Следниов текст, кој што е извадок-монолог од... нема да кажам од каде, е стар повеќе од 7-8 години, ама сеуште го нема изгубено својот шарм :-). Фино е да се прочита за да се насмее човек, ама и ме интересира дали некој се сеќава од каде е и што следува во продолжение (можеби ќе организирам и мала наградна игра :-) )... Замислете сцена со телефонска говорница и тип како зборува...
Добровечер. Јас сум, те молам немој да ми затвараш. Кога би знаел само колку ми требаше храброст, колку ми требаше време додека одлучам да ти се јавам уште еднаш. Ама јас сакам само уште еднаш да го слушнам твојот милозвучен глас. Прости ми, малку сум возбуден, има тука еден тип. Немам ништо со него, верувај ми и тој чека на телефон. Слушни ме те молам. Кога би знаел само колку време ми треба и колку седам сам затворен во четири ѕида и се прашувам: зошто, зошто, зошто мораше ова да се случи. Ама сети се на онаа наша прва вечер кога ни се сретнаа погледите на шанк, па како да ме прободе аморова стрела, и од тој момент само од ден на ден ми се јавува таа желба да ја упатиш твојата аморова стрела далеку во душата да ме прободе. Те молам немој да си толку суров кон мене. Верувај ми, кога ќе ги затворам очите веднаш твојот лик ми излегува пред мене и посакувам вечно да не ги отворам за да те гледам и да те гледам и само да те гледам. Добро, само те молам ако некогаш ме сретнеш во град, немој да ми вртиш глава, понашај се како никогаш ништо да не било. Чао и немој да заборавиш дека постојано мислам на тебе и само на тебе. Чао.
Последни коментари