8 јануари, 2009 - 17:44
[веб кирилица]

ЈАООО МИЗЕРИЈААААА!!!!

од VBB на 19 авг 2005 - 17:09

Добро бре, добро бре...абе како може не ми е јасно?????
Сте глеале она „Лежалка“ на А1 со оној шупакон?? Онаа летна емисија со пејачи нешто у кајче на Охридско езеро пеат нешо на плејбек??
Добро бе добро бе, кога ќе се сетам таму прва половина на девеести како беше поп музиката овде, прва постава на Куку Леле со оној со џигерици Стив,разни некои пролазни „Коктел Бенд“(???!!!) (спотон со манекенкана како ли се викаше??) или „Ромео бенд“(??!) и сл. МИЗЕРИЈА, да повраќаш пет дена..

но таму негде крај на девеести нели исплива Дарко Димитров, па првпат видовме асални спотови, првпат видовме асална продукција, првпат чувме за стилисти, асални водителки итн..значи стварно незнам абе експанзија беше ви текнува...

И сега..после толку години, пуштам ТВ што да видам...на А1 „лежалка“, некои пејачи и „групи“ ја незнам од каде ги копа, абе онакви ХОТЕЛСКИ
Ја глеам Фани,нели имаше спот нешо она као диџеј на спотот со брејкденсери,пак асално колку за поп музика, а сеа некоја песна и’ напраиле „Ти амо мучачос ти реков ми рече“ мизерија леее онака си викам абе не е могуче??!! Песни ко КОПРОв да им ги правел у пичку материну. Охридски факен трубадури со труби у газ!!! Кларинети у пичка!!!
Мизерија!! глеам Силви бенд, Бен Хур и сл. пак! онака се враќаат,камбек нешо...ова Бранко не’ враќа у 1993 или што е работава?????????????????
лето девеес трета у охрид јаоо, онака ристо бамбата нешо,
абе колку е бедно сте глеале ли?? и она некоја продукција на песнине, некој миди фајл свири у позадина и Ѓоко Ѓорчев тука 89 години начукал у гз уште тука нешто...абе незнам, па онаа па од Велес шо беше на „таленти“ нешо..леле катастрофа

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
Ма закон! Со - од гоце на 20 август, 2005 - 01:44

Ма закон!
Со уживање и подзинат ги проследив сите ѕвезди кои ршум правеа по МС во нивните златни времиња.

Почесто да има вакви ствари!

сликата на Chombe
O: Ма закон! - од Chombe на 20 август, 2005 - 03:05

гоце напиша:

Ма закон!
Со уживање и подзинат ги проследив сите ѕвезди кои ршум правеа по МС во нивните златни времиња.

Почесто да има вакви ствари!

Така е! МС беа нај хард-кор од сите. Студио од 2х3 метра, три сијалици у боја и алуминиумска фолија како декор. Една камера, еден кадар. Гостуваа певаљки од „Деспина“, „Кај мајка ти“ и слични сајбер клабинг места. Нормално, тонот беше mezzanine mix, високи и басови - кој ви ебе матер.

Мада и МТВ знаеше пријатно да изненади. Ја се сеќавам на времето пред едно 7-8 години имаше летна програма од Белви. И Маничот у бело швалерско одело ја пее „Две рози за тебе мадам“, шлагер за сите пари. И фраеров почнува да пее ама се глеа дека е напраен крш. И „ничим изазван“, рипна у тоа фонтаната ли, базенот и пее „Две рози гргрг..лллл...за тебе гргр.ллл“. Камерава одма ја пребација на водителката а оваа сиромашката немаше време да извади цигарата од уста. После треснаа некој неутрален кадар ама се виде у позадина дека Маничот нема шанси да излезе по своја воља од тоа фонтаната ли, базенот... Еее убаини, ooo tempora, ooo mores што би рекол Цицерон.

[се смее]

сликата на Chombe
ЈАООО МИЗЕРИЈААААА!!!! - од Chombe на 20 август, 2005 - 03:32

Цитат:

абе колку е бедно сте глеале ли?? ...леле катастрофа

Еднаш-двапати у месецот идам у една српска кафана у Патерсон на скара. И нон-стоп пуштаат Пинк и онаа емисијата „Звезде Гранда“ или сл. И сите ќутат и гледаат у тоа нозете на Карлеуша, цицките на Индира и интелектот на Беквалац. И сите полугласно коментираат, ааа, е ја да ја ебам оваа, кој ја ебе оваа?, одличните ли?, ружа на курот ќе ми израсне ако и го ставам. Ауф месо, појео би ти говно ко сарму!

СТОП! НЕ, за вакви работи! Сакам Силви бенд, сакам МС и БТР, сакам шкљ продукција и певаљки од 200 денара, да ме насмеат и да ме орасположат после напорниот ден, а не да ми ствараат комплекси она српскине пластики. Башка што од многу гледање Пинк, човек може ко Верушевски Jr. да стане. [намигнува]

Чомбе, БТР го - од Глиша на 20 август, 2005 - 17:23

Чомбе, БТР го има на сателит... да чекам на која фрекфенција? [се смее]

сликата на Chombe
O: Чомбе, БТР го - од Chombe на 20 август, 2005 - 18:35

Глиша напиша:

Чомбе, БТР го има на сателит... да чекам на која фрекфенција? [се смее]

Има еден филм „Циганите летаат у небо“ ама БТР, за жал го нема на сателит.

сликата на Chombe
O: Чомбе, БТР го - од Chombe на 20 август, 2005 - 18:35

Сокерела сателиторо.

сликата на wave
Го има бе - од wave на 21 август, 2005 - 02:44

И то уште пред А1 се појави
Мислам дека и БТР играат на интелсат

Да ево на интел играле http://www.lyngsat-address.com/ab/BTR-Sat.html

сликата на НиколаП
Кајчето - од НиколаП на 22 август, 2005 - 04:38

Гледав малце, пет минути, колку што се позавртев дома.
На таквите таму им е и местото. Предлагам и Идол да се прави на кајче, па оној што испада да му го превртат и шлуп во она водата.
Мене ипак подрага ми е Наташа од нашиве локалки. Малава не е лоша еј... Има квалитети и природна лепота [се смее]
Два спота гледав(ги симнав од нет, не гледам ТВ) и да ви кажам право, арни ми се [се смее]
Плус „Навика“ има ептен кул ритам. Ми се врти мп3то уште. Ред она, ред Оејзис(Импортанс оф биинг ајдл), ред Скизор систерс, ред Џос Стоун, ред Буена Виста, а и Бритни со Токсик се убаци негде... Чудна плејлиста, а?
Воглавном од Македонија ги ценам само оние правите. И онака доста ги има. Никоја поп певаљка или недајбоже певач не ми се залепиле. Нек си пеат во чамчето.
А Дарко Димитров и неговото стадо на крајот на деведесетите ич да не ги спомнувам. Не можеше човек да дише од нив. Требаше да прскаат од поп извоѓачи тие лета. Побројни беа од комарците.
Е фала на светлоста што не гледам ТВ више(осим Дискавери, Емтиви, Нашнл и такви и тоа многу ретко). Какви се глупости има, еееееееј.

Кој како начекал - од vacuum на 22 август, 2005 - 15:06

Силви бенд, Арија, лежалки, Сузиња, Ѕвездени планети, Вучичи, секој што начекал микрофон, македонскиот Том Џонс, пеат ли пеат, and many more, глупости во боја, мадиња во тетрапак.
Дури има овци за стрижење, ќе стрижат.