8 јануари, 2009 - 15:22
[веб кирилица]

Интернационализација

од SulfuraScian на 10 мар 2006 - 22:29

Говор на бразилскиот министер за образование Cristovam Buarque во Америка.
За време на една дебата во еден универзитет во USA, министерот за образование Cristovam Buarque, беше интервјуиран за тоа што тој мисли во врска со интернационализацијата на Амазонија.Младиот американски студент-репортер почна со прашањето, прецизирајки дека очекува одговор од еден хуманист, а не од еден бразилец...
Еве го одговорот на г-динот С. Buarque

“Како бразилец, едноставно се поставувам контра интернационализацијата на Амазонија. Без разлика на недостатокот на внимание на нашата влада во врска со ова национално богатство, таа ни припага нам !
Како хуманист, познавајки ги ризиците за деградација од кои страда Амазонија, можам да замислам да Амазонија се интернационализира, како и се останато што има голема важност за човештвото. Ако во име на една хумана етика ние треба да ја интернационализираме Амазонија, тогаш би требало да ги интернационализираме сите резерви на нафта во светот. Нафтата е исто така важна за доброто на целото човештво како што е и Амазонија за нашата иднина. И покрај ова, сопствениците на нафта си даваат за право да ја зголемуваат или намалуваат екстракцијата на нафтата, како и да ја зголемуваат или намалуваат нејзината цена. На ист начин би требало да го интернационализираме капиталот на богатите земји... Ако Амазонија е резерва за целото човештво, таа не може да биде уништена по иницијатива на својот сопственик, или на една земја. Да се изгори Амазонија е исто толку страшно како и невработеноста предизвикана од самоволните шпекуланти на глобалната економија. Не можеме да ги оставиме резервните финансии да изгорат цели држави заради самозадоволување на шпекулацијата. Пред Амазонија, би сакал да присуствувам на интернационализацијата на сите големи светски музеи. Лувр не би требало да и припага само на Франција. Секој музеј во светот е чувар на најубавите дела произлезени од човечкиот гениј. Не можеме да го оставиме ова културно богатство исто како сто не можиме да дозволиме и природното богатство на Амазонија да биде манипулирано и уништено според фантазијата на еден сопственик или една земја. Пред некое време еден јапонски милионер реши да закопа со него в гроб едно дело на еден огромен сликар... Пред да се случи ова, би требало тоа дело да се интернационализира. За ова време, додека ние овде зборуваме, Обединетите Нации го организираат форумот на милениумот, но претседателите на одредени земји имаат тешкотии да присуствуваат таму, заради границните тешкотии на USA. Значи мислам дека би требало и Њу Јорк, седиштето на Обединетите Нации да биде интернационализирано. Исто како и Манхатан што би требало да му припага на целото човештво, како и Парис, Венеција, Рим, Лондон, Рио де Жанеиро, Бразилија... Секој од овие градови со својата убавина и својата светска историја би требало да им припага на сите.
Ако USA сакаат да ја интернационализираат Амазонија заради ризикот да ја остават во рацете на бразилците, ајде да го интернационализираме целиот нуклеарен арсенал на USA. Нема ли да е деструкцијата илјада пати поголема (знаејки какви оружја можат да произведат и употребат) отколку големите пожари во бразилските шуми???
За време на нивните дебати, актуелните кандидати на председништвото на USA ја поддржаа идејата за интернационализација на резервите на шумите во светот, во замена на поништуванје на долгови. Да почнеме со употребата на тие долгови за да се осигураме дека сите деца во светот имаат можност да јадат и да се школуваат. Да ги интернационализираме сите деца во светот, без разлика каде се родени, и да ги прифатиме како едно богатство, наследство кое го заслужува вниманието на целиот свет. Кога големите светски диригенти би ги прифатиле сиромашните деца во светот како човечко богатсво, не би ги оставале да работат кога тие би требало да учат... не би ги оставале да умираат, кога би требало да живеат...
Како хуманист прифакам да ја бранам идејата за една интернационализација на светот. Но се додека светот ме третира како Бразилец, ке настојувам Амазонија да ни припага нам.И САМО НАМ !!! “

Сакам да потенцирам дека младиот американски студент не успеа да го објави своето интервју во ниеден американски весник. Наидов на него во еден француски весник. Се надевам дека ви се виде интересен исто колку и мене.
Поздрав

Опции за гледање на коментари


сликата на Chombe
O: Интернационализација - од Chombe на 11 март, 2006 - 06:14

SulfuraScian напиша:

Сакам да потенцирам дека младиот американски студент не успеа да го објави своето интервју во ниеден американски весник. Наидов на него во еден француски весник. Се надевам дека ви се виде интересен исто колку и мене.

Вакви и слични теми ги има во Њу Јорк Тајмс и Тајм во секој втор број, од поголеми авторитети отколку Жоао де Пинто.

Кој е тој француски весник? Ептен ме интересира.

сликата на snowman
Е ова е - од snowman на 11 март, 2006 - 20:06

Е ова е министар по образование, а не овој во БЈРМ*.

* БЈРМ - територија на Балканот, не прашувај повеќе.

сликата на StobiFlips
...ценам, - од StobiFlips на 11 март, 2006 - 21:12

...ценам, поштуем.
Чомбевичиус, како и да кажеш, јас не читам The Times или New York Times(ама читам Багра, на која, за жал, блогерајот и ја испи крвта), ама ова ептен ми е јако.
Браво за човекот.

сликата на Зелен
блогерајот е - од Зелен на 12 март, 2006 - 00:04

блогерајот е најдоброто нешто што и се случи на багра