...и така влагам ја, појма неам шо кафана беше, и ми доаѓа една, а бе курва права, и ми вика- еј мали, ај се зезаме, а ја нејзе- мрш фукаро една, па ми текнуе дека неам цигари, и му идам на шанкерот- а бе брат, дај спаси ме, цигара една ако може, а он се церека- а да ми го.., е не дочекав да се доискаже, гарант нешо безобразно му се моташе у тоа глаата, него директно у чело со колено БРАУ, и падна ко покосен, така ли се збори со муштерии маму ти, му скам дур го клоцам, ама ми се собра персоналот, се шифоњери некои, па држ не дај, рипај преку нив, двајца-тројца закачив уз пат до врата, а бе колку да им биде јасно со кој си имаат работа, арно не ми го скинаа мантилот, мислим ептен е скуп, чиста кожа бре, среќа нивна шо би рекол, и трчам надвор, глеам еден батка влага у кола, да ме убиеш појма неам шо марка беше али знам добра некоја, јапанац некој ваљда, и го фаќам за крагна фраерчето- пали брат, му викам-вечер си пешки, и немој да си писнал, ја со Џанго ваков сум, е дур ја му зборам, мислам не го тепам, копиљот покварен вади пуца од под мишка појма неам шо калибар, се брзав па не приметив, и БАРАУ, БАРАУ, пука лудакот, а бе ке ме убиеше, среќа се у колата гаѓа, мора да беше пијан, ма ни за колата не му беше гајле бре, него да убие чоек у субота навечер ако може, е ми пука филм, кочи, па у рикверц, го собрав еднаш-два пут, му искачам да го докршам- ти бе нормален ли си, знаеш ли Џанго кој е, и го газикам онака со чизмиве, али се виде типот дека појма нема од политика, или не беше у стање да одговори, сеедно, дур се распраам со него ете ти мурија, е си викам малер, не ми се објаснуе со нив дека лжев за Џанго и то, улетуем у колата, шкрипка у прва, шкрипка у втора, плавциве по мене, место да видат зашо малион не стануе од асвалт, ау, си викам, мора да се од алфите, тие само у весник да ги имало,за слава око ке ти извадат, мислам ептен се крвожедни, али ме боли кур, малиот се глеа дека чепкал у моторот, колана као на керозин да беше, така да, цигла на гас, музика некоја лудачка ептен, шо би рекол змија од тетовирање- шибааај!!,..ЦАК !
-снемуе струја, мониторот црн, системот даун, цело интернет-кафе пцуе,мене ми се превртуе коа ке ми текне дека 6000 бакса имав на ГТА, пола киднаа- не платија, ја и другар ми чек плиз,фино и уредно по пеесет денари..СРАМОТА Е ДА СЕ КРАДЕ ЛУЃЕ, СРАМОТА!!
Последни коментари