Цитат:
На денешен ден пред точно 100 години се роди таткото на LSD-то, Швајцарскиот хемичар Алберт Хофман. И покрај повеќедецениската активна употреба на своето проблематично дете, тој сеуште е со добро физичко и ментално здравје.
хофман не само што има престанато со „активна употреба на своето проблематично дете“ многу бргу по откривањето на неговите психоделични својства, туку и често пати во јавноста има излегувано со изјави за излишноста на повторувањето на таквото искуство.
виталноста на д-р хофман веројатно повеќе се должи на здравиот живот што го водел во швајцарските планини, поддржан од практикување на тело-духо-умствени техники, отколку на животворните својства на неговата откровениска молекуларна рожба.
Цитат:
Контроверзната супстанца (LSD, lysergic acid diethylamide-25) ја создал далечната 1938 година, но вистинското откритие се случило 5 години подоцна, кога при повторување на експериментот една капка му капнала врз прстот.
така е во цртаниот филм за овој настан, во реалноста било малку поинаку, без капки што капнуваат на прстот.
Последни коментари