8 јануари, 2009 - 18:11
[веб кирилица]

Франција, студенти и професори

од Новица на 22 мар 2006 - 19:20
Имам братучетка што е на студии во Париз, втора година или нешто така. И, нели протести има сега во Франција, студентите се борат за своите права... арно ама, група студенти (меѓу нив и братучетка ми) отишле на предавање. И влегува професорот, ги гледа внатре во тоа училницата (и очигледно прилично изненаден) почнува да им збори: „Што правите овде, зошто не сте со колегите кои се борат за својата и вашата иднина, какви индивидуалци сте вие, кај ви е колективниот дух... инт.“ Ги прави пуздер. Овие одговараат дека сакале на предавање пошто материјалот им бил за испит и како ќе го научеле и не знам што. Професорот на крај морал да ги избрка со реченицата: „Оваа глава не ви ја давам на испит“. Искрено не ми се веруваше кога денес тетка ми ја раскажуваше приказната. Саат време после тоа читав Утрински и Венко напишал фин текст на истава тема.

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
Наведната глава - од GoodBytes на 23 март, 2006 - 20:21

Ако се обидеме да направиме паралела со состојбата кај нас, еве ќе речам вака: ние сме една од ретките држави во кои можеш да слушнеш „народна мудрост“ од типот:

Наведната глава сабја не сече.

Тоа ми се чини многу кажува за дел од „генот“ кој го наследуваме. Цел живот свесно одам против себе и се конфронтирам со авторитети на своја штета, бидејќи не можам да се помирам да седам во тиња до гушата. Мислам дека кој требаше ме разбра.

---

сликата на Chombe
O: Наведната глава - од Chombe на 23 март, 2006 - 20:42

GoodBytes напиша:

ние сме една од ретките држави во кои можеш да слушнеш „народна мудрост“ од типот:

Наведната глава сабја не сече.

Да, но кротко јагне од две мајки цица. [се смее]

А дур сум тука прашање до професорот што мајка бара на факултет кога сите ученици му се на улица?

сликата на toomuchisnotenough
меметика - од toomuchisnotenough на 23 март, 2006 - 22:39

GoodBytes напиша:

Тоа ми се чини многу кажува за дел од „генот“ кој го наследуваме.

она што гените го прават за биолошката еволуција на _поединците_,мемите го прават за културната еволуција на _општествата_. тоа се мисли, информации, навики, преданија, уверувања, итн. кои што општествата ги користат за пренесување на нивните вредности на идните поколенија. меметиката е науката која што се занимава со нивното истражување.

Пак за википедија, слободно модерирај :-) - од Сељачиште на 23 март, 2006 - 23:24

Знаеш што е проблемот со википедија? Дури сега ми блесна, а многу е едноставно: содржините се воглавно на англиски, а ретко кој знае доволно добро англиски за да ја чита. Просто не разбираат. Ако скоро секој ќе ти каже дека знае - не знае доволно.

Остај тоа што блебетат за објективноста, референтноста на информациите и сл. Тоа врска нема, пошто не ни разбираат што пишува, а камо ли колку било објективно.

Нели?

сликата на Зелен
да вие сте the few - од Зелен на 24 март, 2006 - 00:47

да вие сте the few chosen who can read the language

иди бе опрај се

сликата на toomuchisnotenough
O: Пак за википедија, слободно модерирај :-) - од toomuchisnotenough на 24 март, 2006 - 23:40

Сељачиште напиша:

Нели?

несомнено е така за некои од првенциве, но има и други ситуации. на пример, овој афторитетоф под тебе што повредено се штреца е селективен: кога му одговара ја цитира, кога не му одговара ја куди.

секакви шетаат по веков, мора да има толеранција... [намигнува]

сликата на viktoria
Најинтересно е - од viktoria на 23 март, 2006 - 23:28

Најинтересно е што студентиве што протестираат и блокираат универзитети они директно како идни академски граѓани не се ни засегнати од овој контроверзен -договор за работа- .
Договоров ги засегнува оние што се без факултетски дипломи , значи занаетчии, пекари, столари..
Што ти се вика значи солидарност..[се смее]
Универзитетите више почнаа да спремаат планови , кој како и за кога ке ги одложи испитите .. кои ќе се одржат со задоцнување од 3месеци..ако не и повеќе.
Јасно е дека овие што се странски студенти за нив најзезнато е ,.
Ако наставата се одвиваше и понатаму ( и поред протестите) со добрите ученичиња у клупа и ако немаше мобилизација и од страна на професорите онда све ова ќе беше 2дена и капут и Немаше да стане вака спектакуларен настан во кој се очекува да десничарската влада каже „ок, капитулираме“.[се смее]

сликата на Chombe
O: Најинтересно е - од Chombe на 25 март, 2006 - 02:10

viktoria напиша:

Најинтересно е што студентиве што протестираат и блокираат универзитети они директно како идни академски граѓани не се ни засегнати од овој контроверзен -договор за работа- .
Договоров ги засегнува оние што се без факултетски дипломи , значи занаетчии, пекари, столари..

Не знам како е во Франција, ама во САД, поголемиот дел од населението (вклучувајќи ме и мене) работи по тн. "at will" договор, што значи газдата може кога сака да те избрка од работа со најбанално образложение "lack of work" и ти да немаш право никаде да се жалиш. Но, од друга страна „at will" договорот нуди можност ти да можеш да им се посереш на сред канцеларија и да си отидеш кога сакаш.

Менаџерскиот слој работи на „contract agreement", кој се обновува на година, две-три-пет, зависи каков к`смет имаш, што значи ако се посереш на сред канцеларија, компанијата е должна да ти дава полна плата се до истекот на договорот.

Постојат и синдикати (претежно во градежништво, пекарство, шофери, ѓубреџии, авто индустрија, абе на прсти се бројат) каде што работникот е позаштитен дури и од менаџерскиот слој, од проста причина што овие синдикати се мафијашки организирани. Можеби мафијашки е прејак збор, ама отприлика тоа оди овака. Ако компанијата го избрка Чомбе од работа, пошто куца на Багра во работно време, Чомбе (кој плаќа редовна членарина на синдикатот) се јавува на телефон на адвокатот на синдикатот. Е овие синдикати се толку јако организирани што потегнуваат врски и на највисоко ниво. На крај све се решава со settlement. Ја ќе летам од работа ама сигурно ќе лапнам едно 40-50K$ заради претрпен душевен немир. Еве и еден пример што го читав скоро. Форд реши пред извесно време да отпушти незнам колку илјади вработени. Пошто сите се членови на синдикатот, Форд мора во наредните три години да им исплаќа полна плата. Затоа и америчките коли се поскапи од увозните.

Од друга страна, има и наемни работници кој се платени на саат. Обично 99% од ова се илегални имигранти (аргати, landscaper-и, go-go курви). Е тука, Калимеро нема правда. Може да р`мбаш два-три месеца без банка да ти дадат и кога ќе треба да ти платат, едноставно нема пари. Прашајте било кој од нашава илегална емиграција како го имаат јадено стапот.

Не сум запознаен со деталите од францускиот закон, ама мене ми се чини дека Франција сака да се приближи до Америка и Јапонија, со воведување поригорозни права спрема вработените, зголемување на продуктивноста, намалување на бенефициите and all that crap.

А ние сме иначе најбољи. Само кај нас и слични може да ти бараат п*чка ако сакаш да земаш плата. [се смее]

сликата на Zelka
значи ко мојот - од Zelka на 25 март, 2006 - 11:40

значи ко мојот договор имаш, тн Договор на дело. којзнае колку всушност реално имаме невработени ако имаше активна трудова инскепкција, и газдите да имаат поширок шупак.
ебате балкнаските шупаци директори!
(извинете за вулгарноста, ама имам нешто против горенаведните БШД)

Не знам шо е - од Cabal на 28 март, 2006 - 23:04

Не знам шо е ’договор на дело’ али контракт ет-вил (нешо не сака да обрне на латиница) во америка е исто како ’решение на неодредено време’ во македонија , т.е. тие луѓе се комплетно легални и вработени.

O: Не знам шо е - од PetarK на 9 април, 2006 - 22:36

Не е точно, at will contract е точно тоа што Чомбе го кажа.

Cabal напиша:

Не знам шо е ’договор на дело’ али контракт ет-вил (нешо не сака да обрне на латиница) во америка е исто како ’решение на неодредено време’ во македонија , т.е. тие луѓе се комплетно легални и вработени.

сликата на Der_Beste
Чомбе, јас тебе - од Der_Beste на 14 април, 2006 - 23:52

Чомбе, јас тебе просто те обожавам. Со твоиве коментари влегуваш во сржта на нештата.

А што велиш, ние сме најбољи. Кај нас си го потпишав прво отказното решение, па потоа работниот договор.

сликата на GoodBytes
Meme - од GoodBytes на 24 март, 2006 - 03:04

„Мим“ е зборот кој ми фалеше меѓу наводниците. Благодарение на тебе го запознав. Фала ти.

сликата на toomuchisnotenough
меми или мими? - од toomuchisnotenough на 24 март, 2006 - 14:27

нема на што -- за тоа сме тука! [намигнува]

туку, глеам дека имам пишувано „меми“ и „меметика“, наместо „мими“ и „миметика“, што е веројатно несвесното влијание од татко ми од кого за прв пат слушнав за концептот, а кој што не ретко си го чита англискиот „по вуку“... [се смее]

фала за исправката.

сликата на GoodBytes
Ни по Вуку, ни по стричевима - од GoodBytes на 24 март, 2006 - 22:19

toomuchisnotenough напиша:

си го чита англискиот „по вуку“... [се смее]

Или како што викаше еден мој пријател: „ни по Вуку, ни по стричевима“. [се смее]
---

сликата на miopa
O: меми или мими? - од miopa на 25 март, 2006 - 01:18

Јас мема/меми викам, ама никако не можам да се сетам дали сум го слушнал од негде или сум го прочитал (и јас ја имам навиката на татко ти [се смее]

Сепак некако логично ми е на македонски мема да се вика.

O: меметика - од PetarK на 25 март, 2006 - 09:59

Меметиката не беше празен, трендовски fad на втората половина на 90-те години?

Некаде прочитав интервју со самиот Dawkins, поттичнувач на идејата, во кое тој кажува дека идејата ја лансирал повеќе од педагошки причини, за да покаже дека било што што се репродуцира и е селектирано оди низ еволутивен процес, а не бидејќи сметал дека пренесувањето на меми е концепт кој ќе доведе до подобро разбирање на некои општествени појави.

(Ха, прво го напишав ова, па отидов да проверам што пишува на Википедија, и испадна дека горе-долу иста приказна кажуваме [се смее] )

toomuchisnotenough напиша:

она што гените го прават за биолошката еволуција на _поединците_,мемите го прават за културната еволуција на _општествата_. тоа се мисли, информации, навики, преданија, уверувања, итн. кои што општествата ги користат за пренесување на нивните вредности на идните поколенија. меметиката е науката која што се занимава со нивното истражување.

сликата на miopa
O: меметика - од miopa на 31 март, 2006 - 18:47

PetarK напиша:

Меметиката не беше празен, трендовски fad на втората половина на 90-те години?

Не [се смее]

И не ја лансирал Dawkins, иако навистина убаво ја објаснува. Не сакам да навлегувам што и како сметал, ама IMO овој концепт засега најопшто и најцелосно ги опишува не само културата на општествата, туку и менталниот склоп на индивидуите.

BTW, трендовски fad? [се смее]

O: меметика - од PetarK на 9 април, 2006 - 22:43

miopa напиша:
PetarK напиша:

Меметиката не беше празен, трендовски fad на втората половина на 90-те години?

Не [се смее]

И не ја лансирал Dawkins, иако навистина убаво ја објаснува. Не сакам да навлегувам што и како сметал, ама IMO овој концепт засега најопшто и најцелосно ги опишува не само културата на општествата, туку и менталниот склоп на индивидуите.

BTW, трендовски fad? [се смее]

Аха, можеш во тој случај тогаш да ми посочиш барем едно битно прашање од областа на општествените науки што луѓето безуспешно се обидувале да го одговорат, а ете сега било одговорено кога на некој му текнало да му пристапи од меметички правец.

За бтњ-то, сфати што мислев? Сфати. Шо то'аш? О:)))

just процедурално - од дамјан на 11 април, 2006 - 00:51

Не можеш одма да ја дисквалификуваш меметиката дури и ако Е „trendy fad“... истото важи на пример и за string theory.

O: Наведната глава - од mu4ddib на 24 март, 2006 - 13:18

GoodBytes напиша:

Ако се обидеме да направиме паралела со состојбата кај нас, еве ќе речам вака: ние сме една од ретките држави во кои можеш да слушнеш „народна мудрост“ од типот:

Наведната глава сабја не сече.

Тоа ми се чини многу кажува за дел од „генот“ кој го наследуваме. Цел живот свесно одам против себе и се конфронтирам со авторитети на своја штета, бидејќи не можам да се помирам да седам во тиња до гушата. Мислам дека кој требаше ме разбра.

---

Е ова треба секој да си го врами на ѕид дома.

сликата на StobiFlips
Македонски студенти - од StobiFlips на 24 март, 2006 - 02:43

...колку сме ние за грев.

Се сеќавам пред неколку години, кога имаше организирани протести против легализација на тетовскиот (пара)Универзитет.
Човекот кој ги организираше, онака, кој се сметаше за водач, беше дебарчанец(не можам да се сетам на името, сакам да кажам израснат во етнички мешана средина, без предрасуди).
Човекот вика, ова нема врска со етничка нетрпеливост, ние само креваме глас против лошите услови за школување на државните универзитети(никој не го слушна ова, медиумите го прескокнуваа). Државата тврди дека нема пари за обновување на програмите и инструментите, а ете, има пари за нов Универзитет.

Политичките партии од опозицијата го злоупотребија тоа. За своја промоција, се разбира.
Протестите се случуваа пред Собрание, првиот ден имаше повеќе пензионери и стечајци отколку студенти. Првиот ден се одеше од Собрание до Влада.
Во толпата, се разбира, инфилтрирани луѓе кои сакаа да ги прикажат протестантите во најлошо светло, па почнаа да фрлаат камења по полиција и Министерство за образование(тоа се покажа малку подоцна, кога повеќето "проблематични" демонстранти станаа членови на Совети на станари по домовите, како награда, се разбира).
Олку фалеше да има судир со полиција(се специјалци).
Изгледа нам, на студентите, не ни е гајле за иднината на земјава. Или барем така се однесуваме. Заразени со политикантски вируси, задоволни од тињата во која тонеме, силни само на зборови, смрдено очајни на дело.

Се сеќавам, на првиот ден на протестите, една моја ценета асистентка, која ни држеше вежби утрото пред почетокот ни вели:"Добро, бе, не сте на протести?". Сите веднат глави, демек, имале за учење, се тргале настрана од политика, на Собрание имало камера, па не сакале да влезат во документација( а обично сакаат камери, хехе), итн.

Протестите крахираа.
Првенствено, заради тоа што оние заради кои се организираа, ИМАА ЗА УЧЕЊЕ!
...шо ми текна сега? Ионака ќе бидам студент уште некое време.
Сега дури и ми е жал што воопшто го напишав ова.
Жал ми е и што мислев дека може да се промени нешто.
Жал ми е што мислевме дека ќе ја промениме реалноста на подобро, без да сфатиме дека треба прво да се промениме себеси, на подобро.

сликата на Zelka
...искрено, - од Zelka на 24 март, 2006 - 10:59

...искрено, успеал нешто некој да смени со некаков си протест во државава?

А кога тоа сме - од masterGob на 24 март, 2006 - 12:01

А кога тоа сме имале ПРОТЕСТ во државава?

сликата на BugS
Егзакли. - од BugS на 24 март, 2006 - 13:15

Егзакли.

сликата на Mistress
O: Егзакли. - од Mistress на 24 март, 2006 - 13:48

BugS напиша:

Егзакли.

Мислев ќе речеш: Во која тоа држава?

Не, не, кој - од masterGob на 24 март, 2006 - 14:19

Не, не, кој на/(из)род.
За државата немаме право да коментираме. Од искона опстојала и ќе опстојува, единствената што останала за век и веков, единствената со единствено име од почеток до вечноста...

Од Искона? - од Cabal на 28 март, 2006 - 23:08

Мислиш од 1991г.?

Не мислам од библиско време - од MarfiKalimero на 28 март, 2006 - 23:40

Доколку проверите во Библијата ќе видите дека Македонија е едно од ретките имиња што и ден денес се употребува.
Што не може да се каже за другите држави што опстојуваат во денешно време.

Биг дик - од Cabal на 29 март, 2006 - 02:30

Индија постои илјадници години пред библијата и што? Да не сакаш да живееш таму? Нема ни да навлегувам во расправите дека таа македонија од библијата и денешната немаат скоро ништо заедничко.

Доста со таа историја! Само сегашноста и иднината се важни.

сликата на bojadva
O: ...искрено, - од bojadva на 24 март, 2006 - 17:09

Zelka напиша:

...искрено, успеал нешто некој да смени со некаков си протест во државава?

зелка, ти имаш кратка меморија или си млад? не ти текнува на ониое протестите од пред години кога гладуваа студентите пред собрание, е па како не се смени?! тој фраерот (не се трудам да се сетам како се викаше, сељанче од куманово, за разлика од сограѓанинот му, Професор Марјановиќ) стана голема фаца после тоа, па дури и во америките го пратија да не брука у сред Њу Јорк.

е таква работа може да смени човек овде со студентски протести.

А кој го тоа - од masterGob на 24 март, 2006 - 18:02

А кој го тоа дозволи.

Зошто ништо не презема(вме)?

сликата на Зелен
не ми е јасно - од Зелен на 24 март, 2006 - 18:34

не ми е јасно што е проблемот со подоцнежниот политички ангажман на Филип.
јасно дека било какви протести би ги водел некој со осет за политика. што е фрката тука. битно е дали придонеле нешто протестите и дали имало одзив.. тоа е битно

сликата на stingeye
O: ...искрено, - од stingeye на 7 април, 2006 - 12:05

зелка, ти имаш кратка меморија или си млад? не ти текнува на ониое протестите од пред години кога гладуваа студентите пред собрание, е па како не се смени?! тој фраерот (не се трудам да се сетам како се викаше, сељанче од куманово, за разлика од сограѓанинот му, Професор Марјановиќ) стана голема фаца после тоа, па дури и во америките го пратија да не брука у сред Њу Јорк.

е таква работа може да смени човек овде со студентски протести.

Конечно некој со голема меморија...браво друже...и јас бев на тие протести само шо јас немав апетити да отскокнам од даската во политички апетити...јас протестирав онака од срце....а големата фаца ке остане само медиумска звезда а во потесните кругови ке биде само една една малипулаторна курва...

сликата на StobiFlips

...да, фала многу.

Не знам сега дал' да плачам, ил' да пеам?
Мислам, јасно е дека скопските студенти не се многу загрижени за ништо. Не живеат во студентски домови, не се хранат во мензи, не плаќаат кирија..., ама тоа не е оправдание за нивната/вашата инфериорност. Многу мал, очајно мал е бројот на оние кои ќе излезат на протест(како на пример, тој што го спомнав претходно), а нема да мрчат како тоа "некои сељаци од провинција пак блокираат цел град".

Епа, драги мои скопјанери, и за шмек подраги скопјанерки, со мрчење по форуми се постигнува, се доаѓа до состојба во која сме(а каква што, барем според вашите изјави, не ви се допаѓа).

Се додека постојат ставови како:

Zelka напиша:

...искрено, успеал нешто некој да смени со некаков си протест во државава?

, ќе постојат и Филиповци кои стануваат амбасадори како награда, и незадоволни студенти и апатична младина и исфрустрирани пензионери и разочарани луѓе.

И што сега? Ќе чекаме некоја нова генерација, која ќе носи поголем број на веш за да има храброст да ги преземе работите во свои раце, независно од политичките елити.

Дотогаш, ќе сонуваме дека сме на протести во Париз и ќе се восхитуваме како тоа некои наши врсници прават нешто корисно со својата младост.

Се сеќавате на "Глупавиот и поглупавиот"? Последната сцена со автобусот полн со мисици?

"Којзнае, можеби и нас некогаш ќе ни се посреќи"... некогаш.

сликата на Zelka
се почна - од Zelka на 24 март, 2006 - 19:04

а каде ти најде некаква си навреда или што ти ја знам против студентите надвор од СК?

сликата на StobiFlips
...а кој рече дека се најдов навреден? - од StobiFlips на 24 март, 2006 - 19:25

Јас само констатирав, младичу. Без навреди. И без погрешни толкувања.
И, кога ќе размислам подобро, не е само до скопските студенти, до сите е!

Whatever...

сликата на Electroqute
Ре: Македонските студенти - од Electroqute на 24 март, 2006 - 21:23

Организиторите и лидерите на секој еден студентски протест треба да се единствените луѓе кои примарно ќе ја поседуваат идеолошката подлога и верба за да пропагираат една идеја. Кога јадрото на бунтување ќе се заложи за протест и ќе биде доволно моќно и инспирирачко да објасни каде точно води истиот, да ги претстави причините, аргументите, последиците (нормално спакувани во успешно звучечка и целно-оправдана неполитичка платформа)пред студентското тело, тогаш нема да е толку битно колку студентите се засебно залутани, политички заведени, неуки, неборбени, исплашени или иницијално немотивирани.

Не мора да мислиш дека нешто може да се промени Стоби. Доволно е кога ќе ти се пружи шанса, да ја одиграш својата улога и да се обидеш да делуваш. Ако повеќе како тебе го напраат само обидот - ете ти дигање глас и борба за правда.

Останатото е истрајност и гаење на вербата..

сликата на ѕраceman
O: Ре: Македонските студенти - од ѕраceman на 24 март, 2006 - 22:26

Electroqute напиша:

Ако повеќе како тебе го напраат само обидот - ете ти дигање глас и борба за правда.

Ако не примети, повеќето на оваа тема се малцинство.
Гласот на правдата (скоро) секогаш и секаде е надјачан од урликот на неправдата.

сликата на JohnFoe
А што и фали на - од JohnFoe на 24 март, 2006 - 23:39

А што и фали на неправдата? =(

сликата на ѕраceman
Малку повеќе - од ѕраceman на 25 март, 2006 - 02:33

Малку повеќе олово во мозокот.

Да, но денес - од masterGob на 25 март, 2006 - 13:14

Да, но денес користиме само безоловен бензин.

Сега гледам - од ѕрасeman на 2 април, 2006 - 03:29

Сега гледам зошто те банирале.

Само мала дигресија - од MarfiKalimero на 9 април, 2006 - 20:35

Александар користел бензин со олово во себе.
Самуил исто, Гоце . . . но по 1992 нема олово во Македонија сем во крвта на велешани ( за огромна жал ), се надевам дека сум сега јасен на што се однесува мојот коментар. Не ми е проблем и директно да го кажам она што го мислам. Во Македонија нема човек со муда, а да не збориме за тоа што „Никој нема г’з“( тоа со задното дебело месо само кај нас се употребува ). Луѓе, во другите земји е дури и обврска на секој граѓанин да биде коректор на власта ( никому не му паѓа ни на крај памет да се потсмева со тие луѓе ), а никој не знае кој им е претседател на . . . што и да е, а уште помалку се прават експерти за политика ( кај нас само 89% од луѓето инсистираат на тоа свое политичко ниво ) а од друга страна се многу поинформирани за конкретните проблеми во државата. И да не се лажеме сепак тоа се истите луѓе што ги измислиле сите мајмунлаци во политиката ( дури и во тој дел работат поорганизирано ).

Никој не е попаметен - од MarfiKalimero на 9 април, 2006 - 20:50

од било кого само има поинакво мислење, па затоа дозволете им на баграшите да ме читаат без да влегуваат во мојата самица. Па самите нека си носат заклучоци, кој може да знае дали некој е прав или крив само времето може да покаже ( кога ќе помислам подобро можеби и тоа не е точно, поминале илјадици години и сеуште не ја знаеме вистинската вистина ). Пробајте ме на бојно поле машки како што сите вистински воини се изразувале, а не во специјална војна ( измишљотина на оние од преку барата / но ме радува што природен тек на нештата е да сите империи згаснуваат откако го достигнат зенитот - ова се однесува на америне, без никаква намера да ве навредам вас админите ). [се смее] Добро де ветувам дека ќе го сменам смилито. ( сето ова беше напишано пред да видам тоа кецот/па повторно морав да кликнам на измени )

Нема ни благодарам - од MarfiKalimero на 9 април, 2006 - 21:24

Извинете ама од радост изумив да се заблагодарам.

Не знам зошто но ми текна на еден муабет од Гиш кога го избраа Владо Јаневски ( Му благодарам на копров што ми дозволи да го завземам второто место ) [се смее] ај уште денес немојте да ми се лутите.

сликата на GoodBytes
Модерејшн - од GoodBytes на 10 април, 2006 - 02:28

Јас ти го подигнав постот за единица, бидејќи личеше на издржан став за тоа каква треба да биде улогата на граѓаните во едно општество (конретната тема не е ни важна во случајов). И дури и сакав да ти напишам коментар дека има баграшки потенцијал во тебе, кога само би ги намалил прекумерните постови, односно кога би го канализирал твојот талент и насочил кон конструктивна дискусија, кога еве ти пак почнуваш низа од коментари на самиот себе. [намигнува]

Колку што можам да скопчам, тебе постовите автоматски ти се модерираат на нула, претпоставувам токму заради нанижаните авто-коментари и воопшто прекумерното постирање. Ако имаш нешто да додадеш, ќе ти советувам прво да одиш на варијантата измена на коментарот, ако тоа е можно. Подолг коментар изгледа подобро од неколку коментари еден под друг. Во спротивно, се добива впечаток како во полна соба со луѓе само еден да зборува и сам да си одговара на себе. Освен тоа, имај во предвид дека не секој те разбира онака како што ти си мислел.

Ова ти го зборувам заради тебе, а не дека мене нешто ми пречи - отрпнат сум. [намигнува]
---

GoodBytes честито - од spaceman на 10 април, 2006 - 05:46

GoodBytes честито модераторка титула.

Јас сум малку скептичен.

Ај модерирај ме.

Хех, ај пак. - од spaceman на 15 април, 2006 - 13:35

Хех, ај пак.

Смеам ли да прашувам без да - од MarfiKalimero на 11 април, 2006 - 19:19

ги давам другите т.е. тет-а-тет илити во ПП.
Би сакал да бидам конструктивен и да бидам разбран онака како што треба. Ова заради сите присутни, а не заради мене.