Одамна сакав да напишам текст кој ќе го појасни и ќе го приближи слободниот
софтвер до македонскиот компјутерски корисник и програмер, па така ви
презентирам едно интервју со водачот на филозофијата на слободен софтвер
Richard Stallman дадено за BBC. Тој е пионер во движењето за слободен софтвер.
Неговата визија е за софтвер во кој нема тајни, софтвер кој луѓето ќе можат да
го делат слободно.
Stallman
Richard Stallman: Слободен софтвер значи дека вие корисникот сте слободни да
проучите што прави програмот, да го измените да одговара на вашите потреби, да
дистрибуирате копии на други луѓе и да објавувате подобрени верзии. И ако не
сте програмер, можете да поттикнете некого да го направи тоа за вас.
Alfred Hermida: Ние не зборуваме тука за софтвер кој е бесплатен, може да се
продава ваквиот софтвер?
RS: Тоа се две различни прашања. Слободниот софтвер денес има огромна вредност
во комерцијалниот свет, а посебно нешто е што тој може да се продава. Тоа е
дел од слободата. Вие може да правите копии и да ги продавате. Секој има
слобода да го прави тоа.
AH: Како ова му ја зголемува моќта на корисникот?
RS: Тоа значи дека вие може да видите што прави програмот. Па ако сте загрижени
дека можеби има скриен влез (back door), може да проверите што навистина прави.
И може да го проучите за да научите како вие да ги направите тие работи. Значи
може да го проучите за да видите што тој точно прави.
Ако сте бизнис корисник, секогаш кога ќе сакате некоја промена во програмот,
можете да го промените да одговара на вашите потреби. Тоа значи дека цела
заедница го прави тоа и заедно го подобруваме софтверот. Токму затоа денес
слободниот софтвер има општа репутација дека е моќен и докажан. Системите
остануваат во работна состојба со месеци без да паднат.
AH: Значи може да се подеси да одговара на вашите потреби?
RS: Тие ги добиваат предностите на вашите подобрувања, а вие предностите на
нивните подобрувања. Во основа значи дека вие имате собода кога вашиот пријател
ќе каже "еј, тоа изгледа добро, може ли да добијам една копија?", вие можете
отворено и законски да направите копија за вашиот пријател. Вие не сте
ограничен да го правите тоа само како подземна активност во страв.
Недостаток од ресурси
AH: Какви последици има ова врз земјите во развој, земјите кои што почнуваат да
да градат компјутерска индустрија, места како Индија?
RS: Слободниот софтвер е дефиниција на слобоода. Една последица на ова е ако
луѓето немаат многу пари, тие можат да си разменуваат копии меѓу себе.
Можат да земаат копии и да ги користат законски, без потреба од пари кои тие не
можат да си допуштат да им бидат земени со заканувачки кампањи. За земја која
нема многу пари, користењето на слободен софтвер e премногу важно.
Индија не може да си дозволи да остане заробена во стапицата да користи Windows
бидејќи тоа би значело безпрестајно и се поголемо одлевање на нивните пари до
разни амерички компании. Тие не можат да си го дозволат тоа, па така тие треба
да направат национален приоритет да им биде да стават крај на користењето на
не-слободен софтвер.
AH: Ме потсетува дека има исто така и едукационен аспект во тоа ако имаме
индиски програмери кои работат со слободен софтвер, тие можат да го прегледаат,
да најдат како работи и да го надоградат.
RS: Секој низ светот кој сака да научи да програмира ги има тие предности, бидејќи
за да се научи да се пишува софтвер добро, треба да се чита многу софтвер и
пишува многу софтвер.
Единствен начин на кој може да се научи што го прави еден програм чист е со
читање програми и гледање што ги прави нив нечисти и тогаш знаете што не треба
да да се прави.
Како почетник не можат да се пишуваат такви програми самостојно. Со слободниот
софтвер што го имаме денес може да се читаат веќе постоечките програми кои
луѓето навистина ги користат. Што повеќе, вие можете да ги подобрите нив
бидејќи не сте на стадиум каде можете да напишете целосен програм, но можете да
напишете некоја надградба која додава одредена особина.
Правејќи го тоа вие можете да учите, да си ја подобрувате вештината да пишувате
такви програми и да ги одржувате. Тоа е начинот на кој јас научив.
Заробување на корисници
AH: Ако слободниот софтвер е толку привлечен како тоа многу луѓе користат
сопстевенички (proprietary) системи?
RS: Инерција. Нашиот прв слободен оперативен систем стана достапен во 1992,
точка каде Microsoft веќе имаше квази монопол и кога општеството имаше инерција
на голем отпор кон промена.
Како додаток некои од овие сопственички софтверски компании многу паметно ги
заробуваат корисниците, правејќи им тешко да направат замена. Но, луѓето се
менуваат во наша корист.
AH: Ако погледнеме во иднината, сопственичкиот софтвер е главна движечка сила во
компјутерската индустрија. Која е улогата на слободниот софтвер во ваква
околина?
RS: Ние ќе ги замениме нив. За да се има слобода да се живее како дел од
заедницата, да се има слобода да се третираат другите луѓе чесно, мора да го
замените вашиот сопственички софтвер со слободен софтвер, софтвер кој ви ги
овозможува тие слободи.
Сопственичкиот софтвер е софтвер кој ги зема тие слободи, ги дели луѓето и ги
држи беспомошни. Сопственичкиот софтвер е анти-социјален систем и јас се
надевам дека тој систем ќе пропадне.
AH: Дали го гледате тоа како битка помеѓу Давид и Голиат?
RS: По малку. Но не сум толку многу заинтересиран да се фокусирам на тоа дали е
тоа херојско, колку што на добивање на битката. Ние се бориме за слободата на
луѓето.
Ни треба вашата помош. Ние не сме само неколкумина, има десетици илјадници луѓе
кои даваат придонес на слободниот софтвер и има многу луѓе кои ни помагаат да
се рашири зборот.
Одете на www.gnu.org или поточно
на www.gnu.org/philosophy/ за подетално да се запознаете со
филозофијата на слободен софтвер.
Посетете ја и www.mksoftver.org страницата за слободен софтвер во
Македонија.
Последни коментари