Во Македонија е убаво само за одмор. Убаво, евтино и практично-фамилија, старо друштво итн. За враќање тешко.
Џуди Гарланд aka. Дороти во „Волшебникот од ОЗ (нула-три)“ рече "There is no place like home."
Јас секоја година се враќам во МК барем еднаш и цел одмор го трошам на тоа. Некои ми викаат, абе глуп, за тие пари ќидеш Козумел, Бразил, Јамајка. Ем ќе се издрогираш за џабе, ем ќе уживаш во сите убавини на промискуитетот, исто за џабе. Ама џабе и они зборат. Нема ништо подобро од дома. Нема ништо подобро од г`з муабет пред кооперација, со 1.5л пластика пиво у рака, скара кај кумот у дворче, џоинг со старите пријатели и џигерчиња кај Љуц. Ме заболе к*рот за целиот line-up што доаѓа овој месец во сите клубови во NYC. Јас сакам да идам у ЉубанишЧа за 2-ри август и точка...
Ама само недела-две, да се разбереме. После тоа веќе ме фаќа сафра и на виделина излегуваат сите „оние работи“ што ме натераа да киднам. Кога се враќам назад, се радувам како мало дете на тротинет, се до наредниот напад на носталгија. Ubi bene ibi patria. - рекол првиот имигрант од Римската Империја.
Chombe, а кажи пред да идеш за Македонија на сите викаш 'ке си одам дома'. После тија две недели што поминат неле викаш 'море еднаш да си идам дома'.
Точно викаш 'There is no place like home' ама дека ти е home, у NYC или у Македонија.
Ја овака викам, на мене ми е Македонија роден крај ама дома ми е London. А знаеш кога беше помал и гледаше концерти на групи што за нив се трескаше од земи и што би дал да си тамо. Е сега кога ти се до газо и бил си на неколку не ти е интересно...
не би мрднал од тука освен ако ептен немам за леб. Дека може да успее секој дури и во Македонија не треба да давам примери.
А не ги разбирам оние што киднале заради некои тривијалности, демек валкано било, дезорганизирано, ги мразел професорот, директорот.... Божем господ за муда ќе го фатат ако отидат во Канада или Нов Зеланд. Тоа се избеглици, не се гастарбајтери.
Интересна работа, барем половина од пријателите што живеат во Франција, Данска, Швајцарија, сите со супер плати итн,... планираат да заработат и да се врата дома. Од практични причини не им се седи горе, не е од носталгија. Само да видиме дали ќе легнат на брашно.
O: не - од toomuchisnotenough на 28 април, 2006 - 13:10
ZisDead напиша:
Дека може да успее секој дури и во Македонија не треба да давам примери.
ова е тривијален аргумент. како тоа „секој“? има луѓе што објективно имаат ограничени лични капацитети. дури и да ги земеме сите оние што ги имаат потенцијалот и вештините за тоа -- во македонија можностите се многу ограничени и затоа некои луѓе заминуваат на место каде што со истите капацитети можат многу покорисно да ги впрегнат во создавање продуктивни резултати.
тачно, и у сомалија, судан, итн. твојот „секој“ има потенцијал да „успее“, но дали тоа знзачи дека тие се земји со ист квалитет на живот и можности за реализирање на тој успех како македонија или норвешка?
Цитат:
Од практични причини не им се седи горе, не е од носталгија. Само да видиме дали ќе легнат на брашно.
баш ме интересира кои се тие „практични“ причини...
мене ми стои - од Therion на 28 април, 2006 - 13:35
мене ми стои дека е 'практично' и рационално да се остане во странство ако веќе си таму, а носталгијата е таа што некогаш може да те утепа.
инаку, носталгија е една многу непрактична работа, нешто како трета цицка. некои дури тврдат дека е измислена за да ти биде шкарт во оние моменти кога ти е подоборо отколку на твоите браќа и сестри сонародници. до негде потсеќа на религијата и црковниот guilt принцип.
инаку на тема носталгија, во сличноименуваниот филм на тарковски, emigre-то и после толку години си ги носи на привезок клучевите од некогашниот му стан back home... ваљда како илузорна утеха дека сепак нешто го чека, и дека дел од животот не му е засекогаш избришан, односно дека таа страница е сеуште, макар на привезок, отворена.
носталгијата е - од toomuchisnotenough на 28 април, 2006 - 14:27
носталгијата е една просторно-временска илузија. ќе се свртиш назад и селективно ќе се присетиш на сите оние хај моменти што ти се дешавале со другарчињата у тие десетина-дваес години кога си бил у школо и по кафани и ќе ти се чини дека така било секој ден.
потоа, ќе дојдеш во градот убав на пар недели и по првите пар еуфорични денови поминати во средби со блиските, ќе видиш дека животот е како и на било кое друго место: долги периоди на секојдневни баналности испрекинати со ретки моменти на забава и автентично блиски моменти со други луѓе.
мислам, слушни ги муабетите на бившите војници: го памтат само друга до гроба, а ништо од хронична упала зглоба.
тоа и ми беше - од Therion на 28 април, 2006 - 14:32
тоа и ми беше муабетот.
носталгија е селективен живот со вграден delay од неколку месеци/години. и жената што јадела боксови од мажот прво на добрите моменти се присеќа.
плус носталгија не е во мода, ептен е primavera/estate '94
Иселеник, бегалец, ако, наречи ме како ти е ќеф. Бегав од 'практични причини'. Што би ти избрал да си на мое место?
Опција 1: Седи у МКД и сади тутун и те ебат кога го откупуват ( кој има пријател добие убава класа)
Опција 2: Седи y МКД и иди у конфекција за 5 денара.
Опција 3: Иди у Англија и работи у високо ценета интернационална компанија, т.е. убава плата.
Ех да знаеш колку ми беше тешко да одлучам. А да, ќе се вработев дека сакам у Македонија, нема што, немам ја вујко владика. А за убавата плата, кој ја неќе не мора да ја зема. На мене ми е до преку глава дошло од сиромаштија и зашто ако можам да не живеам подобар живот.
Не бе зезам се, бегав оти ми беше гадно и валкано и...
Цитирам:
Интересна работа, барем половина од пријателите што живеат во Франција, Данска, Швајцарија, сите со супер плати итн,... планираат да заработат и да се врата дома. Од практични причини не им се седи горе, не е од носталгија. Само да видиме дали ќе легнат на брашно.
Крај на цитат.
И ти имаш уста да ги нарекуваш горе спомнатите 'пријатели'. Ех што пријателче си имат да знаат они оти ја само завист препознав у тоа што прочитав. Може сам у грешка де...
Ех што пријателче си имат да знаат они оти ја само завист препознав у тоа што прочитав. Може сам у грешка де...
Само го кажувам тоа што тие го зборат. Повеќето од нив имаат солидни услови да егзистираат и во Македонија, па не им е баш пријатно да се печат јабана. Голем дел од луѓето бегаат од бес или од помодарство или од наивност, а кога ќе стигнат до ветената земја гледаат дека и не е баш кој знае што во споредба со тоа што веќе го имале. Тоа беше поентата.
Од егзистенција до удобен живот има ноооогу голема разлика.
За наивност на нашинци има, имам и ја видено дечурлија што дојдат тука и мислат, готово, од сега натам уживанција и броење пари. За лежи лебе да те јадам не дават и тука. И тука треба да се избореш за место, и да даваш на држава(додека ги пцуваш). Разликата е таа што тука ако си способен и ако си работлив имаш иста шанса за вработување со децата на големите бизнисмени и пријатели на некој од собрание, добиваш слика неле?
А што викаш јабана. За ногу работи па и поарно е јабана него седи дома(јебана)
Те подржувам во целост, сепак кај нас постои она да речам БАЛКАНСКО размислување дека секаде е подобро од овде. Многу луѓе отишле и не се вракаат не само дека им е боље туку дека им е срам.
И што останува
1.Да се вратам и да ме покажуваат со прст или
2. да живуркам некако па кога ке се вратам во Македонија на одмор со мерцедесот(на старо, или на парче)да бидам фраерот од Америка или било каде.....
Леееееееј, ииииии, откога гласав за „можам, ама не сакам. сеуште.“ види што ми вика горе: Фала што гласаше, маслото и брашното ќе се делат позади коооперација
Абе вие финти (мои и тоа !?!) да не крадете м’рмоти низаедни едни, треба да се осечам почестено...
СТОБИ! Што си зборел ноторни невистини и лаги за моето соблакање ако ти дадам масло и брашно кажано од моја страна у претходните анкети , ти алаш-вериш со админите, а машко?
Не би идел...сеуште.. или ко што вика Зис, додека не дојде нож до коска.(сега ова не буквално да свати некој дека за леб треба да се нема за да се кида)
Има и овде живот, и може да се снајде човек. Знам дека не секој може, ама па не секој може и во странција нАли?
Мене повеќе ми смета што НЕ сите другари околу мене се „средени“. Не мора кој знае шо камен да имаат (пошо нели успехот е еквивалентен на количината пари по нечиви сваќања), ама бар да можат да си приуштат основни задоволства (одмор, два-три пати неделно ручече у кафана, саглам гардероба, солидно аутце, моторче за лето, да му живее семејството опуштено, итн).
Пошто иначе немаат кејф мераците ако ги тераме само некои од друштвото. Ќе почастиш еднаш-двапати, ама му станува незгодно на частениот и не доаѓа на следното гезме (со чест на исклучоци кои не патат од „незгодно“)
Како и да е, не би кидал сеуште ама на моите деца би им овозможил да одат од овде ако сакаат и ако не се промени нешто во државава, за што се сомневам
Абе, не знам, сиот сум збунет... Сајкова, те молам, објасни ми зошто сум срамота, еве, се усТрамив, а не знам зошто. Какви ноторни лаги ем невистини, нит масло, нит брашно очи ми виделе.
...и пак би си отишла. У свари да не филозофирам: Ја си го сакам Скопје и Македонија највише, коа не сум таму:) На идење надоле , една недела е доволно, поише не треба. Не сум против мојата родна груТка, ама нема живот таму. Једина мука ми се моите блиски, ете за тоа душа ми се кине. Да можев ќе си ги земев со мене!
Со почит кон - од excellent на 28 април, 2006 - 20:02
Со почит кон некои драги луѓе кои пишуваат на оваа тема, мислам дека тука има многу просеравање.
Ајде од почеток: ’Дома’ е прилично стејт оф мајнд. Ја на пример имам две доми (во две држави). И мислам дека уште барем два града би можеле лесно да се протнат во истата категорија. Затоа и ги разбирам оние кои, иако се родени тука, подобро се чувствуваат на некое друго место.
Е сега, ако збориме за ’Странство’ кое апсолутно дава шанса, ез опоузд ту Македонија како ’дома’ која не ти пружа шанса, мислам дека тука веќе почнува јадењето говна. Јас, на пример, голем дел од животот го имам поминато вон Македонија, во земјава имам помалку роднини отколку што имам букви во името, немам никаква партиска книшка, а сепак не се жалам на животот тука. Напротив: животот тука е моја одлука. И секогаш ми се пружале шанси за исполнетост, со добро платени работни места.
А оние кои викаат дека немаат вујко владика па морале да си отидат од овде, нека погледнат околу себе таму каде што се наоѓаат. И таму дел од луѓето околу нив имаат вујковци владики, а дел ги немаат. Каде е разликата? Па во тоа што кога се во Македонија кај нив превладува балканштината. Истата онаа балканштина која ја искажуваат на нашите улици, а која ја закопуваат длабоко во себе кога се на улица во Лондон, Париз или Цирих.
O: Со почит кон - од toomuchisnotenough на 28 април, 2006 - 20:10
excellent напиша:
А оние кои викаат дека немаат вујко владика па морале да си отидат од овде, нека погледнат околу себе таму каде што се наоѓаат. И таму дел од луѓето околу нив имаат вујковци владики, а дел ги немаат. Каде е разликата?
во тоа што меритократијата е одлика на развиените западни земји. и таму веројатно е од корист да имаш вујко владика за да станеш некој од најголемите чауши, но за разлика од овде, таму врската помеѓу вложениот напор и добиената награда е директна. ако те бива и си спремен да работиш, има многу повеќе можности да ги оствариш своите цели.
на некој како тебе, кој освен квалитети имал и веројатно одредена количина среќа и привилегирана положба, лесно му е да зборува за тоа како „секој“ има можност да се самореализира во мк. прашај ги оние еден куп други со факултети и способности што едноставно немаат каде да се стаат.
Сакаш да кажеш дека СИТЕ кои живеат во Македонија и успеале во животот, тоа го сториле ради тоа што имале врски? Мислам дека со едно такво тврдење би навредил голема група луѓе кои тоа не го заслужуваат.
И тука функционира меритократијата. Или барем некаков нејзин ’ркулец. Можеби треба да се помножат напорите по десет за да се постигне нешто, не викам не, но сепак не си го дозволувај луксузот да генерализираш на една таква осетлива тема.
добро, ај кажи - од toomuchisnotenough на 28 април, 2006 - 20:38
добро, ај кажи сеа каде тоа виде у мојот пост дека зборам за „сите“ и каде тоа ја генерализирам?
точно е дека има некаква меритократија во мк, но таа веројатно се остварува по вработувањето, ако воопшто се остварува. колкави се веројатностите еден машински инжинер да се вработи во македонија за да се докаже колку е добар?
не сите но едно 60% да. јас изгубив работа зашто тој имаше `поголеми` карти од моите. јас служев војка поради тој. тој доби тезга од 4000 евра. тој сеуште е на моето работно место со мојата опрема работејќи работа која не му се допаѓа, земјаќи ги моите сини картони и мојот стаж за кој толку многу се трудев да го добијам.
да сеуште неможам да направам трансфер во бољи тим зошто немам доволно јаки луѓе да ме протнат во тој тим.
на еден дечко му го покажав портфолиото, крајно беше останат без зборови и ми понуди тезга, потем ми рече:
-штета што си толку талентиран а незнаеш никој кој би можел со кеш да ти го реализира талентот... не се секирај со тек на време ќе се шири кругот на луѓе кој го познаваш.
плус не сум лижигз...
плус, јас на тоа дотично работно место влегов преку конкурс-да, но да не беше брат ми вработен во фирмата која го држеше весникот, жими ваквото што ќе стигнев до директорот за на разговор за работа...
по тој разговор се сам си направив, но не беше доволно...
ми е кога ќе слушнам жалби и поплаки.
Знаеш ли кој си ти?
Зошто чувствуваш СТРАВ?
Само што помислив дека народот македонски се опаметил учејки од штрајковите во Франција и уште од по некоја тема што се отвори, кога ете ти го INOстранство.
До кога вака?
На времето оделе по СВЕТОТ да се едуцираат, па да се вратат и се што научиле да го применат за просперитет на својот народ, а сега?
Пари, пари, пари, пари, пари...
Се отвори конкурс за ново работно место за секнд PRIMEминистер во АД ВЛАДА во СЕНКА
Ајде сега МАЖИ да ве видам кој ќе конкурира.
***цата ми се натапанети од тоа дека МАКЕДОНИЈА не ја бидуе, абе ќе ја биде дури и земјината топка да ја нема, само ни фали ГАН/е/(ДИ)
заборавив да спомнам дека Македонија не страда од безработица туку од неработица ( јас сум во најдлабокиот бунар па не кукам туку работам пута три, кај и да е и јас ќе видам бел ден).
И уште нешто ако е толку убаво кај нив зошто они доаѓаат кај нас.
Они немаат таму затвори што ни ги праќаат тие што им се за во затвор тука да служат војска? Немаат машини за перење па преку Македонија ги перат парите? За во Гинис сме со најмногу перални, овај невладини организации.
Ај не очајувајте, уше малку да се досредам економски тука, па си идам да ја ослободам татковината родна од душманите проклети. ЖИВЕЛА КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА ЈУГОСЛАВИЈЕ - УРАААААА. Па ќе им покажам на овие швабиве тука ретардирани кои сме ние и со кого си имаат работа. СЛОБОДА ИЛИ СМРТ.
Поле погледнеш или планина
сегде божева е хубавина.
Македонија е прекрасна земја, со природни убавини и идеална клима. Штета што луѓето кои живееле тука ги задесувала тешка судбина, па од мака морале да го бараат лебот или слободата надвор.
Но, не сите одат во странство од мака. Постојат работи во кои Македонија е ограничена, па има луѓе кои, барајќи да ги прошират своите видици или желба за знаење, на пример, заминале од тука.
Чувствувајте си ја Македонија како дома сите, каде и да сте. Вие кои живеете надвор, чувствувајте си ја и таа дома како дома. Впрочем, домот е само едно организирано купче од цигли, песок и малтер, но кога ќе му дадеш емотивна димензија, станува вистински дом. Секој човек може да си оформи дом каде сака.
Независно од проблемите низ кои моментално минува Македонија, нашата култура и традиција ни има вткаено иманентна блискост и пријателство, кои постојано зрачат од нас. Таа топлина ќе тлее тука секогаш, а и вие кои сте надвор ќе знаете да ја пренесете на другите.
Ако веќе не ни сте тука секогаш, тогаш доаѓајте ни почесто. Bonne chance!
O: Домот - од toomuchisnotenough на 29 април, 2006 - 20:20
GoodBytes напиша:
Но, не сите одат во странство од мака. Постојат работи во кои Македонија е ограничена, па има луѓе кои, барајќи да ги прошират своите видици или желба за знаење, на пример, заминале од тука.
Во што освен во - од MarfiKalimero на 29 април, 2006 - 21:38
Во што освен во IQ на оние кои треба да не претстават пред ИНОфактор, било кој за било што е ограничен во Македонија ( всушност основниот проблем е што немаме ограничувања/мерка во ништо ). Не можеме едно ограничување на брзина да спроведеме ако не се ближат избори па треба да се полни државната каса.
Технологија - од GoodBytes на 29 април, 2006 - 23:34
Има повеќе примери за ограничувања, но еве ќе спомнам еден: висока технологија ниту може да се изучува, ниту да се имплементира во сиромашна земја. Мислам дека се очигледни ограничувањата во многу сфери.
Она што сакав да го кажам погоре е дека некогаш луѓето одат во странство за да задоволат и поинаква глад од онаа која ја сервира стомакот.
Има повеќе примери за ограничувања, но еве ќе спомнам еден: висока технологија ниту може да се изучува, ниту да се имплементира во сиромашна земја. Мислам дека се очигледни ограничувањата во многу сфери.
Она што сакав да го кажам погоре е дека некогаш луѓето одат во странство за да задоволат и поинаква глад од онаа која ја сервира стомакот.
Во МК нема основен предуслов за работа/инвестиција а тоа е еднаквост пред законот. Да речеме дека јас сум спремен одма да земам кредит и да инвестирам едно 100.000$ во техничка роба и да ги направам цените на PS2 и XBox исто како и во USA... Ќе заглавам на царина едно 6-8 месеца и пола роба ќе ми фали. Некој ќе рече, де бе Чомбе, МРК (мито-рушвет-корупција) на право место и ОК е све. Абе ОК е све, ама утре ќе дојде ВМРО-СДСМ-Обединета и ќе го снема ортакот. Не зборам јас за мене како поединец, ама бизМисот бара гаранција и континуитет. Друг некој ќе рече, бизМисот носи и ризик. Да, така е, ама само ако инвестираш во рудник на дијаманти у Руанда, каде што не се знае дали пијаниот десетар ќе направи воен удар. Ама бе за основни работи, за да отворам гранапче и да се плашам дали инспекторот ќе ми побара рушвет од 1000 евра или 1500 (пошто ќерка му се мажела), па кој е луд бе да инвестира и 10 денари?
Додуше муабетов не беше за инвестиции и странски капитал, ама ете...
Еве и да се надоврзам на твојот муабет (се слагам потполно) за „високата“ технологија. И во МК има Windows 2003 сервери и Cisco рутери. Колку луѓе имаат практичен пристап на ова? Сигурно помалце него во УСА процентуално гледано. Овде секое ебано гранапче што има повеќе од 3 продавници е врзано у мрежа. И сигурен сум дека човек многу повеќе ќе научи овде него ли во МК. Башка што не те прашуваат дали си од Марс или од Јупитер.
дека јас сакам да ја размрдам целосно технолошката арена во Македонија, ( инаку за информација HITECH во Македонија произведува повеќеслојни штампани плочи, Мерцедес има фабрика накај Гевгелија исто висока технологија/требаше да им испорачам јас но Мерцедес на крајот сами си донесоа од кај нив итн. итн. ), дали ќе најдам соодветен кадар, ако сите си заминат од државава, за да можам да се носам со соодветните странски фирми кои имаат дури и премногу на располагање и покрај тоа што се јавува некаков си недостаток. Како да го спроведам проектот за целосно вајарлес покривање на Скопје и околината во радиус од 50 километри ако кадарот на кој треба да се ослонам кука дека нема работа а 99% од нив не се надградува ( не држат вода приказните дека се нема пари за дообука, ако јас сакам доволно е и само да седнам на интернет и се ми е на дланка, доста се чекаме да ни падне од небо. ) и како сега јас да очекувам брз развој на мрежата ако им треба цела недела за нешто што се решава со три клика, но не биле доволно информирани.
Проектот се крчка повеќе од една година и планот е веднаш штом почне да се враќа инвестицијата, да се покрие цела Македонија и со тоа да биде една од ретките што ќе биде девеесетина посто покриена со бежична мрежа која во исто време ќе биде поврзана и со оптика во одредени реони каде ќе биде тоа возможно, а во исто време ќе користи и сателитски и терестријален интернет.
да се покрие цела Македонија и со тоа да биде една од ретките што ќе биде девеесетина посто покриена со бежична мрежа
Брат, извини вака, ама касниш бе. Македонија е веќе 95% покриена со wireless.
Ај овие можда не се за верување, ама глеј, прочуениот БиБиСи! Macedonia leads world wi-fi.
А ја глуп у Америка дојдов. Да сибам кармата и несречното детство. И како да не крикнам:
„Nesretnik sam od malena
Od sve muke pesme pevam
Voleo bih majko mila
Da sve ovo samo snevam
Da sve ovo samo snevam. Joj ojoj itn...„
Но, секогаш постојат и злобни души и не веруваат во постигнатите успеси. Се вадат на излитени фрази како „Потемкинови села“ и слична непријателска пропаганда.
Жими мајка, - од MarfiKalimero на 3 мај, 2006 - 21:24
Ако е покриена Македонија 95% тогаш јас глуп сум се населил во оние останатите 5% ( инаку Бутел2 е на пет минути од центарот на главниот ни град ), а тоа дека ги поврзуваа училиштата со мотороли и остана се на тоа и ако со тоа опфатиле 95% од некоја НОВА МАКЕДОНИЈА која би опфатила некои 30% од сегашнава стара, пеки.
Инаку јас зборувам за сериозен проект.
O: Жифти се' - од Itar_Pejo на 3 мај, 2006 - 23:22
MarfiKalimero напиша:
Инаку јас зборувам за сериозен проект.
Неее, со тие куршуми неее... Немој жити се'. И ова е премногу, не мора уште една WiFi мрежа. Веќе сега морам да нишанам попрецизно од снајпер со насочени антени за да направам каква-таква конекција помеѓу две точки оддалечени само 200м. Нормално кога на едната точка има сигнал од над 35 WiFi мрежи! А според стандардите само 3 можат да функционираат на ист простор.
Ако е покриена Македонија 95% тогаш јас глуп сум се населил во оние останатите 5% ( инаку Бутел2 е на пет минути од центарот на главниот ни град ), а тоа дека ги поврзуваа училиштата со мотороли и остана се на тоа и ако со тоа опфатиле 95% од некоја НОВА МАКЕДОНИЈА која би опфатила некои 30% од сегашнава стара, пеки.
Инаку јас зборувам за сериозен проект.
Јас ти верувам дека е сериозен проектот. Зарем постои нешто како „несериозен проект“ во главата на тој што го наумил проектот.
Иначе во мојот текст погоре имаше иронија, жал ми е што не сфати. Но, еве ветувам следниот пат ќе бидам поексплицитен во изразувањето.
но загрижен сум за оние кои не сваќаат колку во наредните годинаипол две ќе биде важно да се поседува квалитетен интернет, кога ќе ти каже од другата страна на жицата го добивте бројот на ... нашата веб страна е ... за било какви информации пратете маил на..., а тие си гаат илузии за македонското развиено ИТ општество.
Посериозен проект у Македонија не ни имало. Покриено е 95% од населението. Broadband има у с. Љубојно и какви све не вукојебини. Македонија е ПРВА земја во светот која на цела територија има безжичен интернет, пример кои многу други земји допрва почнуваат да го следат.
WiFi немало у бутел и сеа све не чинело. Земи си моторола, боље е. Или пак жалењето насочиго у насока „нема интернет за 600“ денари, или пак сачекај, ќе дојде кад тад. Кој ти е крив што си од Бутел...
Последни коментари