12 март, 2010 - 01:48
[веб кирилица]

ракија за неуките маси

од toomuchisnotenough на 5 сеп 2005 - 21:11

дали некој има искуство со правење коктели со ракија?

летово ни се насобраа дома неколку шишиња интересен алкохол, па одлучивме со невестата да ги испразниме со нашите пријатели во една пригодна коктел-журка. во таа пригода ќе имам на располагање и едно шише ракија (сеуште не знам кој е волуменот), кое што со несебично залагање и саможртвување ќе ми го донесе една високопочитувана членка на овој форум.

како дел од моите обиди за промовирање на особено вредните аспекти на македонската култура надвор од нејзините тековни граници, подготвен сум да се откажам од дел од ова шише и да го споделам со нашите гости. меѓутоа, поранешните такви обиди ме имаат поучено дека нежниве деца надвор од ридестиот балкан немаат доволно софистицирано непце за да можат да уживаат во игривиот башибозучки напад традиционално приреден од нашата домашна ракија.

затоа, кажујте: што да и стаам за да можат да уживаат во овој нектар и кутрите непосветени северноамериканци?

Опции за гледање на коментари


Нема иљач - од vacuum на 5 септември, 2005 - 21:22

Гревота е ракија во коктел. Или ја пиеш или не.
Ништо, вади мезе и со вода нека поттурнуваат.
Ај наздравје и збогом памети.

сликата на KenobiBen
коксаки - - од KenobiBen на 5 септември, 2005 - 21:28

коксаки - ракија и гуарана иако подобра варијанта ќе ти е она сок од бзз или фанташоката [се смее] или можеш да си најдеш било кое слатко, или пак би ти препорачал вишни - вишновача рулзз [се смее]

сликата на miopa
Измешај - од miopa на 5 септември, 2005 - 22:53

Измешај екстази, ЛСД и хептанон и прочитај им ја статијата "Дрогата за силување" сее страв во Македонија од Дневник.За ракијата, не ја мешај со ништо туку дај им ја на крај, кога ќе бидат веќе премногу пијани за да им смета :) 

сликата на Evil_Genius
Вишњовача дефинитивно - од Evil_Genius на 6 септември, 2005 - 01:53

Вишњовача дефинитивно. Во моето искуство со западњачките нежни стомаци единствено вишњовача проаѓа од сите варијанти на ракија што се праат у нашава земја, се друго им предизвикува бурна реакција во стомаците!

П.С. А каква вишњовача си праам ја е тоа е више уметност. [се смее] [намигнува]

EvilGeniusLand.blogspot.com

сликата на Junglemental
Го чекам - од Junglemental на 6 септември, 2005 - 02:32

Го чекам рецептот на Chombe, он сигурно има некое howto, пред да ти препорачам да ја средите чиста, сепак...ракија е ракија колку и да звучи страшно, некако би се изгубила поентата ако ја замешаш [се смее] И обавезно шопска уз неа. [се смее]

сликата на toomuchisnotenough
чомбе е задужен - од toomuchisnotenough на 6 септември, 2005 - 04:13

чомбе е задужен за бело... сирење де... прошлиот пут ми донесе едно од патерсон, али скроз оригинал, мрсно, овчо, со дупки, мераци... ми идеше и тоа солилото да го испијам.

ја (буквално) со задоволство деновиве ќе ги испробам сите горенаведени препораки со остатокот од ланската ракија, колку за бекап, али сепак ќе инсистирам гостите да го испоштуваат моето културно наследство во неговата изворна форма, придружено со сирење и (грчки) маслинки.

нежните деца нека си пијат кајперињи, мохита и слични неавтохтони пијалоци.

сликата на Chombe
O: чомбе е задужен - од Chombe на 7 септември, 2005 - 03:43

toomuchisnotenough напиша:

чомбе е задужен за бело... сирење де... прошлиот пут ми донесе едно од патерсон, али скроз оригинал, мрсно, овчо, со дупки, мераци... ми идеше и тоа солилото да го испијам.

Ова ми е најкриво за Македонија. Не се најде ниеден јунак да измисли течна шопска.

- И после Словенците ни го дрпнале ајварот и играат боље фудбал од нас. Ќе ни ја дрпнат и течната шопска ако ја измислиме.
- И после ние сме најпаметни у свемир и пошироко (додуше постои и српска школа која што вика дека тие се најпаметни у свемирот).
- И немаме технологија да произведеме едно казанче за у веце или една ебана течна шопска.
- И после ракијата не чинела пошто немала со што да се „сече“
- И после луѓето идат на гликоза затоа што ја „сечат“ ракијата со енерџи... За вас енерџи течна шопска!

А за на крај еден стих од пејачката Мира, село Дубравица кај Пожаревац.

„Од ракије нема боље жене,
по три дана она љуља мене.“

http://arhiva.glas-javnosti.co.yu/arhiva/2002/03/21/srpski/R02032002.shtml

Барам извесно - од anabella на 17 јуни, 2009 - 11:07

Барам извесно време рецепт за вишњовача,не за странци туку за мене....Ако ми го кажеш рецептот многу ќее ти бидам благодарна

Ауу, ау, па ти - од Robomarket на 6 септември, 2005 - 04:08

Ауу, ау, па ти изрази желба дека ти треба ракија. Јас секое лето м'кнам по 2-3 шишиња минимум.

“нежниве деца надвор од ридестиот балкан немаат доволно софистицирано непце за да можат да уживаат во игривиот башибозучки напад традиционално приреден од нашата домашна ракија.“

да не пукнеш =) имам хоум мејд вишновка произведена ова лето. шишето е полно уште 75% па ако има место кај тебе дома зврцни ми [плази јазик]

сликата на toomuchisnotenough
ај контакт инфо - од toomuchisnotenough на 6 септември, 2005 - 04:18

ај контакт инфо у пвт. па ќе се чуеме чет-пет за деталите...

И да не - од Robomarket на 6 септември, 2005 - 04:10

И да не заборавам, купи си едно 5-6 вангли и распореди ги по ќишиња и слични стратешки локации. За атер на теписите.

сликата на dimitar27
Греота за - од dimitar27 на 6 септември, 2005 - 07:42

Греота за ракијата да се меша со ШОКАТА,не заебавај.Туку ти како САГЛАМ домаќин најдоброто остај го за на карј,па дај им ја на крај на педерастичните амери [се смее]
И освен шопска салата,напрај им она со морков рендан со оцет и малкуцка бибер,да ги трезни успут.
И , убав помин ТУМАЧ

Ракијата како религиозен процес! - од fLeX на 6 септември, 2005 - 09:33

Кое мешање то спотерало бре брат! Никако , ГРЕВ е да мешаша ракија и ( Прости му незнае што прави!) со било што друго сем, да и додаепш една чаша ладна вода +шопска+зелка салата или зелена , сосе некое мрсно сренце овчо! И така секој ден, викаат и по 100 години се живеело,АЛ МЕШАЊЕ СО ДРУГИ алко пијачки, НИКАКО, или ( САЧУВАЈ БОЖЕ!) сок..АМИН!

сликата на StobiFlips
Еве нешто од мене... - од StobiFlips на 6 септември, 2005 - 12:28

...еднаш имав особена чест да учествувам во дегустација на запленет коктел од ракија и сок од боровинка. Ефектот... не прашувај. Само ќе се сложам со мнозинството дека ракија не е интердисциплинарна пијачка.
А за мезе, ако веќе станува збор, топло препорачувам

1.сецкано сирење со маслиново масло и буковска пипер(после дај им парчиња леб да си макнат од тоа масленцето)
2.Урнебес=изварка(вам познат како урда)+црвен пипер+сецкана лута пиперка+сецкан лук+масло+сол.
3.Маслинки(супер варијанта,ако е бела ракијата, иако некои кои не пробале нема да се сложат со мене).
4.Кисела зелка(без расолницата, таа за трезнење) со дробено сирење и маслиново масло...
Мхмхмхмхм...Лиги ми протекоа.
Тоа, во зависност шо имаш при рака.
За шопска и останатите доајени на македонското ракиџиство нема потреба да се зборува, т.е. се подразбираат.

сликата на НиколаП
ж`та - од НиколаП на 6 септември, 2005 - 18:53

Е што мераклии имало на форумов.
Лесно ти е тебе братче, јас со овие мои словенски локатори мака мачам.
Нив онаа за дезинфекција и лечење да им ја дам, не ги гори.
Кога ми беа на гости, ги издуваа сите стокови резерви. Без мезе, без ништо.
Додека го исецкав мезето, ја снема флашата.
После и узото отиде...
Не сецкав мезе.
Не е ни чудо што турија закон(во СЛО) да не може поштен човек алкохол да купи после 9 навечер(сите пијанки мора унапред да се планираат).
А ракија овде да се купи има(лозова, тиквеш) али тие повише се по виното(да им ебам киселото) и пивото(лашко не е лошо, ама ми досади).
А коктел да правиш, не се заебавај.
Ракија и вискач никогаш не идат у коктајли.
Не им стојат чадорчиња и шарени бои. Чисто само. Уз мезе.