1 декември, 2008 - 21:19
[веб кирилица]

кабелски

од mya на 13 јан 2005 - 00:10

искуство со кабелски интернет, некој? не мислам адсл

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
кабелски - од GoodBytes на 13 јануари, 2005 - 02:13

Имам познаници кои пред еден месец ставија кабелски интернет преку МОЛ, а живеат во Карпош. Знам дека на почетокот се жалеа дека немаат конекција со денови, па се уклучуваа преку МТНет на dial-up. Тоа беше пред Нова Година, не знам дали во меѓувреме нешто се сменило.

кабелски - од gustin на 6 февруари, 2005 - 20:07

Ја имам лично искуство од кабелски интернет од Он.нет.
Приклучен сум од април 2004 година и на почеток многу паѓање конекцијата а некогаш и цел ден ќе немаше конекција. Но некаде после месец дена го оправија тоа чудо и слабо паѓаше но имаше случаеви да нема и по 3 саати конекција, но од Септември како да се препороди интернетот и многу слабо паѓаше. Се случуваше само да падне конекција и не можеше да отвара странски веб страници само отвараше македонски со домен .com.mk или .net.mk и слично а денес ич не паѓа, само може да „падне“ во случај ако закачиш вирус и самиот вирус не ти дава конекција затоа што сум имал и такви случаеви, но брзо сум ги решавал. А и денес се случува она паѓање т.е. да отвара само македонски сајтови ама во мали интервали од по 5 до 10 минути. Па сеа види ти дали сакаш кабловски, денес е подобар одошто беше пред неколку месеци... а за download е лудница до 100kbps, а од матичната страница т.е. од on.net.mk до 350kbps download а брзината на пакетот е 512kbps. [намигнува]

сликата на Royalgirl
Кабелски интернет у Ново Лисиче? - од Royalgirl на 8 јуни, 2005 - 22:45

Абе луѓе знае некој нешто повеќе за кабелскиот интернет што го нудат во Ново Лисиче од неодамна? Нешто као новина е, али наводно нема да иде преку Fox Cabel. Чисто ме интересира тие што се на кабелски интернет колку се задоволни од услугата општо, вреди ли за парите или..?Сеа нормално не е исто со ADSL, али па од друга страна е многу боље од dialup. Знам дека сто пати е зборувано на оваа тема, али ја долго време мислев дека нема да се откачам од тињата наречена dial-up, па не се замарав:)

сликата на НиколаП
што да ти кажам - од НиколаП на 8 јуни, 2005 - 23:10

Абе јас незнам како е во Скопје, овде во Словенија е пуцка... Работи 100%. Конекцијата скоро никогаш не паѓа под 90% [се смее]
Кабелскиот има ист потенцијал како и АДСЛот. Подобар е, зашто не ти треба телефонска линија и си ностоп приклучен.
Значи сите проблеми што би ги имале со брзина би биле од провајдерот.
Така да најдобро е да прашаш некој што има кабелски интернет од тој оператор

dialup сакс - од XaLLeX на 8 јуни, 2005 - 23:29

све е подобро од dialup [се гази од смеење]

сликата на Royalgirl
остај ти Словенија..:) - од Royalgirl на 8 јуни, 2005 - 23:51

абе мислам дека Кадис се кабелски провајдер за Ново Лисиче мада ме чуди зашо овие од Фокс не нудат таква услуга..Некој има искуство со Кадис?

сликата на Chima
Зора - од Chima на 9 јуни, 2005 - 00:31

Јас сум на On.Net преку Зора и презадоволен сум , одлично е , мнооогу ретко паѓа ама тоа е за секунда-две , ништо страшно , брзината е супер , дури на моменти ме изненадува !

O: Зора - од XaLLeX на 9 јуни, 2005 - 03:18

Chima напиша:

Јас сум на On.Net преку Зора и презадоволен сум , одлично е , мнооогу ретко паѓа ама тоа е за секунда-две , ништо страшно , брзината е супер , дури на моменти ме изненадува !

Зора има интернет?!?

сликата на Chima
O: Зора - од Chima на 9 јуни, 2005 - 09:51

XaLLeX напиша:
Chima напиша:

Јас сум на On.Net преку Зора и презадоволен сум , одлично е , мнооогу ретко паѓа ама тоа е за секунда-две , ништо страшно , брзината е супер , дури на моменти ме изненадува !

Зора има интернет?!?

Има , барем во Карпош , можеш преку On.Net или MOL ама многу подобро ти е преку On.Net....

O: Зора - од XaLLeX на 9 јуни, 2005 - 13:52

Chima напиша:

Има , барем во Карпош , можеш преку On.Net или MOL ама многу подобро ти е преку On.Net....

Многу јасно дека On.Net е подобро од MOL [се смее], а инаку да во автокоманда и железара нема интернет преку Зора, not yet [се смее]

сликата на ГоранОдЧаир
Ево зоре... - од ГоранОдЧаир на 9 јуни, 2005 - 23:25

XaLLeX напиша:
Chima напиша:

Јас сум на On.Net преку Зора и презадоволен сум ...

Зора има интернет?!?

...ево зоре, хочу да се конектишем, ево зоре ево зоре ееееее
нечу дајл ап, спори је ко старац са стап ееееее зоре брееее...

вака успут едно прашање, абе оти овија оннет немаат картички за дајл ап...!??!... еве веќе два месеца барам по трафикине у центар (нели центар држава...жими ашимов) и ми викаат ги повлекоа...!? бреј...сеа мора да се прчам 500ка за мол, а плус паѓа понекад... а овија талибанциве кај мене ако им спомнам: дечки дај да се туриме у мрежа адсл, ефтино ќе ни дое...ќе ме прашаат: мрежа....па ја не идам по риба...јас сум по дивеч за у планина, боље, мислим, ем че се испуцаш, ем деца че ги раниш..а то риба, ма дај...че ги лажем деца... [намигнува]

хакери - од XaLLeX на 9 јуни, 2005 - 23:43

MOL паѓа посекад не понекад [се гази од смеење], а и тоа што викаш за талибанциве не ги ни прашувај ке ги збуниш [се смее], додуша не сите, у сарај све се акери [се гази од смеење]

сликата на ГоранОдЧаир
O: хакери - од ГоранОдЧаир на 9 јуни, 2005 - 23:57

XaLLeX напиша:

MOL паѓа посекад не понекад [се гази од смеење], а и тоа што викаш за талибанциве не ги ни прашувај ке ги збуниш [се смее], додуша не сите, у сарај све се акери [се гази од смеење]

акери камикази - сам на себе си праќа вирус [намигнува]

сликата на anastas87
и ја исто - од anastas87 на 9 јуни, 2005 - 10:46

не очекуев вака стабилна конекција, да не ја урочам, иако на почеток беше срање.

само обеќаа 512, а добив 128.. и дупи на п2п програми.

кабелски - од mya на 10 јуни, 2005 - 13:44

подеднакво пријатно сум изненадена од кабелскиот на Зора. Екстра информации за иксуство со Он.нет би биле драгоцени. фала однапред!

сликата на laleLUDI
кабелски интернет - од laleLUDI на 11 јуни, 2005 - 03:32

абе АДСЛ сега за сега е закон додека не се усогласат кабелските телевизии и провајдерите.Па сеа дали е 512 или 128 кбит/с е сосема беззначајно додека се деси нешто поише со договориве околу провајдерите и кабелските телевизии.Во случајов имаме јака позиција на чело со Г-дин АДСЛ а на друга стана имаме разединета опозиција на чело со Г-дин Оннет.Па сега на наредниве избори ќе видиме.... Ч)ЧП

сликата на pancec
O: и ја исто - од pancec на 12 јуни, 2005 - 16:06

anastas87 напиша:

само обеќаа 512, а добив 128.. и дупи на п2п програми.

и АДСЛ ти е исто срање. за п2п музика преку ваква конекција само со soulseek му го најдов крајот.