8 јануари, 2009 - 14:04
[веб кирилица]

Конечно! Закон за забрана на ГРАЃАНСКИ протести ?

од B. на 1 мар 2006 - 00:36

Конечно! Закон за забрана на ГРАЃАНСКИ протести ?

- Абе нешто познат си ми курле. Да не си фудбалер?
- Не, не сум...
- А да не сум те видел на телевизија?
- Можеби, не знам... а, бев еднаш, да.
- Да бе курле, сега ми текна, пљампаше нешто за некои привилеги. Така?
...

Конечно Секрети! Патетично е јадењето кафеав природен секрет од страна на партиските војници. Таков ограничен интелект кој нема способност да ја согледа вистината во текот на секојдневното живеење, ќе дојде до страшно болно сознание за себе во мигот на сопствената смрт. Тоа сознание ќе ја продолжи нивната смртна агонија во истата онаа мера во која тие им ја продолжиле агонијата на оние кои се бореле за сопствениот опстанок. Кој има поголемо право? Оној кој наводно не можел слободно да се движи и морал да кружи, или оној кој нема услови за еден беден нормален живот(опстанок)? Секако дека едните имаат право слободно да се движат, но другите имаат уште поголемо право да кажат за она што нив ги уништува и тоа на начин на кој сметаат дека гласот ќе биде чуен. Никаков закон, полиција или медиум нема моќ тоа да го спречи, гладта е страшен безкомпромисен предатор. И пак за партиските војници, ги има два вида тотални слепци и делумни слепци. Тоталните слепци никогаш не чуле за Брајовата азбука. Додека вториве глумат слепило, но во моментот кога ќе сфатат дека им фали чекор да ја преминат границата се повлекуваат назад. Мизерната карикатура од човечко битие Борис Кондарко во комбинација со незнаењето на Брајовата, е еден од оние кои предсмртната агонија страшно ќе ги изненади, едноставно поради тоа што себе си смета за семожен, а уствари е мамино кретенче(пу пу убав на мама како крави да ми те лижеле).

Конечно Носталгија! Ја симнаа маската на демоси. И сега ми е потполна јасна воздржаноста во Европскиот совет кога се гласаше за или против осуда на репресијата и злосторствата направени од комунистичките режими. Неколку дена по воздржаноста, тие се покајаа за нивната лажно прикажана воздржаност, го сменија нивниот воздржан глас, во глас против осудата на комунистичките репресии, и решија да донесат закон за забрана на јавни протести и собири. Нели, покрај можноста за гласање на демократски избори, и слободното изразување на незадоволство е една од најбитните придобивки на демократијата-граѓански протести (воопшто не е битно кој ги организира, па дури и ако се организирани од политички партии, тоа во суштина е и демократијата) и штрајкови. Организирајте вие противници на протестите, протести против протестите, ај ако смеете. Носталигичари!

Конечно Кретени!
Дали тие протести ќе смеат да се случуваат на точно одредени датуми. Како на времето за 1 Мај и 8 Март? Дали ќе смее да се протестира единствено на околните ливади на населеното место или ќе може и на ливадите во поодалечените места? Замисли кретениве сакаат да воведат првомајски протести кои ќе можат да се организираат единствено на некој македонски остров, а протестантите ќе мора да бидат голи. Кретени, ние имаме само еден остров, во Преспанско езеро кој е преполн со змии отровници. Колкав е процентот на мртви протестанти кои го посакувате? Дали за оние кои протестираат и штрајкуваат веќе ја имате резервирано соба број 101, во новоизградениот мотел? Која е вкупната бројка на луѓе кои се собрале пред маало на муабет, а истото да не се смета за кривично казнено дело ЈАВЕН СОБИР? А што ако на ливадите и островот веќе има крави кои пасат? Дајте бројки, дајте членови, параграфи, максимални казни, услови за амнестија. Кретеништа!

Конечно Психопати!
Имате ли вие некој шизофреничен страв поттикнат од вашите социопатски фрустрации? Мислите дека никој не ве сака, освен вашите најблиски? Па во право сте, кој може да љуби психопат. Не ве сакам, уствари ве мразам! Мирните и слатки опозиционери (во комплетен состав) единственото нешто што го прават како противење на донесувањето на вакви шизофренични закони е пупењето и нудењето на нивните газиња. Но најверојатно се презадоволни од сексот и доживуваат безброј оргазми па си ќутат, ако гукнат нешто против, веќе ќе немаат ебачи, а богами и се надеваат на промена на улогите во блиска иднина, од пасивни во активни. А кога ќе станат активни тогаш и тие ќе доживуваат вакви екстазични реакции предизвикани од истиот закон. Бројот на заљубените во сите вас секогаш ќе биде минорен во однос на оние кои искрено ве мразат. Оние што демек ве сакаат, уствари и не ве сакаат, ги сакаат парите, а тоа вие најдобро го знаете. Вашиот проблем е тоа што уживате во сопствената илузија која безуспешно се обидувате да им ја наметнете на сите останати. Психопати!

Конечно Иронија! Еве го вистинското лице на остатоците и наследниците на бившите владетели. Во еден весник(“Неделно Време“-Ефтим Гашев) има еден автобиографски текст-фељтон од бивша преживеана жртва на УДБА, меѓудругото наведени се и имињата на судијата и обвинителот. Александар Цанко Христов-обвинител, и попрочуената Вера Циривири–судија, година 1945. Година 1993 во одборот за одбележување и прославување на стогодишнината од создавањето на ВМРО(1893), именуван од собранието на РМ член е и истиот тој обвинител од 1945, како интерпукциски знак на крајот од ваква нелогична реченица би требало да ставам неколку прашалници, но сепак јас ќе ставам точка. Сакам да прашам дали е тоа истата онаа Циривири која е прогласена за народен херој? Одејќи по трагите на менталниот склоп на нејзиното херојство и јунаштво, и сличните на неа, дојдов до заклучок дека Хитлер е мој народен херој, и тоа единствено поради поголемиот број на убиени и уништени животи. Или можеби Сталин...? Ах, налетав на дилема!

Конечно Фантазија или Реалност! Како и да е не е нормално, не е човечно, не е етички, не е морално, практично неизводливо. Пробувате ли да ги остварите желбите и стремежите на вашите родители? Конечно, се ви е џабе кретенизирани психопатчиња!

Конечно Гласајте за мене и јас ќе ве казнам! Ќе ги забранам и изборите! Се ќе забранам! Маму ви ебам.

Опции за гледање на коментари


сликата на snowman
Прекрасен е - од snowman на 3 март, 2006 - 11:54

Прекрасен е светов не?

Човек ќе се разбуди, ќе чуе нешто вакво и ќе почуствува бескрајна среќа.
Требаше и да се случи нешто вакво. Не заслужуваат овие овци право на протести.

сликата на Zelka
не, не се - од Zelka на 3 март, 2006 - 13:13

не, не се доволно упатени дека и ако се поливаат со бензин пред електро-дистибуција и се самозаплуваат владата пак ќе го шитне есм. зошто? затоа што ќаруваат процент в џеб, директ дравј.
ај бе шо, ќе иаме европски цени со македонски плати.

сликата на snowman
Можеби е крајно - од snowman на 6 март, 2006 - 18:59

Можеби е крајно време мирните протести да еволуираат.

Државен удар е спас, а токму стравот од тоа ги тера да го донесат овој мочан закон.

Да, да, не треба да се самозапалуваат, треба владата да ја запалат.

јас сум за - од stone на 23 март, 2006 - 23:41

јас сум за револуција кој е со мене нека крене тупаница .

сликата на GoodBytes

Секоја власт сака „мирно владеење“, што подразбира колку што е можно помалку бранувања на масите над матната вода. Додека површината е мирна, власта чуда прави во заматеното дно. Големите риби живеат таму.

Но, кога ќе стане состојбата критична за некоја маса луѓе, особено ако е поголема масата, НИКАКВИ закони и правила не можат да го сопрат протестирањето. Само, во таков случај постои голема веројатност тие против кои се протестира да завршат висејќи од некој балкон со чаршаф околу вратот, бидејќи масите тешко се контролираат.

Законите кои се рестриктивни кон употребата на граѓанските права за протест можат да бидат успешни само во ограничувањето на помали групи протестанти. А колку што можеме сите да забележиме:

1. Протести од идеолошка природа нема. Нема критична маса на луѓе кои сакаат да го менуваат системот (сите сме демократи, го разбирале значењето на зборот или не). Има нешто малку комуно-титовисти, но тие се доволни само за да положат цвеќе пред „Јосип Броз“, или евентуално да се активираат политички и да им земат некој пензионерски глас на нашиве комунисти со демократски манири [намигнува]. Има и „чисти“ комунисти, но тие си ја полнат/празнат идеолошката енергија дејствувајќи виртуелно, на своите или туѓите блогови. Политичките опоненти се отприлика со исто немиени раце и црно под ноктите, па многу малку луѓе им веруваат и застануваат зад нив, дури и ако сакаат цела музичка фела да ја донесат на бина -- им прекисна и музиката на луѓето. Значи, нема опасност за власта од таа страна, барем засега.

2. Протести од социјална и економска природа... па речиси нема. Односно, во мал број се, парцијализирани, хетерогени и индивидуални во своите цели. Всушност, ги нема доволно ни баталјон да направиш од нив. Штедачи, земјоделци, стечајци, не-зеле-подолго-време-платци, заштитници на државната сопственост, невработени (овие бе никаде ги нема да се организираат?), излажани Интернет корисници, очајни домаќинки... сите тие, односно секој за себе, не се доволни да создадат нешто повеќе отколку една мала непријатност и неколку дена насловни страни во медиумите, ако се добри. Работничките протести се успешно тампонирани, особено во последните 15 години, од поткупливото златољубно раководство на синдикатите од една страна, како и од индиферентноста на НВО кои, со многу мали исклучоци, парадираат низ сокачињата на нашиот wannabe демократски систем. На првите им се хируршки отстранети 'рбетите уште кога се искачиле на првата фотељичка, а вторите се лоботомирани од се' што го имале надвор од својот медиокритет.

Тие што освен вијугите за јадење и спиење имаат и трета вијуга ќе прашаат: па добро, што да се прави сега? Хммм, вечерва има избор на Евровизија на МТВ, а А1 меѓу рекламите и топ-шоп достигна до 5-6 латиноамерикански сапуници на ден, плус понекоја американска. Душо, кај ми е далечинското?

---

сликата на B.
Протести - од B. на 5 март, 2006 - 17:27

Протести има во текот на целата година, разноразни групации на луѓе, но сите тие се случуваат одделно еден од друг. Ако приближно пробаш да го собереш бројот на протестанти во текот на една година од сите тие протести, ќе дојдеш до бројка која не е минорна, напротив страшна е. Но проблемот на сите тие протестанти е што делуваат одвоено, а во систем кој е поставен како нашиот, нивната агонија не може да биде сопрена делувајќи поединечно, само се влошува. Таканаречените НВО-а се дел од ударната моќ на власта, строго наменета за раслојување, конкретно тоа е светата рака комуњарска, амин. Неверниците, ВМРО-овците можеби имаат дел такви свртени кон нив, но најверојатно помал процент, а добар дел се и на компании од типот на МИ5, ЦИА и слични, така да не постојат голем број реално НЕВЛАДИНИ организации. Типичен пример на комбиниран резултат на делување од страна на спинингот, НВО-оата и некој Закон, е дефетизмот во коментарот на Зелка, значи чувство на немоќ, и страв од промени бидејќи некој промените по дифолт им ги дефинирал како уште полош момент на живеење, некој им сугерира дека промената е само фиктивна категорија, SF. А Сноумен пак се навлекол само на насловот без да чита понатаму, ете ти пак уште еден успешен спин. Ако нешто треба веќе да биде забрането во РМ тоа се НВО-оата, а нивните членови јавно силувани под камени мост за време на некој политички митинг. Така конечно ќе биде испратена јасна порака до партиите и нашата надеж НВО-ЕУ, ионака сексот е движечка сила, па ред е да им подариме една такво инспиративно пенетрирање. Тие се јавуваат и како први пропагатори на политичко одобрување или неодобрување, типично лицемерие, невладин-значи ништо што не е во врска со владата и нејзиното владеење, нивен ресор треба да биде се што нема врска со ВЛАДАТА. Така да и ова “Гласот на светлината“ најверојатно е исто така нечија партиска сопственост, без разлика што ги иницираше протестите. Мојот текст има конкретна легитимна цел, а не нечии конкретни протести, туку правото на нив. Тоа не е ограничување само на протестот, тоа во суштина е ограничување на твоето право ТИ да избираш како ќе живееш, тоа е насилно копулирање на туѓи желби. Истите тие желби сега префрлени во закон се сопственост на личности кои имаат моќ, а психологијата многу точно го дефинира чувството на моќ(сакам уште и уште и уште и уште...).

Имаше и саем на НВО-а лани, ти текнува? Имам еден текст од добри 10 страни, во кој добро е опишана сечија поврзаност со секого, со конкретни имиња и презимиња, настани, последици и датуми, меѓунив и на дел од НВО-оата, но ќе го чекам идеалениот момент. Сакам да бидам изведен пред суд за прекршување на изборниот молк, а потоа ќе си организарам протести на кој ќе барам да се укине тој член во изборниот закон . Барам подржувачи на моите идни протести.

сликата на GoodBytes
Принципиелен став - од GoodBytes на 6 март, 2006 - 04:11

B напиша:

Мојот текст има конкретна легитимна цел, а не нечии конкретни протести, туку правото на нив.

Сосема си во право.

---

сликата на pancec
Мижи митре, толумби паѓат - од pancec на 4 март, 2006 - 23:34

Протест, во Македонија, социјален, за поголема плата, за повеќе права, за повисоки откупни цени???? Абе ај???

Колку сме само патетични, прозирни и бесплатни робови на политиката? Кои идиоти сме само?? Не сум видел еден, ама еден салам протест направен од конкретна причина, со конкретни луѓе поради некоја конкретна кауза. Врска нема. Се е тоа политичка драма, користење на гласачкиот апарат и просто кажано коњските капаци на народот за остварување на поедини цели. Се нервирам.

Овие протестиве што беа за демек прениските откупни цени за тутунот. Па дали сте свесни дека од целава маса на леки мажи може само 10% да беа земјоделци кои имаат тутун? Нормално е некој репортер од А1 да дојде на Бугарско-Македонска граница, да праша зошто ја правите блокадата и да добие одговор во стилот: маму им јебем, од што ќе живееме ние, на што личи ова бла бла бла. И после ќе мрчат срања, уф веќе стопати видени прикаски. Нормално. Дали овој репортер знае дека овој робот со кој правел муабет всушност не знае како изгледа тутун??? Е не знае.

Е сега не дека овие протестиве беа грешка, може навистина требаше тоа да се случи, ама дај ве молам? Македонче???? Па македонче ако треба на друг ќе помогне ама самиот тој и најлошо да му е само ќе мрчи и ништо нема да бара нити пак да се организира за неговите права.

Колку само без партииве сме за никаде, а со нив па уште толку.

Одам да протестирам! [се смее]

сликата на snowman
- Абе нешто - од snowman на 6 март, 2006 - 19:03

- Абе нешто познат си ми курле. Да не си фудбалер?
- Не, не сум...
- А да не сум те видел на телевизија?
- Можеби, не знам... а, бев еднаш, да.
- Да бе курле, сега ми текна, пљампаше нешто за некои привилеги. Така?
-------------------

Тетовирање!

Многу јак филм кој целосно го отсликува социјализмот.

За жал сеуште скоро целиот филм е актуелен.

Гледал некој “Топ листа надреалиста“?
Тоа е босанска серија (од која к-15 крадат) која е доста стара но пола и повеќе од скечовите се сеуште актуелни во државава.
Ако не сте ги гледале ТЛН тогаш крајно време е да ги најдете.

Поздрави од Згембо.