8 јануари, 2009 - 13:27
[веб кирилица]

Чуварите на македонскиот Интернет повторно во акција

од miopa на 14 јун 2002 - 03:00

Дојде време да и го зададеме конечниот удар на една од најстарите болести на македонскиот интернет, YUSCII кирилицата. Баграта им нуди на сите фирми и поединци бесплатна конверзија на ваквите сајтови во стандардна кирилична поддршка.



И покрај очигледните естетски и не толку очигледните, но пострашни, концептуални недостатоци, огромен број на македонски фирми и организации сеуште користат YUSCII кирилица за своите страници. Ова важи дури и за фирми што се занимаваат со ИТ и некои државни институции (погледни Багра сторија).

Дополнителен поттик за искоренување на YUSCII ќе биде и Багра пребарувачот кој најверојатно нема да индексира вакви страни, но за ова повеќе информации за некој месец. Засега сите заинтересирани треба да испратат e-mail на адресa кирилица@багра.нет.мк (адресата се пишува на латиница! :) и Баграта бесплатно ќе им ги конвертира страниците во Windows или ISO кирилична поддршка, во зависност од афинитетите. (Она 'бесплатно' не важи за динамички сајтови)

Опции за гледање на коментари


Одговор: Чуварите на македонскиот - од ВладимирМ на 14 јуни, 2002 - 09:00

Комунистичка Партија на Македонија?

Партијата на Тодор Пеливанов?

Ако е таа, ја поздравувам целава работа и овој срдечен гест со спонзорството.[се смее])))

Одговор: Чуварите на македонскиот - од METhAMORPH на 14 јуни, 2002 - 10:01

Леееле... :о)))

Одговор: Чуварите на македонскиот - од SiS на 14 јуни, 2002 - 13:59

вахахахахахаха... [се смее])))))))))

Одговор: Чуварите на македонскиот - од ToMcE_ на 14 јуни, 2002 - 15:29

xixixixixiixxi:))))

сликата на гоце
Одговор: Чуварите на македонскиот - од гоце на 14 јуни, 2002 - 16:22

Доста се смеете бе! [се смее]

Понудата важи, не е заебанција.

сликата на Chombe
Одговор: Чуварите на македонскиот - од Chombe на 14 јуни, 2002 - 17:10

Драги приатели,

мија сне от диаспората и редовно са инфомрираме от вашијо како и от друзите сајтои. Биве замолиле даго опрајте www.mia.com.mk.

Сполај ви,

Чомбе

P.S Прати ми snail mail у PVT, да ти пратам „книгите“ [намигнува]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од vande на 14 јуни, 2002 - 19:53

Еве исто страна за оправување:

www.twins.pmf.ukim.edu.mk

Може Челик за оцена да ја поправа [намигнува]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од Челик на 14 јуни, 2002 - 22:50

Да, само што е без www [се смее]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од vande на 14 јуни, 2002 - 23:39

Упс! Имаш право тука.

Ама од толку студенти таму дај побунете се да бидат страните поуниверзални.

Жалосно онака институт за информатика и ти вика најдобро со гледа со Win95/NT.

Одговор: Чуварите на македонскиот - од Челик на 15 јуни, 2002 - 13:54

Абе тоа е од немарливост, да не кажам на која личност сеа...

сликата на Алек
Одговор: Чуварите на македонскиот - од Алек на 14 јуни, 2002 - 20:56

Ми се допаѓа кампањава и и пожеливам успех, а нас не не интересираат буквите и и е со акцентна цртичка. Се е во ред!

Поздрав до КП и ВладимирМ и до целава багра.

Одговор: Чуварите на македонскиот - од tipka на 16 јуни, 2002 - 13:53

браво багра ! [се смее]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од olivermk на 14 јуни, 2002 - 23:46

абе понудава е добра ама ќе имате многу работа

сликата на miopa
Одговор: Чуварите на македонскиот - од miopa на 15 јуни, 2002 - 18:32

Логично изгледа ова што го викаш, ама досега никој се нема пријавено [се смее]

сликата на Новица
Одговор: Чуварите на македонскиот - од Новица на 15 јуни, 2002 - 19:30

Можеби треба да се рашири веста. []-)

сликата на miopa
Одговор: Чуварите на македонскиот - од miopa на 16 јуни, 2002 - 08:40

Ако знаете некој со ваков сајт, искористете ја опцијата 'Прати ја веста на пријател'..

Ама не верувам дека не виделе, се срамат најверојатно [се смее]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од Mucko на 15 јуни, 2002 - 02:20

Јас не сметам дека YUSCII сајтовите се некаква напаст; а додека во UNICODE не влезат сите букви што ни требаат (самогласките со акцент: и, е, па и другите самогласки; некои старословенски букви) и додека не се направат kerning фонтови за ќирилица, јас (во помала мера) пак ќе си употребувам YUSCII.

А да не споменувам една важна причина во корист на YUSCII: замислете browser без кирилична поддршка (дали постар за Windows или за некоја друга платформа); на него UNICODE кирилицата НЕ би се читала, а YUSCII – да!!!

Одговор: Чуварите на македонскиот - од bluessence на 16 јуни, 2002 - 11:46

- веќе ги имаме сите букви што ни требаат;

- самогласки со акцент нема во македонскиот јазик - таа цртичката се вика надреден знак и аман веќе, се става само над е и и, и пак ја нема во yuscii;

- а што ќе ти се старословенски букви?

Одговор: Чуварите на македонскиот - од tipka на 16 јуни, 2002 - 13:50

ма немој!

а како ќе напишеш на пример:

тој има брз од

сликата на гоце
Одговор: Чуварите на македонскиот - од гоце на 16 јуни, 2002 - 15:41

Тој има брз óд, ѓоа газела ко да гледам [намигнува]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од tipka на 16 јуни, 2002 - 15:55

[се смее] како напиша?

од овде се гледа дефектно малце [се смее]

-има брз од,- се многу малечки буквите, (другите се нормални/исти со цела страна) ова вака секогаш се гледа таму каде што пишувате акценти тој дел од реченицата се со помали букви, не знам дали и кај вас така се гледа?

Одговор: Чуварите на македонскиот - од bluessence на 16 јуни, 2002 - 16:04

ајде веќе кога тргнавте [се смее]

правилното е: тој има брз ôд

- тоа другото знакче оди само над и и е, и всушност во македонски е обратно, на лево нагоре

Одговор: Чуварите на македонскиот - од tipka на 16 јуни, 2002 - 17:05

точно така, обратен акцент, но се гледа некое руско знакче во твојов коментар напишано (над „о“) а не акцент/цртка, не знам каде е грешката ...

[се смее]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од bluessence на 16 јуни, 2002 - 20:10

[се смее]

всушност, тоа би требало да биде акцент-капче (циркумфлекс), како во францускиот, затоа што го имам среќавано и така, баш во таков пример со од, но нема врска ионака, затоа што во меѓувреме проверив за посигурно во правописи и чуда, и нема никаков знак над о. Така што, си останува: тој има брз од.

Одговор: Чуварите на македонскиот - од vande на 16 јуни, 2002 - 22:37

Еј честито како го погоди знакчето. Ако можеш те молам објасни ми.

Ама зошто сега да го нема капчето, не сум филолог или слично, но мислам дека е таму.

Што се однесува и за другите, може да се направи AltGr+е = е, AltGr+и = и и AltGr+o = ^o, а обичните акценти и онака не требаат толку често.

сликата на гоце
Одговор: Чуварите на македонскиот - од гоце на 16 јуни, 2002 - 21:29

òд

Вакво 'o' требаше? [се смее]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од tipka на 17 јуни, 2002 - 07:12

да гоце такво 'o' ,

само пак помали се буквите [се смее]

и

bluessence има акцент на од !

Одговор: Чуварите на македонскиот - од bluessence на 17 јуни, 2002 - 09:01

[се смее]

всушност, сите три, и ова, и тоа претходно, и тоа со капче, па и оние две точки - ушиња како во германски се акценти (терминолошки), само што ние не ги ставаме така. Ова што го имаш сега над о, оди само над и и е, и се вика надреден знак; другото, што оди на десно горе, се вика и кај нас акцент, ама не се пишува никаде освен во учебници по граматика за да обележи како се нагласува зборот. А за третото, тоа јас што го ставив, нема потреба да се става никаде.

Одговор: Чуварите на македонскиот - од tipka на 17 јуни, 2002 - 09:15

нас не интересира македонски јазик, во кој граматички не се употребуваат капчиња и точки, туку само акцент и обратен акцент,

така да нема потреба да комплицираш со француски, германски и сл.

Над „о“ по правило мора да има ацкент, не капче, такво нешто во македонски нема, има во руска, бугарска кирилица, на пример, но не во нашата.

сликата на Новица
Одговор: Чуварите на македонскиот - од Новица на 17 јуни, 2002 - 11:58

Абе јас до сега нигде не сум видел такво 'о'. Ако некој видел во некоја лектурирана книга нека цитира. Не знам, земете некоја од Славко Јаневски и барајте такво 'о', и ако го најдете кажете.

Одговор: Чуварите на македонскиот - од jaxon на 17 јуни, 2002 - 17:47

јас ни една буква не видов намалена, со други зборови се (не знам како да го акцентирам "е"-то) беше во ред. "о" со капче не се сеќавам дека сум сретнал во македонскиот јазик али пошто гледам се усра некој од бугаризација, сум го среќавал многу ретко ама не во бугарска туку во српска литература (код како code има капче наспроти код како кај). мислам дека не е строго задолжително да се користи капчето (освен ако си лисицата од вицот со зајакот и мечката) али фино е да се знае плус еден аргумент повеќе за моќноста на македонската кирилична поддршка визави јуски.

Одговор: Чуварите на македонскиот - од bluessence на 17 јуни, 2002 - 20:36

ок, ако не интересира македонски, токму тоа го кажувам цело време - знакчето што оди на лево нагоре се вика надреден знак и се става над е и и, а другото знакче што оди на десно нагоре во македонскиот обележува акцент во однос на тоа како треба да се чита зборот според третосложното акцентирање, така што не се пишува во нормален текст. А капчето го имам среќавано (не се работи за бугарски или руски, го има и кај нас, но се покажало како непрактично и непотребно - сепак, да не ги силуваме работите), но, како што реков, проверив и не треба да се става никаде, дури ни над о.

Одговор: Чуварите на македонскиот - од pacient01 на 16 јуни, 2002 - 11:59

najverojatno poso e star [се смее]

Одговор: Чуварите на македонскиот - од pacient01 на 16 јуни, 2002 - 12:01

I aj ve molam nekoj neka mi kaze kako i ja da pisuem kirilicno... pleace...