Ноќниот Град беше како дегенеричен експеримент во социјалниот Дарвинизам, дизајниран
од истражувач кој се досадува и перманентно го држи палецот на копчето за мотање
напред.
Neuromancer
Кажи збогум на твојата бајата стара иднина. Тука е потполно разбраниот нов
свет, интензивен како електричен шок.
Bruce Sterling
Сајберпанк - едно од најрадикалните, контраверзни, страшни и иновативни научно-фантастични
движења на сите времиња.
Некои велат дека сајберпанкот е мртов, но тој попрво е мутиран. Всушност целата
денешна научно-фантастична сцена е сајберпанк. Мешавината на песимистички пророштва
и имплементацијата на модерна технологија е инвенција на сајберпанкот. Класичните
одлики на сајберпанкот, како кибернетика, сајбер-простор, мега градови и мега
коорпорации се земаат здраво за готово во денешната научна фантастика. Влијанието
на ова движење не треба да се потценува.
Раѓањето на сајберпанкот е во '60-тите и '70-тите кога научната фантастика
постанува побрутална, бизарна, социолошки свесна и технолошки ориентирана. Оваа
еволуција се забрзува кон крајот на '70-тите и раните '80-ти, кога се појавуваат
персоналните компјутери и се појавува панкот кој ја менува поп културата засекогаш.
Публикацијата на „Неуромансер“ на Вилијам Гибсон во 1984 го поставува обележјето
на сајберпанкот. Заедно со Руди Руклер, Луис Шинер, Џон Ширли и Брус Стерлинг
тој формира литературно движење инспирирано од автори како Ј.Г. Балард и Брајан
Алдис, вероватно и под влијание на филмови како Осмиот патник и Blade Runner.
Давани им се етикети како радикална научна фантастика, одметнати технологисти,
бранот на осумдесетите, неуроманти... Само една етикета останува, иако оригинално
тоа е насолов на краток расказ од Брус Бетке: Сајберпанк.
Неуромансер бил револуција која не предвидува промена, туку ескалација. Типичното
сајберпанк општество е во основа драматично претерана верзија на нашата нехумана
технологија, колапсот на животната средина, препотентните мега-коорпорации,
немилосрдниот комерцијализам, пренаселените мега градови, жестокиот криминал,
неонот и хромот, насилството и смртта.
Акцентот во сајберпанк литературата бил и сеуште е на придобивките и ризиците
од технолошкиот напредок. Технолоките чуда што секогаш ги фасцинирале сајберпанк
писателите се компјутерите, вештачките подобрувања на телото, роботиката, вештачката
интелигенција, биомеханиката, клонирањето, синтетичкит дроги и секако лајтмотивот
на сајберпанкот, сајберпросторот (глобалната компјутерска мрежа, матриксот,
дигиталните пејсажи, крајната неурлогичка илузија).
Есенцијалниот концепт за сите сајберпанк писатели е крајноста, сé
што е екстремно, брзо, мазно, бизарно... Тие се трудат да ги презентираат нивните
срашни визии за иднината со уличен тон и сув хумор, film noir стил, секогаш
многу чуствителни за современите трендови.
Сајберпанк концептот има големо влијание на научно-фантастичната литература,
посебно врз научно-фантастичните филмови што е сеуште евидентно, како и врз
стриповите, компјутерските игри, музиката, модата, уметноста итн.
Жално е што саберпанкот е мртов и дека тоа е феномен на '80-тите, но ова не
е целосно точно. Терминот ретко се користи во денешно време, а тоа безсомнено
се должи на бесрамната експлоатација на сајберпанк концептот, генерално, и на
концептот на сајберпросторт како особина, кога Интернетот и виртуелната ралност
се јавна сопственост. Како и да е, сајберпанкот е жив, иако се зема здраво за
готово или му се даваат нови етикети.
Мора да се спомене дека нова суб-култура произлезе од сајберпанк движењето.
Оваа суб-култура е многу активна на Интернет, а неретко е со нејасна природа.
Сајберпанкерите на денешницата се најмогу хакери, кракери и други компјутерски
способни деца, субкултура која го апсорбирала сајберпанкот рано, затоа што тие
најчесто се претставуваат како осамени херои и го го разбираат високотехнолошкиот
пристап. „Информацијата мора да биде слободна“ е нивното мото.
Електронската музичка сцена исто така го усвои рано сајберпанкот, најповеќе
со стиловите како техно, амбиет, индустирал итн. Има интимна врска помеѓу сајберпанк
музиката, уметноста и модата.
Ретка е и ексцентричната група на т.н. транс-луѓе, индивидуи со желба да станат
пост-луѓе. Овој процес вклучува измени на телото и мозокот и драстично ја отфрла
границата на хуманоста подалеку.
Иако сајберпанкот некогаш бил нарекуван анти-Реганизам, тој не е, и никогаш
не бил политичко движење. Може да се карактеризира како креативно и радикално
уметничко движење, без истакнати лидери или правила.
Дистописки* поглед
Клучниот збор во сајберпанкот е егоизмот. Тоа е преживување на најјакиот, но
во толку комплексен свет нејасно е кој е таков. Паранојата е инструмент за преживување,
а забивањето на нож во грб е честа појава и кај хероите и кај нивните противници.
Сајберпанк општествата се во основа капиталистички дистопии. Тие ја покажуваат
слабоста на капитализмот подобро од било која друга дистопија. Коорпорациите
повеќе не се економски ентитети туку минијатурни држави со сопствена влада,
устав, акони, полиција, војска итн. Не треба да се спомнува дека коорпорациите
не се демократски и хумани. Природата е алат за производство, а етиката е алат
за маркетинг. Потрошувачката е мото, а обичниот човек е доведен до ниво на безразумен
потрошувач. Индивидуата е неважна и може да се жртвува.
Истражување на можностите
Тоа што ја прави сајберпанк дистопијата толку интересна е фактот дека е многу
блиску до нашето време и ги гледаме нејзините неизбежни опасности.
На некој начин кошмарот на сајберпанкот се остварува во „западниот свет“ генерално,
посебно во САД. Урабнизацијата достигнува нови нивоа: Лос Анџелес е мега град,
а Бостон-Атланта коридорот се шири. Криминалот ескалира: американските улици
се опасни, а американските криминалци се слични на тие во Ноќниот Град. Моќта
на коорпорациите расте: само наивна личнос може да мисли дека коорпорациите
не се мешаат во американската надворешна политика или дека потрошувачката не
е начин на живот за многу Американци. Животната средина е сеуште во опасност:
фаталното глобално затоплување е еминентно, а сепак американсаката влада одбива
да ги потпише меѓународните договори. Светот не е безбедно место: нуклеарни,
хемиски и биолошки оружја,...
Понатаму, човештвото полека постанува пост-хумано. Вилијам Гибсон тврди дека
тоа веќе се случило. Измената на изгледот со хируршка интервенција е честа,
а транспланацијата на органи за да се преживее се сваќа здраво за готово. Постои
црн празар за човечки органи. Неетичките науки полека се прифаќаат: веќе јадеме
генетски изменета храна, а екеперименти за клонирање на луѓе несомнено ќе бидат
(или се) изврешени.
Ставот на обичниот човек спрема технологијата е исто така рапидно променет.
Само пред 25 години малку луѓе можеле да го предвидат ударот, или само постоењето,
на пресоналните компјутери или глобалната мрежа. Да, требаше само пола декада
мнозинството од нас да го прифати концептот на персонален компјутер како стандард
во нашите домови, концептот на Интернет како медиум за остварување на интимни
врски итн. Јапонската фасцинација за роботиката, т.е. за роботи домашни миленичиња
е симптоматична за нашето време.
Кога сé се сведува на интелектуална дегнеризација и сајберпанк декаденција,
генерално, тогаш таму сме многу години наназад: иконите како Мајкл Џексон и
Мадона лесно се вклопуваат во било која сајберпанк дистопија, со целосен почит
за нивната уметност...
*Дистопија - имагинарно бедно место, спротивно на утопија
Утопија - место или држава на идална перфекција, спротивно на дистопија
Последни коментари