И ете..се прибрав после месец дена скитање.
Уствари дојдов пред недела дена али ми требаше време да се аклиматизирам.
Уште сум збунет и изгубен..незнам шо да мислам..ЛУЃЕЕЕ ШТО ЛИ СВЕ НЕ ПРОЖИВЕАВ
Као што кажав претходно, тргнав пред поише од месец дена од Скопје за Истанбул со бус, после фатив брод од пристаништето Караќој за Одеса, Украина.
Автобусот супер си беше, али фаци секакви, углавном „шверц комерц“ и понекој нормален. Сите..ама СИТЕ пушевме.И седиме се возиме, до мене еден албанец седеше, ок чоек. вадиме ужинки од ранец, ми даа јабука едно друго, цигари делиме и сл...али дојде 5 саат сабајле и одеднаш РАМАЗАН!
Престанаа сите да јадат,пушат,пијат и све. Ај реков да не расипувам и ја се придружив. Почнаа да дискутираат меѓу себе, чекај сеа као 5 саат покажуе дисплејот у автобусот-ОК,али тоа е скопско време, местото каде што моментално се наоѓаме е друга часовна зона..едно-друго,сеа како да се рачуна и сл..
Стигаме на турска граница, у меѓупросторот нели има фри шопови и кондуктеров се симиња изнакупува 817345327845738453784 штеки цигари и класика подели по 3 на секого (да му ги пренесеме,демек секој си купил за себе, стари шеми од девеести) и застануваме на царина, турциве викаат ај сеа секој нека го извади багажот и да го стави на таа дугачката клупа еден до друг,еден по еден да ги провериме. Шверцериве се наредија и намерно остаиле празнпо место на самиот почеток (паметни) за ја да бидам прв, у стилу они да се извадат. Ај викам ме заебавте сеа (ја со ОГРОМЕН РАНЕЦ,ОГРОМЕН,120 литра+други ствари) и си викам ако земаат да отвораат пет саати.
Али турскиве цариници не се глупи. Ме гледаат млад бекпекер, ме гледаат како сум облечен, со ранец, камкордер и сл. сфаќаат -турист. Викаат ок е,ок е дечки слободен си. Коа им се навртија на другиве после леле..Ти бе декларација за ова имаш?? а за ова?? а за она?? хехе им се ситев.
Поминавме граница, викам ете и тоа се заврши..не дореков, ин д мидл оф ноувер го застануваат бусот. Влага турак у униформа и почиње да прегледува. Цигариве чиви се?? Ова чиво е,она чиво е?? а? А??!! Од страна слушам тивки коментари „изглеа не е даден бакшиш па сеа ќе малтретира да изнуди“
Искачаат надвор кондуктерите,возачите и сл. и преговараат со туракот. Едно друго,едно друго, ги слушам меѓусебе се договараат „абе не му се плаши па и ти кој кур ти може“, другиов „ама едно друго,едно друго“. на крај возачов си влага назад у бус, Вррррммм-вррммммм си тргна и продуживме.
Кондуктерот што изнакупи цигари остана..го задржаа..сеа којзнае каде е, ко у Миднајт експрес у некој затвор
)))
У Истанбул имав неколку саати слободно време, ај реков да прошетам. да видам продавници едно-друго.
Нешто со метрото се провозав да видам какво им е, после такси фатив. Такси ко такси ко у цел свет глеа да те украде. Му викам кај има за купуење ствари едно-друго, трговски или сл.
Ми вика или Али меркез трговскиот или Иштиклек(или како се изговара више?!) улицата, таа со стар трамвај шо поминува по неа, има пуно продавници.
Викам шознам вози, колку ќе биде? 10 евра. Ме вози по пут ми ја покажува таа улицата вика тука? викам па шознам, ај продужи до трговскиот. Ме носи таму, му даам 10 евра, вика ааа неее 10 евра до улицата, до тука 20! Му ги фрлам 10-те и викам кој те ебе и онака таксиметар не уклучи уопште ебате. Заќуте си ги зема парите, отидов до трговскиот. Јак беше нема што, али не најдов број за патики (ах ко увек). Искочив, земав кроасани со ванила и застанав поред една фонтана да к`снам. Пред да дојадам, ми доаѓа едно детиште и као проси. Му реков да одјебе. Го снема 2 секунди, се враќа со 3-ца „лепотани“. Изгледаа битпазарски така..и нешо ми зборат (не звучеше као добродошлица)
У делич секунде му го тутнав у руки на едниот празното ќесе од кроасаните и си отидов..не трчање нешто..просто си отидов. Се вртам ги глеам изненадени буљат у ќесето ко морони.
После отидов и до таа горенаведената улица и шетав едно друго, снимав ова-она. Ме изненади у една соседна уличка петсомиљарди квадрилиони продавници за инструменти..абе од пиле млеко у пм и тоа една до друга.
Нели планирав да зеам дигитално апаратче у Скопје, али не земав, демек у Истанбул милион продавници, поише избор, бољи цени и сл. Се зезнав. Цените ДУПЛИ и ТРОДУПЛИ. Мислам ОК, огромен град сеа неможеш сегде да провериш, али поминав 32788463743 продавници абе набиени цени, мислам претерано стварно. Сеа јес да Турција можда боља од нас али луѓево наоколу не делуваа имуќно баш, на кого продаваат не ми е јасно.
На крај влагам кај еден викам дај нешто ефтино аман. Ми дава марка Orite(?!), 3.3. МП, оптички зум 3Х, дигитален 4Х, видео со звук мпег4, 16мб интерна со можност за СД, вградено звучниче, ТВ аут, усб итн..170 долари.
Ја вртам у руки пет саати..ај у пм шо не земав у ск, ме глеа се туфкам вика ај ќе ти даам попуст. Спушти негде 30$, ај ја земав,а исто и СД картица Кингстон.
(ми се најде, али незнам да оценам, ги глеам сликиве, шознам ОК се колку за почетник ваљда. Максимална резолуција 2048Х1536 иначе, Ок е нели?)
„Орајт“..мислам..нејсе, кој ми е крив.
http://www.orite.com.tw [1]
Земав карта за брод (претходно по нет резервирав, да не биде нема место). Идам да вадам пари за да платам картата од банкомат, уОоопс, се заглаи картицата!!!!!!!!!!!!!!!!!! АБЕ У ПМ НЕ МИ СЕ ВЕРУЕ!!!!!!!!
Доаѓа еден чичко, турак, со неговата гураше унутра, мрдаше горе-доле, буричкаше..се одглави. Добро е уфф.
Дојде време за бродот, влагам у пристаниште и тука буљук Украинки, Плавуши 90% те гледаат и се смешкаат. Земав од фри шопот пар црвени винца (цените од рукав ги вадат, не ги пишува) и тргнав да се качам на бродот „Каледонија“.
Идам, глеам морнаришта тука товарат нешто, викам тука е влезот, да. Влагам, абе фино уредено унутра, идам на рецепција капетанот тука ми даа кључ од кабина и тргнав да ја барам. Кабината, со два кревета и туш и сеа си викам у пм со кој ќе ми се падне да ја делам,ако е енкој заебан наебав.
Влагам глеам пред мене веќе дошол типов. Фрлена путна торба,празна флаша пиво, у купатилото (не баш луксузно) расфрлани бричои, пени, сапуни..ај-јај-јај којзнае каков е.Иначе кабината у реду,сеа не луксуз,али ОК. Три оброка инклудед у ресторанот. Храната зависи, онака стандардна.
Идам у тв салата, убавко средено, седат Украинци, Руси, Турци и други глеат ТВ, руски, украински канали, а пуштаа и филмови, го глеав оној со 40 годишниот невин, комедијата, али со руска натсинхронизација лол.
Фаци разни од нормални,фамилијарни луѓе, деца, преку Украинки пиченца до некои сумњиви „шверц комерц“ фаци. И неколку пијаници. Седат нормални луѓе гледаат ТВ, нормално време од денот, доаѓа ДРВО ЛЕТВА пијан рус, легнува на тросед..по две секунди се превртува ждагаууууу паѓа на земја..ништо,сите нормално гледаат. Доаѓа цура со камера го слика,се смеат сите.
Ми доаѓа еден пијан, ми се закачи на врат, ааа нешо брате ова-она ме грли ме љуби, гледаат другиве се смеат. Ај стана после, си ги заборави цигарите. Цел ден стоеја на маса никој не ги зема. на крај си ги турив у џеб.
Ми доаѓа тип со брк, проќелав, онака бабачко, ми вика здраво шефе, да се запознаеме, со мене ја делиш собата. Добар чоек, од Киев, бивши официр,а сеа шверц-комерц највероватно (рече бизнис едно-друго)
Вечерта идам у диското на бродот и заседнав на шанк,тука винце со кока кола неколку тури, се чуди шанкеров, глеам околу Украинки играат и сл.
После идам у тв салата, глеам еден јапанец спие на тросед и еден дрво пијан му доаѓа и му збори едно-друго од кај си,ова-она,го грли го љуби. јапанецов изгубен го глеа збунето. Им се убацувам, му викам на јапанецов те гњави типов можда, вика не бе не. Англиски знаеше 1%, али и поред тоа успеал почнувајќи од Јапонија на исток да прошета неколку држави дур стигнал на бродов, шознам Кина, Казакхстан итн..
А пијаниот, од Кишињев, Молдавија. Почна да вика „ТОКИООО!!! МОЛДОВААА!!!!“ и го грли Јапанецот. Се упознавме, почна да вика „ТОКИООО!!! МОЛДОВА!! МАКЕДОНИЈАААА!!!!“ и тука не’ грли сите. се убацуе еден момак од Турција, од Самсун. У дерењето убаци и „ТРАБЗОООН СПОООРТ!!!!“ (футбалски тим)
Почнавме да пиеме сите и да јадеме говна, пива, едно друго, у тв салата има бар. Ми текна на турксите винца у соба идам таму, руммејтот го глеам дреме на кревет. Му викам шефе имаш ли отварач за винава? Зима флашата, ја завиткуе у крпа и почиње да и го тепа г`зот со бокс. Пап,пап,пап!!
Незнам како тапата почнала да се мрда(?!) и отиде надолу (Вуду?!) После со пенкало ја добута до доле и воала виното отворено.
И така пиеме,пиеме со бандава...збориме за све и свашта, за Молдавија, за Транснистрија (Приднестровје), молдованецот ми кажува дека у студентски дани бил во војната таму (Молдавија кога прогласи независнот од советскиот сојуз, козаците во Транснистрија се побунија и створија сепаратистичка држава,засега од никого не призната. Главен град Тираспол мислам. Ги вооружуваше Русија)
Со тураков муабетиме нешо за музика, му вика Атена у Скопје ги глеав, уааау почна да вика, лудница едно-друго и тука почињаме Up,I wanna bring you up,I wanna bring you up...пеат сите пијани...после па за Молдованецот Врејше врејше НУМА-НУМА ДЕЈ, НУМА-НУМА ДЕЈ...НУМА-НУМА-НУМА-ДЕЈ (??!), се дере радосен "O-ZONE" Молдавија.
Јапанецот само глеа и се смешка.
„ТОКИО!!! МОЛДОВА!!! МАКЕДОНИЈА!!! ТРАБЗОН СПОРТ!!!“
По некое време се појавува руммејтот, му викам абе ти нели ќе спиеше? Вика,абе брат..не иди сеа у собата, има еден пријател..со едно пиченце и така, за 15 минути ќе искочат.
Се отвара врата искача типов насмеан, украинец плав два метра, а позади него со усрамена фаца една плавуша. И ни доаѓа типов на двајцата и као еј фала дечки стварно, за собата и сл.
Абе лудница беше на бродот.
Стигаме у Одеса, искачаме од брод. Претходно попунив т.н. емиграциона картичка (МОРА да се чува до крај на престојот во Украина)
Два метра плава украинка у униформа проверуе пасоши на кејот. Незнам дали убаво запамтив ми стаи некаков папир у пасошот, додека одев накај зградата каде што е пасошка контрола и царина, го заглеав тоа картончето, незнам што беше,али пишуваше 50$.
ај сеа..шо е ова?? ми се уврте у глава една информација што ја знаев од претходно,дека туристи треба да плаќаат здравствено осигурување (сума зависна од должина на престојот) во УКРИНМЕДСТРАХ (Украинско медицинско страхование ЛОЛ), си викам да не е хартивчево за тоа у пм (а можда она и не го ставила,хаос ми беше по џебови,можда било од нешто друго,абе појма неам)
си викам better safe than sorry го извадив лифчето од пасошот го скрив у внатрешен џеб.
На пасошка контрола, ме прашува типот (строга фаца) знаеш руски? викам да, немногу. Дај ваму ваучерот да го видиме. (за добивање на виза треба или покана од физичко лице или потврда за претходна резервација-туристички ваучер. Има руски и украински агенции кои прават фиктивни ваучери,демек си букирал соба у хотел,пишува датуми и све,а нема везе.Они си ја наплаќаат услугата, ти си добиваш виза и сите среќни и весели. Немаш обврска да спиеш у тој хотел, се шеташ кај сакаш. Ваучерот го добиваш или по пошта или на емаил,факс и сл.)
Му го вадам ваучерот,глеа од штампач, вика кај ти е оригиналот?? Шо оригиналот, у амбасада ми ја примија копијава?! го снемува едно време. У меѓувреме слушам што ги прашуваат другите, една цура стои „Зашто бевте депортирани од Турција?“..и оваа објаснува..„а што работевте таму?“..итн..
Се враќа контролоров вели „се јавивме у агенцијава,никој не се јавува“(?!). Ме изнервира, му вадам тука мапа на градот Одеса одштампана од веб сајтот на дотичната агенција, каде што беше обележана локацијата на нивната канцеларија, у стилу НА. Му викам ајде де идете таму проверете..овој почна „еррм..ех..ермм..“ ко пиче и ми вика ок,ок ќе ти стаам печат.
Мислам понашање ко у Америка да влагаш. Нејсе, влегов у Украина. Тоа горенаведеното картонче никој не ми го побара...шуќур.
Одеса беше стварно убав град. Шармантни улички, плоштадчиња. Се искачив по Потемкинските скали со 9264327894638463 кила на грб. Шетав лево-десно..сликав итн..влагам у аптека да зеам нешо типчето Блгарче, вика еееј баш ми е мило ова-она..викам од кај ти тука шефе, ами вели уште од турско дедо-прадедо се преселиле тука (читав у Мемоарите на Влахов имало колонија од наши и од Бугарија у Одеса уште од одамна,од царско време, печалбари)
Глеам словеначки производи имаше пуно, КРКА,ПЛИВА едно-друго.
И шетав што шетав идам на Железничка да зеам карта за Киев, у стилу да не плаќам хотели, ќе спијам бездруго у воз.
Во бившиот Советски сојуз железничкиот систем е фасцинантен. Абе АРМИЈА. Све функционира,све се знае што,како,каде,у колку.
Застануваш во огромен ред (ЦАКУМ-ПАКУМ чекаат пред шалтер мртви сериозни као војници,абе мува да не чуеш!), стигаш до шалтер, таму огромна жена, шифоњер, со фаца Брежњев, у униформа со чинови и Слободан Милошевиќ фризура ти вика: ТЕ СЛУШАМ!)
За купување карта обавезно се даваат лични документи.Со оглед дека е огромна држава и сите седишта се со број (неможе кај сакаш),се случува и да нема карти кога сакаш.
Се наведнуваш и викаш „Ве МОЛАМ 1 карта, таа и таа класа за возот БР. тој и тој“ (ја претходно подготвен)
Земав карта за Киев, ај реков за сефте лукс класа (тоа е прва.купе со два кревети,ептен средено светски,ама ептен.е сеа скапо е). Втора класа е купе со 4 кревети не баш средено, трета е т.н. „плацкарт“(вагон без прегради,односно нема купеа, просто пуно кревети. Се гледаш со другите. Најефтино, истовремено и најбезбедно пошто пуно луѓе околу,али не е за срамежливи хех). Има и подолни категории,например само со седишта и сл. мада незнам.
Ај реков иам карта, да се отарасам од теретов у „соба за багаж“ и да продужам со шетање дур не дојде време за воз.
Искачам од станицата на перони и прашувам еден извинете,каде е собата за багаж? Е сеа не да ценам луѓе по фаца или по облека или сл. АЛИ ОВОЈ БЕШЕ ЈЕБЕНО СУМЊИВ!
Фаца ко од Идризово да киднал, буквално. Си мислам ај ке ми каже и готово, коа ми се закачи. АЈ У ПМ. Мај френд,мај френд, ќе ти кажам мај френд, прати ме мај фриенд и онака ме фатил за рукав ме тегне. Ај викам можда пријателски настроен, ај да не бидам параноик пред време. и го следам типов ме носи негде (?!)
Влагаме у еден од влезовите на станицата, хала пуна со шалтери,каси,продавници за сувенири..вика, шите не беше тука..грешка, дај искочиме ќе пробам,е у следната врата..искачаме, влагаме у другата, незнам ти кафанчиња..не е ни тука,се зезнав извини..прати ме ќе ја најдеме тука беше негде..мај френд,мај френд..си викам МЕ ДУПИ..али ај ќе му даам уште малку шанси.
бараме,бараме, одеднаш вика чек да запалам од некого и му иде на еден исто сумњив и му вика као дечки да запалам (демек не се знаат),а као шо се наведнуе да запали разменуе пар зборови со типов „жу-жу“. АБЕ ЛОША ГЛУМА ЛЕЛЕ..мислам ко од Драмски у Скопје студентиве шо глумат.
И ме шета ме шета уше 10 минути,на крај м и пука филм викам златен еби се ме дупиш, овој мења тема,вика види го пичено добро е а?! викам абе одјеби човече и вадам и ранец и све и спуштам поред ѕид. Не се разбираме или нејќе да разбере. Вика кафе ќе те частам (собата за багаж ја забораи?!)
Викам нејќам ЕБИ СЕ,ОСТАЈ МЕ,НА МАЈКА ТИ У ПИЧКА КУРОВИ И СВЕ ВИШЕ. Уште не сфаќа, ме глеа со озарена изненадена насмеана фаца. ВИкам ЕБИ СЕ ЕБИ СЕ ЕБИ ОДЈЕБИ ГОНИ СЕ У ПИЧКУ МАТЕРИНУ ВИШЕ со намрштена фаца. И си отиде. Добро е.
Си ги зиам стварите и се враќам на местото од каде што почна целата шетња. разгледувам наоколу внимателно и гледам ОГРОМЕН ГИГАНТСКИ НАТПИС ЗЕЛЕН СО ЖУТИ БУКВИ И СТРЕЛКА „ТАМУ Е СОБАТА ЗА БАГАЖ--->", на украински ама се разбираше све. нешто као „камера збериганиа“. на руски е камера хранениа)
хехехе колку сум бил глуп си се смеев сам на себе. и така остаив багажот и продужив со шетња. станицата стварно убава. Околу дрункери, џепароши, бабушки со марами и кошници и сл.
Дојде време за воз, се качив. Унутра средено све. Ќилимче низ ходникот, цвеќиња, у купето убава постелнина и телевизор!
Ај баш да видам со кого ќе се паднам у купе. И ок испадна пак. Едно старче, инжинер за екологија од пристаништето Одеса. Ме праша 10 пути „ти морнар си дете?“ викам „не“ и се смеам. Добар чика. Се соблака по гаќи и си легнуе, ја викам ќе идам у просторот кај шо е дозволено пушење (нема ко кај нас да пушиш кај сакаш)
И си зиам пивото у пластична 2 литра шо земав претходно и идам да пушам. таму еден дечко од Одеса,ок беше, муабети за жени, политика едно друго.
Ај воооуутед фор Јууушченка..објаснуе политичката ситуација едно-друго. Украинско-Руските односи се заебани и постои национална нетрпеливост и све тоа.
Доаѓа кондуктерот му вика „Хаа те фатив! Ќе те кажам на мајка ти дека пушиш,пиеш пиво и разговараш со непознати! Барабо!“ и се смее црвен буахаха и се смееме сите.
Стигам у Киев сабајле, се будам искачам од воз, поминуем низ станица (ултра модерна) и искачам надвор..коа..абе..абе..не беше вака??!! Глеам у книжето водич за Киев,станицата поинаку изглеа на сликата.Стара,сива. Абе,абе у пм шо е ова. Ми требаше саат време да сконтам дека ова е Јужната станица, а Централната близу која е метрото шо ми требаше е позади неа..залепена. Ги спојува дограден као тунел да го кажеме,модерен со милион продавници внатре за све и свашта.
Остаив багажот и на метро почнав да истражувам градот. Видов свашта. абе тоа црквите фасцинантни, плоштади,плоштади, булевари колку сакаш. Бев у куќата на Михаил Булгаков, бев и у богословијата (брат на мој прадедо има студирано теологија во киев на крај на 19 век, после има станато висок свештеник. Имам слики од него па влегов таму да побарам информации ако имаат. Ме примија попчињата убаво, ме качија горе у некоја канцеларија и жената таму ми објасни дека не е просто.Има 3 архиви, башка војни, селења на архиви и свашта поминало, башка у тоа време било Царска Русија,а сега е независна Украина со своја црква па којзнае каде може инфо да се најде и сл. Им се заблагодарив и си отидов, на искачање еден ме благослови.
Какви сцени видов у метрото абе надреализам, абе неможе да се објасни само да се види.
Стојам на станица и одеднаш 986386485648564895489548593456893456948564 8956485645984569485684564985648954654658459845454585454584 луѓе доаѓаат..и доаѓаат..и доаѓааат и доаѓааат...млади,стари,баби со кошници,дечки стандардно со качкети итн..итн..а од страна на таа човечка река стои армоникаш и свири некоја лирична фолклорна мелодија....хрррр-хрррр-хрррр...и луѓе поминуваат..као..незнам..атмосфера беше као..ете тука сме цела нација..абе...незнам..
Бев и на Плоштадот на независноста, земав сувенири едно друго. земав и беџ од Портокаловата револуција. Неможев да зеам од сувенири све што сакав у ПМ!!! абе ќе зеам преку некој ќе донарачувам у ПМ (ептен сакам сувенири) ама некои беа тешки или кршливи.
Негде испод Плоштадот открив ОГРОМЕН УБАВ трговски. Се симнав да го барам метрото и тука глеам стаклени врати нешо,влегов и УАУ. Цел свет под земја у пм. Идам да зеам ЦД-а, тој у продавницата ме глеаше као мајка му да сум ја ебел у УСТА. Избрав нешо фолклор, ама кога незнаеш шо е добро и доста чкарт земав. Деновиве ги преслушавав едно по едно, бутам едно од нив-НИШТО. абе како???!! Го бутам у компјутер,у систем, у дискмен-НИШТО. Компјутер јавуе-празно
)))))))))))))))
абе не ми се веруе. Другиве све ок, оригинали,сребрени доле и све,ама ова за режење онакво некое принко ама отштампано одозгора. забораиле да го снимат еба им тоа. свашта
))))))
И така шетам по Киев, девојки те буљат од сегде. е сеа ОК, тие шо се ептен ултра-супер манекенки плавуши по два метра у бели кратки бунди тие не (си имаат они спонзори,американци,енглези,германци, нема шо мене од 2 милиона државиче да ме гледаат) али сасвим супер девојки те јадат со поглед, ти се смешкаат едно друго И ТОА 7823647832647834 ПУТИ БОЉИ ОД НАШИВЕ.
Ова е битно:
Земјите на бившиот СССР имаат ВИШОК ЖЕНСКО НАСЕЛЕНИЕ
Не една,не две ами МИЛИОНИ!
Објаснувања има разни. Дали е тоа поради војните, сталинистичките чистки, просто природно или незнам, ама секој ќе ви потврди ИМА ОГРОМЕН ВИШОК НА ЖЕНИ. Се уверив вистина е.
Кога на тој факт ќе додадеш дека има многу мужи идиоти, пијандури и сл., башка економски проблеми и сл. Девојките од формер совиет унион сакаат странци.
Милијарди странци доаѓаат, не за секс туризам толку ко што се мисли! Него да си бараат сопруги, девојки едно друго.
У таа маса од жени, нормално има секакви. ИМАШ ЗЛАТО ама ЗЛАТО, НОГИ ДА И’ ЉУБИШ, а има и scammer-ки од секаква врста, префригани абе ќе те изврти ќе те опљачка едно-друго.
По интернетов се зборува доста за тие феномени. Например Амер иде у Киев да лови жени (нормално ШТРЧИ со хавајка у бермуда,влечки за по плажа и рибарско капче и црвена фаца). Седнуе у кафич..му доаѓаат ДВЕ УЛТРА-СУПЕР-МАНЕКЕНСКИ-ПАМЕЛА АНДЕРСОН типки, минич до пичка, цицка сто кила, искварцани и му викаат као дај нешо се зезаме едно-друго. Идат кај него у апартманче..дај пијачка нешо една,две,три..четири..на типов му се замутуе (му стаиле нешо). Се буди сабајле гол, му нема новчаник, најнов сони камкордер, пасош итн...
Друга варијанта. Стварно идат у провод у ноќен клуб по избор на рибиве. Се пие шампањско, стриптизети ти играат на маса, месиш цицка или пиче(негде смее..пишува) и све лудница. Рибиве као треба да си идат. Ти стига сметка од 1736521746137463497836487364389438946389638956е58645846 58456485645849546584568945456489546589465845684564854895485684 евра. Викаш ама...ама..нисам одавде. Ај као „до банкомат да скокнам да извадам еррм..“, ти викаат еве ти го Борис (шифоњер,вратар) он ќе ти каже каде.
И слични финти.
Е сега тука е финтата. Што да се прави си викав. Агонија на избор: дали да останам у Киев, да видам ноќен живот едно друго со ризик само кеш да отиде и ништо да не се деси (или нешто лошо да се деси)
ИЛИ
да идам на сигурно. Со месеци претходно се допишував со пуно риби, со една ептен си го имавме муабетот. се осеќаше некако дека има ептен јака симпатија обострано,али од кај знаеш дур не видиш. Она живее далеку и на маил ми пишуваше 981376389438943984 дека ме чека и сл.
Значи Киев или продужавање на патот.
Смејте ми се, наречете ме романтична будала...се решив за второто
и?
НЕ СЕ ЗАЕБАВ.
Подолу ќе ви биде објаснето.
Значи отидов на железничка да зеам карта за даље. Карти НЕМА. Распродато. Ова го дознавам после 74637463784 саати чекање у ред. Петстомилијарди луѓе.
Доаѓа една сумњива, ме прашуе кај идеш ова-она,вика „ја иам карта како шо ти треба...вака за тебе...ерррм...хммм...100 долари!“
Моја реакција..БУАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХХАА
ја амерички турист ли сум мори краво??? мене најде?? и она не издржа се смее, епа вика јебеш га мора да се ќари нешо ова-она.И викам ајт гитла сеа.
Значи заглаен останав. искачам надвор ладно,ладно ЕКСТРЕМНО. Таксисти ми рипаат, викам колку би било до некој хотел у центар негде..АААаа тоа е скапооо (и кажуе астрономска сума)
Викам булшит, лажете ебаве. Овие „па сеа земи во обзир цени на гориво..па инфлација..паа данок на промет..пааа“
ај јај јај викам усред ноќе на минус 100 ќе дискутираме у пм.
немаше друго идам на станичниот хотел. Идам на рецепција плавуша, ноги два метра, деколте цицка јадра, уста за пушење ќеиф, ме глеа очаен натоварен ко магаре, неистуширан, смрзнат,уморен, никаков.И’ викам цени? вика 90 гривни.
Дај.
Ама види (измислуе нови правила у момент), тоа е по кревет (?!) У собата има три кревети (у асалната со туш) значи ако сакаш да бидеш сам 3Х90.
Вкупно негде 50 еур.! (изгор)
Викам ДАЈ ШТО ЌЕ ДАЕШ И НЕ МУДРУЈ-навален на шанкот со бејзбол капче.
Преку јајца ми беше све. Ми дава кључ курвава се качувам (нема лифт!) на трети спрат.
Влагам у соба,ОК беше. Се истуширав и све.
Стојам поред прозор, надвор ноќе, грч ладно, а ја у боксерици стојам си пушам цигара и глеам околу станицава дранкси, курви, џепароши, шибицари,таксисти цупкаат у место се мрзнат.
Бев среќен.
Утредента земав карта. Следна станица Запорожје. Сакав да идам таму, козаци едно-друго познато место, истаорија едно-друго.
Ви текнуе Јул Бринер у „Тарас Буљба“?? „ЗАПАРОШЦИИИИИИИИИИИИ!!!!“
Се качуем у воз, купе делев со еден чиче Александар од Запорожје. Добар чоек. Ми кажуе бил преведувач на Куба, бил у Афганистан итн..итн..
Го слушав со скепса. Стигаме у Запорожје сабајлето ми понуди да ми помогне да се снајдам. Влагаме у тролејбус, доаѓа типката шо наплаќа, ја плаќам,он не.
Ми покажува ветерански документ, на сликата он у комплет униформа, високи чинови и еден куп ордени!
Му викам дај да го сликам документов. Вика не..кеј-џи-би...сикрет сервис..и се смешка.
Отидовме по хотели да ми помогне да прашаме за цени, се понашаше као да е уште СССР и КГБ.
Иде на рецепција се поклонува и вика „Ова е студент од Македонија. Добар дечко е. Патува низ Украина,а можно после и во Русија..итн..итн..“
Типов као да мораше да се оправдува или сл. Ми беше језиво.
Луѓево на рецепција го гледаат бело. А има дечково документи?? Има. Епа шо е проблемот.
Стварно заебано било СССР у пм. Која психологија.
Стварно чоекот ми се најде му се заблагодарив и почнав со шетња низ градот. Углавном сивило и грдотија. Ја видов фабриката за коли кај шо се произведувал Запорожец, после ОГРОМНАТА ДОООООЛГА авенија Ленин (типов тврдеше дека е најдолг булевар у Европа!)
Не памтам точно,едно 17 километри имаше! Се возев по неа со тролејбус и стигнав до познатата хидро-електрична централа на реката Дњепар.
За дете навикнато на Вардаров наш беден, Дњепар беше ЧУДОВИШТЕ.
Стоев на мостот покушавајќи да сликам и бранови УЖАСНО СТУДЕН ВЕТАР УДИРАА У МЕНЕ, АКО НЕ ЛЕТНЕВ КАО ПЕРДУФ У РЕКА ДИРЕКТ ЈА НЕЗНАМ...ВОООООООООООООООООООООФФФФФФФ...пауза.....пак ВООООООООООООООООООООООООФФФФФФФФФ.
После го барав мостот кој води до познатиот остров Хортицја. таму била познатата козачка база, познат центар на козаштвото.
Неможев да го најдам, прашав едно старче, господин чоек, у капут со беретка, као бивши професор или сл.
Ми рече ќе ме однесе и така пешачевме муабетевме за политика едно-друго, за украинско-руски односи, за козаците и сл. Сакав да го снимам како раскажув, се исплаши (ФУФА А??? КГБ А??? хехе)
Островот беше интересен, има разни археолошки финти едно-друго, го посетив и музејот.
После тоа се вратив у град и идам у Интернет кафе. Влагам и нормално ја прашувам типката има ли слободно место. Ме погледна као да сум ја силувал у гз,као мајка и да сум ја ебел у уста, као кучето да сум и’ го убил и сл. и ми покажа со рука таму! у арогантен манир.
Ај нејќев да се распраам седнав коа глеам не беше стандарден десктоп (она со икони) него интернет кафеата си инсталираат свои интерфејси кои неможеш да ги минимизираш (за да не буричкаш у систем)
Пред тебе глеаш само групи икони за интернет, игри, ворд и сл. основни ствари.
Софтверот на украински или руски исклучиво, нема на англиски.Уместо Линкс пишуе Сосилки, уместо старт-пуск,уместо срч-поиск итн...
Кликам ваму, кликам таму неможам да се снајдам,а нејќам да ја прашам типката. Го буцнувам типот до мене викам абе шефе дај кажи како да се снајдам, ја се извинувам ама незнам баш руски.
Типов и вика на типката „дај покажи му на чоекот“, а она од таму арогантно „панимае он,панимае“ еееј курва, ја земеш за коса и ждагаууу у монитор.
Типов ми се врти и ми вика „и ја не знам руски буахахахахаха“ (а го кажа тоа на руски..е ај сеа)
дали беа украински националисти и ли појма неам.
Бев изнервиран до даске, ќе убиев све живо. како така успеав да се снајдам со компјутеров,отварам маил и сл.
И тогаш глеам до мене едно дете..абе ангелче беше..ме глеа наивно со едни плави очи округли и вика „А что ти делаеш?“
Си викам стварно која детска мудрост. Он играше некоја формула на неговиот компјутер и се чудеше зашто и ја не играм нешто ко нормален чоек него буљам у некаков безвезен досаден текст на мониторот. Молодец! Детево ми даде енергија и поред сите нервози да продужам даље хех.
И’ платив на типката, и’ опцув мајка и искочив.
Отидов на автобуската и прашуем на шалтер за автобус до мојата следна дестинација Донецк. Женава ми кажуе нешто, не ја разбрав. Прашав пак.
Почна да вика и да мафта со руки као куќа да гори уау-уууууу.
Отидов на перон, автопбусот тука, влагам и ги прашувам луѓето унутра карта дали може унутра у бус да се купи, викаат да да. Женава сакала да ми каже да побрзам да не ми кидне автобусот,а карта унутра се купувала.
И тргнавме. Врр-вррр застануеме у една кафана,пауза. Влагам унутра викам за јаење нешо, вика има тоа и тоа. пази сеа кој идиотизам до ден денес неможам да го сфатам а го среќавав по цел пат. Например вика има незнам ти месо некое, викаш дај, ти го дава месото парче онака мало у салфетка. абе викам а измеѓу два леба да го стаеше вака мозок имаш? оваа изненадена да беее стварно и ми вади едно тееееенко парченце леб. викам ај сеа стаи уште едно озгора...еее браво.(абе незнам изрибан мозок ли е тоа незнам..а малди типки беа на шанк убави)
за тие минијатурни ултра тенки лепчиња башка платив независно од мефцето! за секое одделно 1 гривна.абе монти пајтон.
И земав и пиво нешто и викам колку све. кажуе нешо беше со седум и вика „а на англиски седум sieben се викаше така?“
Англиски појма немаат. Од кај си? македонија. Ааа баш убаво..и се врти на една другарка таму седи вика „па ти беше уи македонија,еве дечко од таму“(којзнае зашто била..и кај била) и онака „аа да,да“(срамежливо)
Вечерта стигнав у Донецк. Од она што претходно читав на нет, економската ситуација у овој крај е доста добра. Областа Донбас. Има рудници, едно друго, башка локалното раководство на градот се све некои олигарси, така да кога се симнав од автобус бев шокиран од среденоста на градов.
Свети..абе СВЕТИ! Средено, чисто, осветлење ПАРИЗ, стара архитектура све реновирано средено, споменици убави, продавници, кафичи, милион трговски абе незнам.
И барам некој превоз до железничката, ми доаѓа еден дечко вика ај ако сакаш ќе те пребациме со комбе (маршрутка. чест облик на превоз, кошта ефтино) ама сакаше да ме излаже типов вика колку пари даваш?? и се смее кисело и вика денги,денги,мани,мани ко морон.
Се враќам до автобусот му викам на шоферот,абе све лопови у пм,дај кажи како сам да се снајдам.
не само што ми кажа и на лифче ми напиша и све. Викам спасиба ова-она..вика ти пољак си? не, од МК. Добро збориш руски. Добар чоек.
Се снајдов и све арно ама немаше утредента воз за мојата следна дестинација: Ростов на Дону, Русија.
Возов идел само на непарни или парни денови,несфатив.
Заглаен несакајќи пак. Уморен и натоварен, кај сеа ќе се бара хотел, какви се цените, кој ќе се товари у маршрутка со товариов едно-друго, јебеш га пак присилен да идеш у најблиското.
Идам у најблискиот хотел и нормално,пак исто. У момент измислуе нови правила. Види дечко, цената е 30 евра. Сега е ноќе,значи спиеш тука и си идеш у 12 (ок тоа е стандард), али ако останеш преку ден по 12 уште 30 евра до утре вечер!(за денот)
Утре вечер ако спиеш УШТЕ 30 евра! 3 Х 30 евра!!! абе како???? епа така е кај нас (лаже курвата)
нејсе. реков ќе спијам до 12,па напуштив,дента шетав и им се вратив следната ноќ,дајте уште едно спиење.
Утредента, имав неколку саати до возот и се шетав. се деси тешко срање, ми ја снема кредитната.
никој не ме опљачка, ништо, и новчаник и кеш и документи и све си беше на место. моја кривица 99 посто мислам.
Бев у еден трговски купуев нешто, не се разбрав околу цената па двапати трчав до банкомат да вадам кеш и у тој хаос највероватно сум ја остаил у банкомат. ШИИИИТ! НЕ МИ СЕ ВЕРУЕ!!! А на неа имав стаено баеги кеш за патувањево. У Украина има лимит колку кеш смееш да внесеш па кредитната ми беше као главен извор.
Открив покасно, шетав низ град сакав да купам нешто, ми ја нема кредитната!
Врти-сучи барај ваму барај таму нема па нема. Се пребарав стопути. Се вратив у трговскиот,обезбеџење вика никој нема пријавено изгубена картица.
идам уедна кафана кај шо бев за ручек претходно, и таму ја нема. У пм,у пм!!!
Ништо, и пишав смс на сестра ми трчај у банка откажи ја. И као и увек у животов сестра ми ме спаси пак. отишла у банка,заблокирале привремено за сваки случај да не се појави. Проверила и последна трансакција (памтев колку иам извадено последен пат и у колку саат), све ОК, ништо не е арчено после моето последно вадење пари.
Ми пишува вели „и сеа? немаш кеш. имаш ли некаква повратна карта или сл.??“
Ова беше важен момент. Бев само на чекор до целта, такоречи на два метра до девојчето со кое требаше да се видам, шо со месеци комунициравме, што ме чекаше и све.неможев сеа да се откажам. Од друга страна а што ако не ме чека?? ма заеби идам и крај,.
Имав нешо кеш у мене и’ викам на сестра ми враќање сеа нема, иам карта за воз и шибам за Русија. Што биде нек биде.
И дадов инструкции како да ми пушти кеш преку Вестерн Унион и како што кажав ме спаси по кој знае кој пут,абе незнам руки и бацувам.
Се качив на воз и правац Русија. Овојпат немаше лукс класа у возов,земав цело купе со 4 кревети сам да бидам.
Изнервиран од све што се деси, реков дај ќе седнам пивце едно друго да се олабавам плус граница првпат у Русија идам,паранои те маваат.
Доаѓа стандардно тетката за карти проверување и ми нуди постелнина (за која стандардно се плаќа, не дека нешо превара или сл.)
И викам неможам немам веќе украински пари, за русија идам, ги спичкав.
Вика абе немаш гајле ќе застане возот, по станиците има менувачници ќе смениш у рубљи, ги примаме.
викам ОК. требаше да платам 40 рубљи, имав у мене таман пар долари, повеќе од доволно.(1 долар отприлике 28 р.,1 евро отприлике 34 р.)
Застанува возов у три ноќе ин тхе мидл оф ноувер, доаѓа теткава со еден тип насмеан и вика нели рековме ќе мењаш пари, сеа колку ќе мењаш 100-200 евра или долари?
викам што??! абе еве ти 2 долари што должам и тоа е тоа. како сеа у 3 ноќе у воз да мењам 100-200’ у рубљи, нит знам курс, нит сме стапнале у Русија, нит ова нит она, нормални ли сте?? таа запна..абе ај сеа за 2 долари, ќе ти требаат рубљи, та у русија идеш шо ќе јадеш таму, па за хотел едно-друго...бреееј ми се залепи..а таа му се врти на типов шо као пари требаше да ми мења и му вика као „јааооо изгубен турист“
ми пукна у пичку матер...абе ЗИМАЈ ГИ ПАРИТЕ И ПОИШЕ ОД ДОВОЛНО СЕ И ОСТАЈ МЕ НА РААТ У ПИЧКУ МАТЕРИНУ ВИШЕ!!!!
се помисли женава пар секунди и оп си ги зема.
(при претходните патувања кога плаќав за постелнина обавезно ми носеа „квитанција“-сметка,а сеа не..пар бакси у џеб)
Ова истово го раскажав после на некој форум пун со руси и као ме критикуваа абе зашо си бил таков нецивилизиран,па таа сакала да ти помогне..абе им викам изрибани мозоци кој кур сум ја дужен да мењам 200 евра у воз у 3 ноќе бе??? пари имав и поише од доволно да си платам јебената постелнина, си имав карта нормална и ајт у пм. ај после сфатија. мислам некад од јебен патриотизам чоек се прави со сила и глуп и слеп стварно.
И продужи путов, влага Украински граничар, ми ја побара имиграционата картица, му ја даам. па зема да прашува и да запишува. Кај бевте, шо бевте едно друго..аман више стварно се умишљаат дека се Франција у пм. Озбилно. Кога ги вадев визите за патувањево, у Руска амбасада-ништо,за еден ден ми ја дадоа,15 долари, 3 месеци бизнис виза со два влеза!
а у Украинска амбасада У ПМ више! Стоиш оред влез,па на домофон, Ве молиме почекајте има странка унутра,па ово,па оно,па чекаш 7 дена да ти одобрат, па те праќаат у банка да уплатиш (неможе директно)
50 долари за двамесечна ми земаа еба им мајката.
ма у пм више.
И на крај запиша шо запиша, среќен пат пријатно ова-она си отиде.
Возов продужи у но менс ланд пред Русија, а мене кај баш тогаш у пм ми се приоде у веце дали од пивото или незнам АБЕ ЌЕ ПУКНЕВ АМА ОЗБИЛНО!!
се виткам се мучам амаан, идам до веце закључано-граница е,не е шала. ЛЕЛЕЕ готово ПУКНАВ.
Зиам пластична флаша од сок ли ми останала едно друго, ќе мочам у неа демек..испопромашив шљау на кревет љочка.
ШИТ ШИТ ШИТ ШИТ!!!!!!!!!!!!!’%&‘’%&*‘&*(‘*(&‘*(&*(&(*&’%%‘““%““„„„“‘%’„„„„6527364897364783
кАЈ БАШ СЕА??! Земав тоа разгужвав тука постељнината, одозгора една тура пудра (за стапала носев лол), па дезодоранс пола шишенце, па ќебиња едно друго, весници итн..и закамуфлирав абе мајсторски. А на врв на сето тоа легнав флаша со пиво, ако нешо приметат демек се истурило малце.
Баш на време!
Тропање на врата. Влага руски граничар..добра вечер,документи. Глеа наоколу..све средено креветот цакум пакум, мириса убаво унутра, сум раскренал ранци,торби чуда настрана, абе суредено незнам.
Му давам пасош и имиграциона карта (претходно ми беше дадена да ја попунам од тетката. таа треба да се чува као очи у глаа! У Русија секој странец е должен да се регистрира 72 часа по пристигањето. Ако си у хотел, хотелот автоматски те регистрира, ти удира печат на картичката со датуми на престој. ако не си у хотел него кај пријатели напр. треба со нив да идеш у полиција да се регистрираш. ако си у изнајмено станче, ти треба писмо од сопственикот заведено кај нотар па у полиција па чекаш по шалтери со боси гастарбајтери од Таџикистан и Туркменистан, па стигаш на ред те праќа у банка да уплатиш,па ова,па она..Агенцијата што ти го пратила ваучерот односно поканата може да те спаси од малтретирање и они да идат по шалтери и сл. да те рег. али мојава конкретна агенција има канцеларии само у Москва и Ст. петерсбург а не и у Ростов на Дону, башка што тоа дебело го наплаќаат околу 30-50 долари.Мора да имаш печати од секое место каде што си престојувал. Во секој нов град-нова регистрација. АБЕ КОМПЛИКАЦИИ У ПМ!! СССР. Е а ако немаш регистрација, ти се еба векот. Полиција има право да те легитимира на улица,ако немаш регистрација може да те приведе или у полош и почест случај-да бара мито. Неупатените ги вадат од памет као „аааа казна 200 долари“ па иди објасни се. Ако којим случајем не си бил застанат и легитимиран на улица, ќе ти проверат на излез од државата. нема бегање! картичката на излез ја зимаат они и убацуваат у компјутер податоците да се има евиденција кој кога дошол, каде престојувал од кога до кога и сл. Строго е)
Контролата на Руска граница траеше...5 секунди. Ништо. Џабе паранои и све.
Дојде што дојде тој типот, зема пасошот и картичката..го снема..после се појави еден мечок у униформа со шубара и урбан камо панталона и ми ги врати со печати.
После дојдоа цариници. Типче цариник влагање..абе незнам..ко амерички италијанец..Ралф Мачио нешо со залижана коса..еее пица,шпагетиии..уопште не делуеше руски (изгледа Ерменец,има големо малцинство у тој крај)
И онака френдли вика имаш нешто? да не имаш прехранбени продукти ова-она? викам не. Уопште не отвори ранецот. Е сеа добро е шо камкордерот го пријавив на излез од МК, гледаат такви работи. И ништо праша шо праша и искочи. 5 секунди.
После се качија на воз 8932463896438956485645 војници и продуживме.
Коначно влеговме у Русија. Легнав да спијам. наместив аларм на моб. да ме разбуди саат време пред стигање да се средам. Арно ама незнаев дека имало временска разлика. И така ја спијам,спијам, се будам сам од себе, глеам низ прозор некако шубе ме фати глеам веќе разденето асално..ај беља..коа глеам почнаа куќи,згради едно-друго...ШИИИИТ! знаев дека е Ростов. Се заебав.
Наврат нанос спремање, паники, едно друго, пердуви летаат, доаѓа тетката на врата вика ај брзо стигаме едно друго..лееееее
Тотално распашан, несреден, неизмиен, никаков со петсто торби, ранци и глупости тргнав накај излез од вагон...
стигам до врата....
И ТУКА..НА ПЕРОНОТ СТОИ ОНА.
7.15 сабајле, 2 Ноември, она стои не мрда од место, средена, дотерана на штикли ме чека.
Се гледаме..двајцата осмех до уши..она целата се тресе вика не ми се верува,не ми се верува..ја викам..и ја сум у шок
)))))))
Ми кажува важна работа. Станицата на која управо се симнав неколку дена претходно требало да биде нападната и уништена СО АВИОНИ! Као 11 септември. Викам абе ај. Озбилно! Ростов на Дон е главен град на јужниот дистрикт на Русија, во кој спаѓа и Северен Кавказ (вклучително и Чеченија)
Поред административната улога, тука е и Универзитетот за северен кавказ, седиште на воениот округ и др.
Терористичка група се обидела да грабне неколку авиони во Кабардино-Балкарија и со нив да изврши напад на неколку места, меѓудругото на станицата која е битен железнички чвор за Северен кавказ, како и напад врз блискиот нуклеарен реактор!!!
(подоцна се уверив. гледав на вести. планот бил осуетен, незнам колку руски војници загинале, терористичката група е разбиена,само двајца успеале да киднат и сакале да преминат граница да кидаат за Монголија или Кина. фатени се негде кај Улан-Уде,не памтам баш, гледав со шок и неверување)
Она. 19 години, од Ростов на Дону. Студира јазици, одлично збори англиски и помалце француски. Свири пијано, класики Шопен,Рахмањинов итд..нежна. женствена,мила..фаца симпатична, бела со плави очи. Сеа не е супермодел има пар килца појќе ама не е дебела па сеа. Така корпулентна е, у рамења, у груда, така здрава.(као „кол оф нејчр“ рандом тетката)
Претходно по интернет,смс и сл. ја замолив да ми најде некаков ефтин смештај. 4 ѕида и туш.
Типкава нашла најефтино у свет, една рупа, рехабилитационен центар целиот се љупи, со баби шо имаат проблеми со колкови и сл. 9846789464384 светлосни години од било каков комфорт. Али тоа барав. Цена 10 евра.
Се сместив таму и почна да ме шета, да причаме за свашта, за книги,м филмови едно-друго. Идеме у ресторанче едно,ја си нарачуем за мене, викам за тебе..ништо,ништо. Чај ќе си земе и си седи.
Градов симпатичен беше. Стара архитектура, убави слаткарници и кафичи (какви што у Скопје НИКАД нема да има), продавници какви што никад нема да има кај нас (РАБОТАТ И У НЕДЕЛА!), по улица углавном НЕ СЕ ПУШИ (тоа ми сметаше ама ете така е,ретко ќе видиш некој. Полицаец може да ти дојде и да те казни ако сака). Многу од локалите се непушачки, па она ми наоѓаше места кај шо смееше. Дупло поголем од Скопје, со некои пар милиони жители. Специфично е дека има многу Ерменци, бегалци на времето од Турците.
И така ме шета првиот ден, ја уште неизбањат,несреден, нема везе. Ме упозна со пар другарки.
Кога преминувавме улица,Оп ќе ме фати под рука,пази да не те згази нешто..по некое време пак..оп..пази да не се слизнеш..веќе се стемни едно-друго, не издржав ја застанав и почнавме да се љубиме. Се љубиме и љубиме пола саат.
Влеговме у тролејбус да си идеме, ја поспан почнав да дремам, м,е буди вика не спиј и почиње да ме љуби,љуби,љуби..акрши нас стојат бабушки со марами не’ гледаат насмеани)
Ми раскажуваше за себе. Етнички е турли тава, 1/5 Украинка, 1/5 Бугарка, 1/5 Мордвинијка (Мордвинците се Угро-финска етничка група), 1/5 Молдавка, 1/5 незнамтиштовише аман
)))
Совјетка! ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Татко и’ е пола Бугарин а пола незнам што, мајка и’ е Украинка од Казакхстан(?!). У советско време живееле таму, немало граници нели и све. Мајка и’ незнаела ни збор руски, збореле само Украински дома. Но заради образованието и све тоа, у тоа советско време нели имало т.н. „русификација“, ако некој сакал да напредува морал да знае перфектно руски, па родителите почнале да форсираат руски...и така, со тек на времето, девојчето (односно мајка и на девојкава као мала) се асимилирало(!) Сега незнае ни збор Украински...Баба и’ пак на девојкава живее во Татарстан, недалеку од главниот град Казан.
Била по разни места ми кажуваше за у Казакхстан, пустиња огромна вика, камили шетаат најнормално домашни животни, у лето се собираат миљарда купчиња змии(!!!) и се парат на +500 степени. Казакхстанци шетаат наоколу изгубени. Кои филмови.
Лудило. Сакав да идам таму, близу е Казакхстан, извадив и ваучер и све,кај нас нема амбасада па се мислев у Истанбул или Киев да вадам виза, али се откажав,се немаше доволно време,кеш и сл.
Па ми кажуваше за Татарстан, како Татарите живеат, како се облакаат, па седат у круг на земја на софра јадат со руки и пијат чај. Главниот град на Република Татарстан, јес да не сум бил и не стигнав да отидам а сакав, ама е град ипол! Фантастични цркви, тврдина, џамии, пешачка улица со бутици и кафичи итн..Скоро славеа незнам ти колку долг јубилеј на постоење на градот, глеав на тв снимки абе Париз. Ватромети, познатите градби осветлени со рефлектори, ласери тука, бини, манифестации.
Ја мислев да прошетам уште многу по пише градови, ама ми кажуе она,вика прво ќе смрзнеш, прекасно тргнав на пат, второ огромни дистанци меѓу градовите (Русија е ГИГАНТ), трето незнам ти што..и у право беше остаив за другпат.
Се ближеше голем национален празник, па у тоа рехабилитациониот центар се очекуваа доста нови гости. Се разбира чичкото таму одма измисли ново правило. Вика вака, у собата има два кревета. Ја ти наплаќам по кревет, 10 евра. Ако сакаш да бидеш сам плаќај ми по 15 евра и ќе бидеш сам.
Коа ќе се земе тоа у обзир, башка и фактот што таму не ми удрија печат за регистрација (не даваа), морав под хитно да мењам смештај.
Девојчево ми најде фин хотел, јес да ми беше скапо (30 евра),али со регистрација си немав гајле,си имав цивилизиран смештај со тв едно друго и доручек. Најважно од се’ нејзе и беше дозволено да ми доаѓа у собче без проблем.
Ми вика, добро..зашто ја ти се свиѓам?? ја сум толку обична, има плавуши у миничи едно друго. Ја се смеам викам абе како да и кажам, овде кај нас најсмрдлива никаква грдотија од 35 години у Лаика или Џубокс мисли дека е центар на планетава, неможеш да и’ припариш.
Еее смрдли скопски.
Бевме заедно 2 недели...незнам..немам зборови колку беше добра со мене. Буџетот се тенчеше, времето си течеше..знаевме дека ќе дојде ден да се разделиме..и како да кажам..така осеќавме една грутка у срце..абе неможам да објаснам.
Земав карта за Москва. Дојде претпоследниот ден. Лежевме, ја галев и и’ зборев..Русија...Украина...Казакхстан...Татарстан...плачевме и двајцата.
Утредента, ме испраќа на станица...се разделувавме два саата...ја грлам и ја тешам гледаш, све е можно,ете дојдов, мисијата е успешна..све е во ред..и плачевме пак.
Се качувам на воз, на прозор се разделувавме. Ме гледа и плаче..и типично за станиците во Русија и Украина, на разглас пуштаат музика..кај баш пуштија една тажна песна, некој хор, можда Хорот на Црвената армија или Хор на Донските козаци..нешто лирично беше..као „Подмосковска вечер“
Како што возот идеше, го гледав Дон..стварно течеше тивко ко Шолохов што вика. Бродови, села, градови,бескрајни степи..многу ми беше тешко.
Стигам во Москва сабајлето. Еден другар шо се исели таму ради работата на татко му ме пречека ме зема со ауто. Има свој бизнис таму сеа, се оженил за Русинка.
Соба у хотел едвај најдовме, све препуно.Петстомилијарди посетители баш тогаш најдоа да доаѓаат. Заебано беше. На крај едвај најдовме нешто. Имаше некакви спортски настани у Москва,тоа хотелот беше препун со спортистки од цел свет,све тинејџерки ЛЕЛЕЛЕЛЕ какви беа.
Глеам у дресови Нов Зеланд една банда све плавуши, друга банда се сликаат со знаме чешко,исто све плавуши, Лелеле
Шетав низ Москва, сликав едно-друго. Метрото го истражуев. ме фати депресија, ладно, сиви фаци едно-друго. И’ пишав на една шо комунициравме на нет,као да се видиме на кафе. 18г.,плава, нешто работи као туристички водич.
Се видовме..ништо..ни приближно филинг ко со преходното девојче. Пола саат кафе, разговор малтене ко да сме на деловен ручек..безврска. Донела и другарка, мислам Ок беше ама немаше појма англиски и седеше ко муле.И нонстоп муабети „се нема време,се нема време, еве едвај најдов сеа време“ дрн-дрн..булшит чист.
Џабе 10 евра отидоа (цените се..незнам) и не се видов повеќе со таа.
Мило ми беше што не се деси ништо. Да не се расипе убавиот спомен за девојчето од Ростов.Се осеќав добро што не ја „изневерив“ хех
Таа за мене ИМАШЕ време.
Се сеќавам, лежиме во Ростов, ја прашав, а дали твоите знаат за мене? као на шала. Рече ма нее таман работа. Лажеше. Неколку дена покасно ми призна..пола Ростов на Дону знаел дека ја ќе дојдам. Им покажувала слики на мајка и, рекла „се гледа дека е добар дечко“. Дента кога требаше да дојдам, навила саат да ѕвони у 5 сабајле. Дома било паника. Мајка и погрешно сфатила мислела дека ќе доаѓам кај нив дома и се затворила у кујна
)) На факултет кај неа било хаос..девојчиња ја прашувале коа ќе дојде,коа ќе дојде..па што се деси, како се деси. Абе викам не претеруј..вика Русија е ова..вишак жени.
И така шетав Москва, Кремљ нешо,Црвени плоштад, улица Арбат едно друго. Земав сувенири еден куп и милитарија нешо (тоа обавезно). Ај викам да видиме ноќен живот како е. Глеам у сити гајд, кој клуб да го одберам, појма неам. Ај „Пропаганда“, звучи интересно,нешо диџеи гостувале,ти реков ми рече.
Идам таму сам, негде 10 саат. Влагам, прво малтретирања од вратари, али ок. Влагам у клубов..шо да видам...луѓе седат по маси..и ЈАДАТ.
абе ова ли е клуб, журка нешто??!!
Атмосфера измеѓу ресторан и паб. Мириса на ражничи,стејкови и сл. Ајдеее,си викам, нема везе. Си седнав на шанк, ми доаѓа една вика „ти за јадење си или за пиење???“(ми се дере у уво нељубазно) Викам пиење. Пиење само на шанк! Добро,добро..дајте пиење. Дечкиве и девојкиве на шанк ок беа,љубазни. Цените напишани изнад,на табла,нема крадење, плаќаш после секоја пијачка, ти дава фискална.
И така седам, ај едно винце,ај уше едно,ај уше едно..еден редар до мене ме глеа ко мајка да сум му опцул. Вика јакната остај ја у гардероба. Викам ОК.
Ај разбирам,безбедност,едно друго,сеа нема да штрчам. беше безпари ионака.
Се враќам..седнувам, пак ме гледаат намрштено. аман више.
Нејсе си глеав пред себе..винце..уше едно..уше едно..па пивце..па пак пивце..па...и коа ми доаѓа пак редар „да ти ја зеам столицата“. Зашто??! Денс,денс-вика.
У 12 саат завршуе кафанска шема, редари почињаат да собираат столици и почиње диско шема. Која мизерија..абе незнам,се осеќав ко Кевин Бејкон У Футлуз.
абе толку сељачки беше незнам,абе не ми се веруваше. Познат клуб и тоа у светски велеград.
расчистија маси и столици, диџеј дојде седна зад грамофоните и почиње дискотека. Ај викам, ОК, да видиме шо ќе се дешава. И се вртам на конобарката (иначе ме бендисуеше,ми се смешкаше едно друго) и викам дај уше еден хајнекен 0.5. Вика нема више 0.5. Како тоа??? Вика кога е диско шема, само мали пива,
ај добро дај мало пиво..(аман! све нешо)
И почиње журка. први на подиум искачаат девојките (похрабри) и играат провокативно (абе ко на пазар беше) муживе се сраме нешо отпочеток,се убација после.
На истиот „подиум“ кај што саат време претходно се гнетеа батаци, стејкови и помфрити сеа имаше 983493846389463894 луѓе играат,рипаат,вриштат.
Се вртам наоколу да разглеам..абе смеење ќе ме фатеше..абе ИСТИ ФАЦИ КО ОД БАСТИОН, ЛАИКА, БАЛЕТ..абе некои у ск шо ги глеаме абе КЛОНОВИ,исти! Исто облечени све! хахаха..леее...онака си се смеев у себе,се вртам на една страна глеам например клон на Шале, на друга страна незнам ти Тони 103, на трета се вртам незнам ти Роботек ист! абе ИСТ! си викам абе не е могуче да не дошле од ск нешо. леее ќе пукнев од смеење.
Цури милион наоколу, пробав нешо туц-муц да промуабетам, не идеше нешо, нема везе, ме болеше кур.
И така винце по винце, пивце по пивце..Оооп почна да ми се врти..шанков го нападнаа милион луѓе,нарачуваат едно друго, морав да се склонам. Идам низ гужви, играат едно друго, коа открив неколку остаени маси (ко сепариња беа отстрана, со прегради)
супер, да се стаам таму. глеам не беа зафатени, луѓе ќе поиграат, ќе седнат ќе одморат,пак ќе станат па се бапнав на едно.
пред мене пивото (веќе не го ни пиев,колку за камуфлажа демек ете нарачувам), рука под брада(да не се плеснам на маса ко шо бев пијан) и пратам ситуација. Понекое време се будам (сум задремал), ништо ново, играат и даље..коа ПО СТОТИ ПУТ МИ ДОАЃА РЕДАР се наведнува и нешто ми збори на уво. Немам појма што ми зборел (гласно беше, загушливо,појма неам) АЛИ ВЕЌЕ МИ ПУКНА ФИЛМ,АМАН ВИШЕ СВЕ НЕШО НЕ ВИ Е ПО КУРОТ ВИ ГО ЕБАМ КЛУБОТ И СВЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
И си станав оттетурав ван денс флорот. И застанав на едно место, да пробуричкам по џебови да го најдам жетонот за облеката што ја остаив у гардероба. И ПАК МИ ДОАЃА РЕДАР И ВИКА „НЕ СТОЈ ОВДЕ ЛУЃЕ ПОМИНУВААТ ДРН-ДРН“. Го најдов жетонот земав јакната и реков си идам и кој ви ебе матер сељачишта.
Искачам надвор мртов пијан и....а сега што??
ЛАДНО...ама ЛАДНО, 3 саат ноќе, нема метро (затворено до 5), такси ако се качиш хотелот ми беше далеку ќе ме ошури..што да се прави у пм.
Ми пукна све, ми се стемни МА ЌЕ ТИ ЕБАМ СВЕ У ПМ, ТРГНАВ...НЕГДЕ...БЕЗ МАПА БЕЗ НИШТО..БЕЗ ОРИЕНТАЦИЈА,БЕЗ ЦЕЛ,БЕЗ ИДЕЈА....
ПЕШКИ.
Шеташ низ Москва у 3 саат ноќе. Мислам..незнам..нема сврха. Реков нек биде шо биде, нека ме убијат.нека ме исџепарошат, нека ме ебат ме заболе и продужив.
Пешачам....и пешачам...и пешачам...и пешачам...3.15....3.30....3.45....на лице имав израз „кој ме пипне му се еба мајката..остајте ме, ајм нот ин а муд“
И одам и одам и одам..поред мене поминуваа улици, плоштади, коли...
не видов ниту еден лопов, ниту еден џепарош, ниту една проститутка, НЕ МЕ ПИПНА НИКОЈ.
Терам, терам и...терам..стигнав до реката. Глеам една зграда јака,ај реков ќе ја сликам за спомен на ноќва. И сликав.
4 саат...шибам по улици...4.15, 4.30...после 2 саати шпартање ко низ магла забележувам железничка станица. близу неа коначно МЕТРО! ЈЕСССССС!!!!!
5 саат сабајле. Пред врата на метро станицата Павелецкаја, ја и две бабушки. Искача милиционер (у Украина и Русија задржан е називот „милиција“) и го отвара метрото. Влагам унутра, со блажена насмевка...почнаа да влагаат луѓе, милијарда,идат на работа. Спасен сум.
Резултат од утакмицава ВББ-Москва 1:0
Стигнувам уморен у хотелот..легнувам среќен и почињам да спијам,спијам,спијам....као детето од Вештачка интелигенција...
....
коа одеднаш у 10.30! ВРРРРРРРРРРРРРРРРРР-ВРРРРРРРрррРРРРРРРРРРРрррРРРРРРР!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
ај беља...реновираа нешто над мене..коа почнаа ВРРРРРРРРР-ВРРРРРРРРР..БАМ-БАМ-БАМ (чекани,рушат ѕид)
Извадив глаа низ прозор и почнав „ТИШИНА БЕ ГОМНА!!!! ЕЕЕЕЈ БЕ ВАС ВИ ЗБОРАМ!!!АЛО!!“
ПРОДУЖИЈА.НЕЈСЕ.
Последните два дена у Москва заврна снег..ете го видов и тоа нешто.
Последен ден, се спреам за авион за Белград-Скопје.
Ај рековме со тој другарот,се чувме,као последен ден ај ќе купувам цд-а нешо па после да се видиме на ручек па на аеродром.
заглаив со купување цд-а, му закаснив на другаров. Му викам извини ти закаснив за ова за ручек што се договоривме,ама 5 до 12 е сега дај батали ручек да трчам ја до аеродром. не се знае, првпат сум овде, од кај знам што е каде е дур се снајдам итн..
Он ферски ми викна некој негов шофер познаник да ме пребаци до аеродорм и све,ама зезна за една работа.
Вика абе ај па ти не паничи,дај ќе си ручаме кур те боли, набрзинка па и ти.
И идеме на ручек у еден ресторан,а ја се тресам. Времево лета.
Ок, се разделивме све се поздравивме и тргнав на аеродром Шереметево 2.
Стигам на аеродром мање од саат време пред полетање. А требаше два саата порано (за чек ин па дур се снајдеш и сл.)
Трчам да влезам..епа не е тоа скопје..милион луѓе чекаат на влез контрола на багаж. ајдее контрола 15 мин. Влагам, незнам кај да идам.Прашувам ми викаат на втори. Се качувам на втори на таблата пишува за Белград на бр. 5 и стрелка за правец..идам у тој правец..незнам..нигде не глеам, ЈАТ да пишува.
Глеам редица трафичиња со натпис горе Луфтханса,САС,ова-она, ЈАТ нема. Прашувам еден полицаец,врска нема. Вика иди таму негде..покажуе со рука..идам таму негде..ништо..нема ЈАТ. ЛЕЛЕ ЌЕ СЕ УБИЈАМ!!! У живот неам испуштено лет. Немав ни појма што се прави у такви ситуации!
Идам скроз до крај на салата,глеам Царинска контрола. Викам не е тука и се враќам назад (А уствари сум требало да ја поиминам!!!! ЈАТ-овиот чек-ин бил после тоа!)
Трчам ко мува без глаа низ холот, налетувам на полицајка, прашувам, таа целата изгубена, вика 6-ти спрат(???!!!)
Идам на шести спрат, милион канцеларии од разни компании..Наоѓам ЈАТ,заклучено.
оф леле.
На крај се симињам таму на 2-ри. Авионот ми киднал. Смејте ми се,прајте ме магаре, ама убаво викав,да дојдев порано дур се снајдев едно друго.
од кај кур ја да знам дека чек ин-от на ЈАТ е после Царинска контрола.
Кај нас последен пут коа летав у Мај за Берлин, прво чекираш карта на МАТ, па после следуваат царини,пасошки контроли и сл.(логично резонирам, царина значи НАПУШТАЊЕ на државата)
ама заеби ти резонирање, требаше да поминам цариниците (седат на една као маса) па после е тоа на ЈАТ па пасошка контрола па но менс ленд со фри шопови, па боардинг.
Нема везе тоа сеа.
Авионот ми кидна. Искачам надвор очаен. таксисти навалуваат, цени астрономски, 50 евра бараат. ги одминав и се акаде?? одеднаш се појавуе еден чиче..вика здраво,треба превоз? ја сум Саша. Колку до таму и таму? кажа нормална цена.
ццц ова као ангел дојден да ме спаси.
Збореше интересно на англиски. работел у Австралиска амбасада.
Раскажуваше како научил англиски за три месеци од книги и плочи и ми изрецитира цела една лекција:
Мисис Хигинс ис мејкинг ти, уајл хер хасбенд Ричард ис ридинг а њуспејпер
(УШТЕ ЈА ПАМТИ ОД ЗБОР ДО ЗБОР ПОСЛЕ 40 Г.)
Стигам пак у Москва, пак у хотел и све тоа. Се јадев цела ноќ, сеа утре како за картава што и како треба. Пред ЈАТ се нацртав у 8 сабајле (а у 10 отвараат),се мрзнев се мрзнев, па барав некој кафич да се стоплам дур отворат. Глеам огромна книжара.ЈЕССС!!! Си влегов, ќеиф, книги пиле млеко, огромна.Се шетав унутра и утепав време.
У 10 идам таму,објаснувам,кидна авион ова-она. Ми дадоа нова карта без проблем,не платив ништо.
И така попладнето пак на аеродром (викнав такси од компанијата на старчето Саша. прилично се поефтини) Овојпат баеги пред време. налетав на еден словенец. Ми кажа каде и што треба ме спаси.
И тргнав за Белград а таму? Идам да чекирам карта за Скопје-нема никој. Саат време чекаме,луѓе тука се насобраа, шо е ова аман, не бе брате не се појавуе. идеме колективно на гејтот за ск од таму искача цајкан српски таков џвака патлиџани тука салами вика како бе нема никој за чекирање???? без боардинг пас не ве пуштам па шо сака.
Абе тоа белградски аеродром не научија и не научија да работат, мислам хаварија.
На крај 10 минути пред полетување(!!!) се појавуе типката и вика „де де само да се паничело дајте да ви чекирам“ и у 5 до 12 ни среди работа. Балкане,балкане.
Долетуеме у СК, искачаме од авион, пасошка контрола 4 секунди траеше, идам даље нит царина ме запре нит ништо.абе шо е работава?? па ја навикнат да има некој да ме праша имаш ли нешто или сл. прашувам една типка абе царина има тука?? вика „појма неам“
тек после дознав дека направиле зелен и црвен коридор. у стилу не те прашуе ништо.ако имаш за декларирање-црвен,ако немаш фурај.
И си викам шо е ова аеродромов гоуст таун. искачам надвор снегови..абе бетер од Москва стопути!
3-4 смрзнати таксисти ми нудат рајд..и оденднаш ми прострујува низ мозок...РАНЕЦОТ!
леле го изумив не ми се веруе..се враќам унутра у аеродромот, никој не ме запре ни ништо, ко незнам..
И идам кај тоа шо се врти си го зиам ранецот (значи кој било може да влезе и да си земе било шо) и пак искачам.И пак никој не ме запре.
Нејсе. Значи се прибрав дома.
---
у следна епизода, работи кои ми се свиѓаа или не ми се свиѓаа по пут