Од коментарите на првиот пост. Цените ќе ги кажувам во рупии, бидејќи 1 рупија е 1,2 денари, значи слично. Инаку за плата, жена што ја сече тревата со ножици на кампусот зема 100 рупии дневно, градежен инженер може и само 7-8000 месечно, комјутерџии мислам дека тука почнуваат со 13000 (со тоа што ти гарантираат кога тогаш одење во странство со други дневници) и одат и над наши плати. Значи мнозинството земаат помалку до многу помалку од кај нас, ама имаш и струки како ИТ каде што е подобро. Постојано сретнувам Индијци кои се вратиле од С. Америка и Европа и сега работат за големиве индиски фирми.
- Колку пари е пиво у кафана у наши пари?
Алкохолот е релативно скап, пиво во кафана (стандадрно е 650 мл, а има и мало од 330 што го викаат пинт
) е од 80-90 рупии па до кај 200, зборувам за индиски пива, странските се нешто поскапи. Тука многу маваат индиски „виски“ и обично имаш 3 градации во менито - стандардно, премиум, и супер премиум. Ако сакаш безоловен ќе мора скоч да нарачаш. Додуша ова е Бангалор цени, претпоставувам само Мумбаи (Бомбај) и Делхи се поскапи, други места се поевтини.
На секое пиво имаш предупредување - Алкохолот ги уништува државата, фамилијата и животот. (или обратно беше
)
Инаку за споредба, комбинација на разни јадења по малку со нивно лепче можеш да најдеш и за 30 рупии, зборувам за места каде што не би ти било страв да јадеш.
- А добро ли е пивото?
Како што малку места служат алкохол, секогаш е добро кога го има.
Мене добро ми гасне жед.
- Има ли асални риби и дали се промискуитетни?
Има многу многу фини жени, ама главно не женење, но нид то аплај. Плус, да не претерувам, ама од луѓе што ми направиле сами муабет, однос жени/мажи е едно 1 спрема 20. И тоа викаат Бангалор е еден од најлибералние градови во Индија, можеш да замислиш, може понекогаш да се види како машко и женско се држат за раце!!!
- Се дрогира ли некој или сите се по тантра и кундалини?
Јок бе батка, не се по тантра и кундалини, тука секоја книжарница и тезга со книги на старо е пола полна со американски книги за самопомош и поп психологија.
Инаку не ми е општественото опкружување такво многу многу да ти кажам за дроги. Тука на работа се се примерни деца кои земаат повеќе пари од родителите ама со нив купуваат станови и акции, а не коли и системи.
Последни коментари