3 септември, 2010 - 14:53
[веб кирилица]

БУКАРО ГО ИЗБРИШАА

од aleksandra85 на 11 сеп 2005 - 19:29

Оти бре оти,,а сега што сега?????
Кого ке критикуваме,,,
На кого ке истураме негативна енергија
Кој ке не пцуе..
Со кого ќе лечиме фрустрации....
Немојте бре луге тука му е местото на Букаро..За него не е проблем тој си ја има цртичка ама на багра нема да го има така да баграта си губи не сте фер....

Опции за гледање на коментари


c c c од aleksandra85
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕ - од mafijashka на 11 септември, 2005 - 20:37

Ова навистина не ви требаше.Не дека многу ми се допагаше ама не е демократски

сликата на miopa
изгласано беше - од miopa на 11 септември, 2005 - 21:28

Баш е демократски, изгласано беше (со огромно мнозинство). Башка од толку гласови и коментари скоро никој не искоментира дека не треба да се бришат јузери. Демократијата може да биде заебана работа, пазете за што гласате [се смее]

сликата на Aqu@r1uS
! - од Aqu@r1uS на 12 септември, 2005 - 00:02

---------------
скоро никој не искоментира дека не треба да се бришат јузери
---------------
ц ц ц
[се смее]

сликата на FoxyLady
Во име на - од FoxyLady на 12 септември, 2005 - 12:12

Во име на демократијата (која очигледно е темел на сајтов) предлагам да се покрене петиција за враќање на избришаните јузери!

п.с. Ај некој друг нека ја покрене оти мене ми фуфка [се гази од смеење]

сликата на zlochko
.... - од zlochko на 12 септември, 2005 - 18:40

Ваш е сајтот... прајте што сакате.. ама...
ќе добие чоек власт, макар и виртуелна... и веднаш ја преиначува во извршна!
...купче мочковци!

Да дае господ на сите девојките да ви бидат open-source!

сликата на miopa
O: .... - од miopa на 12 септември, 2005 - 19:15

гоце напиша:

Во некој идеален свет сите тролови, сите кои мислат дека квантитетот е квалитет, сите под 18, и сите кои ја имаат својата фотографија како аватар би отишле кај конкуренцијата и би го оформиле отпадот од баграта, субјективно наречено ѓубриште.

сликата на kontraska
Го избришаа - од kontraska на 12 септември, 2005 - 12:36

Мхм го избришаа Букаро , мислам дека и Сањичка ја нема [намигнува]
вауу се мрднаа администраторите why's next Челик or Сторми ...или мејби јас [намигнува]

сликата на dimitar27
O: Го избришаа - од dimitar27 на 12 септември, 2005 - 13:21

kontraska напиша:

Мхм го избришаа Букаро , мислам дека и Сањичка ја нема [намигнува]
вауу се мрднаа администраторите why's next Челик or Сторми ...или мејби јас [намигнува]

Ако продолжиш вака да пишуваш пола македонски пола англиски ко да си од Австралија дојдена вчера...не знам..мејби ТИ...ама стварно мејби [се смее]

сликата на kontraska
O: Го избришаа - од kontraska на 12 септември, 2005 - 14:11

dimitar27 напиша:
kontraska напиша:

Мхм го избришаа Букаро , мислам дека и Сањичка ја нема [намигнува]
вауу се мрднаа администраторите why's next Челик or Сторми ...или мејби јас [намигнува]

Ако продолжиш вака да пишуваш пола македонски пола англиски ко да си од Австралија дојдена вчера...не знам..мејби ТИ...ама стварно мејби [се смее]

Ти Димитар имаш забелешка на моето пишување? [се гази од смеење]

сликата на dimitar27
А ти само за да - од dimitar27 на 12 септември, 2005 - 14:29

А ти само за да го оправдаш никот си во состојба да пишуваш коментари на секој пост?
И да,имам забелешка на твоето пишување.Ми смета што пола од напишаните зборови ти се на некој лош или BROKEN ENGLISH.Ме разбираш се надевам.И знам дека пак ке контираш,ама знај дека тој што на све нешто контрира набрзо станува смешен за околината и истата не го сваќа сериозно, затоа и не е паметно да се биде анти-противен,односно да се контрира само ради контрирање.

сликата на googleot
Жал за царчето - од googleot на 12 септември, 2005 - 13:22

Јави се Букаро !!!
Јави се Букаро !!!
Јави се Букаро !!!
Јави се Букаро !!!
Јави се Букаро !!!
Јави се Букаро !!!
Јави се Букаро !!!

сликата на leki81
Ај бе доста!!! - од leki81 на 12 септември, 2005 - 15:15

Ај бе доста кукате ко баби над мртовец, Јебига ги скинаат Буки и Сањичка то је то. Од мене предлог престанете да постирате, нека замре багра извесно време, и ќе видите тогаш кој ќе биде односот. На крајот на краиштата, ова се вика барали сте, гледајте! [се смее] п.с Буки има цртичка кој сака ќе го чита таму, Сањичка поима немам, ќе се снајде. него и друго нешто ми текна, прееска шеткав по сајтот на Сектор за Европски Интегреации, ставиле форум [се смее] (www.sei.gov.mk) Ја знам за себе дека ќе нападнам таму малце да провоцирам [намигнува]

сликата на Evil_Genius
Тоооо Мајстори!! - од Evil_Genius на 12 септември, 2005 - 15:33

Па редно беше да го снема тоа иритирачко суштество.
Сеа баграва ке ни стане поконструктивна и помалку ебачки настроена.
Супер!

EvilGeniusLand.blogspot.com

сликата на PaLaVi
O: Тоооо Мајстори!! - од PaLaVi на 12 септември, 2005 - 15:47

Evil_Genius напиша:

Па редно беше да го снема тоа иритирачко суштество.
Сеа баграва ке ни стане поконструктивна и помалку ебачки настроена.
Супер!

EvilGeniusLand.blogspot.com

Поконструктивна ќе ја направиш ти така?Или јас?Или уште 10 такви ка нас?И ќе биде политички настроена наместо ебачки,така ќе можеме да ја решиме ситуацијата во нашата држава,не за друго...разбрав дека Бранко и Али Ахмети читале Опасна Багра и сакале да видат што ќе кажеш ти во врска со блокадите.

у курац - од Diddy на 12 септември, 2005 - 18:43

па аман бе луѓе го избришаа и сега шо? Ај ќе плачеме и ќе му дигаме рејтинг како на паднат херој? а ако мислите дека баграта има изгубено нешто ондак веќе не ја посетувајте и готово, не мора да кукате

Го напаѓате и - од Robomarket на 12 септември, 2005 - 23:01

Го напаѓате и мрзите Букаро а не знаете зошто. Се кладам дека сите што сте гласале против него сте мали овчички кои имаат тенденција да одат заедно со стадото. Во последно време да се мрзи Букаро е помодарство, исто како што се и белите панталони, бекам фризури, високи топуци...клонови!

Букаро едно време беше доста негативно настранет и се 'рчкаше со некои шифри а според мене, тоа можам слободно да го занемарам поради енормниот број на стории што стигнаа од него. Не е ни битно на кого му се допаѓаа а на кого не, важно е дека букаро ПИШУВАШЕ за разлика од 90% “Ваграџии“ кои само демнат тука без никаков допринес.

Вратете ги и Букаро и Сањичка. Избришете ги крокодилите што изиграваат капак и пишуваат реплики од по 3 збора.

сликата на Angella
нема потреба од фанго масажи - од Angella на 13 септември, 2005 - 01:35

Нека го вратат... но прашанје е дали сега Букаро ке се врати... не ми се верува....конфучие рекол: племенитиот човек е достоинствен но не е горд. Само простакот е горд, но не е достоинствен. Не верувам дека Букаро нема достоинство или пак ке гази по него. Се има свои граници освен човечката пакост и глупост.

сликата на солЗ
Букаро е славен! - од солЗ на 13 септември, 2005 - 11:50

Го мразат и го сакаат, значи навистина е популарен. Букаро, сакам
посвета на книгата што можеби ќе си ја купам кога ќе ја издадеш! [се смее]

сликата на sheelanagig
На сите форуми - од sheelanagig на 13 септември, 2005 - 13:56

На сите форуми администраторот има право да избрише кој сака, и без глупави гласања, едноставно ако го заситува форумот со глупости...

Според тоа...сосема оправдано.

Интернетот не е место што треба да служи како некакво прибежиште за оние коишто се неприфатени или игнорирани во секојдневниот живот, па да очекуваат тотална слобода на говор. Интернет е извор на информации, и скратен пат до остварување контакти. И одличен начин на тепање време.

“Интернетот не - од Robomarket на 13 септември, 2005 - 21:04

“Интернетот не е место што треба да служи како некакво прибежиште за оние коишто се неприфатени или игнорирани во секојдневниот живот, па да очекуваат тотална слобода на говор.“

Според тебе Букаро е неприфатен или игнориран во неговиот секојдневен живот па дошол на Багра за да си ги лечи комплексите?

Интернетот е свет каде што навистина има место за секого. Луѓето имаат потреба да се искажат или да ги споделат своите креации со други луѓе. Да нема такви луѓе интернетот би бил посиромашен а на многу луѓе би им било многу досадно, зошто нели интернетот е истотака одличен начин на тепање време!

Букаро го избришаа. Јебига. Има он свој блог каде што ги праќа своите стории што значи дека со самото бришење од Багра он не е избришан од целиот интернет. Едно нешто што ме јаде е зошто админите не дадоа добра причина зошто го бришат Букаро или Сањичка.
Ова го сфаќам како ај, на Римјаните им е досадно па ќе погубиме некој роб од чиста мира, без добра причина за да биде поинтересно. Епа еве, ќе биде суперинтересно.

сликата на sheelanagig
Патетика - од sheelanagig на 13 септември, 2005 - 21:43

Патетика

Искрено, не зборев конкретно за Букаро, туку општо за правото да се „бришат корисници“.

Не се вади. - од Robomarket на 13 септември, 2005 - 22:18

Не се вади.

Затоа што не водиме класична конверзација, не знам во каков контекст зборуваш така да човек може да те свати секако. Јас сум строго убеден дека збореше за Букаро. Нели де, он е актуелен деновиве.

сликата на sheelanagig
Не ни гласав за - од sheelanagig на 13 септември, 2005 - 22:23

Не ни гласав за него да се истера ако си толку педантен.

Повеќе ми сметаше оној мултиколорот...

....ама фино и Букаро шо го избришаа...

Треба почесто да се практикува ова...

ц ц ц, Сталин! - од Robomarket на 13 септември, 2005 - 22:58

ц ц ц, Сталин! [се гази од смеење]

“мултиколорот“ [се гази од смеење] :D

Слатко ме насмеа.

Него, помислува некој дека протераните јузери можат да се логираат на Багра како на пример Букаро- или Сањичка_
Па кога ќе ги избришат пак, ако се доста упорни, ќе се регистрираат како Букар0 и СањичкАа...и нонстоп ќе се регенерираат само колку да им идат на живци на админите а овие за да не останат покуси ќе ги морат пак и пак....ју ноу?

сликата на Angella
ха... - од Angella на 14 септември, 2005 - 13:50

сега егото ти е фатирано а? мала одмазда за Букаро што ја обелодени која е Сани? Сани тулумбата....

сликата на sheelanagig
Шо ма? криво ти - од sheelanagig на 14 септември, 2005 - 14:34

Шо ма? криво ти е?

сликата на Angella
O: Шо ма? криво ти - од Angella на 14 септември, 2005 - 16:02

sheelanagig напиша:

Шо ма? криво ти е?

не бе бабу не ми е криво [се смее] само не ми е јасно поради што си вака надркана против Букаро! не ми се верува дека е поради тулумбите, по се изгледа ке биде поради тоа што те игнорираше на интернет на пвт на канал дрога со месеци. Ах тоа пусто ЕГО, его ли е его.. аргатски маки големи.....мочличе [се смее]

И ај нека заврши на ова [се смее] во спротивно имам потешка артилерија за да "пукам по чафките".

пс: плашам деца [се смее] лове у тоо [се смее]

сликата на sheelanagig
Ме игнорира - од sheelanagig на 14 септември, 2005 - 16:39

Ме игнорира Букаро? Ерммм...Баш и немам што да му кажам, мислам дека си во заблуда околу мојот идентитет...

Не сум надркана против него, само премногу ми се „бута у фаца“ секаде на интернет, ако ме сфаќаш што сакам да кажам...

сликата на Шлајка-спие
ајде де - од Шлајка-спие на 14 септември, 2005 - 18:40

ајде де
ти се “бута у фаца“?!!!
ама фалбаџија и нарцисче си ти, а? [плази јазик]

сликата на leki81
Robomarket брат, се - од leki81 на 14 септември, 2005 - 16:06

Robomarket брат, се согласувам, ама има проблем во логиката, тука римјаните не се админите, туку баграшите! По принцип на Divide et impera Админите крајно демократски поставија анкета. Е сега Баграшите да не се сепак во доста голем број Овци, ќе сконтаа што се случува, but...

чек неможам да - од VBB на 13 септември, 2005 - 23:01

чек неможам да сфатам..стварно ги избришале????!!
не ми се верува, ова мора да е зафрканција некоја или???!! абе зезате?? ја дојдов да оставам порака за друго, онака видов мислев зафрканција или е стварно или незнам?!
не дека ме фасцинирале нешто посебно,ама нема смисла ипак Букаро например беше trademark некаков.
ма не е могуче, се заебавате или????!

а Шилангиг што си дава право да суди што е Интернетот е башка работа..

Цитат:

Интернетот не е место што треба да служи како некакво прибежиште за оние коишто се неприфатени или игнорирани во секојдневниот живот, па да очекуваат тотална слобода на говор. Интернет е извор на информации, и скратен пат до остварување контакти. И одличен начин на тепање време.

а ти прифатена си? среќна си,исполнета итн..у реалниот живот? иди бе златна живеј, што трошиш bandwitdh..остај не’ нас исфрустрираните, друго немаме.

а стварно, шо не ја избришавте неа??

Ние сме момци - од Robomarket на 13 септември, 2005 - 23:10

Ние сме момци осетливи на неправди а она седи сега во некое ќоше и се кае [плази јазик]

сликата на L3X
господ здравје да ви даде - од L3X на 13 септември, 2005 - 23:21

ако е вистина секако [плази јазик]

сликата на anastas87
букарски.. - од anastas87 на 14 септември, 2005 - 10:25

.. па бришењево на букар беше само услуга. и фала треба да ви каже.

и побогу зошто сањичка?! единствениот лик што зрачеше со позитивна енергија!!!

багра стана.. хм.. биртија..

сликата на miopa
O: букарски.. - од miopa на 14 септември, 2005 - 10:38

anastas87 напиша:

. па бришењево на букар беше само услуга. и фала треба да ви каже.

Да не бев админ, како што сум склон кон заговори, ќе мислев дека се договориле [се смее]

сликата на PassENGER
O:а87 - од PassENGER на 14 септември, 2005 - 10:57

anastas87 напиша:

.. па бришењево на букар беше само услуга. и фала треба да ви каже.

и побогу зошто сањичка?! единствениот лик што зрачеше со позитивна енергија!!!

багра стана.. хм.. биртија..

Багра стана ...хмм ...биртија, баш поради таквите ко овие двајца што ги избришале!

П.С. Тебе те поздравувам и патем да те потпрашам, како иде пишувањето, негледам ништо од тебе на бгра ’лејтли’?

сликата на anastas87
о:патникот - од anastas87 на 14 септември, 2005 - 11:59

биртија стана поради оние латиносите и остала банда.. мрчала, кењала, нослиња, клаучи и кондурковци

пишувањето патем, иде на оваа адреса.

малце шебачки, ама испод част ми е да идам у талент шоу.

поздрав и до тебе.

O: о:патникот - од Robomarket на 14 септември, 2005 - 18:22

anastas87 напиша:

биртија стана поради оние латиносите и остала банда.. мрчала, кењала, нослиња, клаучи и кондурковци

пишувањето патем, иде на оваа адреса.

малце шебачки, ама испод част ми е да идам у талент шоу.

поздрав и до тебе.

Како не ти е срам да пишуваш тука сепаратист низаеден. Уште па си го рекламира блогот! [многу љут]
[превртен]

сликата на bojadva
O:а87 - од bojadva на 14 септември, 2005 - 12:59

PassENGER напиша:
anastas87 напиша:

.. па бришењево на букар беше само услуга. и фала треба да ви каже.

и побогу зошто сањичка?! единствениот лик што зрачеше со позитивна енергија!!!

багра стана.. хм.. биртија..

Багра стана ...хмм ...биртија, баш поради таквите ко овие двајца што ги избришал

П.С. Тебе те поздравувам и патем да те потпрашам, како иде пишувањето, негледам ништо од тебе на бгра ’лејтли’?

багра биртија? пијам во таа чест. ама Букаро не требаше стварно. поише ми личи дека багра станала партија а не биртија... ќе се напијам и во та чест

сликата на Flanker
Треба да има - од Flanker на 14 септември, 2005 - 12:07

Треба да има рандом бирање на членови кои би биле избришани и гласња па да се равива дискусија од стилот не ме бриши мене да не те бришам тебе итн...


Warning: Unknown column 'uid' in 'field list' query: watchdog INSERT INTO watchdog (uid, type, message, severity, link, location, referer, hostname, timestamp) VALUES (0, 'php', 'Unknown column 'title' in 'field list'\nquery: statistics_exit\nINSERT INTO accesslog (title, path, url, hostname, uid, sid, timer, timestamp) values('БУКАРО ГО ИЗБРИШАА', 'node/6795', '', '38.107.191.84', 0, '28a7828671aaa827a82797d84c5006bd', 2843, 1283521987) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120.', 2, '', 'http://bagra.org/node/6795', '', '38.107.191.84', 1283521987) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120