8 јануари, 2009 - 15:24
[веб кирилица]

Охрдски напев

од StormAngel на 28 фев 2005 - 17:13
Ова е сторија за Охрид, градот кој што го чувствувам како втор роден град, град во кој што успеав да најдам тишина каде што никаде друго ја нема, градот на историјата и сегашноста, градот на езерото.
Со поглед прикован во плодниот крајпатен пејсаж, постепено откривав една нова земја, земја која сметав дека ја познавам. Автобусот не истовари речиси сите на самиот брег. Застанав на крајбрежната улица, беспомошен од воодушевување. Од усните ми излегуваа само восклици, умот не можеше да ми најде соодветни зборови. Толку убавина не очекував.

Се уште лесно замајан од првиот впечаток, тргнав право кон романтичен ресторан на самиот езерски брег. Вечерта беше ладна и терасата, жеелен пристан во летните жештини, остана празна. Но скопското пиво и рибата белвица беа вкусни и внатре. Нејасната силуета на кајче исчезнува во хоризонтот. На блискиот рид се простираше градпт. Охрид ме плени од прв поглед, бев заљубен бо него од првиот состанок, заслепен од убавините и искреноста на воздухот кој што струеше насекаде. Го засакав тоа место.

Кој не бил во Охрид, тој не може да замисли каков е тој град навистина. Приказните на екскурзијантите очевидци не можат да му помогнат. Та зарем може една бледа репродукција да се мери со пурпурната моќ на оригиналот?
И кој би можел со зборови да пресоздаде една оживеана приказна, излезена не под потезите на сликарска четка, туку од ненадминатата имагинација на природата, од трудот на човекот и пластовите на историјата?

Охрид не може да биде раскажан, Охрид треба да биде доживеан.

…Утрото исплива ведро и полно со ветувања. Штотуку си излегол од пријатниот хотел и длабоко си го вдишал кристално чистиот воздух, сфаќаш дека си се нашол во вистински момент во вистинско место. Мајското сонце грее, без да пече. Зеленилото е младо и сочно. Околните планини се уште не ги тргнале своите снежни капчиња. Градот трепери во облека од убавина.
Секој кој дошол во Охрид минува по определена маршрута. Не затоа што така стои во програмата, туку оти така повела историјата. И, така, тргнуваш по стрмните улички на “Варош”. Одеднаш, во ушите ти одекнуваат чекори. По овие калдрми младите охридски невести се симнувале претпазливо, извивајќи ги стапалата навнатре, за да не паднат. Се спуштале до езерото да нацрпат пресна вода и да ја однесат со ведра нагоре, по угорницата. Таму, во старовремски куќи, ја раѓале својата многубројна челад (неретко над десет деца), се грижеле за маж, свекор и свекрва. Но насмевката не слегувала од нивните лица. Од овие испакнати нагоре прозорци со по осум мали стакла, тие грациозно ги покажувале своите убави лица; во оние мали внатрешни дворови мажите бистреле животни прашања и отпивале од ракијата.

Лека-полека се искачуваш до врвот на ридот и влегуваш во просторијата каде што се наоѓа гробот на Григор Прличев, се поклонуваш во знак на почит и нозете те водат сами кон друга дестинација. Знаеш дека таму ќе биде подобро, секое друго место кое што ќе го посетиш ќе биде помаѓепсно од претходното. Ја чувствуваш вечноста. Продолжуваш. Ја забележуваш Самоиловата тврдина, која го кити градот како камена круна. Свртуваш низ малата жумичка, минуваш покрај историски места, и запираш пред универзитетот на Свети Климент и стигнуваш до оној волшебен рид, на чиј раб застануваш со премалени нозе. Под тебе, црквата Свети Јован Богослов-Канео, пред тебе-распуканата синевина на езерото, над тебе-небесниот свод.
Тука, разговараш само со Господ.

По ручекот, тргнуваш кон Свети Наум. Тоа е полуостров на 30 километри од градот, близу албанската граница-со стар манастир, изграден во 905 година од Наум, нов хотел и три горди пауни, кои каприциозно позираат пред очите на туристите. Уште едно свето место.
Охрид некогаш го нарекувале “балкански Ерусалим”-не се прашуваш зошто. Посебно откако ќе дознаеш дека овој град, со педесетина иљади жители (или повеќе), има најмногу цркви (40!) на квадратен метар во Европа, а можеби и во светот.

...Ноќта бавно се спушта над новите бели куќи. По натежнатиот од впечатоци ден, влетуваш во една од многубројните кафичи, кои неодоливо мамат-на охридска пастрмка, бело вино и... на слатка музика. Во Охрид многу се свири и пее.
Охрид се разликува од другите градови во Македонија, не само по својата географска положба. Но токму таа му ја дава исклучителната маѓепсност. Распослан по еден прекрасен рид на северното крајбрежје на Охридското Езеро. градот спаѓа кон базенот на Јадранското Море. Ете зошто Охрид(со старото име Лихнидос, што значи светлина), не е типичен Балкански град. Охрид е скапоцениот плод на едно вековно вкрстување меѓу Истокот и Западот. Една природна мешавина меѓу ориенталното спокојство, средоземното сакање на животот и европската етикеција. Во Охрид не е мека само климата. Една маѓосна аура на мекост и топлина ги обвиткува и луѓето, кои имале среќа да бидат родени и да живеат во овој мал голем град.
Охрид е мал град според бројот на жители, и никогаш немал претензии да биде некој друг, но тој е голем со својата историја.

За на крај, сувенири! Најдоброто нешто што би можел да избереш е Охридскиот бисер.

...Автобусот заканувачки бревта. Секој миг ќе тргне назад. Јас сум удобно сместен на своето седиште. Зад очилата за сонце молчаливо ги нижам спомените. Еднаш некој рекол-”Види го Неапол и умри!”.
Меѓутоа, за Охрид дури и помислата на смрт-па макар таа да била и од љубов-не одговара. За Охрид човек би рекол:”Види го Охрид и... . живеј!”, за да се вратиш во него некој ден.

Опции за гледање на коментари


сликата на PaLaVi
Охрдски напев - од PaLaVi на 28 февруари, 2005 - 18:04

Добро си го опишал(малце си претерал али оК е;))требаше ја да се преселим во охрид али не ми се напушташе Тетово у никој случај (тогаш го мрзев Охрид) али стварно да бест цити у македонија е (со исклучок на Тетово нормално;)

Охрдски напев - од Obi на 28 февруари, 2005 - 20:38

Да бе,

Охрид се спомна и одма на неглавна.

Расисти! [се смее]

Охрдски напев - од mites на 1 март, 2005 - 00:20

Така е

сликата на cucko
Охрдски напев - од cucko на 8 март, 2005 - 01:56

Има печатни грешки уште у насловот
[се смее]
Политика на БАГРА.

Охрдски напев - од Obi на 28 февруари, 2005 - 20:41

А ти читај си ги сторииве пред да ги пратиш фор годс сејк

сликата на TedBundy
Охрдски напев - од TedBundy на 28 февруари, 2005 - 22:14

Шо бе, и без тоа немаме асолен културен гајд:)))
Сторми, ќе те гласам за почесен граѓанин на Охрид. Фала шо го спомна она Варошон, и јас го сакам Гостивар:[се смее])))

сликата на StormAngel
Охрдски напев - од StormAngel на 28 февруари, 2005 - 22:39

Зошто бе? =)))

сликата на anastas87
Охрдски напев - од anastas87 на 28 февруари, 2005 - 22:36

Охрид е закон.. таму бев викендов. И баш фина емотивна патеписна творба од страна на Сторм.

Оби, шат а фак ап [се смее]

Андроник, ни недостасигаш *

Охрдски напев - од Obi на 28 февруари, 2005 - 23:08

Ти и фио треба да оформите Здружение на Охридски Зетови на Скопје.

ЗОЗС

NGO се разбира [се смее]

сликата на StormAngel
Охрдски напев - од StormAngel на 28 февруари, 2005 - 23:12

Најдобрите моменти у животов ми биле поминати у Охрид.=)))))
Го сакам градот ептен многу. А и вреди да го сакаш.

А за тоа другото, ваљда си во право, ама фито е со тапија ОхриТски зет, ја сеуште не.

сликата на anastas87
Охрдски напев - од anastas87 на 1 март, 2005 - 17:20

Кој ти се обрати тебе бе [намигнува]

сликата на StormAngel
Охрдски напев - од StormAngel на 1 март, 2005 - 17:23

Никој бе!=))))

сликата на B.
Охрдски напев - од B. на 28 февруари, 2005 - 23:32

Ohrохрид е убав град. А и охриѓанки се убави [се смее])). За охриѓани не кажувам ништо, иако има нешто што треба да се каже.[се смее]

сликата на Royalgirl
Охрдски напев - од Royalgirl на 1 март, 2005 - 00:19

Нема што, Охрид е Свет град.Го чувствуваш тоа НЕШТО, додека си таму..си плаче за главно место на дејствие на некој доообар роман... И треба да си го сакаме Охрид и покрај охриѓаните и охриѓанките!! [намигнува]

сликата на B.
Охрдски напев - од B. на 1 март, 2005 - 00:29

Не се толку лоши охриѓанките, али тоа охриѓаните.... [се смее])))

сликата на Chima
Охрдски напев - од Chima на 1 март, 2005 - 01:42

Баталете охриѓани и охриѓанки ,

Струга = ЗАКОН !!!!

Охрдски напев - од palmoe_ на 8 март, 2005 - 12:35

јок Струга,јок Охрид,на КОЈНИК ДУЌАН ДА ИМАМ,ВЕЛЕШКИ ПУТЌИ ДА ГЛЕДАМ!!! [се смее])))

Охрдски напев - од acef1 на 1 март, 2005 - 21:28

za ova steb vo pravo ohrid, ohrigjani i ohrigjanki se zakon. ve sakame site

сликата на GoodBytes
Охрдски напев - од GoodBytes на 1 март, 2005 - 03:01

Начинот на кој го опиша Охрид ми остави впечаток како да се работи за некое светско свето или туристичко место. Охрид тоа навистина е, но сакам да кажам дека во ова сивило кое не зафатило, веќе сум се одвикнал да слушам пофалби од наши луѓе за наши стр'ни. Убава репортажа.

Да, тој е нашиот дијамант (и другите наши градови се убави, секој си има некој свој посебен белег), тој е нашиот бисер. И не е неговата големина само затоа што е туристичка и културна дестинација, туку и зато што на сите нас кои живееме на овие простори ни остава печат на нашето Јас, не дефинира како луѓе и не прави она што сме, со своите специфики, со нашата сличност и со нашите разлики. Таму е најголемиот дел од нашата култура и историја, таму е изворот на нашата вера, таму е најстариот универзитет во светот, таму е најубавото езеро во светот, таму е највкусната риба на светот. Барем за нас. Охрид е крстопат на цивилизациите, чии траги и денес може таму да се видат.

Се надевам дека секој од нас ќе ја пренесува оваа наша приказна на луѓето кои ќе ги среќава на своите патишта во животот.

„Таму по срце ја кавал да свирам,
С'лнце да зајдвит, ја да умирам.“

Охрдски напев - од Obi на 1 март, 2005 - 03:30

Кој има другари Охриѓани знае колку сме екстра. Најдобри сме! Паметни, исунчани, слаткоречиви, шармантни, атерџии, чаламџии, мераклии, чашити итн.

Тотално ве разбирам зошто сте љубоморни [се смее] Како може човек да ви се налути.

А, да...
и во табла сме убедливо најбољи! [се смее]

И градиште и лагадин не се најдобри плажи, не знам кој ве излажал тоа.

сликата на Chima
Охрдски напев - од Chima на 1 март, 2005 - 11:09

туф , туф , туф , абе закон сте , не знам што да кажам........

сликата на Julls
Охрдски напев - од Julls на 1 март, 2005 - 11:19

Ах вечна борба [се смее]
Го сакам Охрид, ама не и Охриѓани [се смее] (добро, не баш сите дека не ги сакам, ама гооолем дел се заникаде, за жал).

сликата на B.
Охрдски напев - од B. на 1 март, 2005 - 11:36

Toa ti e vrodena mana kaj site maski deca, sto ziveat vo turisticki mesta, sea kaj ohrigani e poizrazeno, ali toa e [се смее]

сликата на Julls
Охрдски напев - од Julls на 1 март, 2005 - 11:43

Не би рекла дека мојот коментар беше конкретно за машките охридски деца [се смее] Значи, општо...дури многупати поише ме пиздат, море стварно поише ме пиздат охриѓанките ако подразмислам малку...

сликата на B.
Охрдски напев - од B. на 1 март, 2005 - 11:46

Dobro, ja ne gi spomnav ohrigankite za da si ostaam prostor, kojznae mozda ke naletam na nekoja Origanka [се смее]

сликата на Julls
Охрдски напев - од Julls на 1 март, 2005 - 12:25

Ете де, јас сум од таму...па пак не ги мирисам многу [се смее]

сликата на B.
Охрдски напев - од B. на 1 март, 2005 - 13:58

Ohrigankeeeee [се смее], a so parfem koristis [се смее]

Охрдски напев - од aleksandra.!.pusac на 1 март, 2005 - 14:57

а која е најдобра плажа според тебе? СилекС? ок може св. Наум е подобра ама после неа е лагадин:)

Охрдски напев - од Obi на 1 март, 2005 - 21:42

да бе така е [се смее]
оди ти таму и уживај си

Охрдски напев - од urban на 1 март, 2005 - 11:19

Да не претеравте малце.
Охрид е најубав град во МК ама... Што стана со “Ако ти се јади, јади“ или “вам Скопјани ништо човек не може да ви погоди“ во ресторан. И тоа сигрен сум дека им се има случено на многу луѓе. Е од тогаш немам отидено таму а не ни планирам се додека не сватат дека за да им оставам пари треба како крал да ме гледаат.
Се надевам наскоро

сликата на PassENGER
Охрдски напев - од PassENGER на 1 март, 2005 - 11:49

Добро сега малку си претерал ама ајде, тоа си ти ...
И мене Охрид една есен ми се виде нешто неверојатно! Ама една есен многу одамна.
Убав е Охрид.

П.С. За останатите, ве молам небеше намера на авторот сигурно да се распукате сега какви се охриѓани какви охриѓанки аман више, знаеме сите дека се такви и такви, ај олабавете малку!

сликата на Julls
Охрдски напев - од Julls на 1 март, 2005 - 12:26

Охрид на есен и Охрид на пролет. МЕРАК за душа и очи, ама стварно...еден мир, една убавина..

Охрдски напев - од ГраСакоТ на 1 март, 2005 - 14:13

Оф оф ама описно прераскажано Лезети

Палете возилата (car-ot) одиме...

сликата на dimitar27
Охрдски напев - од dimitar27 на 1 март, 2005 - 14:14

Ox,Oх,ОХРИД...БИСЕР БАЛКАНСКИ ! ! !
Градот е чудесе само по фактот дека во неговата околија има 365 ЦРКВИ,за секој ден по една,и уште се градат,Фала му на Господа .
Ми се вракаат спомени од младоста...91-92 година од минатиот век...ех убавини...го работевме малку ЛЕБ И СОЛ,па догодина онаа на Лјацо дискотекана (заборавив името)...пички авинони...дечки така така...а Охриганите,ма супер се,само НИЈЕ ИМ СЕЗОНА баш стално )))
И уште пред некоја година кога го оправија и ПЛАОШНИК (на ГАНКА свешта да и плата Ориѓани) градот стана СВЕТОСТ НА МАКЕДОНИЈА и вистински БИСЕР на БАЛКАНОВ ! ! !
Често го посетувам и преку година(семинари,сосатноци,дружби) и дури и поубаво е.
Ај да бидам до крај искрен,кога бев одамна отиден за работа некоја таму,беше АПРИЛ почеток на МАЈ...извинте Охриѓани ама тогаш градот беше МРТОВ(могуче сега е променето ама деведесетите беше баш мртов) Имав другар тамо служеше војска,и ке го пуштат у град слободно и он се врака пред време у касарна,немал као што да прави.Знам дека и до чоекот е,ама и до местото е,нели?
У секој случај...НАЈУБАВИОТ град у МК и пошироко,а за Охриганите,се знае,није им сезона..па почекајте да им дојде )))

сликата на PassENGER
Охрдски напев - од PassENGER на 1 март, 2005 - 14:37

Васко да не ти бил другар? Јер и ја бев таму тоа време /91 септембар, последниот.

сликата на Julls
Охрдски напев - од Julls на 1 март, 2005 - 14:55

Охрид е СЕКОГАШ мртов во месеците пред и после летните (јуни-така-така..јули-август). Што значи, никогаш не бил „жив“, ни во 80те, ни во 90те, ниту некогаш нешто се сменило по тоа прашање. А и тешко дека ќе се смени. А април/мај, септември/октомври се месеците кога Охрид треба да се ужива. Ама баш така, да се ужива. Не знам зошто се очекува да биде Охрид она што е во летните месеци исто што и во другиот дел од годината?! Ниеден град не е таков..ретки исклучоци има, ама ретки.

Охрдски напев - од aleksandra.!.pusac на 1 март, 2005 - 15:08

Не знам за Охриѓаните ама Охриѓанките едвај чекаат сезона да им дојде:)

Охрдски напев - од aleksandra.!.pusac на 1 март, 2005 - 15:10

Најчитана сторија во Општо:
Охрид? Никогаш повеќе!

сликата на SuperGirl
Охрдски напев - од SuperGirl на 1 март, 2005 - 16:52

Stormy, пакувај парталите те носам за Охрид!!!!

сликата на StormAngel
Охрдски напев - од StormAngel на 1 март, 2005 - 16:59

Ама ќе ме вратиш пак, нели?=)))))

сликата на SuperGirl
Охрдски напев - од SuperGirl на 1 март, 2005 - 17:04

Ма какво враќање...ќе те правиме побегуља [намигнува] Ќе шлапкаме нозе на Канео, ќе береме кајсии, и ќе спиеме гушнати у кајче [намигнува] ...само нек се затопли! [се смее])))

сликата на THEOREM
Охрдски напев - од THEOREM на 1 март, 2005 - 16:58

Незнам луѓе, мене ми е ОК во Охрид. Ама бар си мислам се додека живеев во Охрид неможев вистински да ги приметам неговите убавини(и мислам дека скоро секој жител на Охрид сеуште живее така, а неприметува што има околу него). Живеев само "онака" - понесен од секојдневните обврски. Нити знаев да ги ценам, а нити знаев да ги почувствувам неговите убавини. Едноставно се ми беше "default". Меѓутоа сега кога повеќето време го поминувам во друга сосема различна средина од Охрид, чувстовото кога сум во Охрид е сосема поинакво...не е битно какво, затоа што е тешко со зборови да се опише, но сигурно дека е убаво. Иако Охрид не го сметам за идеална или "малку" помеко кажано добра средина за живот(и за сите обврски кои ги носи животот со себе како на пр. работа, забава ...), убаво е човек да може да помине еден дел од својата година токму во Охрид.
Инаку Охрид има преголем, но премалку искористен (туристички)потенцијал и премала толеранција и љубезност спрема туристите. Едноставно таква туристичка средина треба мноооогу(!) подобро да се искористи за да се види нејзиното право светло...Меѓутоа како и се во оваа држава така и тоа, заебано е.

Охрдски напев - од Robomarket на 1 март, 2005 - 18:06

ОХРИДЕЕее...слабост моја. Јас, млад гастербајтер, одвај чекам да се плеснам во енѕеро летово и да стојам на ќошот на карпата на Канео исто како Ди Каприо во Титаник. После ќе се бањам одма под Свети Наум и нема да ми е гајле ако добијам ишијас и лумбаго или реума. После ке се качам на Самуилови тврдини да ми омекне јабанџискава душа на која и е преку кур од безлични, обични, вештачки и сиви американски градби. Леле леле па кога ќе идам на градиште па на нудистичка плажа да се растресам мераклиски па ќе шетам низ сокаци како младо мачорче со риба под рака. Па ќе идам да им направам промет на старите занаетчии како Вангел Деребан. Ептен ме стави во филм сторијава. Фала...
Мај Ејнџелу =)

сликата на Trillian
Охрдски напев - од Trillian на 1 март, 2005 - 22:40

Браво за текстот, иако и ова е премалку, ама како што кажа, Охрид не се раскажува. Иако сум била во градови што ги сметаат за најубавите на светот, за мене Охрид е најубав град на цел свет, не зошто сум патриотка, туку затоа што најубавите случки и спомени ми се баш од таму, најубавите зајдисонца, најубавото Охридско Лето, најубавата тишина, најубавото исконско чувство кога седам сама меѓу црквичките некаде во варошот и го слушам Ноктурнал од Анастасија...
Многу ме нервира фактот што многу од моите сограѓани скопјани не знаат вистински да го доживеат Охрид и неговата душа, туку најголемо задоволство им е да се пикнат во Аквариус зашто таму си се осеќаат како дома, во Скопје. Иако има и недостатоци, као познатата (не)услужливост на охриѓани што гледам и тука е најмногу критикувана. и стварно треба да се поправи, тоа не ме спречува да го обожавам градот и неговите луѓе. Ај доста, зашто осеќам дека ќе се занесам Ч)
Ах бре СтормАнгел, ме дирна у слаба тачка Ч))

Охрдски напев - од NeOzBilNa на 1 март, 2005 - 23:37

Еднаш некој рекол-”Види го Неапол и умри!”.

А кој тоа рекол така???

сликата на GoodBytes
Охрдски напев - од GoodBytes на 2 март, 2005 - 04:31

Тоа е стара (5-6 века) италијанска поговорка.

Охрдски напев - од thesaint на 8 март, 2005 - 01:54

јебеш ми!!! од охрид сум и по втор пат се заљубив во градов после сторијата на сторм. браво сторми алал да ти е:) наредно доаѓање охрид имаш гајба скопско:)) тоа за услугата се согласувам дека е за никаде ама верувајте од ден на ден се се менува и таа работа:) и дај бе што им фали на луѓево сигурен сум кој дошол и бил во охридско друштво(машко) си поминал добро она со жените стварно се понекогаш.....

сторми фала уште еднаш за прекрасниот текст:)