Покрај нудењето на “супербрз“ за најскапата цена во нашиве простори. Корисниците на Адсл се принудени кон следново:
од 01.11.2005 по надминувањето на остварениот месечен сообраќај,мтнет нема да ја намалува брзината на пристап на услугата, туку корисниците што ќе го надминат вкупниот месечен сообраќај карактеристичен за определен адсл пакет, услугата ќе се наплатува во износ од 175,00 денари + 18 % ддв за секои наредни 512 мб.
За потсетување -
- 4 гб за Мах адсл
- 10 гб за офисадсл
- 25 гб за профи адсл
------------------------
Што да се каже на ова, предпрошлата недела во муабет со пријатели од бугарија, кога им ги кажавме цените ни се изнасмејаа. Да неспомнам деновите кога ми треба по 100 пати да се конектирам - супер брз ? Не ми е јасно кој е раководниот тим во тој дел од мтнет? споспобни ли се тие луѓе за работа. Нудење на супер брз интернет за “смешна“ цена, а водено ги лимитира постојаните јузери кои редовно си ја плаѓаат сметката, сега озгора на сето тоа има додатно плаќање на надминување на лимитот. Извинете но тие 4 гб можете да ги користите за бришење одредени делови од вашето тело. Навистина не гледам никаква поента во овој чекор што сте го направиле. Очигледно е дека имате доволно кадар за отпуштање бидејќи не гледам сево ова да ви оди во корист на компанијата. Како и да е, не ми е проблем за парите, ќе си платам колку што ќе се клатам, само се надевам дека вашата услуга ќе биде подобра,бидејќи последниве месеци навистина е разочарувачка.
Последни коментари