8 јануари, 2009 - 16:01
[веб кирилица]

Opera конечно бесплатна

од Зелен на 21 сеп 2005 - 10:12

Најмалиот, најбрзиот, најстабилниот и најопремениот интернет прелисувач конечно е бесплатен (banner free). Табови, интегриран mail клиент (одличен е) и куп други работи во помалку од 4МБ (фајрфокс 5 MB без маил клиент).За да видите од каде Firefox тимот ги симиња идеите (и колку успешно), download на:
http://www.opera.com/download/
changelog 8.50:
http://www.opera.com/docs/changelogs/windows/850/

Опции за гледање на коментари


сликата на НиколаП
Џабе - од НиколаП на 21 септември, 2005 - 12:33

Џабе го рекламираш батка. Опен соурс е опен соурс. Лисицата ми прирасна за срце.
Него Опера има ли екстензии?
п.с.
Како алтернатива(за страните од некои фирми што не се рендаат со фајрфокс) го употребувам новиот Нетскејп. У ствари е скоро ист како ФФ само што има и ИЕ рендеринг.
Е баш ми дојде како кец на десетка, сега ич не ми треба да го палам ИЕ.
Експлорер користам само на мобиљакот(Виндоус Мобајл смартфон)каде што моментално е ненадјебив(да, подобар е од Опера Мобајл и од мозилиниот Минимо(кој е уште во тест верзија, рака на срце))

сликата на bojadva
Opera - од bojadva на 21 септември, 2005 - 13:40

мене ми свиџа опера, ја денес симнав тоа новата и док не прочитав овде ич не приметив дека ги нема банерите, јеееееееееееееее !!!

а иначе ги користам двете, и лисица и опера, како ми текне. мада на мек лисицата заебава дебело али таму сафарито си е ок.
фала зелен

сликата на Зелен
опера нема - од Зелен на 21 септември, 2005 - 15:48

опера нема екстензии, т.е. има ама не се потребни... пошто сите т.н. корисни екстензии во фајрфокс ги има како фичр во нормалната опера
а за опен сорс развој на апликација и затворен развој во рамки на една организација може да дебатираме ама на друг топик (:

сликата на НиколаП
опера - од НиколаП на 21 септември, 2005 - 16:03

Верувам дека е добра Опера. Порано ме нервираше заради бенерите и затоа не ја ставав.
Ама се навикнав на Фајрфокс. Го имам и Нетскејп за недајбоже.
Сите браузери не ми се ставаат.
Сепак, на кого што му паше.