Овој текст е извадок од книгата “како да си фатите маж“ од Зса Зса Габор.
Авторката на книгата е позната холивудска артистка и била мажена 7 пати, за себе се смета за стручњак во таа “област“.
За кого треба да се омажите?
Никогаш не сум можела да разберам зошто се критикува девојка која се мажи за постар и богат маж. Таквите љубоморни луге велат дека тие девојки имаат лош критериум.
Не се во право! Да се има беден критериум значи - да се заљубиш во убав маж со виткана коса и низ бели цврсти заби. Од друга страна пак, зрел маж, кој постигнал успех со талент и труд, тоа е прав маж! А кога ќе се заљубиш во таков маж. тоа е вистински благослов.
Јас меѓутоа, никогаш не би посоветувала ниедна девојка да се омажи за маж затоа што е богат. Има многу вистина во онаа шкотската поговорка : Немој се се мажиш за пари, поевтино е да позајмиш!
Сметам дека ние жените не сме толку плитки како што мислат мажите. Привлечни млади жени секојдневно се мажат за писaтели, сопственици на хотели, врвни судии и слично иако тие често не се млади и убави. Од друга страна, ако некоја жена направи нешто за што ке и се водушеват половина свет, околу неа нема да забележите јато мажи како ја опсипуваат со понуди за брак.
Мажите се заљубуваат со очи - тие го засакуваат тоа што го гледаат, а жените се заљубуваат со уши - тие го засакуваат тоа што го слушаат.
Колку стар треба да биде еден маж?
Велат дека најдобри години за женење кај мажот се кога од удвоените години на млaдата ке се одземе седум. Јас пак мислам дека е смешно да се држите од такви упатства. Ако веке си го фатила својот прекрасен маж, ти е гајле за годините! Најпосле љубовта е слепа, а не е ни добра аритметика. Впрочем погледнете, ако се држиме до тоа глупо правило, а се работи за 50 годишна жена, таа би требало да се омажи за маж стар 93 години. А малкумина такви ке сретнете на нозе, спротивно на сите средства за подмладување што им се нудат на пазарот. Од друга страна пак, можеби и не е проблематично во тоа. Која жена стига до педесеттата?!
Како знаете што добивате?
Ако се омажите за млад маж, никогаш не можете да знаете што добивате. Неговиот карактер сеуште се формира и тоај после 10 години може да биде сосема друга личност. Зрел маж, затоа веке е среден во тој смисол и веке не може да се менува во друга личност.
"Darling" на некој старец или роб на некој млад маж?
Најлоша работа што може да ви се случи ако се омажите за некој на ваши години е во тоа што тој може да напредува, да стане “некој“ интересен и важен, а вие да останете запоставени. Мегутоа, ако се омаживте за зрел маж, тој ке ве смета за забавна личност со самото тоа што сте млада. Тој ке ужива да ве подучува како да сте дете. Ке постанете поведри, поинтересни и со секој нов ден се повозбудливи. А тој ке ве води во француски модни куќи да одберете облека, притоа помагајки ви со совет која подобро ви прилега. Ќе ве учи да готвите, и тоа јадења што само вам ви се допаѓаат....
Добар начин да се избегнуваат неприлики со свекрвата
Втора причина која зборуваа во корист на бракот со постар маж е што со тоа се решава еден од најголемите проблеми - свекрва. Ако мажот ви е доволно стар да ви биде татко, тогаш неговите родители, ако се сеуште живи, ќе ви бидат на возраст на баба и дедо и ке ви засакаат како внука. Тие на таа возраст околу себе сакаат млади луѓе.
Но ако појдеш за маж на твои години, во неговата мајка ке најдеш соперничка. Меѓутоа, ако секој роденден да ја израдуваш со некој убав поклон, како на пример што е паување околу светот со брод, кој ќе застанува во многу градови или пак со купување на прекрасна викендица.....
Омажи се за човек со слични сексуални потреби
Ова за што зборувам овде за брак меѓу млада девојка со постар маж го потврдуваат и многу психолози. Постари мажи и девојки подобро се слагаат, затоа што како што велат психолозите, имаат исти сексуални потреби.
Луѓето чија работа е да студираат секс тврдат дека постари жени треба да се мажат за помлади мажи. Тие имаат исти сексуални потреби. Со тоа се објаснува многу успешни бракови. Многу е интересен начинот на кој стручњаците во таа област им ја кројат судбината на тие парови. Кога млада девојка која се омажила за постар маж и самата дојде во средни години, човекот за кој што се омажила вероватно е веке мртов. Тоа е, се разбира идеален брак. Тој бил доволно внимателен и оставил куп пари и сега на неа и се прижа прилика финансиски да да потпомогне некој млад дечко со големи сексуални апетити а мали приходи, за кој по сите изгледи ке се омажи да би ги усреќила психолозите (а и самата себе си истовремено ).
Тогаш и на неа ќе се случи да остари, додека нејзиниот млад соприг ќе стане маж, ќе постигне големи успеси во кариерата. Тоа ќе му овозможи да се ожени ( и да издржува) некоја убава млада девојка со слаби сексуални потреби, која нема го троши многу.
Кога сме кај тоа, ако посакате дете во таква комбинација, советувам да се погрижите за тоа дури сте млада девојка мажена за постар маж. Тоа е единственото практично решение. Не само затоа што за здрава жена е најдобро да раѓа млада, туку и заради тоа што во годините, кога ќе треба да бара некој нов, млад сопруг, нејзините деца ќе доведуваат пријатели во идеална возраст за нејзиниот “наум“. Така ќе и биде лесно и згодно на куќните забави меѓу нив да си го одберете следниот сопруг.
Иако таков план му пружа на оној кој учествува во нешто за што сите стремиме цел живот, сепак овие комбинации ми се чинат премногу замрсени. Освен тоа, планот нема да се исполни ако се не појде по “возниот ред“
Последни коментари