1. Не размислувај премногу, а ако веќе размислуваш и одговорите што ги добиваш не се онакви какви што обично се најприфатени во светот - задржи си ги за себе. Никој нема да ги цени, а најверојатно е дека ќе послужат како аргументи против тебе.
2. Труди се да пишуваш буквално. Заборави на филозофија и социологија, премногу лизгав терен е тоа.
3. Никогаш не признавај грешка затоа што тоа ќе се искористи против тебе.
4. Не давај повеќе алтернативни мислења на дадено прашање затоа што во тој случај ќе испаднеш глуп што си се потрудил да го согледаш проблемот од повеќе страни.
5. Не се сомневај во ништо што човештвото го прави или кажува. Човештвото неможе да греши, и е секогаш во право.
6. Не се труди сам да пробуваш да објасниш нешто, само испастај линк, во спротивно ќе испаднеш глуп и луд.
7. Верувај во снн и ббц како стандарден извор на информации.
8. Гледај да имаш слично мислење како и повеќето, ако не, тогаш си еретик и ќе те снајде иста судбина што ги снаоѓала еретиците во среден век.
9. Заборави сарказам, или ако веќе го користиш обавезно употребувај наводници, во спротивно ретко кој би те разбрал.
10. Гледај што поретко да ја кажувап вистината затоа што вистината никој не сака да ја слушне.
11. Во дискусија не се труди да докажеш дека тоа што си го напишал е исправно, битно е да докажеш дека соговорникот е глуп, луд, кретен или било кој од сличните изрази и фрази. Тоа е поверодостојно од било каков друг аргумент, а и далеку подобро.
12. Читај ги сите текстови внимателно, со широко отворени очи, да не утнеш некоја печатна грешка затоа што тоа обично е најјак аргумент во било која дискусија.
13. Читај ги и своите текстови внимателно, не сакаш да оставиш некоја печатна грешка која може да (а и ќе) послужи како силен аргумент против тебе, твоето мислење, а и твојата личност.
14. Ако некој не мисли како тебе, не се труди аргументирано да го разубедиш. Труди се другите да ги убедиш дека дотичниот лик е глуп, луд, кретен, морон, или било кој од овие изрази и фрази.
15. Омилен писател нека ти биде Паоло Коељо.
16. Не сакаш да дискутираш за музика, запамти, тоа е работа на вкус.
17. Не сакаш да ја критикуваш македонската клубска сцена. Таа е во најголем подем, и никогаш не била на повисоко ниво од она што е денес. Ако гужвата во клубовите ти е неподнослива тогаш си еден од ретките што мислат така, обично, другите одат во клубови само поради таа гужва.
18. Мислењето менувај го во зависност од потребите. На пример, на тема србомани викаш уааааааааа србомани, а на тема Готовина уапсен, се радуваш што е уапсен и славиш со сите свои истомисленици.
19. Не се изразувај кратко и јасно затоа што кратко и јасно не одат рака под рака. Наместо тоа пишувај километражно, а ако немаш доволно слободно време тогаш сериозно размисли за напуштање на работата, школото или што и да е тоа што ти одзема премногу време.
20. Доколку не знаеш како да одговорш најдобро би било да го нареќеш соговорнико глуп, или уште подобро, да му изготвиш психоанализа, која нормално, ќе одговара на твоите потреби во моментот.
21. Од време на време фино е да се пофалиш дека си прочитал мнооооооооогу книги, никогаш не наведувај колку и кои, а најголема грешка би било да препорачаш одредена книга.
22. МТВ е најдобра музичка телевизија, не се обидувај да докажеш дека не е така, си ствараш непотребни проблеми.
23. Најдобри филмови се оние кои заработиле најмногу пари, а ако мислиш поинаку задржи си го тоа за тебе, во спротивно тоа ќе се употреби против тебе.
24. Не цитирај познати личности. Ќе си створиш проблеми. Или ќе треба да објаснуваш накнадно што сакал авторот да каже или пак ќе бидеш обвинет дека користиш авторитет за да го наметнеш своето мислење.
25. Во дискусија не заборавај да го читаш соговорникот како што ти одговара на тебе, не се труди да го разбереш она што сака да ти го каже, наместо тоа потруди се да ја смениш темата.
26. Во најголем број дискусии најдобро е да користиш интелектуални фрази како: „Многу си глуп“ „Тотално си луд“ и мојата омилена „Ти го искинав г’зенцето“. Дефинитвно тоа е најголем аргумент дека си во право, а ако не мислиш така тогаш тебе не ти е местото на форум.
27. Во дискусии на тема смислата на животот секогаш одговарај краткко и јасно „42“, немора нужно да знаеш од каде потекнува тој одговор, доволно е да го напишеш, а резултатот ќе биде, нормално, општо прифаќање.
28. Кога станува збор за нешто што потекнало (настанало, се оформило, итн......) од Македонија најзгодно е да сереш колку можеш по тоа, затоа што, нормално, не може да биде добро ако е македонско, а ако мислиш поинаку задржи си го тоа за себе, никој несака да слуша дека во оваа држава има нешто добро.
Издавачот не сноси никаква одговорност доколку правилата за пишување не фунционираат во потполност. Во прилог на ова оди и она: Секое правило има исклучок.
Автор: Диабло
Издавач: Дибало Принт Д.О.О.Е.Л. Скопје
Лектура и коректура: Лектор Коректорски
Превод од македоснки: Д-р Жити Се
Наслов на оригиналот: Млатење празна слама
Илустрација: Користи Фанта Зиковски
Тираж: 1 примерок
ИСБН: 86-7456-072-6
Според Министерството за култура за ова издание треба да се плати 19% ДДВ. Дотичното министерство ве моли уплатата да ја извршите на жиро с-ка: 40-10000000045-546564.
Цената на овој прирачник е 1/2 од вашата плата.
Во соработка со Комерцијална Банка овој прирачник може да го купите и на кредит до најмногу 12 рати, со каматна стапка од само 99% месечно.
Последни коментари