8 јануари, 2009 - 13:45
[веб кирилица]

Камено срце - омраза и љубов

од PaLaVi на 21 сеп 2005 - 19:37

Низ звуците патувам соборувачки,победоносно,
Гордо и заљубено во самиот себе,
грдоста во туѓото ја сакам повеќе
октолку убавината што ја имам за мене.
Болката на другите од мене подарена,
засекогаш ќе остане кај нив.
Одсекогаш мразен од сите околу себе,
разни сништа имав но се со иста содржина,
сон…
во сонот ти…
во тебе срце…
во срцето јас…
во мене омраза…
во омразата причина…
во причината ти…
сонот не е сон ако ти не си негов дел,
секој здив е божја клетва ако не си ти покрај мене,
животот не е живот ако не си дел од него.
Те сакав а бев мразен,
се молев за тебе а бев проколнуван,
молев за прошка но остана непростено.
Грешев...
Но самото носење на твојата маска
е поголем грев од сите мои гревови.
Лажев…
Но самата твоја дадена љубов
е поголема лага од сите мои лаги.
А сега прости … прости за СЕ…
Веќе никогаш нема да те видам …
Можеби живеев за други…
но ќе умрам само за тебе…
Можеби овие усни бакнаа друга…
Но ова срце те сака само тебе…
љубов претворена во омраза
а душа претворена во камен,
во каменот ништо човечко…

Опции за гледање на коментари


„Можеби овие - од gb на 24 септември, 2005 - 02:42

„Можеби овие усни бакнаа друга…
Но ова срце те сака само тебе…“

малце контрадикторно, не?

сликата на PaLaVi
Вел - од PaLaVi на 24 септември, 2005 - 22:24

Не:) вел...текстот беше сменет неколку пати заш имаше една личност што го свати премногу озбилно...и тоа точно тој дел кој го цитираше беше подруг и беше причина за врската да заврши:) [тажен] ;(

сликата на GoodBytes
Стратегија - од GoodBytes на 25 септември, 2005 - 06:42

PaLaVi напиша:

тој дел... беше причина за врската да заврши

Наравоучение: немој на девојката да и' читаш песни во кои кажуваш дека имаш друга. Или тој детал изостави го од песната. Море, најдобро не пишувај љубовна поезија! [намигнува]

---

metamorfoza од tasak