предиспозиции да стане тоа што е.Еден од најдобрите.
Има беспрекорна ораторија,ексцентричост и длабоки сфаќања,и како шлаг на сето тоа,дарба сето тоа да го префрли на лист хартија.=)))))

сликата на StormAngel
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од StormAngel на 29 јануари, 2005 - 15:42

Ах да,да не ја заборавам првилната работа што сакав да ја напоменам.
Хаурд Стерн виза ви Љубомир Фрчковски?????
Ај објасни,те молам!

сликата на JohnFoe
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од JohnFoe на 29 јануари, 2005 - 16:18

За да не се чуствува осамен, би ги додал Љубиша Георгиевски и Ферид Мухиќ.
Сите до еден се извонредни луѓе. И пре-конвенционални за мој вкус, но сепак извонредни.

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 29 јануари, 2005 - 16:51

Фрчко е доста мудар и доволно подготвен да не ’’ја чува мудроста само за себе’’.

А Ферид Мухиќ е одличен баснописец. Ама, во однос на Фрчко, му мањка нешто:
Фрчко qr го боли ако не биде сечиј симпатија, а Мухиќ и те како го боли и тоа не само qr-от, него и лулето му пати. ’’-)

Добри се, добри се. Одлични!

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 29 јануари, 2005 - 17:32

Basnopisec?
Aj odi kupi si Haribo.

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 29 јануари, 2005 - 17:37

Искрено, со гумениве бомбони ептен ме цакна. Секогаш сум ги сакала.

...ама ти, за 3 секунди на сите ни наполни вода во бојлер.... ај сеа, иди избањај се, ти буѓосале мислите....

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 29 јануари, 2005 - 17:39

I se kaza samo toa shto treba ne!--da preporacash basna nekoja od Ferid? Ke se kapam, cekmojot boljer da se napolni.

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 29 јануари, 2005 - 17:43

Ако баш сакаш ’’’-)) ...ќе ти дадам цела колекција, групирано според авторите... колумни од Фрчко и басни од Мухиќ, а има и од другZи

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 29 јануари, 2005 - 18:03

Ke mi davala kolekcija, basin od Ferid Basnopisecot TI se citash li, I znaesh li za shto voopsto zboruvas?

Kako mozesh Muhic da go okarakterizirash ko basnopisec? Shto ne znaci deka ne napisal takvo neshto, no Ferid e pred i se Filozof. Za koi basni zboruvash ti? Za SMislata i Doblesta? Za MOtivacija i Meditacija? Filozofija na Ikonoklastikata? Stit od Zlato? Sto cekori iznad?
Ova se basni?
Aj ve bolam koga ne ste zapoznaeni ne lupetajte za da bidete u forma so ostanatite.
Prvo i osnovno pogresno e da se sporeduvaat Frcko i Muhic = politicki analiticar, i filozof mislitel.
A ako ti imash neshto protiv ikoj od niv ko covek i nivnite lulijna .. idi ispljukaj se na ulica, ne gi vregjaj nivnite dela za koi malkumina se dostojni, a mnogumina gi prevele, bidejki zaklucile deka coekot kazuva neshto i ne si go drzi sebicno za sebe ko shto ti tvrdis--mozebi zatoa shto paralelata ja pravish pomegju negovite nekogashni kolumni u dnevnik... jas bi ti preporacala da trgnesh do knizara i da procitash neshto od Muhic i posle da dojdes i pak da go narecesh basnopisec.
Jebo vas Braca Grim.

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 29 јануари, 2005 - 19:05

А бе, учениче.... Стиши се малку.
Од кај волку нервоза?

Дека на Мухиќ лулето му трпи - му трпи. Си сака човекот да го бендисуваат. Ама тоа не е грев. Еве, па и на тебе ти трпи... и никому ништо. Баш си фин, како и Мухиќ.

п.с. Нервчик, Мухиќ ми е куќен пријател, а и на цееееела дузина предавања сум му била. Башка, моите склепани реченици го воодушевиле на троа наврати.

п.с. ’’-)) Јебо тебе ОСКАР ВАЈЛД.

’’-))

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 29 јануари, 2005 - 22:30

I posle site domasni poseti i predavanja ti dojde do zaklucok deka Muhic e basnopisec?
OD toa mora da e vooduseven takudjere [се смее]
Me ain;t nervcik, just overpowered... and nothing does that better than unrecognized stupidity--but I'll give you the benefit of the doubt i ke go prifatam ko lapsus koj nemash samodoverba da go priznaesh [се смее]
[се смее]))) no harm intended

сликата на ZisDead
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од ZisDead на 30 јануари, 2005 - 15:04

Мухич е квази-интелектуален Глобтротер (или Балкантротер). Текстовите му се полни со ништожност, баналност и напор да звучи мудро. А кога во нив има некоја срамежлина и плашлива политичка нишка, таа е сосема полтронска, бидејки тој е крлеж на системот.

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 30 јануари, 2005 - 18:16

Za koi tekstovi zboruvas ti?
lugje bozji....
me se povlekuva od temava

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 1 февруари, 2005 - 14:55

btw, знаеш што те прави учениче?
Мухиќ никад не би се налутил за доделување на баснописна способност.

Што му фали на ЕЗОП бе??
*-))))

Zis, ученичево дигнало ручна на второто четиво *-))

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 29 јануари, 2005 - 17:40

...наполни....
’’-)))

згреа, де

сликата на StormAngel
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од StormAngel на 29 јануари, 2005 - 17:40

А бе ај не расипујте темава да ве ебам!
Ц ц ц!

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 29 јануари, 2005 - 17:42

Storm Sanjicka ne kazue... daj tebe da te prasam... kazi nekoja basna od Ferid MUhic?

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 29 јануари, 2005 - 17:48

една особено симпатична се вика КОЗА

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Челик на 29 јануари, 2005 - 17:16

Aха.. а ти глуп да не си?

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 29 јануари, 2005 - 17:29

FRcko i Ljubisa na Muhic voda da mu nosat.

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од VBB на 30 јануари, 2005 - 14:50

Син му на Цуцуловски е најбољи

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од NeOzBilNa на 31 јануари, 2005 - 12:25

Ферид МУхиќ?
Хахахаха
Мислам дека порано имам коментирано за него и сите ме нападнавте,али пак си останувам на старото:
ДА НЕ МУ БЕШЕ ЛУЛЕТО БИ ГО ПОМЕШАЛА СО ДОГРАМАЏИЈА:)
Не,озбилно кај најдовте за него пак....
А освен тоа човекот не да не го бива...
Некакво продавање на плитка филозофија зачинети со Вујаклија изрази кои само го дополнуваат нефкусот....

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Челик на 29 јануари, 2005 - 17:15

Не е лошо

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од PetarK на 29 јануари, 2005 - 20:49

КензоТанге, дали си свесен на иронијата дека твојов текст, со сите критики кон Фрчко е напишан во 100% Фрчко стил? Така што ова е трибјут indeed .

Може не на ниво на ниво на индивидуални зборови, но дефинитивно истиот тип на gestalt пишување, на расфрлање со референци и кој-не-ме-следи кратковидост.

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Krul на 30 јануари, 2005 - 14:13

"Frcko" se frcka.................
Covekov,ako takov zbor moze da se upotrebi za ova sushtestvo,moze samo da bide objekt na observacija na ekspertski svetski tim na psihijatri ili selski majtapdjii...............

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од kolaterala2005 на 31 јануари, 2005 - 08:43

Крул,какво е чувството човек да е лоботомиран,зарем не ти е убаво:)

сликата на ZisDead
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од ZisDead на 30 јануари, 2005 - 14:59

Фрчковски на јајца да виси на плоштад.

Добро бе, памтите ли барем 5-10 години наназад? Па кој беше Фрчковски тогаш, кога беше во позиција да ги оствари неговите великохумани, благородни и патриотски идеали? Е тогаш беше антитеза на се ова што денеска го пишува по колумните. Со кој образ денеска некому соли памет? Демек се интелектуално и морално се препородил и станал мудар патриот. Времето кога министеруваше, кога заташкуваше атентати на председатели, кога беше главен афирматор на великоалбанската кауза, кога делеше државјанства на стотици илјади Геги Косовари, веројатно го користи како голема животна школа. Значи научил тогаш како треба, што чини и што нечини, па сега како умен дечко некого ќе советува од висока инстанца на професор и бивш државник. Само се прашувам на чив грб беше таа негова школа. Од кои пари земаше плата, им делеше на џандарите Рејбанки, и кој пропати за неговата албанофилија.

Ако Фрчко имаше малку морал и чест, ќе се скриеше во некоја пештера сонцето да не го види. Ама јеби га, пазарни услови, кога дебилната публика голта се`, зошто човекот да се стиска и да не сере?

сликата на Алек
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Алек на 30 јануари, 2005 - 17:35

Прво, фин текст.
Второ, жална Македонија ако трите врвни интелектуалци се циничниот никогаш-партискиот социодемократ од либерално демократска конзервативно-републиканска провиниеца Фрчко, полтронот Мухиќ, и забеганиот Георгиевски. Сите патат од комплекс на инфериорност, а убедливо води Фрчко.
останете финко

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од GT на 30 јануари, 2005 - 18:22

Zalna Makedonija vo koja narodot vo ista grupa gi stava Frcko, Muhic i zabeganiot Ljubusa. Uste pojadna makedonija vo koja Vujaklija se otvara od sekoj vtor iako nikoj neznae koja mu e svrhata.
Zalna Makedonija na koja idninata i e vo racete na istite tie. Kompleks na inferiornost se soistoi vo postojano plukanje bez legen vo koj taa plunka moze da padne drugari.
pa vie merete kade ste
Uste po finko

сликата на triipol
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од triipol на 30 јануари, 2005 - 22:30

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Стерн
од triipol на ...

>>Добро бе, памтите ли барем 5-10 години наназад?<<

Тоа мајсторе
Не ми се верува дека само на тебе ти текна да го кажеш ова ...

Еден мал совет до чоекот Фрчковски
Друже Фрчковски ...
Ке те прашам нешто а ти одговори си сам на себе ...
Што мислиш кој си ти ???
Од кај па од еднаш почна толку ум да ти тече и со таков про селски цинизам да се обракаш во јавноста и да кажуваш што е добро а што не ...
Има неколку типови на луге (бар ја си ги гледам така работите)
Значи има добри, лоши и луге политичари
Првите се нај ок, имаат домашно воспитуавање, имаат морал и се трудат да постигнат нешто паметно во животот
Вторите имаат иста цел како и добрите луге, но овие не бираат сретства и начин да дојдат до тоа што го посaкауваат
Политичарите, барем кај нас се посебен тип на луге
И би ги дефинирал како малоумни срекници кој гледаат само да украдат нешто за себе
Tе ставам во оваа категорија бидејки пред да станеш политичар беше еден од многуте професори во државава оптоварен со проблеми како и секој граганин и те немаше по телевизии или во колумни да солиш памет... така ли е?
За да ти е појасно сакам да сватиш дека тоа што на тебе ти успеа му успеа и на легендарниот Амди Бајрам на еден терорист со име Али на една болна личност како Љубчо и на еден преварант како Бранко
Значи друже Фрчко се ке беше ок и сеуште ке те почитував и немаше да го напишам ова (бидејки кога се појави на сценава, имав високо мислење за тебе.... си викав ајде ваљда овој ке биде саглам ... некако имаше потенцијал во тебе), но свакам дека и ти си еден од лугето кој само имаа потенцијал …

И преку кур ми е више да ве гледам …
Се исти фаци продаваат муда за бубрези веке 14 години
Срамота

Power by triipol
World wide insurance company

сликата на Psychonaut
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Psychonaut на 30 јануари, 2005 - 22:40

Ti bre kako Hegel, kaj i da te frlat, se zivo na tri ke podelis - "ima vakvi takvi i onakvi"...
Ne e se' vo zivotov crno belo i sivo : ))

сликата на triipol
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од triipol на 31 јануари, 2005 - 00:38

vo pravo si [се смее]))

сликата на Mistress
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Mistress на 30 јануари, 2005 - 22:53

Значи има добри, лоши и луге политичари

the good, the bad, and the ugly...

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од deblagoj на 31 јануари, 2005 - 11:30

Тотално се слагам со тебе. Типот здраво ја сјеба сансата што му беше дадена. Башка да потенцирам дека Фрчко потроши 500 000 000 марки (тогаш) без тендер купуваше коњи, уште што ти не. Направи милиони одеднаш.
Сакам да потенцирам дека во Македонија многу политичари, министри работат нешто што никогаш не го работеле. Уствари проблемот на Македончето е што мисли дека се знае и дека за се го бива. Така секој има мислење за секоја тема од астрофизика до медицина, до земјоделие, секој се знае и не е битно дали е чувар, шофер или доктор на науки. Министрите треба да бидат истакнати личности во професијата која ја раководат. Пр. Хари цел живот работел во банка а го ставија министер за внатрешни работи. А он има врска од внатрешни работи колку јас од земјоделие. Е тоа е огромен проблем во оваа држава. Економисти водат право, правници водат економија итн.
Имаше еден скеч од К-15 за султанот и везирот и министрите, жива истина за нашата политичка сцена.
И жал ми е за Македонскиот народ (а со тоа и за мене) што цела држава е на социјална помош, што никој ништо не работи и што криминалците ја држат парата. Ај белки Европа ќе забрза кон нас оти ние нема шанса да забрзаме накај Европа.
п.с малку избегав од темата али Фрчко нема кредибилитет да плука по гомна што и тој ги серел

сликата на dimitar27
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од dimitar27 на 31 јануари, 2005 - 12:10

АМИН ! ! !

Фала му на Zis ѓто ми спасува реченици и реченици пишување.Благодарам пријателе [се смее]

П.С.
Да не биде дека само АМИНувам,ама стварно бе момци(ем девојки) дали сте навистина толку млади па не паметите,а и да сте,не Ви е тоа оправдување,можете да читнете нешто од новата ни историја, па ке се запознате со личноста и делото на ЉДФ.
Се согласувам дека е ексцентрик и дека има перверзно добра елоквентност...ама за МОРАЛ да говори ФРЧКО...не знам...ама и тоа ми е некако ПЕРВЕРЗНО !

сликата на Mistress
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Mistress на 30 јануари, 2005 - 18:45

Е што сеа Фрчко,а?!

А баш супер ни тргна да го тупиме за Трендо до бесвест, кога ете ти беља, некој овде ја префрли топката и предизвика тотална дезориентација.

Дечки, текстот ти е полн погодок, bull's eye.
Си успеал да го опишеш Фрчкота со стил својствен токму за него.

Се гледа дека си негова школа, слободно можеш да го замениш некој ден за да отвараш уста и да фрлаш прашина во очи наместо него, пошто тоа е сето она кое тој го прави. Прилично слично и јас го перцепирам дотичниот, но не би го споредила со Хауард Стерн. Стерн обичава да прича за своите private parts, интересно би било и Фрчко да почне да се бави со тој спорт.

Пре би рекла дека е џез варијанта на Распуќин.

сликата на Lion_King
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од Lion_King на 31 јануари, 2005 - 02:58

Едноставно, гомнојадец “пар екселанс“...

Ништо друго не може чоек да му прочита у колумните, освен малограѓанско-уличен сленг со кој секогаш се напаѓа се’ што може да се нападне, а ретко кој од нападнатите се симнува на неговото ниво на дијалог за да му врати...

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од kolaterala2005 на 31 јануари, 2005 - 08:51

Списокот не е конечен,нели драги мои фрчковисти.

Колумна - Фрчкоски
Темен предмет на желбата

Со олеснување, драги мои, го примив фактот дека нема да "морам" да пишувам за апсолутно најздодевната тема денес: политиката пред изборите. Имено, од арсеналот на моите тајни обожавателки го добив еве веќе третиот или четвртиот ПОРТРЕТ, на мојата дребност и нејзините катастрофични, мефистофеловски улоги во поновата историја на Македонија и регионот - што ми причини особено, первертно задоволство од Бартовски вид: уживање во текстот и во сопствениот (секако темен) нарцизам. Забележувам дека за некои од новинарските кариери се развива своевиден новинарски подвид - портретите на мојата дребност. Секако дека немам ништо против: Салвадор Дали на едно место вели: нека пишуваат - па макар и добро!

Последниов напис на една "раздружена будалетинка" развива своевиден ВОДИЧ низ ИД-от на мојата личност??? Нешто како водичите низ ноќниот живот на Њујорк или Брисел, јеботе!

Во текстот со следниве атрибути ма опишува мене, како таков:

- Јас сум формирал "систем Фрчкоски":

- сум бил: мисионер;

- деструктивец;

- велепредавник (стандардна квалификација);

- лесен за читање, но тежок за "доакување";

- инфантилен егоцентрик;

- со патолошка потреба за моќ;

- со дефицит на позитивни својства;

- неочовеченост;

- асоцијален;

- неодговорен;

- интелектуална проститутка;

- масон;

- фрустрирано-искомплексиран;

- лик од романите на Достоевски;

- лик од желба?;

- кој наплаќа на саат;

- неморален (нормално);

- ги задоволува своите потреби;

- површен импровизатор од маалски тип;

- манипулатор;

- без ронка одговорност (кон будалетинката);

- кукавица;

- со путер на глава;

- со часовник "картие" од розе злато (?);

- со антимакедонски потенцијал;

- илузионист;

- обожавател на трте-мрте дискусии;

- преговарач за името од предавнички позиции;

- купува чевли на Кингс Роуд (треба од Борово);

- слави роденден на пријатели во Виена (од државни пари. Една друга будала, министер на МНР, во ваков контекст тврдеше дека јас и Б. Црвенковски сме правеле и оргии во Бристол);

- недоследен;

- самоуверен;

- арогантен;

- создавач на медиумската Ал Каеда;

- раскошен автократ;

- формирач на "свои деца" (?);

- контролор на владин и невладин сектор (?);

- без достоинство и чест;

- ноншалантен со микс на вулгарност;

- водач на медиумски харанги;

- неприкосновен во медиумската мрежа;

- медиумско галениче;

- со шарм на дете;

- "појава" како таков (?);

- егзибиционист;

- озборувач;

- суетен;

- колосална нарцисоидност;

- уживач во будоарски сеанси;

- меѓународно етаблиран;

- краде пенкала;

- патолог;

- безмилостен;

- одмаздољубив;

- водач на тоталитаристички харанги (уф, јеботе);

- со страшно сурови пориви;

- властодржец од најсуров тип (Атила е аматер);

- одамна компромитиран;

- напуштач на друштва што не го обожаваат доволно.

Значи, драги мои, со ваков тип си имате работа, па видете што ќе правите!?

Во текстот мислам дека недостигаат само неколку суптилитети (што би рекол Чомовски), како тоа дека сум, на пример, "педер" и со своето педерско друштво ја малтретирам државата; или дека ми е "мал" или напротив, "голем" - па немам по што друго и сум зел по нацијата и по нејзиното достоинство.

Сепак, чувствувам одговорност (во контекст на мојата општопозната неморалност) од фактот што, независно што се будалетинки, личностите што "тегнат" ваков комплекс и фрустрација од мојата дребност заслужуваат и јавно да им се извинам.

сликата на ZisDead
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од ZisDead на 31 јануари, 2005 - 09:20

[се смее]))) Молам постов да се модерира со +5, Funny.

сликата на viktoria
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од viktoria на 31 јануари, 2005 - 12:14

хехе мислителот Фрчковски...
Зарем има што да додатеме после овој така фино синтетизиран трибјут ?

Фрчкоски , “фалусоидниот наш ѕид“ е еден од по маркатните паразити на нашево општество со тоа што како опортунист неговиот дебел , алчен, гладен г’з секогаш знае каде да се стави да му биде поубаво и да крка-срка подобро и повеќе.

Како може еден интелектуалец кој не се воздржува да академски полемизира на Х- прашања поврзани со политика да e до толку до таа крајна мера кастриран од она што го викаме intelectual honesty , значи, просто кажано без срам и перде тој истиот блуе небулози и мудрува на теми како што е ’правна држава’.. ’нефункционалност на нашите корумпирани политичари’.. ’неефикасноста на нашите мвр акции’ итн итн. (?!)

Исто како некоја проститутка со 40год стаж да ти продава етика во смисол како ете проституцијата е неморална.
Или Пиноче да ти продава демократија.

Значи вака: Еден Фрчко се залага за почитување на највисоките демократски тела.
На парламентарните тела и организми кои цврсто ги имаат утемелено правните закони , членови и регулативи за одговорноста на министрите во текот на нивниот мандат им се поклонува и очекува од сите денешни и вчерашни министри да ги почитуваат.
Но, тој самиот (иако доктор по меѓ.право) никогаш не испоштувал ни една од тие некои регулативи да не речам закони.
Како министер на внатрешни работи, во самиот генезис на нашата модерна историја, тој е првото гомно кое е дебело виновно и одговорно за “отварање“ на границата-каналот на дрога и оружје кој оди од истокот преку бугарија кај нас па на Косово. Додека нормално, мафијата почна да се челича и укоренува под диригентската палка на Фрчко он истовремено изиграваше cool guy супер модерен, кој ги реј-банизира нашиве џандари.. Можеби швајцарските џандари не носат реј бан ама ние ќе НОСИМЕ! ... и онака си работеше на имиџот на демек претставителен профа-министер кој не е сељак нели, ко другите...
И не само што ни до ден денес не е покрената никаква постапка против него (а има баајги материјал), не му е срам да бистри и бара некаква одговорност од политичариве , знаејќи дека он самиот ги има втемелено правилата и методите за неодговорност , нечесност и нелојалност кон функцијата -министер . Сите овие после него се само Фрчко-wannabies.
Нашиов импотентен профа-фалус , ја немал честа и не го почитувал правилото кое многу министри во зап.европа го почитуваат: - тогаш кога во својот мандат се одговорни за некаква штета, лошо работење и сл. даваат Отказ. Јавно признавајќи - крив сум.
Сега е доцна и за фрчко посакувам само некаков пагански плоштад момент, кога ќе го запалиме ко прасенце во чест на Денот на работниците 1ви Мај.
А во меѓувреме останува прашањето, кога ќе дојде денот ваквите парамециум-полтрони да ги осудуваме можеби не правно туку вака во пишана форма во стил на јавна дебата по можност потпишано од некои професори, филозофи.. мислители .
Греота е да сегашните студенти на правнот фак. во Ск. веруваат дека имаат закон профа да го доживуваат како пророк , заштитник и мудрец.
Дај некој нека земе да го скрши тој турбо-фолкерски новокомпониран мит.

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 2 февруари, 2005 - 17:00

Дур ти употрефубаш ’’факс’’ и ’’профа’’, ’’турбо-фолкерскиот мит’’ е доста голема хармонична полифонија за прагот на твојата чујност.

Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од VBB на 3 февруари, 2005 - 02:15

па не си би се согласил баш.
Де факто,пер се, еквиваленцијата на супститутивната абсорпција на мултивитаминските афоризми е во фиректна корелација со дефекацијата на метафизичката евазија на супституцијата..вака..мислам просто кажано.

сликата на SANJICKA
Фрчкоски - Македонскиот Хауард Сте - од SANJICKA на 1 февруари, 2005 - 22:27

Препрочитав два три пати.

??’’трибјут-ов’’?? нема никаква логичка ескалација и пирамидизација. И ниту една сува вистина.

КензоТанге, цинизмот е добредојден кога ја нишани метата во која треба да се нишани.
Фрчко тоа добро го прави и му личи.
Тебе не. Твоево потона во борбата од твојата инсинуирана арена, а Фрчко не ни стапна на неа.

Него, уживај дур е апстрактна аренава.
Држ му се за тет-а-тет.