8 јануари, 2009 - 19:22
[веб кирилица]

Акција против Авалон

од Trillian на 31 мај 2005 - 18:38

Луѓе, остајте вие заебанции, се додека само се заебаваме на Авалон ич такво нема да им чуе и ќе си продолжат со вакви срања, треба да се превземе нешто за, ако ништо друго, да се стресат и да сфатат дека не може да праат како шо ќе им текне без да има никакви последици по нив.

Затоа малце да ви ги посочам правните импликации од целиот случај, зашто преку К** ми е од тие арогантни копилиња. Не знам колку сте запознаени, но во државава има Закон за заштита на потрошувачи, а тоа што Авалон го приреди во саботата не само што ги изнервира сите, туку е и незаконски, затоа што со купувањето на карта уствари секој од вас склучува договор со кој вие се обврзувате да платите цена, а Авалон се обврзува да ви даде услуга за таа цена. Во случајов, Авалон исполни само ПОЛА од ветените услуги, и затоа сите присутни на концертот во најмала рака треба да бидат обештетени (затоа не е лошо да си ги чувате картите), т.е. да им биде вратен дел од цената сразмерно на неисполнетата услуга.

Постои една организација што се вика Организација на потрошувачи на Македонија, каде што може секој да се обрати со поплака секогаш кога му се повредени потрошувачки права, како во овој случај. Нивниот веб сајт е www.opm.org.mk. Малку е застарен ама има корисни информации и контакт. Тоа што тие можат да го направат, меѓу другото, е да се обратат до Државен пазарен инспекторат кој во случајов е надлежен да изврши инспекција и да ги санкционира гостиварските шуги. Мислам дека можете и директно до инспекторатот да се обратите, ако мислите дека треба да го направите тоа. Јас мислам дека треба, и тоа масовно.

Опции за гледање на коментари


сликата на aceva
Д клајнт - од aceva на 31 мај, 2005 - 18:57

Знам една добра и паметна риба од Асоцијацијата на потрошувачи, ама не верувам дека било како можат да помогнат во оваа ситуација. Да се имаше расипана конзерва сардина и пролив уз тоа, па да се мавта со сардината и со прљавите гаќи, ќе беше поопипливо и поедноставно за реагирање. Вака, со картата во раце и мокрите кондури, не знам баш....

! - од wizardodibella на 31 мај, 2005 - 19:18

Врвките од кондурите се исто така пиплива работа понекогаш [се смее]

сликата на anastas87
џабе - од anastas87 на 31 мај, 2005 - 23:13

овдека ратни злочинци не судат, авалон ќе ги судат.

Luzer(i) од MassiveUtopia
сликата на Mistress
O: Luzer(i) - од Mistress на 1 јуни, 2005 - 02:06

MassiveUtopia напиша:

Malo upatstvo, ako sakate da uspeete: barajte ja prognozata za vremeto na denot na koncertot. Licno se javiv, i mi rekoa deka nema da ima oblak.
barajte ja i upravata na Skopski saem, da vi kazat deka ne dadoa niedna od 5-te hali, zatoa sto den ipol potoa, pocna saem na hrana, i halite bile namesteni za taa cel.

Ете, се јави авалонецот да мава пенали [се смее] Мораше ли прво да закажат концерт на саем, па после да откриваат дека нема хали?

сликата на zlochko
Сега ти јави му - од zlochko на 1 јуни, 2005 - 11:24

Сега ти јави му се пак и кажи му дека картата не ја купи ниту од саем, ниту од метеоролошки завод, туку од нив.
[се смее]))))))

O: Luzer(i) - од METhAMORPH на 1 јуни, 2005 - 11:22

MassiveUtopia напиша:

Daj boze da vi uspee tuzbata za Avalon.
I nikad vise da ne dojde niedna grupa vo zemjava.
Super ni e, pak ke si bideme zadnja rupa na sviralo i ke ne baraat so lupa na globus.

Боже какво провинциско размислување. Треба да бидеме среќни што морлоците од Авалон се некадарни да си ја завршат работата ама ете се обиделе.
Можеби и ќе имаше некое разбирање ако ова им беше прв концерт, ама кога ќе се појават на телевизија постојано трубат дека тие се единствените професионалци а другите организатори можеле вода да им носат.

Цитат:

Malo upatstvo, ako sakate da uspeete: barajte ja prognozata za vremeto na denot na koncertot. Licno se javiv, i mi rekoa deka nema da ima oblak.

Добар организатор не остава ништо на случајност. Бината требаше да биде обезбедена од дожд зашто веројатноста истиот да се појави беше огромна.

Цитат:

Kazete im na Avalon kade ima infrastruktura za postavuvanje na TAKVA BINA, ZA DA NE JA UTNAT SLEDNIOT PAT (a znam deka ne postoi takvo mesto vo zemjava)

Не е работата каде е бината туку како е направена.

Цитат:

Blagodarenie na niv, nekoj dojde i ovde da naprai koncert.

Благодарение на нив Фејтлес веќе нема да дојдат затоа што ова е втор концерт овде што им се организира со срање озвучење.
Истото важи и за другите групи. Немој да мислиш дека ќе толерираат ваков аматеризам.

Цитат:

Ja i onaka ke se selam od zemjava na luzeri.
Ajt

Поздрав и не се враќај.

www.weather.yahoo.com - од Proleter на 1 јуни, 2005 - 02:32

А бе јаху ведер досега ме нема заебано. Затоа да не мрси многу авалонецов. Фино си пишуваше. ОБИЛНИ ВРНЕЖИ!

сликата на Таша
...и тоа во - од Таша на 1 јуни, 2005 - 07:50

...и тоа во попладневните часови.

сликата на FF26
Правда - од FF26 на 1 јуни, 2005 - 08:26

Како не им е срам бре!!!! несакам да слушнам за никакви оправдувања. Тие можат да живеат од нашите пари пет години...и тоа лагоден живот!!!! Кај ја усраа работата, две групи не настапија...(не рачунам на едната песна на Тивери и неуспешниот почеток на целиот концерт),испокиснавме ко глувци, недај боже да требаше да мочаш таму....мојот мочен меур си доби брат близнак вечерта, заедно да сочуваат повеќе резерви..на влезот тоа полицајците не третираа ко да сме дошле да убиеме све живо таму, а не да уживаме во музиката и да се забављаме...уште доживеавме некоја пијана будала од „организацијата“ да не вежба како да се дереме и како да скандираме кога официјално ни го спопикаа!!!!
БРУКА бре..не може никој да ни помогне, каква заштита на потрошувачи, какви бакрачи!!!!
И никој не е крив, ни времето, ни саемот за храна, ни одговорните на саем,никој...криви се АВАЛОНЦИ, ич не им чуе, знаат македонче ке си ќути, они ке не заебаваат како стигнат, и тоа ти е тоа. Не треба да ми вратат пола пари, ке го памтам концертов уште долго....по прљавите фармерки, по патиките од кои излагаа меурчиња полни со кал кога си одев накај дома, по паузата од еден саат и кусур меѓу двете групи кои настапија, и по тоа што за Тивери дојдов, а нив не ги видов!!!:-О
Тоа ви е исто како да идете по цигари а да ви дадат чоладо....зошто толку може продавачот...не дека е до него..врнело надвор!!!!

Акција - од ГраСакоТ на 1 јуни, 2005 - 09:33

Епа вака пошто јас не можам (иам многу работа ќе ме убијат)дали некој би напишал протестно писмо до Авалон и да го постира на багра.

И сите накурчени фаци од работата и делото на Авалон нека го препраќаат од сопствена адреса до контактите на нивниот веб, ова е еден начин како би им се кажало дека ни е преку глава од лажги со опашки.

сликата на ufo
Онлајн петиција - од ufo на 1 јуни, 2005 - 10:19

Имаш и онлајн петиции на: http://www.petitiononline.com/petition.html

Ако мислиш дека ќе напраи разлика, склопи ја петицијата и стај ја врската тука.

така е - од XaLLeX на 1 јуни, 2005 - 14:47

Убаво објасни METhAMORPH !!!

сликата на judge
Шишај! - од judge на 1 јуни, 2005 - 18:34

Вие бе, срцки, погледнавте во небо? Што таков баравте да идете на тоа-што-сте-биле ако требало да врне?
Да живее волно-влачарската индустрија на Македонија! И следниот пат пак да одите, треба од нешто да се прават капути.

Ех, да сте толку ангажирани за се’ во вашата околина, кај ќе ни беше крајот. А сега, плачипичковски „ќе пријавуваме!“, „петиции ќе потпишуваме!“, шмрк, шмрк...

Точно така! - од MassiveUtopia на 1 јуни, 2005 - 20:48

Речиси цел град отиде на Саем, иако врнеше најмалку 5 часа пред концертот, гледаа, се журкаа, ги раздени, па дури тогаш сконтаа дека Авалон им е крив.

Извинете непровинцијалци, али за мене сте лузери.

Да не искисневте, туку да си седевте дома, па да ве разберам да се жалите. Но, самите си избравте да одите, така што, барем во меѓусебните муабети, скокнете го делот каде кажувате дека сте се изнаиграле, па од тоа имавте кал до колена. И не кажувајте дека настапиле тие што настапиле, затоа што, апла се гледа, дека за вас важи:
,,ОСТАЈ МЕ ДА ПАТАМ, УБАВО МИ Е,,

Пријатно срцки, и не доагајте веќе на концертите организирани од кого било во државава, пошто глеам дека подалеку од маалскиот менталитет за вас нема. А на концерти, дури и на Цеца, одат луѓе кои сакаат да уживаат, а не да кукаат.

Гит

сликата на StobiFlips
Ах...маки. - од StobiFlips на 1 јуни, 2005 - 21:48

"3 бизнис правила на АВАЛОН:
1.Ние секогаш сме во право, другите ништо не знаат.
2.Незадоволната публика да се укине со закон.
3.За лошата организација, виновни не сме(најверојатно е публиката).

Виновни се сите шо дошле. Знаеја дека ќе заебеме и овој пат, ама ете, дојдоа. Виновни се шо се обидоа да се забавуваат, заради тоа и дојдоа, се обидоа барем малку да не мислат колку пари дадоа, а добија дожд во колена."

Е, да бе. Виновни се незадоволните. Секогаш така. Демек, имавме катастрофа од Skopje sounds good, ама барем светски хит групи донесовме. То шо тие ќе помислат пред уште еднаш да помислат на Македонија, не е важно. Хух.

Па, вие, па какви сте, па, само се буните....
Јас предлагам АВАЛОН да организира бесплатен фестивал во Маврово, 10 дена со платено сместување за сите посетители, со атракивни гости, колку за да се обидат да се искупат, а?
Добро, и јас преерав, ама не е лошо да се нафрли некоја идеја, нели?
Хахахха.
Ајт...

Камо радост? - од MassiveUtopia на 1 јуни, 2005 - 22:29

Глеам стручно мислење за Авалон, кое не можам да го коментирам, затоа што не ги знам.
Забелешките во моите коментари се однесуваат на принципи, а не на банални дребулии, со кои, очигледно дека мнозинството во земјава, сака да се замара, пропуштајќи ги убавините за радост.
Очигледно дека се работи за ментална нехигиена, во која апсолутно несакам да учествувам.
Секогаш и за се можат да се најдат 10 причини зошто нешто не чини и зошто не е завршено.
Ретко се гледа една добра причина за која вреди да се оди напред.
Тоа е изгледа златното правило на мнозинството.
И затоа, кукајте, иако знам дека супер сте поминале.
Не видов ниеден конструктивен предлог или мислење како работата може да биде подобрена. Не за Авалон. За оние кои допрва треба да ги убедиме дека треба да направат концерт во Македонија.

Ако Авалон не ги бива, не гледам причина зошто би имале некои подобри и би се појавиле некои други, за ваква публика, на која секогаш нешто и фали.
Нејсе.
Ме совладува умор од безсмислености и тапкање во место.
Затоа сте лузери. Плативте и ја искористивте картата.
Бидете така, а што се однесува до мене, супер си поминав, иако бев во кал и наврната. Отидов за убаво да си поминам и ништо не дозволив да ми го помати расположението.
Запрашајте се зошто вие отидовте на Саем.
И драго ми е што не ве познавам.

сликата на Trisha
Ма дај.. - од Trisha на 1 јуни, 2005 - 22:21

Прво цел град купи карта и опна 1000 денари уште многу денови пред концертот, па не верувам дека се работеше за моментална мазохистичка одлука од типот „врне ама ја ќе идам да киснам“. Второ можев да приметам дека 90% од рајата имаше чадори, шушкавци и беше спремна за феноменот дожд. Никој не се побуни затоа што наврнал, ама сите се побунија затоа што не го добија она за што платиле...Х-пресс 2 и Thievery Corporation...
Лично не се бунам ниту затоа што врнело, ниту затоа што кондурите и фармерките ќе треба да ги фрлам во ѓубре туку затоа што бев изиграна..или барем се осеќам така.
И последно, колку што се секавам се скандираше АВАЛОН ПЕДЕРИ уште пред да настапат Faithless, не откако “гледаа, се журкаа, ги раздени, па дури тогаш сконтаа дека Авалон им е крив“

сликата на judge
Оштетени - од judge на 1 јуни, 2005 - 22:46

Хехе, еве уште една од оштетените.
Океј, без турканица, само застанете во редот зад земјоделците кои ги погоди градот, земјоделците кои ги погодија поплавите, „лавовите“ кои ги отпуштија, резервистите кои сакаат да ги примат, рударите кои не јаделе ништо од пред две години, педофилите кои се намножија вон сите пропорции, оние на кои им изгоре зградата ...

Си ја промашил - од Proleter на 1 јуни, 2005 - 22:56

Не овде. Не во овој текст брат. Имаш емисија на Скај Нет. Јанко ќе те удостои како треба. Тука насловот „Акција против Авалон“

сликата на aceva
O: Оштетени - од aceva на 1 јуни, 2005 - 23:02
judge напиша:

Хехе, еве уште една од оштетените.
Океј, без турканица, само застанете во редот зад земјоделците кои ги погоди градот, земјоделците кои ги погодија поплавите, „лавовите“ кои ги отпуштија, резервистите кои сакаат да ги примат, рударите кои не јаделе ништо од пред две години, педофилите кои се намножија вон сите пропорции, оние на кои им изгоре зградата ...

Мање јадење бурек за земјоделците, осетлива сум.
И јасно ти се кажува дека народов не се буни што покиснал, туку што не добил тоа што се ветило и тоа за што се платило. Не ти ја разбирам алузијава.

сликата на judge
Алузија - од judge на 4 јуни, 2005 - 08:48

Што ми е алузијава?
Па секој нешто некаде бара. Му следувало, вели. Све некои обесправени душички нешто се бунат.

Ако не ти се допаѓа, или ако имаш сомнеж дека нешто нема да биде - лупни по маса, отерај све у пизду материну, и не купувај карти од некои преваранти - слушај CD-a, гледај MTV, хмкај си музика. За да не се жалиш после.

Извини што те иритирам, ама и тоа земјоделците - тројца да составиш, сите ќе се жалат на различни работи: на едниот му било суша, на другиот поплава, на третиот му дувало ветер, и тоа истовремено.
И зошто тие би добивале помош од нас? Кој *мене* ми дава помош ако не ми успее бизнисот? И јас сакам помош. И тоа знам нешто повеќе од копање и орање. Кај да штрајкувам, пред собрание? Ќе ме искршат од ќутек тоа полицајците, за две минути.
Сите би сакале на државна цицка, ако може, но не заборавај дека тоа се твои и мои пари, меѓу другите (ако плаќаш данок, јас плаќам).

ПС. Еве, баш си го слушам Falco на телевизија. Rock me, Amadeus.

O: Точно така! - од METhAMORPH на 1 јуни, 2005 - 23:47

MassiveUtopia напиша:

Речиси цел град отиде на Саем, иако врнеше најмалку 5 часа пред концертот, гледаа, се журкаа, ги раздени, па дури тогаш сконтаа дека Авалон им е крив.
Извинете непровинцијалци, али за мене сте лузери.
Да не искисневте, туку да си седевте дома, па да ве разберам да се жалите.

Каде ти виде дека некој се буни што накиснал? Дождот мене не ми беше проблем.
Јас платив 900 денари за да гледам концерт. Тоа за што јас платив го немаше. Кретените од Авалон не поставиле сцена која ќе биде заштитена од дожд и заради тоа се намокри опремата.
Дали ти мислиш дека секаде во светот е нормално да нема концерт затоа што заврнало? Дали сите прават сцени кои ќе се поплават кога ќе заврне?

Што тука не ти е јасно на тебе?
Си се журкала... на што тоа? саат и пол ВООПШТО НЕМАШЕ НИКАКВА МУЗИКА. После пуштаа Craig David и слични бљувотини.
Кога почнаа да свират Faithless свиреа на мизерија од озвучување.

Каде беа Thievery Corporation? Јас најмногу дојдов заради нив, а заради морлоците од Авалон кој не знаат да постават сцена за дожд, иако со недели времето е врнежливо, опремата на Thievery се намокри и заради тоа не можеа да настапат.

И сега се криви луѓето што дале по 900 или 1000 денари заради тоа што дилетантите од Авалон мислеле дека можат да ја завршат работата.

Ти до одиш и да купиш мобилен телефон од град и кога ќе се вратиш дома да видиш дека не работи ќе си речеш дека тоа е ОК и дека самата си крива што си поверувала дека е исправен или ќе одиш да го вратиш?

!!! - од XaLLeX на 2 јуни, 2005 - 00:53

"MassiveUtopia" Мора да си некој дебил од авалон! [три прста]

Акција Против авалон - од Milojko на 2 јуни, 2005 - 15:16

И што се расправате за џабе, ја лани на Фејтлес бев и повеќе не се заебуем на концерт што авалонци го организираат да идам. Па нека го органицираат и U2 ако треба НЕ ИДАМ.

Акција Против авалон :)))) - од CMPTTA на 6 јуни, 2005 - 16:22

I da znaesh deka ke organiziraat,i ke idesh,i ti i pola mkd!!!
Arno si pravat oni,dodeka ima OVCI,ke si strizat!

сликата на sheelanagig
едноставно не - од sheelanagig на 3 јуни, 2005 - 02:15

едноставно не купувајте карта на нареден концерт од авалон..

баш размислував, да беше овој настан у белград на пример, у склоп на некаков фестивал, ке се организирав и ке идев, за гас гас и тивери пред се...ама вака некако коа глеам авалон, и коа гледам ФЕЈТЛЕС одма ме одби тоа...се разбира и цената на картата...па не отидов...

криво ми е за сите шо повеќе очекуваа и отидоа со надеж да гледаат некаков фестивал...

памет за друг пат!!! најдобра акција е на следниот настан никој да не се појави.

Ќе враќаат пари - од METhAMORPH на 3 јуни, 2005 - 08:35

Од понеделник до петок, секој ден од 9 до 3 во просториите на Авалон карши Скопјанка ќе враќаат по 250 денари за сите што ќе донесат карта.

сликата на BugS
Поточно на сите - од BugS на 3 јуни, 2005 - 10:58

Поточно на сите на кои не им се распаднала картата до сега.
[глава у ѕид]

Сори.

сликата на anastas87
кој понеделник :) - од anastas87 на 3 јуни, 2005 - 18:54

а?!

овој понеделник :) - од METhAMORPH на 3 јуни, 2005 - 20:08

06.06

Денес? - од bluessence на 6 јуни, 2005 - 08:43

Што, ова само денес?

до петок - од METhAMORPH на 6 јуни, 2005 - 10:46

Од денес до петок.