8 јануари, 2009 - 15:16
[веб кирилица]

На цимерката дечкото.....многу грчии!!

од devojceto на 13 дек 2005 - 08:53

Јас стварно за мал степен до експлодирање ке дојдев,вчера се разбира. Приказката почнува од самото мое прибирање, и тоа вчера сабајлето. Фино лепо, јас си влегувам во собата, сабајле беше, и оппппппп цимерката со дечко и си спијат така, сладко гушнати, и си викам ех заљјубени едни [се смее]) И така полека си си средував работите, по едно време се разбуди цимерката, и ми кажа дека нејзиниот до вечер ќе си оди. Јас ништо не одговорив. Тој значи си седел цел викенд додека мене ме немало.Ај си викам да ги оставам таман да си се видат на рајат, и излегов отидов на факултет, а супер изморена, ама ајде....

И така помина времето, се вратив од факултет, бев кафе пиев со другарите и си викам редно е веќе да си се приберам во собааа. И кога влевам јас, што да видам?!?! Куферот на дечко и се уште е тука! Си викам ајде може по касно има бус.Не, тој ќе останел и оваа вечер, го испуштил бусот. Добро, се помирив со тоа дека машко ќе ми се шланка по соба, ноо проблемоо. Сакав да се искапам, да си средам работи и да си легнам, пошто нозете не ме држеа а и утре рано пак требаше да ставам. Ја замолив фино лепо цимерката дека сакам да се релаксирам по туш, и ако може мала приватност за 30 мин, се согласија и излезија. И ете гии. Точно за 30 мин. Никогаш не беше толку точна, не знам. И ништо. Брзо ми летна времето, и гледам десет часот, и ке си легнував. И тија си легнаа. И од тогаш почна сее!!!

Првите 5 мин, првиот шум беше, шлак шлак ( звукот идеше од нивното прешлакано бацнување, не знам какво е тоа), после почнаа да се смеат, да не знам што друго не направија. А јас? си броев овци за да заспијам! И после некое време се смири ситуацијата, и тој пак почна, ама не беше тоа шлак, или нешто друго, ТОЈ ПОЧНА ДА ГРЧИИИИ!! Ужасно беше.Такво грчење до сега немам слишнато. Све живо диво дигна увис!! Почнав да плускам со рацете, да свирам, јок брее батеее. Готовоо,нема спас. Спасот беше да станам да си седнам на компјутер, да си ги ставам слушалките и да сурфам чатам било што. Станав, и од инат запалив циагар во собата, и ете а госпожата се буди, и ми вика да сум ја изгасела цигарата?!?!?! Алоооо, ехоооо, ти да му го исклучиш алармот на дечко ти можи? Нејзе не и пречело. А мене?? Јас не сум важна? Така ли? На секои 5 мин му палев цигара, и после гласна музика си пуштив. Ете така.7 сатот дојде, типацов си стана, си се изми, се расоблече пред мене,и на сета таа ме праша, зошто не сум спиела??? Никогаш по нервозна не сум била.Ама никогаш! И на крај,тој си замина. Останав јас, сама, не наспана, уште повеќе изморена, а очите 100 ми беа!

А да прашам јас??А бе лек против грчење има ли??

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
Има лек - од GoodBytes на 14 декември, 2005 - 03:11

devojceto напиша:

А да прашам јас??А бе лек против грчење има ли??

Има: исели се и живеј си сама, или навикни се.

Животот со други луѓе, особено во (претпоставувам) студентски дом, значи да си спремна на многу, многу повеќе од твојата вчерашна авантура. Ако не ми веруваш на збор, тогаш искуството ќе те научи.

А ти за учење си дојдена на факултет во Скопје? [се смее]

---

сликата на devojceto
........ - од devojceto на 14 декември, 2005 - 12:10

Друже, не е тоа стварта да се иселам, или да живеам сама или пак да се навикнам! Компромисите за што се?

Во Бугарија ме пратија да учам, Да!

Права си - од Patriot на 14 декември, 2005 - 19:06

Права си.

сликата на GoodBytes
Компромис - од GoodBytes на 15 декември, 2005 - 16:41

devojceto напиша:

Компромисите за што се?

Според тоа што ти го опиша најгоре, ти повеќе си поставувала услови, отколку што си правела компромиси. Што, голем компромис е за тебе што си и' дозволила во нејзина соба да седи со дечкото кога ти не си тука? Според моите критериуми, не.

Изгледа толеранцијата меѓу луѓето опаднала од времето кога јас бев на ваши (студентски) години. Што знам, можеби ова што го кажуваш сега е нормална работа, но духот во кој јас сум растел никогаш не би ми дозволил да се изнервирам за таква работа, туку побрзо би ја сфатил потребата или во случајов неопходноста човекот да преспие. Грчел. Па што?

Какви приказни имам јас да ти кажувам за „влегување во туѓ приватен животен простор“, форумов не ќе ме собере. Но после толку години, луѓето на кои ова „сум им го правел“, или „ми го правеле“, и ден-денес ми се одлични пријатели. Можеби затоа што сме се разбирале кога другиот има некаква потреба (па дури и потреба за журкање, сеедно) и не ни било никаков проблем да се прилагодиме еден на друг, односно да направиме компромис, како што и самата велиш.

Очигледно е дека овие работи ти се нови, и можеби сеуште го наоѓаш вистинскиот начин да се носиш со нив. Нервирањето нема да ти помогне. Ќе се расипете со цимерката, и остатокот од годината и двете ќе го поминете неубаво една покрај друга. Ако на грчење враќаш со пушење цигари, тоа исто нема да ти помогне. Подобро остави ја работата да помине, и утредента седнете двете и направете убав муабет. Објасни и' дека некои работи ти пречат, но прашај ја и неа што и' пречи кај тебе. Сигурно поголеми шанси да се договорите имате на ваков начин, отколку со терање инает.

Со текот на годините, ќе сфатиш дека на еден проблем може да се гледа од повеќе аспекти. Начинот на кој ти ќе се навикнеш да ги гледаш проблемите ќе те дефинира како карактер и ќе има големо влијание врз понатамошниот тек на твојот живот.

---

сликата на StobiFlips
Кога ќе размислам подобро.... - од StobiFlips на 16 декември, 2005 - 01:02

...шо е крив чоекот?Мислиш тој сака да грчи?
Обично, на тие што грчат се гледа со презир, ко да се криминалци(или мене така ми се чини?).

Mr. GoodBytes фино вика дека за да се почитуваш со луѓето треба да си го зголемиш прагот на толеранција. Или барем да имаш разбирање за работите кои тебе ти се чудни-стави се на нејзино/негово место. Како би сакала тие да се однесуваат кон тебе кога би имале нешто против некоја твоја навика или постапка? Така однесувај се и ти кон нив. Така најлесно и less offensive се покажува што ти пречи без да навредиш било кого.

...кога ќе ми текне дека пред пар години, кога првпат живеев во студентски дом, се разбудував на секое отворање на врата, на секој шум. Два месеци тешка лабораториска работа и самотретирање со хлороформ и слични ми ти пијалоци, и потоа спиев без проблем и кога се случуваше забава со 15 луѓе кај мене в соба.

Така што, се е работа на навика. Убаво е чоек да научи да се прилагодува на различни ситуации. Не знаеш што те очекува во животот.

Поздрав,
[се смее]

O: Компромис - од venera001 на 20 декември, 2005 - 14:57

GoodBytes напиша:

Со текот на годините, ќе сфатиш дека на еден проблем може да се гледа од повеќе аспекти. Начинот на кој ти ќе се навикнеш да ги гледаш проблемите ќе те дефинира како карактер и ќе има големо влијание врз понатамошниот тек на твојот живот.

---

Уф! Девојче, ова е веројатно најдобриот совет кој си го добила досега, послушај го - има многу, многу вистина во него.
Гуд бај, браво!

сликата на JohnFoe
Сељански - од JohnFoe на 14 декември, 2005 - 04:05

Сељански Играрии.

сликата на Caligula^
O: Сељански - од Caligula^ на 14 декември, 2005 - 10:49

JohnFoe напиша:

Сељански Играрии.

[се смее]))))))))))))))))))))))

сликата на StobiFlips
Не си сама со маката! - од StobiFlips на 14 декември, 2005 - 05:50

Еве, на пример, една другарка во моментов дури ти го читав постот, искоментира нешто како:"Шо, бе, јас да не сум го пишувала ова, на несвесно?".

Мислам дека ако некогаш повторно се најдеш во таква ситуација(не ти посакувам, ама сепак, за ум), тропни на дрвена површина неколку пати. Се додека не престане. Помага.

Или истегни го за уши. Или залепи му шлаканица. Или истури му чаша вода. Или тргни му ги нозете, отсечно.

Толку.

сликата на devojceto
нервозно е.... - од devojceto на 14 декември, 2005 - 12:07

Јас студирам во Бугарија. За нив е најнормална ствар дечковци или женски да се мафтат по соби! Но ние се договоривме со цимерката, кога не сум во соба за повеќе време, ок е, нека иде.
А верувај ми, не да тропав, не да плескав не да свирев, ништоооо не помагаше! Важното е дека помина [намигнува]
Толку![се смее]

... - од RobertS на 17 декември, 2005 - 17:38

Тебе ти помина а текстот/постот засекогаш ќе го грди сајтов... админи што објавувате вакви глупостии!!!

Итар Пејо - од fLeX на 14 декември, 2005 - 11:17

пишувачки стил:) Мени жао тебе, ал лек нема. Мљацкај, лупка, свиркај, све исто. Уосталом, нема што да преспива фраерот на цимерката у ваша соба, ал треба гз да и кажеш,или " лупиш шаком о сто" што би се рекло;)

А да си купиш - од PetarK на 14 декември, 2005 - 12:20

А да си купиш „затки“ за уши или како и да се викаа? Најсериозен сум.

Инаку прикаскава ме потсети кога бев во Лондон и тогашниот цимер си фати девојка на првата недела од доаѓањето во Лондон. Бидејќи обично останував по цела ноќ на факултетот, двајцава имаа quality time скоро секоја ноќ.

По пауза од година и нешто, неодамна повторно се видов со него во Минхен. Уште се заедно, девојката се вратила назад во родниот Бразил за да ја подговтви свадбата на плажа што ќе ја прават за Нова година.

Среќа негова што се фатија кога се спремав за испити, а не кога почнав да работам и да станувам во 5.45 сабајле за да фатам воз. [се смее]

сликата на devojceto
Ееее..... - од devojceto на 14 декември, 2005 - 12:27

Ај не ме зафркавај плс [намигнува] Готово е, нема да имам потреба, а и ако подпаднам во таква ситуација, веќе знам како да се справам [се смее]

ќути си и трај - од кајмак на 14 декември, 2005 - 14:09

ќути си и трај си.. добра вежба е ова за со мажот ти у иднина.. да знаеш што да очекуваш

Топ Шоп - од XaLLeX на 14 декември, 2005 - 15:02

Хехе има лек, продаваат една ствар на Топ Шоп [се смее] незнам тоцно како се викаше [се смее]

сликата на Mistress
Леле девојче, - од Mistress на 14 декември, 2005 - 16:41

Леле девојче, скроз те разбирам. На одмор еднаш, исто така дечко на другарка моја грчеше по цели ноќи, и тоа онака крвничко грчење, ко електрична пила за дрва... Одвратно. Не барај разбирање од оние кои не го искусиле тоа на своја кожа.

Што е најиронично, тие што грчат секогаш први заспиваат. [се смее]))

сликата на Chima
O: Леле девојче, - од Chima на 15 декември, 2005 - 17:04

Mistress напиша:

Леле девојче, скроз те разбирам. На одмор еднаш, исто така дечко на другарка моја грчеше по цели ноќи, и тоа онака крвничко грчење, ко електрична пила за дрва... Одвратно. Не барај разбирање од оние кои не го искусиле тоа на своја кожа.

Што е најиронично, тие што грчат секогаш први заспиваат. [се смее]))

Мене ако ми се спие воопшто не ми смета ништо што се дешава околу мене , какво црно грчење , во војска спиев со 30 луѓе во една спална што значи имав хор од типови кои х'рчат , прдат или ждригаат па сепак си спиев како бебенце [се смее]

O: Леле девојче, - од NAJmaja на 15 декември, 2005 - 18:31

Chima напиша:
Mistress напиша:

Леле девојче, скроз те разбирам. На одмор еднаш, исто така дечко на другарка моја грчеше по цели ноќи, и тоа онака крвничко грчење, ко електрична пила за дрва... Одвратно. Не барај разбирање од оние кои не го искусиле тоа на своја кожа.

Што е најиронично, тие што грчат секогаш први заспиваат. [се смее]))

Мене ако ми се спие воопшто не ми смета ништо што се дешава околу мене , какво црно грчење , во војска спиев со 30 луѓе во една спална што значи имав хор од типови кои х'рчат , прдат или ждригаат па сепак си спиев како бебенце [се смее]

ете затоа сакам да идам у војска [се гази од смеење] [се гази од смеење]

сликата на x-sv
изјаснисе - од x-sv на 17 декември, 2005 - 21:23

изјаснисе подетално заради

  1. 30 војници во една соба со тебе или за
  2. х`рчењето,
  3. прдењето или
  4. ждригањето да бидиме најасно

[хахаха]

30 војници??? - од NAJmaja на 19 декември, 2005 - 17:41

30 војници??? ниеден, фала многу [се гази од смеење] знам дека немате многу фора да се туширате...
мене ми е за тренинг за ушите [се смее] да можам да спијам и кога некој онака мераклиски цепи дрва...
а за прдењето и ждригањето... нема ја таа вежба што ќе те научи да не колабираш од мирисот и чувството на одвратност

сликата на x-sv
така бе НАЈмаја - од x-sv на 20 декември, 2005 - 14:29

така бе НАЈмаја изјаснисе Знаеш некој може да те разбере погрешно па после проблеми,компликаци па трачеви [се гази од смеење]

O: Леле девојче, - од groovestix на 19 декември, 2005 - 01:20

Chima напиша:

Мене ако ми се спие воопшто не ми смета ништо што се дешава околу мене , какво црно грчење , во војска спиев со 30 луѓе во една спална што значи имав хор од типови кои х'рчат , прдат или ждригаат па сепак си спиев како бебенце [се смее]

Муабетов е тапа, али овој пост ме изгази во смеење до даске, онака мераклиски, иако сум сам во моментов!
Закон!

за грчењето - од ZokiSpijac на 19 декември, 2005 - 04:03

девојко, требаше да си го викнеш дечко ти и да се расјахате насред дневна, онака зестоко, па после да видат они шо е бука... али пошто од муабетот дека машко така тебе ти се шета по куќи,, мозе и немаш..
друга опција ти беше да им вленеш насред кревет, и онака трисом.
ама ми се гледа дека и тоа не би ти текнало... па најдобро е да ги отераше у три лепе онака хистерично!и немаше да спијат , а ти ќе си ја смиреше душата и ќе ти дојдеше сонот...

ili... од Ladykiller
сликата на devojceto
Хе-хе-хе.... - од devojceto на 19 декември, 2005 - 18:56

Леле...не знаев дека смислата за хумор ти е безграници [се смее])! Бравос на тебе.

P.S.По глупо нешто, немав прочитано до сега.
Моите честитки....[намигнува]