8 јануари, 2009 - 18:17
[веб кирилица]

Harry'n'Jane во Струга - петок - 22 јули

од Chima на 18 јул 2005 - 12:56

Во петок сите кои сте расположени за журка а се наоѓате во близина (Струга - Охрид) ве очекувам во клубот Оаза во Струга каде ќе настапат нашите добро познати пријатели од Лондон - Harry'n'Jane , влезот ќе биде само 100 ден. и ви гарантирам супер журка , плус како што знаете во Охрид нема никакви журки па еве прилика да видите што се дешава во Струга.

Ве очекувам тука......се гледаме во петок !

Опции за гледање на коментари


сликата на miopa
Јас обавезно - од miopa на 18 јули, 2005 - 17:02

Јас обавезно идам [се смее]
Пуштаа музика во Гостивар во саботата, многу беа добри.
Ти ќе бидеш резидент? [намигнува]

сликата на Chima
O: Јас обавезно - од Chima на 18 јули, 2005 - 19:46

miopa напиша:

Јас обавезно идам [се смее]
Пуштаа музика во Гостивар во саботата, многу беа добри.
Ти ќе бидеш резидент? [намигнува]

Не , тие ќе пуштаат само , можда и Мирко , уште не се знае.....ве чекам [се смее]

сликата на StormAngel
O: Јас обавезно - од StormAngel на 18 јули, 2005 - 20:13

miopa напиша:

Јас обавезно идам [се смее]
Пуштаа музика во Гостивар во саботата, многу беа добри.
Ти ќе бидеш резидент? [намигнува]

Чекај чекај?
Ти беше таму?
Со кого, со ПМГ и женските или?
Инаку, да...супер беа.

сликата на Chima
O: Јас обавезно - од Chima на 19 јули, 2005 - 03:00

StormAngel напиша:
miopa напиша:

Јас обавезно идам [се смее]
Пуштаа музика во Гостивар во саботата, многу беа добри.
Ти ќе бидеш резидент? [намигнува]

Чекај чекај?
Ти беше таму?
Со кого, со ПМГ и женските или?
Инаку, да...супер беа.

Не бев таму , жал ми е ама не можев , имав нешто работа.....

Ај помини ти до Струга во петок [се смее]

сликата на miopa
O: Јас обавезно - од miopa на 19 јули, 2005 - 12:06

Chima напиша:

Не бев таму

Не ти збори тебе бе, пак си подесил рамно да ти се прикажуваат коментарите [се смее]

StormAngel напиша:

Ти беше таму?
Со кого, со ПМГ и женските или?

Со женските само [се смее]

Ич не ми текна дека може да си таму, ќе му кажев на Буми да не упознае.

Chima напиша:

Ај помини ти до Струга во петок

Како Струга нема друга, а и шо ќе ти е [намигнува]

сликата на sheelanagig
Се - од sheelanagig на 19 јули, 2005 - 13:43

Се изнашетавте...

кои се Harry'n'Jane?

сликата на StormAngel
шиланагиг, нема - од StormAngel на 19 јули, 2005 - 18:49

шиланагиг, нема баш многу инфо за нив.
Некаде 40.000 се на дј листата. По тоа како ја пушеа цигарата заедно ваљда беа дечко/девојка или маж и жена, год ноус!
Како и да, океј беа, особено на олд тајм миксовите...

миопа, памтам дека малце беа однадвор луѓе.
Имаше едно две женски, едната во зелено облечена и една друга у кратки пантолони и црвена маица, со еден плав дечко со неа. Да не беше у таа дружина?
Сигурно сум те видел, башка и имам фотографска меморија.

Ја инаку бев до големите звучници, со црна блуза, играјќи ко будала.
Ај нареден пут ваљда ќе се запознаеме. =))

сликата на miopa
O: шиланагиг, нема - од miopa на 20 јули, 2005 - 08:49

StormAngel напиша:

Имаше едно две женски, едната во зелено облечена и една друга у кратки пантолони и црвена маица, со еден плав дечко со неа. Да не беше у таа дружина?

Не се сеќавам ни самиот како бев облечен, за тие околу мене да не зборувам [се смее].

Harry'n'Jane (Џони и Холи) пред некои 5-6 години беа меѓу најпопуларните лондонски (а и скопски [намигнува]) DJ-и, тогаш претежно тек-хаус ориентирани. Едно лето дојдоа овде и многу им се засвиѓа и останаа неколку месеци ('00 мислам). Последниве неколку години поради други активности не беа скоро воопшто активни на сцената, но сега се враќаат. Супер се како DJ-и и уште посупер како луѓе. Ги изнафалив, ама ептен ги сакам [се смее].
[DJ] [метал]

сликата на солЗ
супер беше во Гостивар, и сега и пре - од солЗ на 20 јули, 2005 - 14:24

После 10 минути размислување не ми текнуе што имав облечено во ама ми текнува дека озвучувањето беше убаво, супер се слушаше и малце подалеку од подиумот во тоа кружното амфитеатарче. За мене најубавиот дел од журката беше земјениот дел со трева пред диџејот. Незнам дали сте пробале да играте на трева, ама јас кога играм ко пружини да имам на нозете и ме отфрлаат додатни 5 сантиметри во воздух. Само една замерка: фино ви беше паркчето крај Вардар, ама ToiFor му е мајката! [се смее]