Многу често зборувана тема, и многу често коментирана, не само на Багра, туку
и воопшто, тема кон, за, и на која се' повеќе треба да се обрати внимание, за
некого табу, за некого нешто што е толку нормално. Секако, ми се чини дека кај
нас се' уште се зборува со одредена доза на резервираност, понекогаш и преголема.
Подобро да се каже, табуата понекогаш кај нас ќе загнездат и нема мрдање од
истите. За жал, ми се чини дека од тие причини многу луѓе кои се бисексуалци
или хомосексуалци никогаш нема да можат да се најдат во овој свет, или пак,
ќе мораат вечно да се кријат и да лажат.
http://www.religioustolerance.org/homosexu.htm
Најстрашно од се', ми се чини е она гадењето од другите луѓе кои го имаат кон
хомосексуалците. Најчесто, кога се зборува за хомосексуалноста, кај нас се споменуваат
само "педери"... и тоа со голема доза на одвратност кон тоа. Толку
и не ме чуди кога слушам како машките зборуваат за нив, но бев изненадена многу
кога слушнав изјава на девојка, која толку многу ги мрази хомосексуалците што
вика дека е во состојба да ги брка, да ги тепа, или да се расправа со нив, од
местото во кое се наоѓа-ат во дадениот момент. Дури и еднаш го сторила тоа!
Многу ме интересира дали, и како би реагирале ваквите луѓе кога би откриле дека
нивниот партнер е би или хомосексуалец (кој со тоа што изигрува "нормална
личност" само се крие и штити од средината која го отфрла), или пак уште
пострашно, да откријат дека нивното дете е такво. Дефинитивно тоа би била голема
казна за нив!
Има повеќе форми на хомосексуализам, и многу е погрешно тврдењето дека тоа е
генетско пореметување. Хомосексуалците не оставаат зад нив продолжување на видот.
Логички, нели?
Формите на хомосексуализмот се отприлика вака:
-присилна или привермена хомосексуалност. Оваа форма се јавува на места каде
што живеат и работат луѓе од ист пол(бродови, машки т.е. женски училишта, касарни
и сл.). Вообичаено оваа форма не е избор засекогаш, но се случува и тоа.
-транссексуализам, како форма која што едноставно го негира сопствениот пол.
Или, поточно кажано маж "заробен" во женско тело и обратно. За оваа
форма има дури и лек - постојат многу примери за луѓе кои се одлучиле да го
сменат својот пол со оперативен зафат.
-сопствена определба на избор за понатамошниот љубовен живот. Тука нема што
да се објаснува, едноставно индивидуална е одлуката за својот живот.
Има уште ред други форми, кои веќе и не се толку битни, но според кажувањата
и испитувањата на психолозите најголемата и најраспростанетата форма на хомосексуалци
се јавува од социјални причини. Средината во која растат, идеализирање на мајката,
т.е. таткото, воспитување од страна на хомосексуалци, супериорен родител и слично.
Интересно е што, покрај големата борба на родителите вистински да го воспитаат
своето дете, понекогаш прават голема грешка. Најчесто кога многу се внимава,
многу и се греши, но исто така има ситуации во кои преку детето родителите ги
решаваат своите брачни проблеми, се светат преку своите деца еден кон друг,
и потоа се прашуваат зошто нивното дете е геј!!! Не е за восхит, но има и поинакви
примери родители кои се помириле со фактот дека нивното дете е хомосексуалец,
па дури и книга напишале за тоа: http://www.amazon.com/exec/obidos/ASIN/1555835945/ref=br_b_ts_5/102-6954300-0714539.
Ние не сме тие кои можат да си дадат за право да осудуваат некого, заради неговиот
личен избор. Токму тоа, станува збор за личен избор. Она што најмногу ме нервира,
е тоа дека одредени луѓе ги коментираат хомосексуалците, секако, во комплетна
негативност, а не се потрудиле никогаш да дознаат нешто повеќе за нив (особено
кога се работи за јавна личност). За жал имам прилики секој ден да се сретнувам
со такви луѓе кои едноставно ГИ МРАЗАТ хомосексуалците поради тоа што се геј.
Зар никој од нив, барем еднаш во животот не помислил на сексуален однос со личност
од ист пол? Помислата на секс со ист пол не ги/не' прави поголеми или помали
мажи т.е. жени. А, сакале или не...сите сме латентни, кој признава, кој не...индивидуално
е секако.
Хомосексуалноста како појава, кај нас во последно време слушнав дека се јавува
од мода. Неверојатно! Тоа што можеби ги гледаме повеќе во последно време, не
значи дека "тераат" мода. Едноставно, изгледа дека конечно малку од
малку, табуата кај нас се олабавуваат. Па и хомосексуалците се чувствуваат послободни
да ја искажат својата ориентираност. Навистина, жално е кога некој кој кој Ви
се допаѓа, откривате дека е геј. А зар не е жално кога некоја која Ви се допаѓа
откривате дека е девојка, на која сте и "втор"??? Нормално...има и
примери и со мажи, но ретки се кај нас. Сепак тоа се веќе други проблематики
за кои нема место тука.
Мислам дека е најдобро луѓето кои не ги сакаат хомосексуалците, да се помират
со тоа дека тие се дел од нашите животи, и да не гледаат со гадење на нив. Сите
имаме по некоја своја мрачна тајна па доколку е тоа наклоност кон својот пол...
голема работа! Има и многу полоши, но сепак, тоа се работи кои не можат да се
измерат на вага.
Последни коментари