Еден од нашите читатели (thanks to Osama) ни ипсрати интерeсна вест за друга GSM мрежа која (понекогаш?) е достапна и може да се регистрира и од мобилните телефони во дел од државава. Како што претходно беше објавено и на
Macedonia Search, се работи за мрежа зрачена од територијата на Косово, со параметри CC212 NC01, која слободно можат да си ја користат нивни корисници (погодете кој?) тука во Македонија.
Мобимак за ова има своја приказна.. Читајте понатаму за целата сторија од Osama...
Коментар: Овие информации се објавени врз база на испратената сторијаОбјавено од Osama: Пред некое време на Macedonia Search (
www.org.mk)
се појави една вест за втора мобилна мрежа која може да се фати во Скопје. Линкот
до целиот текст е:
http://www.org.mk/vesti/kategorija.asp?ID=14
Претпоставката во таа вест, дека споменатата мрежа е од Косово се потврдува со
следните линкови:
http://www.lothar-mende.de/MobilePhones/mobilephones.html
Во вториот параграф убаво си пишува дека мобилниот оператор во Косово, кој се вика Вала 900, има параметри на GSM мрежа CC12 NC01
Ако и тоа не е доволно, следниот линк е од официјален извештај и студија од IFC - Институција за инвестиции во земји во развој
http://www.ifc.org/seed/Studies_Reports/Internet_and_e-commerce_in_Kosovo.pdf
На страна 3, дадени се параметрите на Вала 900 GSM операторот:
Network Type: GSM 900
Handset Code: Vala 900
Network Code: 212 01
Прашањето кое секој нормален граѓанин ќе си го постави е како може да се дозволува пиратско егзистирање на GSM оператор во Македонија.
Неофицијално и информативно, се јавивме и во Мобимак да прашаме која е втората
GSM мрежа која ја ловат телефоните. Одговорот беше: Ни стаса нова централа, па
ја тестираме, и затоа се појавува втора мрежа. Ова е апсурд, ако ништо друго,
затоа што CC212 (Country Code) не е кодот за Македонија. CC за Македонија е 294,
што значи дека секоја Македонска GSM мрежа ќе почнува со CC294. Не знам дали е
во прашање техничка неможност или политичка пречка, но очигледно е дека на Македонија
дури и парите од Мобилната телефонија и се губат.
И за крај, еве еден линк со список на операторите по држави и нивните кодови:
http://www.miccom.cc/handy/handytipps/betreibercodes.html
Последни коментари