8 јануари, 2009 - 14:08
[веб кирилица]

Им даваш ли пари на просјаци?

  • Никогаш, нека поработат нешто
  • Никогаш, едвај за леб имам
  • Понекогаш, кога сум со некого па незгодно ми е
  • Понекогаш, кога сум среќен
  • Често, не знам како попаметно да ги потрошам парите
  • Често, сочувствувам со нив
  • Просјак сум

Гласови: 134

Опции за гледање на коментари


сликата на StormAngel
Пред неполн сат - од StormAngel на 4 февруари, 2006 - 02:10

Пред неполн сат ми иде една малку постара дама, и ми вика нешто ситно. Да ми ебеш матер еј. Нејсе, и даов онолку колку што имав у моменат. Она што сакам да прашам е:
Дали има барем едно единствено место на светот кај што нема просјаци?

До темата,
Даам пари, ама кога како. Најчесто пробувам да ги одбегнувам, од проста причина што не би сакал еден ден да завршам како нив.
А ништо чудно и тоа на човек да му се деси.

сликата на PassENGER
Просјаците - од PassENGER на 4 февруари, 2006 - 10:14

Просјаците треба да се укинат!
Човек глупаво се чувствува и кога им дава и кога не им дава.
---
П.С. Мислата не е моја ама најпластично го артикулира мојот став кон гнасите. Инаку, гласав- никад, нека поработат нешто. Макар да мијат шофершајбни или незнам што, само онаа испружена валкана рука и прљава фаца да не ми се лепат на прозор. Фуј!
---
И уште нешто: нека се знае- тоа е најперфиден вид на рекет на кизнај-дал-само-циганската-мафија! Колку семафори има? Колку патетични сожаливи идиоти и идиотки има? Они несвесно ги финансираат, даваат, се нервираат, ги мултиплицираат и пак лошо се осеќаат. Толку.

сликата на SuperGirl
Просјаци нема - од SuperGirl на 4 февруари, 2006 - 10:59

Просјаци нема само на семафори или door-to-door.
Просјаци не се само „циганската мафија“, ниту пак само работоспособни лица, туку и стари и болни, заборавени од сите други.

сликата на StormAngel
O: Просјаци нема - од StormAngel на 5 февруари, 2006 - 03:09

SuperGirl напиша:

Просјаци нема само на семафори или door-to-door.
Просјаци не се само „циганската мафија“, ниту пак само работоспособни лица, туку и стари и болни, заборавени од сите други.

И според ова, нормално сите ние треба да ја сносиме таа грижа? Зошто јас да имам грижа на совест кога знам дека е можно и јас некој ден да заболам или остарам, а до тогаш не сум ебел никого ни два посто?
Јебем ти систем кој што барем за старите и болните не се грижи.

И не сум баш до толку сигурен дека квалификацијата ти е коректна.[се смее]

сликата на SuperGirl
Цитат:И според - од SuperGirl на 5 февруари, 2006 - 12:01

Цитат:

И според ова, нормално сите ние треба да ја сносиме таа грижа? Зошто јас да имам грижа на совест кога знам дека е можно и јас некој ден да заболам или остарам, а до тогаш не сум ебел никого ни два посто?

Закључоциве се твои, не мои.

Цитат:

Јебем ти систем кој што барем за старите и болните не се грижи.

Камо среќа едните никогаш да не бараат, а другите да даваат и кога не се бара тоа од нив. Јебем ти људе...

Цитат:

И не сум баш до толку сигурен дека квалификацијата ти е коректна

Класификација нигде нема, само изнесени факти кои не можеш да кажеш дека не се точни.

сликата на PassENGER
Ех, девојче... - од PassENGER на 5 февруари, 2006 - 17:21

..Утопија се вика тоа...
---
:: Камо среќа едните никогаш да не бараат, а другите да даваат и кога не се бара тоа од нив. Јебем ти људе...
---
Па, би те запрашал, кога ти последен пат, или боље- воопшто некад си дала, кога не се барало тоа од тебе?! И што тоа? хмм..
---
П.С. Анонимните донции и дарители се најдоблесната работа на светот `евер`. Никој ништо незнае за тоа?! Незнаеш за таков некој?! Па анонимни се. Недознава најчесто ни оној кому му е дадена помошта, не ти*. Само доблесниот дарител знае ...и господ. А тој непостои.
Значи, нема кој да каже, и тоа е ултимативниот врв на пирамидата на алтруизмот и доблеста и самоспознанието на една комплетно реализирана личност која го знае животот. Тоа е симфонија во негова чест(животот како подарок). Благодарна молитва во мелодија кон своите богови.

Анонимен добротворец- ете тоа би сакал да станам кога ке пораснам.
---
* -не ти конкретно, било кој ти, вклучително и мене.

сликата на SuperGirl
Знам бе душо - од SuperGirl на 5 февруари, 2006 - 17:59

Знам бе душо драга дека е утопија, затоа и реков „камо среќа“.

Ако ти одговорам на прашањето ќе ја загрозам улогата на „анонимен дарител“, нели? Визит карта не оставив, туку си влегов во такси и отидов дома.

А немам намера сега да филозофирам и попувам некому, секој нека си го тера животот според сопствените убедувања.

сликата на PassENGER
O: Знам бе душо - од PassENGER на 5 февруари, 2006 - 18:09

SuperGirl напиша:

Знам бе душо драга дека е утопија, затоа и реков „камо среќа“.

Ако ти одговорам на прашањето ќе ја загрозам улогата на „анонимен дарител“, нели? Визит карта не оставив, туку си влегов во такси и отидов дома.

А немам намера сега да филозофирам и попувам некому, секој нека си го тера животот според сопствените убедувања.

Devoj4e. Hah..
P.S.
Namerno latinica, da ide na mionus, da nezamaram nezasegnati nepotrebno. [се смее]

сликата на SuperGirl
Ако нешто не ти - од SuperGirl на 5 февруари, 2006 - 18:14

Ако нешто не ти е јасно, ела на GTalk [намигнува]

сликата на PassENGER
O: Ако нешто не ти - од PassENGER на 6 февруари, 2006 - 01:18

SuperGirl напиша:

Ако нешто не ти е јасно, ела на GTalk [намигнува]

Ova da ide na minus:
Neznam 6to e GTalk. Jebi ga.. (ne namignuva, ne se smee, si vika- kaj zziveam jas be?). Ciao i ubavi sni6ta.

сликата на D-507
O: Просјаците - од D-507 на 7 февруари, 2006 - 15:08

Просјаците треба да се укинат!
Човек глупаво се чувствува и кога им дава и кога не им дава.
---

Епа оди жали се на општеството.

---
П.С. Мислата не е моја ама најпластично го артикулира мојот став кон гнасите. Инаку, гласав- никад, нека поработат нешто. Макар да мијат шофершајбни или незнам што, само онаа испружена валкана рука и прљава фаца да не ми се лепат на прозор. Фуј!
---

Гнаси, баш би сакал да може да си го смениш животот макар на еден ден со некој просјак. Впрочем сигурен сум дека никогаш не си поразговарал со некој просјак. Како и би можел, тие се гнаси, тие се валкани, тие не се луѓе.

---
И уште нешто: нека се знае- тоа е најперфиден вид на рекет на кизнај-дал-само-циганската-мафија! Колку семафори има? Колку патетични сожаливи идиоти и идиотки има? Они несвесно ги финансираат, даваат, се нервираат, ги мултиплицираат и пак лошо се осеќаат. Толку.
---

рекет? патетични сожаливи идиоти и идиотки? толку?
па да, доволно е и толку. доволно. повеќе од доволно.
она мултиплицираат ми е омилено. кој ги мултиплицира? тој што ќе им даде десет денари? колку само глупо размислување. колку глупо. за жал.

анонимна помош ти е единственото нешто паметно што го кажа.

наредниот пат кога ќе налеташ на просјак, не му давај пари, него седни до него, во сред градски трговски центар и разговарај. можеби ќе се изненадиш но и тие се луѓе, и тие се личности, а како и од секоја личност можеш да научиш и нешто. јас на пример имам научено еден многу корисен трик од просјак, со кој и си се изнаприкажав, а раговорот ќе траеше многу подолго ако со мене не беа некои луѓе од твојот тип па го набркаа човекот кој не бараше ништо повеќе од цигара и ведар разговор, за промена, за промена во неговото грубо, круто, никогаш топло секојдневие. па да, можам да разберам зошто не ги сакаш просјаците иако уствари подобро би било да не ја сакаш владата затоа што тие просјаци се директна последица на нејзиното работење.
но, како и може да биде поинаку.

поздрав друже, патетиката никад не се знае каде е, некогаш во нас, некогаш во нив, зависи од тоа на која страна се наоѓаш, а јас веќе одамна исклучив такви зборови од мојот речник, за разлика од тебе да речеме.

сликата на PassENGER
Ајјј како ме - од PassENGER на 7 февруари, 2006 - 23:24

Ајјј како ме насмеа дасибеш! Ха-хаа ...
Уживај си баце, тебе мора да ти е добро штом си вака.
... -->..анонимна помош ти е единственото нешто паметно што го кажа.<-- Tnx,tnk u ... Tzar si, писателе.

сликата на D-507
пробуваш да - од D-507 на 8 февруари, 2006 - 11:04

пробуваш да користиш сарказам?

мој краток совет, држи се до просто проширени реченици, без употреба на стислки изразни средства.

Лажови - од yfipk на 5 февруари, 2006 - 03:03

Досега петорица(4+1). Ај што е дебилна анкетава(додуша ја гласав меѓу првите [се смее] ), ај што има глупи опции(втората и последната), ама што се нашле четворица просјаци со интернет, за да гласаат, и еден што нема за леб, ама за интернет некако се снаоѓа?! [пиштол]
Јеби га, што ќе правиш,секакви ги има. Да се утешам со еден цитат од саутпарк - there are no stupid questions, just stupid people -

сликата на Chombe
Им даваш ли пари на просјаци? - од Chombe на 5 февруари, 2006 - 06:19

Секогаш кога имам ситно у џеб им давам. У Америка клошарите или бамови (bum) како што ги викаат се скромни. Јеби га, голем пазар, работи на ситно. [се смее] Сите ти се обраќаат со „Sir“ и бараат квотер (25 центи = 13 денари). Ако им дадеш ти викаат „God Bless You“. Повеќето се на алкохол/крек а читав и некои статистики, околу 60-70% се ментално болни.

На Менхетен ги нема пошто ги избркаа, ама затоа ги има во Филаделфија, Мајами у сред центар, во Атлантик Сити спијат испод даските / шеталиштето на плажата т.н Boardwalk Hotel, ги има во победни градови во Њу Џерси како Paterson, Newark. По места каде што живее средна класа и погоре ги нема. И да се појават, за 5 минути ги апсат. Интересна работа, повеќето бамови со кој сум се среќавал се белци. Не извлекувам никаков заклучок, можеби така ми се погодило. Иако имаат услови за преспивање/јадење по Salvation Army, повеќето се фри ленсери и спијат по паркови или на сред тротоар кај што има решетка за вентилација. Зошто? Затоа што во Salvation Army ти даваат формулар да потпишеш дека сакаш да работиш. [се смее]))

И не фаќаат на сентименталност како кај нас. Нема прикаски од типот циганка со децимали (мали деца), сите болни од сида, ебола и сите видови на тумор. Амерички клошар е господин. [се смее] Ти вика, брат дај квотер, гладен сум. Ти му викаш, за крек ти се или за пиво? - За пиво. Изволте долар пошто си искрен. И не се говеда како кај нас оние што перат шофершајбни (*), ти заебе видокруг у кола само заради тоа што не си му дал 5 денари... Додуше еднаш ми се деси една непријатна сцена.

Имено, идам ја у Патерсон у El Mundo кај латино фраерите, продавница за све и свашта. Се наоѓа супер гардероба од познати марки, демек копче скинато, патент фали итн... Али џабе се цените. И имаат resident клошар што сум го гледал сто пути и седи пред врата. А пред врата гужва ама све латино. Ми вика културно сер дај квотер, ја фино лепо му викам брат иам 20-ка, да купам роба и на искачање ти даам кусур. И на искачање се замајав нешто, абе коа почна да се дере и да покажува со прст накај мене „this guy is a cock sucker“. И упорно се дере, ја тотал збунет, латино теткициве исто, си викаат што ми требаше да се симнам од Андите. И на крај ми вика, ма не ми вика, ми се дере, you fucking cock slayer. Мислам стварно, па ова и за најголемиот gay е навреда. И се соземав некако и му дадов 5 долари. У момент имаш рез и со истиот cock-slayer тон вика, this guy is my savior. И ми се фрла у рака и ми ја бацува. Каква сцена пред едно 50 луѓе!!! Овие латино теткициве више букираа карта назад за на Андите. Ay loco!

... И така. И ден-денес се гледам со мојот омилен бам. Дали од моите 5 долари или добил на лото, не знам, ама гледам веќе не проси. Сега е shoe-shine, има свое сандаче и чисти кондур пред општина Патерсон. Додуше потпроснува по малце. Прво ти вика, ај кондур да ти чистам за 2 долари, ако нејќеш ќе ти каже, дај онда квотер. [се смее] Го земав еднаш со мене у кафана и го частев ќебапи и пиво. И фраеров се пресоблече и дојде со бела кошула од Salvation Army. Господин. [се смее] Се пофали дека му го чистел кондурот дури и на градоначалникот Хозе „Џо“ Торес. Рече дека е од Џорџија и дека мајка му, кога бил дете, му рекла да биде ОК со сите луѓе. И тоа го повторуваше во наредните саат време... Имам и слика со него, една од моите омилени. [се смее]

----
(*) Пред едно 10-15 години имаше т.е имало (од читање и од кажување од постариве џомби) и перачи на прозори и на Менхетен. Ги викаа „squeegee men“. За разлика од нашиве сквиги, овие брат, ти чисти прозор ама ти дила и роба. [се смее] Супер ствар. И се додека не се појави оној Џулијани и не ги истера сите сквиги и курвите од 42-ра улица.

Тумач препоручује -> http://en.wikipedia.org/wiki/Squeegee_men

сликата на toomuchisnotenough
O: Им даваш ли пари на просјаци? - од toomuchisnotenough на 5 февруари, 2006 - 06:38

Chombe напиша:

латино теткициве исто, си викаат што ми требаше да се симнам од Андите.

+googol!

[се гази од смеење]

сликата на Zelka
дај бугати, - од Zelka на 5 февруари, 2006 - 14:08

дај бугати, жити швалерка, шити здравје, ај мулим те 5 динари, мулим те...
или тие со 853 тапии дека треба детето да му се оперира во Папуа Нова Гинеја, поради чешање на левото око. гив ме а брејк! особено се најактивни околу 17 часот кога се репарирам од напорниот ми ден на работа, и штотуку сум склопил око! или дур пијам чај со девојчето ми нудат оргинален Бос парфем! исто ги мрзам и тие што нудат рози, и кољаат по 250 денари за еден ебан цвет! тие се најрекетраски настроени, бичис вит фалуерс! -Ах, дали девојката заслужила една роза? (и те гледа со такви очиња, девојчето тоа, и ти во тесно, викај), -ај, шо да не! и давам 500-ка ми враќа 250! топ!
не давам пари на црнци од кога се степаа поради тоа кој да ги носи шткаите денес.

сликата на Ричи
ДА ИМ ЈА ЕБАМ МАМАТА!!! - од Ричи на 5 февруари, 2006 - 14:33

До денес кога имав им давав ама од денес Д од денар нема да видат, а бога ми Л од леб!

Што се деси:

Си спијам ја фино лепо и у еден момент ме фаќа некоја безобразна кашлица. Отварам очи така успан и прст пред око не гледам! Не можам ни да укапирам дали сонувам или стварно нешо не ми се гледа. И дур се соземам сфаќам дека ЦЕЛА ФАКИНГ СОБА МИ Е ПОЛНА СО ЧАД! И одма станувам да видам што е, отварам вратата за накај пожарни и коа глеам пламења 2 метра под мене!!! И фино лепо до оганот 2-3 циганки си се ГРЕАТ! Мамата нивна! Сфаќам дека е ладно и се друго, ама не сфаќам како можеле да си завалат оган под пожарните кај мене и притоа да ја запалат задната врата од продавницата што се наоѓа под мене?!? Им се испоразвикав, а они си се грееме! Па пичка ли ви матер не ли сфаќате дека и вратата гори а не само картоните што сте ги запалиле?! И татко ми се разбуди и он одма почна кофи со вода да носи ај ги фрлам врз огнот и лека полека се изгаси. У таа нервоза се симнав доле по пижами на минус 10 доаѓад до нив и ги глеам... стварно не ми е јасно како успеав да се исконтролирам и да не ги испокршам од мавање, ама уопште не сфаќам. И комшии се испоразбудија и они успаничени пцујат и одма викнале пожарна па курци палци разглабај што како...

А, зад вратата на продавницата има уствари мал магацин пун со прехаранпени производи и други срања, меѓу кои ми кажа продавачката и 60 ПЛИНСКИ БОЦИ!!! Е тие да рокнеле ќе било интересно!

п.с. у моментов и пишувам на поцрнета тастатура и гледам у исчурен монитор.

А кунење? - од fLeX на 5 февруари, 2006 - 18:56

Прво, зашо нема опција " Кога иам некој динар и коа ќе ми се сака". Второ, е колку ми иде да ги зашутирам коа ќе почант ко мрднати да ми тропаат на стакло или на кола, леј, ми иде да ги убијам! Препочитам да им дам пре нешто за јадење, ал коа ќе ми кажа, " Мури пари !" ми иде да убијам. Поената е, на нашиве тоа им е ПРОФЕСИЈА, нарочито на циганите,али зато срце не ми даа да бидам допкрај скот и да не брцнам понекогаш у џепче и да споделам што дал горниов. ЈА за 20 ден нема да умрам, ама на некој му вршат работа.
П.С. А за фауергирлс, мислам дека има едно 100 души у Скопје што нив радо би ги скршиле од ќутек! ЈА ЛИЧНО НЕЌУ ОД НИВ ЦВЕЌЕ; па задње да е на светов!Ти го тупнуе КАРАНФИЛОТ пред фаца онака , на сред маса и мубет, со дроплајнот од погоре наведебниот кај Зелкарот и НЕ СЕ МРДА! Мене ми идело да ја замаам....

сликата на toomuchisnotenough
тестостерон - од toomuchisnotenough на 5 февруари, 2006 - 19:09
сликата на yarre
Кај нас обично - од yarre на 5 февруари, 2006 - 19:53

Кај нас обично тие што просат имаат шеф, кој им ги собира парите на крај на смена, така да коа ке се сожалиете да дадете, подобро е да дадете чоколатце или некое овошје ако имате у кола.
А домачните звонца направите ги да се гасат у период коа одмарате. И така сигурно у тоа време гости нема да ти дојдат ненајавено.

свашта. - од Xplicit- на 6 февруари, 2006 - 02:41

имаше слична ваква анкета на 103 пред неколку години...и ептен ме изнервираа изјавите од типот "ја сум си ги заработил парите нека работат и они нешто итн итн". Али глеам не се сменила многу ситуацијата.

Мислам, ко прво, во држава која едноставно не му дава на секој можност да работи и да заработува за да живее нормално и да не проси глупо е да се каже вакво нешто. Има еден бездомник што живее баш тука кај мене пред зграда некои 5 години...и 80% од времето е тука и коа и да сум во можност му давам пари...мислам 20 ден мене ништо не ми мењаат во животот, а на него можда баш толку му требаат за да не умре од глад тој ден...и сеа он намерно избрал да живее на улица по студов и да проси зашто така најлесно се заработуваат пари а? абе супер му е што да ви кажам и ја би се мењала со него. А со оглед на тоа што сите вие коментирате на Internet што денес е луксуз btw, не ми се верува дека ни на некој од вас 10 или 20 ден би му смениле нешто така?

Друга работа, да, и мене ми доаѓаат на врата (не само цигани, има и македонци!)и некад у незгодно време и смета тоа, али јебига, 10 ден ќе им дадам, мислам од кај да знам јас дали "така заработуваат" или можда стварно на некој му требаат пари за јадење, за 10 ден не ни вреди да се размислува. Понекогаш има луѓе што дури одбиваат пари да земат него сакаат само нешто за јадење да им се даде. Баш дојде еден човек скоро и мајка ми коа му извади пари и рече дека на сака пари туку нешто за јадење ако може зашто сите му викале "земи нешто да работиш бе" а не дека имал можност човекот да работи. Уствари да, сигурно лесно може да си најде работа али претпочита да се понижува и да проси по станови за јадење...така е. (btw македонец беше, значи не е дел од "циганската мафија"). Па видете кај живеат циганите бе у какви услови, мали деца по семафори, па децата ли се криви што не можат да одат во школо а со тоа од старт немаат никаква шанса за просперитет у животот? Делумно се криви нивните родители што тоа го дозволуваат, но најкрива е ДРЖАВАТА.

Мислам, секој има право на свој избор, ако не сакате да им давате пари на просјаците не морате. Ваше право. Ама не ми е јасно како некој може да биде толку индиферентен на целата таа ситуација. Па вакви биле онакви биле, па мафија ова она абе остај, глеам на висока нога живеат, се глеа дека нивни избор е...Сите си имаме свои проблеми, не сум ни јас исклучок, али тоа не значи дека треба да ги третираме луѓето без пари ко ѓубре само зашто лошо мирисаат или зашто ни досаѓаат или зашто ни доаѓаат на врата у незгодно време. Стајте се на нивно место па видете што вие би правеле у ситуација без опции. Кога луѓето не би биле толку себични можда работите би биле многу поубави.

сликата на dimitar27
Давам пари на - од dimitar27 на 6 февруари, 2006 - 08:50

Давам пари на деца и жени кога просат, и не е предрасуда ама 98% се цигани, илити РОМИ ако сакаме да бидеме политички коректни:)
Имам у кола стално сича што порано не ја земав као кусур ама сега ја зимам и пошто ми кине џеп на паЛтоЛаните ги ставам у кола. И од тие има давам. КОга живеев у Дебар Маало у куќа многу поретко ми доаѓаа, а сега у стан почесто ме гњават, и сите имаат тапија од Жан fucking Митрев дека треба да се опериСаат они или милото им дете. Можда некогаш и грешам, ако не дадам, ама па „покрај сувото и сировото гори“, така да од преварантите на ред не можат да дојдат они кои стварно имаат мака.
Мајка ми пред едно година дена била кај мене у гости, и звонела бацинели деци барале пари „за леб„ и старава кутра им дала леб,кашкавал и банана понекоја. И доаѓам ја од работа и глеам на спратот под мојот, оставено све тоа у ќесе, освен бананите, и напишано на зидот „фала за јадењето„ ??!!??
Да, парите им ги зимаат татковците или БОСОВИТЕ, ама ако, ја давам, а тој што им ги зима прави грев.

еве една мала - од Therion на 6 февруари, 2006 - 08:51

еве една мала статистика.
податоков е стар неколку години - во просек колпортерот заработува помалку од просјакот, стои на раскрсница во понезгодно (постудено) време, одговорен е да направи поврат на роба на крајот од денот, и не му се платени придонеси. може нешто се сменило во меѓувреме.
истата статистика важи и за перачи на прозори, и они ги јадеа колпортерите во профит, и покрај тоа што ти перат шофершајбна и кога ти е чиста, и кога ќе им кажеш НЕМОЈ!!!
во тој случај би охрабрил ќутек бидеќи никој не смее да те стави пред свршен чин, и после да глуми жртва

сликата на BugS
Има едни маж и - од BugS на 6 февруари, 2006 - 08:48

Има едни маж и жена на околу 40 години што еднаш на 2-3 месеци ѕвонат кај мене на врата.

Секој пат имаат различна приказна: Еднаш му го украле новчаникот на мажот, па немаат 50 денари за автобус за да се вратат у село. Следниот пат купувал нешто од кај мене пред зграда, па видел дека му ги нема сите пари, па бара уште 30 денари за да доплати...

Као све случајно им се дешава, не дека они се просјаци. И стварно, нон-клошарски облечени, здрави, прави, а ми шетаат од врата на врата, ме реметат у недела сабајле. Така, првиот пат ме заебаа, ама коа се појавија следните неколку пати со нова приказна, ми се идеше да ги отерам на клоци таму од кај што дошле. Си мислат луѓето не им ги памтат лицата. И кога ги одбивам ми се мрштат нешто, изнервирани демек, некоја си колкуситибесчуствителен гримаса.

Професионални просјаци. Претпоставувам дека секој ден си имаат различно маало за чешлаље.

А оние малите што демнат пред кафичи се доста духовити, па често успеваат да ми изнудат по нешто.

кај нема просјаци - од ANIA на 6 февруари, 2006 - 10:36

една моја колешка ми рече дека во Финска немало просјаци, во Индија ги видела за прв пат
а јас и реков е овде ги има по многу и затоа имаме малце понеегзотичен однос кон нив

јас имам една теорија која што не може да се примени кон 100% просјаци ама кон добри 90% и те како може

како прво - јас на тоа гледам како на бизнис и начин на живот
второ- тоа е начин на заработување на живот,т.е работа
трето - секоја работа има на цел некое општествено добро, на пример пекарот меси леб за да јадиме, млекарот ја дои кравата за млеко да пиеме, лекарот не лечи, наставникот не учи а шоферите не возат, а што прават просјаците?
и тие имаат за цел едно добро, нешто кое што нам ни се чини за добро - со тоа што им даваме пари ние купуваме задоволство што сме му помогнале на другиот човек
купуваме внатрешен мир и си ја купуваме мислата - е да даваа сите пари ке немаше просјаци

е сега, прашањето е дали тоа добро е општествено? епа не е
тоа е само купување не сознание дека сме алтруисти, па уште и јавни, гарант некој не видел кога сме дале пари па истото го помислил за нас

со други зборови - кога им даваме пари на просјаците не им помагаме нив, туку си олеснуваме сами на себе. Така можеме да си речиме - ете, оваа држава е лоша, луѓето се себични ама јас не сум, јас имам добро срце и ете помагам на ближните браво јас

а нашата поединечна акција не прави ништо друго освен тоа што поттикнува се повеке и повеке луѓе да се почуствуваат подобро...бизнис е тоа, тие продаваат беда а ние купуваме титула - ПОМАГАЧ НА БЕДАТА

што во суштина е егоистично до индија и назад

ако некој сака да помага тогаш или нека адоптира просјак, т.е нека му дава јадење и нека го облече, нека го запише на училиште или нека му најде работа
е тогаш вистински му помогнал, а вака со 20 денари апсолутно со ништо животот не му се менува, нитуу на помагачот ниту на помогнатиот

и тоа што каза ПАСИНЏЕР - вистински се помага АНОНИМНО - во тоа е најголемата доблест

абе ајде. - од Xplicit- на 7 февруари, 2006 - 03:15

Тоа во врска со алтруизмот, збори си за себе (не, не се препознав, него некако индиректно ме изкатегоризира). Генерализацијата ти е неиздржана. Ако ти со тоа си купуваш внатрешен мир и гледаш некој да те види, не значи дека и јас сум како тебе. Не купувам јас никакво задоволство што некому сум му помогнала. Баш напротив, уште потапа ми станува денот зашто околу мене има луѓе кои се принудени да живеат на тој начин и зашто не можам да им дадам нешто повеќе. Што има тука убаво? И кој ќе ме види на врата некој кога ми доаѓа? Комшиите што шпионираат низ окцето?? Или па у јавост стриктно не треба да се помага, мора да биде по протокол, АНОНИМНО! Се слагам со тоа анонимно, но во однос на тоа дека ако донирам некому $10000 не треба да идам на TV да се фалам и да си правам кампања, а не дека не треба да дадам неколку денари на улица кај што и никој не ме познава. За жал немам толку пари, да имам можда ќе ги дадам (ајде сеа објасни ми зашто, очигледно се сум свесна, просветли ме за моите алтруистички побуди). Алал да ти е, супер анализа, немој случајно да згрешиш па да дадеш денар некому, стварно полошо ќе му направиш плус поради алтруистички причини ќе биде плус го уназадуваш општеството...

А со 20 денари човек може леб да си купи ако не си знаела. Јас толку имам да дадам, немам материјални можности за да адоптирам било кој пошто немам пари ни за да се издржавам самата себе (без помош од моите ofcourse, што и НЕ се мои пари). Колку луѓе бездомници умреа од глад и студ по улициве низ годиниве знаеш? И тоа е бизнис??? Па дај сите да се фатиме со тој бизнис глеам доста профитабилен е. Не викам дека сите пари одат во вистинските раце, али на пр детето што проси ќе земе мал дел за него. Тоа е доволна причина. Па на крај краева и да е бизнис, ако со среќа, мора и тие луѓе од нешто да живеат. Никој не е совршен. Многу поголем проблем се милионските суми на контата на "функционерите" (не мислам само на политичарите, него мислам на сите оние со просечни плати што преку ноќ станаа богати на мистериозен начин, но тие се доста почитувани во општеството).

Ајде да го разгледаме обратниот случај: Ние уствари (т.е. у случајов вие) правиме вакви психо(квази)анализи и математики за да си најдеме оправдание кога ќе постапиме нечовечки. И од што длабоко во себе не можеме да сфатиме како сме толку индиферентни кон таква работа, се трудиме деталната анализа да ја изложиме пред што повеќе луѓе, ќе испаднеме паметни, доста COOL а богами и ќе заштедиме. Држи ова???
Btw, само ти го потенцирам другиот аспект, не ми е целта да те навредам или да ти кажам што да правиш, него да размислиш околу тоа што го напиша. Немаш никакво право индиректно да ме ставаш во категории кога не ме ни познаваш (а тоа што ти е постот во множина не е битна ствар, глеам дека е испровоцирано од тоа што го напишав па дури и 20 ден си употребила како пример).

сите освен Xplicit- - од ANIA на 7 февруари, 2006 - 08:46

извини што се најде засегната, не ми беше тоа целта...ама ете, чим сметаш дека сето тоа било директно инспириано од твојот пост (да бидам искрена, не го ни прочитав до крај, а да напишеш дваесет денари и не е толку невозможно)

моето искуство ми дава право да ја творам оваа теорија. Се разбира, секој оној кој не се пронаоѓа во неа - браво вие

п.с не ни можеш да знаеш дали јас давам на просјаци или не, од проста причина што не ме познаваш.

сликата на PassENGER
Ептен е прост - од PassENGER на 7 февруари, 2006 - 10:15

Ептен е прост принципот, а и алтруизмот е прекрасна човечка особина- незнам зошто скокаш толку?! Нешто изглеа не ти е баш нај-јасно.
Кој е простиот принцип? - Додека има овци- ке има кој да ги стриже.
На пазарот: Понудата генерира побарувачка и обратно. Следствено и многу просто: Ако на просјаците нема кој да им дава- ке нема кој да проси (мислам што ке проси кога нема ништо од таа `работа`), детево за кое сте се загрижиле ке изеде ќутек еден-два пути и ке биде раат цел живот. Со вашите патетични 5-10 денари му ја продолжувате агонијата до доцна адолесценција и стварате исти таков изрод кон сопствените деца (негови) утре и ...на `среќата и немаше крај`. Генијално& невероватно!

сликата на Аждер
бизмис - од Аждер на 6 февруари, 2006 - 14:20

татково наптавил 8 деца, ги пуштил да просат и кое му се врати вечер без најмалку 200 ден, јаде ќотек. (8х200)х30=48000 месечно.

сликата на Royalgirl
И ти знаејки го - од Royalgirl на 6 февруари, 2006 - 23:07

И ти знаејки го тоа, нема да му дадеш на малото пари и ќе го оставиш таткото да го изриба вечерта?!?
Што ме нервира вака кога им прават прерачуници колку заработувале, на целата нивна беда.
Ех со толку добри сметководители и економисти ме чуди како оваа земја воопшто има проблем со бездомниците.
Апропо анкетата, да, ќе си извадам од уста ако треба и ќе дадам ако некој замоли, макар и да лажел за причината.

сликата на toomuchisnotenough
bukakke - од toomuchisnotenough на 7 февруари, 2006 - 07:37

Royalgirl напиша:

ќе си извадам од уста

прибери си ги рацете зад грб, и остаи ми го вадењето од уста на мене:

[шокиран]

Royalgirl напиша:

и ќе дадам ако некој замоли

ја свршив -- идеме по ред...

[намигнува]

сликата на Аждер
полека бе тумач - од Аждер на 7 февруари, 2006 - 09:11

полека бе тумачисеноугхт не си на порно сајт, гледаш дека девојчето е погодено од математичкиот дел.

сликата на Royalgirl
Па да, баш е - од Royalgirl на 8 февруари, 2006 - 15:29

Па да, баш е фино така и јас и просјакот се чувствуваме поубаво...Што убаво, две муви со еден потег..Море три, и тебе те бројам!)

сликата на toomuchisnotenough
+1! - од toomuchisnotenough на 8 февруари, 2006 - 18:43

+1!

ова е најинтелигентното нешто што го имам прочитано од тебе. што има врска што ти требаше толку долго време да го обмислиш -- важно е дека ти текнало! или имаше мала помош? [намигнува]

сликата на Royalgirl
Не бре, три дена - од Royalgirl на 8 февруари, 2006 - 19:58

Не бре, три дена ми требаа да видам што тоа наоѓаш толку жешко во постот, што ти е контрадикторно, каде сум утнала во доказот, премисата и слично.
И конечно сфатив дека немало ништо, ти едноставно така си сакаш да мислиш во твојот мал свет дека си компетентен да оцениш што е интелигентно а што не..
Ја утнав сеа или..? Ај прочешлај ги пак моите претходни постови од Адам и Ева па наваму..можда нешто и се сменило [намигнува]
Баш ми е криво што ете си морал рифреш да маваш три дена за риспонс.

сликата на SuperGirl
Спасувајте си - од SuperGirl на 8 февруари, 2006 - 20:03

Спасувајте си ја штрумфајката! Иде тумач...I can feel him comming....

сликата на toomuchisnotenough
O: Спасувајте си - од toomuchisnotenough на 8 февруари, 2006 - 20:13

SuperGirl напиша:

I can feel him comming....

ја свршив уште пред ден-два. тоа што го осеќаш е само флешбек.

и бтњ, се пишува coming. [намигнува]

сликата на SuperGirl
Aма изгледа - од SuperGirl на 8 февруари, 2006 - 20:22

Aма изгледа ептен ти се свиѓаше, па дојде по уште? [се смее]

бтњ, не се разбираш од дијалекти [намигнува]

сликата на toomuchisnotenough
O: Не бре, три дена - од toomuchisnotenough на 8 февруари, 2006 - 20:18

Royalgirl напиша:

Не бре, три дена ми требаа да видам што тоа наоѓаш толку жешко во постот, што ти е контрадикторно, каде сум утнала во доказот, премисата и слично.

ако толку темелно ја проучуваш лектирата, сеуште не е се' изгубено за тебе.

сликата на Royalgirl
Душиче мое - од Royalgirl на 8 февруари, 2006 - 20:26

Душиче мое заборави да ме поправиш дека не се работи за три дена, туку за еден [се гази од смеење] Иако тоа за тебе е долго, грицкање нокти, неизвесност, па што ја нема, па мисли ли да врати, па излегов ли паметен овој пат....

пак се од toomuchisnotenough
сликата на GoodBytes
Понекогаш - од GoodBytes на 7 февруари, 2006 - 05:10

Ако имам некаква храна при себе, тоа им нудам, бидејќи тогаш знам дека навистина мојата помош ќе оди во храна (да, може и да ја остават). Пари, кога-како, најчесто зависи од повеќе фактори и е сосем субјективно и интуитивно. На пример: не му давам пари на питач кога гледам дека пуши цигари или пие алкохол. Ако тоа се случи, не го ЛАЖАМ велејќи му „немам“, туку му велам само „не“ или „не ти давам“. Кога ми доаѓаа на врата (додека живеев во стан еден краток период) им давав пари на сите, не знам зошто.

Треба да се прави многу повеќе за да им се помогне на беаздомниците и питачите. Ромите се посебна приказна - Македонија ништо не прави за да им најде трајно решение.

---

сликата на D-507
Бездомниците - од D-507 на 7 февруари, 2006 - 10:09

Бездомниците постојат од една причина.

За заплашување.

Ете што ќе ве снајде ако не сте во машината, во системот.....

сликата на nenaspan
- од nenaspan на 22 февруари, 2006 - 01:17

Цитат:

Бездомниците постојат од една причина.

За заплашување.

Ете што ќе ве снајде ако не сте во машината, во системот.....

Паметно размислување,нема што

ПОмилувај боже - од ГраСакоТ на 24 февруари, 2006 - 14:19

ПОмилувај боже

Јас давам кога - од ГраСакоТ на 24 февруари, 2006 - 14:35

Јас давам кога можам. Но чудно е како луѓето гледаат на категорија просјаци, бездомници, цигани и др. единстевното причини кои ги мотивиираат да дадат некој денари или парче леб е само потсвеста дека нив господ или било кој со добро или со пари ќе им врати.

„Демек ние даваме мислостина и сме добри“ а истовремено тука ги нарекоа со погрдни зборови просјаците кои што на моменти им го нарушуваат нивниот комфорт и удобност.

Не сме заврШиле работа со само давање на милостина (тие ќе ја земат, ќе ја потрошат или изедат) но тие нема да си го променат мислењето или пак начинот на перцепирање на животот. Ако само малку поразговарате со едниот ист просјак на секоја средба кога ќе ви побара нешто и му зборите за можностите на системот (јес дека нема многу) многу повеќе им помогнете од тие 20 денари.

Циганската мафија најверојатно би била многу поблагодарна на сите нас.