8 јануари, 2009 - 18:53
[веб кирилица]

Шоу за изгубените

од B. на 20 дек 2005 - 02:50

(посветено на Петар и многу поздрави и честитки до него, многу љубов и среќа и најмногу ум му поскаувам, со песната чиј наслов завршува со Enough од Depeche Mode)

Неколку тест-прашања, чии одговори можеби можат да станат и новите идни основни постулати на шоутајмингот (резултатот, од анализата која се прави врз основа на вкупниот број поени, ви го испраќам директно на мејл, дискрецијата е гарантирана).

1. Кои се квантитетите на Драги Вентилаторот-несудената жива легенда?
А. Ладењето - 1 поен
Б. Гадењето - 0
В. Степенот на густина - 3
Г. Насмевката убаа - 10
2. Дали Адмир се секса единствено пред камери?
А. Не, тој единствено маструбира - 3
Б. Тоа е само глума, полоша и до онаа во најевтината порка - 0
В. Не, тој е евнух - 8
Г. Само во сон - 7
3. Дали би сакале наместо водители да има:
А. Стриптизер - 5
Б. Стриптизерка - 5
В. Стриптизер и стриптизерка - 3
Г. Аниматори и животни во стриптиз акција - 10
4. Кој ќе биде следната митска личност?
А. Комшивката - 10
Б. Комшијата - 10
В. Педероооооо - 5
Г. Лезбејкатаааа - 5
Д. Куров мој - 25
Ѓ. Пичкава моја невина – 25
Е. Хермафродитот - 1
5. Зошто воопшто некој и гледа такви слабо препишани шоу програми?
А. Поради општ неквалитет, неконкурентност, недоволно квалитетна ТВ понуда и неспособност за плагијатство - 0
Б. Поради општ неквалитет, неконкурентност, недоволно квалитетна ТВ понуда и смешна неспособност за плагијатство - 1
В. Поради општ неквалитет, неконкурентност, недоволно квалитетна ТВ понуда и иритантно смешна неспособност за плагијатство - 2
Г. Поради општ неквалитет, неконкурентност, недоволно квалитетна ТВ понуда и тотално иритантно смешна неспособност за плагијатство - 3

6. Таргет групи или следбеници?
А. Губитници (лузери) - 3
Б. Незадоволници од себе - 10
В. Секој, без разлика на карактер, положба и сл. - 0
Г. Лицемери - 8
Д. Греотички – 5
Ѓ. Мегаломани - 4

Вакви квази оперативни мозочни зафати што се емитуваат на ТВ повремено гледам, онака странично, сеирџиски, воајерски, мерење на сите видени и чуени глупости и побетер глупости. Има само една добра страна од таквите “шоу програми“, конечно сите јавно признаа дека се воајеришта, досега невидени и непријавени, а богами и многу ми е мило кога јавно ќе се признае вистината. Но и покрај таквиот сеирџиски пристап никако не можам да ја сфатам количината на изречени глупости и идиотизми, а за кретенизми ич да не пишувам. Ако човек почне озбилно да го анализира и критизира сето тоа, нема да знае од кај да почне, па поради тоа полесно е истото да биде кажано со други и многу простачки зборови, а сите тие реченици да бидат начкрабани без нивна логична поврзаност, како се би било на исто ниво и иста бранова должина со тој залутан шоуфреничен сигнал, тоа правило ќе биде најстрого применето во овој безидеен, неповрзан и простачки текст, а ако некој биде засегнат... ич кур не ме боли.

На тие неколку дечки и девојки што изиграваат водители и аниматори сеуште не им е јасно дека не ги бива за таа професија. Интелектуално се тотално комплетни бошњачки, хрватски и македонски дилетанти, во смисол на залутаноста во просторот. Многу ми личат на куп растопен сладолед. И нормално ќе ми личат, кога камерата ги грее како сонце. Дали е нарцисоидност, егоизам, природно вродена глупавост на мозочната кора, желба за енормно брза заработка на пари? Болен егоизам? Незнам која е причината за нивното некритично однесување кон себеси и сопствените вредности, а богами и ич не ме интересира. Иако претпоставувам, односно во голема мера сум сигурен дека причината се парите. Но има еден факт, луѓе кои не прифаќаат реална критика, не се стопроцентни човечки битиа, им фали пола срце и пола душа. Уште понејасна е и дозволата од страна на кошаркарската федерација и таа да биде вклучена во овој последен идиотизам.

- “Ако не ви се допаѓаме, свртете канал “, ефектот кој го создава изречената глупост во вакви реченици е лесно приметлив, рејтингот постепено се намалува, а тоа идентично се пренесува и на заработката па по некое време логично е приватниот проект да пропадне, иако можеби нив во овие моменти не им изгледа така. Од воајерски аспект имам лично видено неколку такви неквалитетни проекти во кои делуваат неквалификувани и дилетантски настроени аматери, сите пропаднаа со страшна брзина за која има пишувано познатиот Алберт. А кога веќе ги спомнав парите мора да се каже дека тука се работи за енормна заработка за кратко време. Нивни целни-таргет групи има на кило, едни од најбитните се тинејџерите со мобилки кај кои е нормална појавата за идолизирање на одредени ликови. Потоа постари луѓе кои што сеуште копнеат по времето на Тито и соживотот, па следи албанската популација поради нивната општопозната солидарност и искривен поглед на реалноста, односно не им е битен квалитетот и содржината, битно е нештото да има албанско потекло. Но и тие како и другите таргет-групи наседнуваат на играта, мислат дека се работи за имплементирање на оној договорот(ало забегани, во приватни проекти нема Струшки договори, освестете се, разбудете се), а уствари се работи за подол аматерски трик, водителка албанка им донесоа, а таа кутрата не изговори ниту еден албански збор, за жалење, човек просто солза да пушти. Единствени кои можат да бидат сфатени за еуфоричноста се тинејџерите, и никој друг. Сите тие луѓе фрлаат премногу пари на “гласање“, испраќање пораки, јавувања по телефон. Минималната сума која секоја вечер ја заработува лоповот кој го изградил тоа трагично и ептен дилетантско аматерско драмско студио, лесно се пресметува, изнесува најмалку 10000 евра секој ден, тоа е математика која се однесува на само 1% процент активни гласачи од вкупната популација во Македонија, а наводно го следеле и останатите ни наши БЈРепублики.

Едукативната моќ на феноменалното шоушизофренирање!
Колку е само интересно и неодоливо кога некој/а ќе прди на ТВ, мие заби, облекува гаќи, става шорап под перница, се дере ко нездрав/а, скока и глуми мајмун/ка, седи на вц шоља, и слични секојдневни живи животни феномени. Па кога ќе почнат да ги тераат да играат разни ми ти игри неколкуте кукли кои се наоѓаат “внатре во куќата“, човек просто не може да остане рамнодушен, им се чудам на страшно инвентивните мозоци аниматорски. Уф, уф, па кога ги пуштаат да работат како келнери или изиграваат кошаркари ептен ми е интересно да воајеризирам! Самиот термин АНИМАТОРИ некако ми е извртен од основата, АНИМА може да значи и душа, и сега тотално се ми е јасно, тие уствари им ја вадат душата на кутрите човеколики глувчиња. Каков ли само војнички потенцијал имаат аниматорите, како само ги стројат, реков дека ја промашиле професијата, не водители не!, каплари во новата НАТО-АРМ! Изживувањето врз регрутите е општоприфатен стандард во сите армии на планетава. Ај сфаќам дека тие своеволно се пријавиле, но не може да се сфати изживувањето врз гледачите(бар врз оние кои редовно гледаат), тотално несфатливо. За аниматорските полиглотски способности постои една фраза која може да ја применат во пракса, “ за да не приметат дека си глуп, ќути си мудро и јади лук “. Во речник никаде не можам да ги најдам тие новосоздадени зборови. Два, три пати ми се случи и да повраќам пред телевизор, а. Шоумените добиле идеја да снимаат и сапуница, па поради премногуте меури кои излетуваа од сапуницата едноставно ми се згади и истурив црева, окулу 18.35. Многу ми е жал и за изгубеноти интелекти кои се навлечени на вакви срања...пр.како Петар

Прашања и Инсајдери – чувари на кешот!
Какви само идиотски интервјуа и “наградни прашања“ се поставуваат! Жал да тие за струјата што се троши за да може да стигне таков мозочен удар до тебе.

“Чија е ногата? Кој сере во ВЦ? Кој носи тоалет папир на главата? Дали некоја не си бричела нозе? Колку нозе има во кадарот? Колку папучи имал некој си таму? Кој ја измочал шољата? Чив е носот? Колку ќебапи изел некој? Дали лукот смрди?... Кој те ебеше синоќа? Дали си абортирала? Кој е педер тука? Колку пати си го издркал досега?...“ итд, итн, итд, итн...

Но изгледа вреди да се одговори точно на прашањава, потенцијалната награда има капацитет да ти го разубави животот во наредните 10 години, капче и маица, досега неносени, гланц нови! И тоа не е се! Со логото на шоуто ееееееееееј! Баталете трошење на импулси од мобилен, јас ќе ви поклонам маици и капчиња без да се јавувате на телефони испратете ми апликација и CV со фотографија(девојки вие сликани голи, обавезно!)на мејл. Две места се веќе пополнети без претходен конкурс, имаат они протекции. Првите илјада добиваат пеглани маици пред пет минути и бели капчиња на црн лесно растеглив ластик, и тоа без мое логооооо! Најважно од се, нема прашања. А бесплатни карти за кошарка не ви требаат, влезот во скоро секоја сала е бесплатен, а ионака подобра кошарка се игра пред маало.

Канидатите за MAN of the match. како и секој останат човек на планетава си се приказна за себе. За да влезеш во таков проект не треба да си храбар, треба ди си изнимно глуп ко труп, а ако не си таков тогаш треба да си профи актер кој ионака глуми по театри и вакво идиотосување ќе му биде добредојдено. Подобро е да глумиш во некој порно филм него во таква кланица, во која секој вреден и невреден човек ќе изиграва психоаналитичар кој тресе глупости за карактерот, психата, изгледот и сл. на секој од нив. Сите го пцуевте и колневте Големиот Брат пред 21 година, а сега Големиот Брат заедно со Трудната Сестра дојдоа, обожавани како самиот Бог да дошол.

Онака случајно шетнав малку по магистрала и не автостопирав. Еден од тројцата бивши инсајдери е професионален порно глумец во хомосексуални, таканаречени хард кор педерски филмови, што значи дека и за другите двајца, односно две, не би смеела да се исклучи ваква или слична можност, стварно нешто ми се познати... Инсајдери, штрајкбрејкери, корумпирани инспектори од внатрешната контрола, расипана фискална каса, маму ви ибам...

Лажирање на ионака неквалитетен натпревар, не се обложувајте, не бидете овци, бидете диви кучиња, јадете го волот, сменете го наметнатиот лузерски слоган, напишете ново животно лого и лајте како динго...
Се на се дегутантност на тони, која има свои закоравени следбеници, кои немаат грам интелект под черепот.

П.С. Пред неколку месеци за добивање британска виза некои наши државјани биле терани да играат оро во дворот на амбасадата, којзнае што морале да прават оние кои барале американски визи од Батлер, а разбрав и Петар барал виза. Па имало многу педери, епа ќе има, ќе има. Батлер беше и си остана инсајдерче што игра единствено на свинг.

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
Реални астронаути - од GoodBytes на 21 декември, 2005 - 03:44

Риалити шоу со измислен пат до вселената? Да, и тоа го има од пред некој ден. [се смее]

Цитат:

Astronaut reality TV show hoax revealed

David Pescovitz: Last month, Mark posted about a UK reality show called Space Cadets where three participants were allegedly tricked into thinking they were launched into space. The three have now been informed that they were scammed and were given £25,000 in cash prizes. (It wouldn't surprise me if the participants were in on the hoax too and that the real marks were the people who tuned in to the show.) From the BBC News:

"When I thought we were coming back to Earth I was planning my speech. I was going to say it had been my childhood dream. Now I'm a little bit heartbroken," (contestant Keri Hasset) said.

Ms Hasset, plasterer Paul French, 26 from Bristol, and footballer/recruitment consultant Billy Jackson, 25, from Kent, had suspicions they were being tricked when they had to hold a ceremony for a celebrity Russian dog called Mr Bimby on the spaceship.

"This is a spacecraft but it feels like a caravan," Paul told his fellow astronauts.

"And if we were going to space and they were weighing us for our health, they wouldn't use scales like you get at home, would they..."

"Aw man," said Paul. "We're not astronauts. We're just asses."

Линк: Astronaut reality TV show hoax revealed.

---

Ху д фак - од fLeX на 21 декември, 2005 - 11:53

ис Петар?[се смее] Друже мноогу дугачко, много...

Шоу за изгубените - од KOSMAR на 22 декември, 2005 - 11:48

Текстот ти е убав и малку долг...Само јас се прашувам, што ги тркалаш воопшто...Лузери, не не лузери, СЕМКАРИ...