8 јануари, 2009 - 17:15
[веб кирилица]

е муле факд ап?!

од anastas87 на 1 јун 2005 - 20:58

абе мене ми е фрка или стварно е заебано нешто?! пробав да симнам нова верзија, вика со плаќање..

и набацете некој друг п2п програм, пошто и винМХ ми е заебан исто..

фала и пријатно

Опции за гледање на коментари


е муле факд ап? - од valsorim75 на 1 јуни, 2005 - 21:32

Сигурно си го утнал сајтот.
http://www.emule-project.net е правиот open-source сајт.
Не е ни чудно пошто има еден куп преваранти што сакаат да ќарат со фалш сајтови со слично име.

O: е муле факд ап? - од mites на 3 јуни, 2005 - 17:00

valsorim75 напиша:

Сигурно си го утнал сајтот.
http://www.emule-project.net е правиот open-source сајт.
Не е ни чудно пошто има еден куп преваранти што сакаат да ќарат со фалш сајтови со слично име.

abe coek se e ok so emule ama neso ne gi snima toa fajlovite

сликата на НиколаП
мулето - од НиколаП на 3 јуни, 2005 - 17:10

Шефе, види фајрволот дали ти пречи...
Отвори ги портите 4662 ТЦП и 4672 УДП.
Без порти нема даунлоуд.
Иначе, што конекција имаш?
Ако имаш дајл-ап ми текнува зошто чекаш...
На мјул мора нон-стоп да си вклучен па да почне да ти симиња.
Има ред за чекање за секој фајл и не симнува одма.
Мјулот и целати и-донки мрежа е оптимизирана за големи фајлови... Значи од 100-200 мега нагоре.
Препорачувам кабловски или лан. Ако имаш адсл, треба да си нонстоп приклучен.
Јас имам кабловски и компјутерот не го гасам со недели.
Ако не ти се свиѓа ова симни си ДЦ++

Ако е од некаква помош да спомнам дека e-mule-от си работи најнормално кај мене, чак што више симнав купишта ретки работи досега.
Исклучок беше единствено вчера вечер, но тоа општо интернетот нешто зезаше, што се вика ни Гугл нејќеше да се отвори ама денес е ОК.

да додадам,иако веќе сум зборел за ова ваљда е корисно:

1. e-mule и неговите деривати знаеме се секогаш бесплатни (тоа со плаќањето нешто не е во ред, ваљда погрешен сајт или сл.?)

2. Подесувањето пред употреба,како што рече некој претходно е од витално значење!
Подесување на портови,брзина на симнување,аплоадирање соодветно на неговата/нејзината брзина на конекција итн..
Со правилното подесување корисникот добива HIGH ID со што врските спрема и од неговиот компјутер се отворени, можат сите да го „видат“ во мрежата, да земаат од него, да му даваат итн.

3. Системот се базира на sharing (споделување) и кредит-систем.
Треба да дадеш за да земеш. Колку повеќе земаат од тебе толку повеќе ти расте кредитот и при следните даунлоади ќе котираш повисоко во листата на чекање.(за било кој даунлоад се чека во ред-queue)
Наполни го shared folder-со фајлови,дали музика,видеа и сл. за луѓе да зимаат. Што повеќе земаат=ти расте кредитот. Затоа некои ставаат побарани,попопуларни фајлови (попознати песни,филмови и сл.)
Кај мене е малку поинаку, пошто сакам да помогнам во раширување на поретки фалјови во мрежата па шерувам и понекои забутани музики и филмови да му се најдат некому.(не идиотски филмови со Бред Пит,Матрикс и слични глупости сакам да кажам) Сеа точно дека со тоа си правам проблем,ама нема везе.
Се препорачува „споделување“ на што поголеми фајлови, например филмови или зипувана/рарувана музика (цели албуми или цели дискографии) затоа што мали фајлови (мр3 од 2мега) не носат многу „бодови“ а и од други технички причини.

4. Што спомна некој оставањето на компјутерот вклучен што подолго. Тоа е од витално значење исто!
Ќе станам сабајле, прво вклучување е-муле и го оставам така цел ден. А тој си лапа ли си лапа и така.

5. Симнување на поретки фајлови влијае на брзината. Поспоро е затоа што има помалку „извори“.

6. При барање на одередени фајлови боље да си закачен на некој од серверите каде што е поголема гужва. Повеќе луѓе-повеќе понуда.

итн..

сликата на НиколаП
мулето - од НиколаП на 4 јуни, 2005 - 05:05

Тој некој сум јас шефе, еден пост погоре. Се навредив [се смее]
Не ми го прочита ни името [се смее]
Него сакав да кажам дека срчот по сервери не се исплаќа. Најди си сајтови со ed2k линкови. Тоа ти се проверени линкови и нема да даунлодираш фејк фајлови.
http://www.sevensreactor.tk ти е за игри и филмови. Турски сајт, ама има сешто. Игрите и филмовите секако се на англиски.
http://www.the-realworld.de/ ти е за серии. Се и сешто.
На серверите ги нема фајловите. Тоа се само линкови. Ама затоа емулето ти врши работа [се смее]
И-донки мрежата е царска за ретки фајлови. Ама за нив си треба време
Поздрав
Никола

Цитат:Тој некој - од VBB на 4 јуни, 2005 - 06:46

Цитат:

Тој некој сум јас шефе, еден пост погоре. Се навредив
Не ми го прочита ни името

ОК,се извинувам, од брзање беше.

сликата на KenobiBen
Незнам, - од KenobiBen на 4 јуни, 2005 - 14:45

Незнам, емулето, каззаата ја пробав пред некој ден, и се разочарав. Без разлика дали има или нема премногу фајлови, програмиве се тапа. Пред се ти бутаат спајвери на секој сат,а и даунлоадот не им е нешто за фалење. Пред некој ден пробав и го симнав limeware p2p програмче. Фино е , нема спајвери и едноставно добро доунлоадува.. толку