Ми се доближуваш, накострешен
и си ги остриш канџите
за да го зграбиш пленот
сам што влегол во стапица
и заробен – те чека.
Јас, во постела бела
помека од коприна и чоја
немирно се превртувам
божем ќе го избегнам
она неизбежното.
Доаѓаш, како чудовиште
излезено од хорор филмови.
Илјадници очи сакаат да замижат!
Го зариваш твојот сврдел
во моето нежно ткиво...
Болката е неиздржлива!
Тебе,
што крвта ми ја локаш
и сржта ми ја смукаш,
пајаку – бездушнику,
тебе ни Господ не ќе може
да ти прости!
Колку сум беспомошна...
Јас сум само една бедна мува
заплеткана во твојата пајажина.
(оригиналот е од април 1998; посветен на
колешката Весна која деновиве се омажи)
Последни коментари