8 јануари, 2009 - 19:13
[веб кирилица]

Mojата омилена чоколада е...

  • Milka
  • Nestle
  • Toblerone
  • Kraš
  • Некоја македонска...
  • Некоја турска...
  • Некоја друга...
  • Мразам чоколади

Гласови: 140

Опции за гледање на коментари


сликата на StormAngel
Ко копиљ со - од StormAngel на 5 април, 2006 - 00:08

Ко копиљ со Нестле немаше друга чоколада.
Арно ама кога живееш у земјата на чоколадите и не си веќе копиљ, викаш ти ебам тоа Нестле. [се смее]

Cailler i Lindt се најдобрите чоколади, од мене испробани.
Можда има и бољи у светски рамки, ама според мене и моето досегашно искуство, овие две се најбољи.

сликата на ZisDead
O: Ко копиљ со - од ZisDead на 10 април, 2006 - 16:55

StormAngel напиша:

Cailler i Lindt се најдобрите чоколади,

И воедно најпопуларни во земјата на чоколадото. Мммммм Каје` со лешници њам-њам [се смее]

сликата на CelaBagraPederi
Леееј немојте у - од CelaBagraPederi на 5 април, 2006 - 01:18

Леееј немојте у ниедно време за чоколади да ми зборите!

сликата на ГоранОдЧаир
тобле - од ГоранОдЧаир на 5 април, 2006 - 01:22

Тобле бачко е најбоље..особено коа ќе ти се залепи тоа медот на забите, па не го јадеш одма и си го чуваш за после... [намигнува] екстра... ми текиња као копиљ мајка ми од Полска ми донесе тобле големо еден метар...што за копиљ од 3одд беше нешто дотогаш невидено, башка бев висок метро и двајсе...со се влечки [се смее] Инаку, може ли некој да ми објасни што е разлика меѓу тобле и колумбо... !?

сликата на Chombe
O: тобле - од Chombe на 5 април, 2006 - 03:51

ГоранОдЧаир напиша:

Тобле бачко е најбоље..

Дефинитивно Тобле е најбоље. Поготово тоа белото Тобле. Абе се топи у уста ко ракија со добра шопска. Штета што у Америка нема голем избор на чоколади, колку и тоа да звучи чудно. И у најголемите супермаркети, ретко се наоѓа 100-грамско чоколадо. Ако го има, гарант е увозно и тоа некоја безвезе марка. А кај нас и во најопскурната семкара има барем 5 вида на Милка. Е овде нема. Има само некои без врска Hershey чоколада и стандардните Mars, Milky Way, Kit Kat и Snickers. Тобле имам само еднаш начекано. Додуше има еден куп „независни“ продавничиња што продаваат чоколадирани бомбони, Godiva бомбоњери и слично, ама добро 100 грамско чоколадо и „Животинско царство“ нема шанси. Додуше, начекав пред некој ден кај мојот омилен Турчин од кај што зимам ќебапи, имаше Краш чоколади, па дури и Агроплод крем табли. И ова со грас знаеш како иде?... Абе ко шопска со добра ракија, одма се топи у уста.

сликата на Lans
агро... - од Lans на 5 април, 2006 - 05:04

крем блок
коа се свежи
инаку се тиња.
се одделуваат 3те дела ако се бајати

сликата на itra
Ferrero - од itra на 5 април, 2006 - 08:31

Ferrero Rocher
МММММММ најубавите чоколадца са ти тоа.
Едно време се и ја бев заразила со Тоблероне па ми се урази после некое време. Сите што знаеа дека сакам Тоблероне ми уште купуваа иако веке не ми се свигаше. Што мачење беше да се изеде се, мајко мила, со жив зор....

Разлика меѓу тоблероне и колумбо - од yfipk на 5 април, 2006 - 08:39

Ваљда у фирмата. Јас отсекогаш колумбото сум го доживувал некако чкартно. Тоблероне бил ептеен голем филм, ама го немало често...
Сега,откога тоа медот што ќе ми се залепи на забите ме убива од болки(ваљда од многу чување во младоста [се смее]) , ного си ја сакам милката. И тоа не онаа мекана, со топени лешници или така нешто, она со цели. Маваш со заби и или лешник или заб, нешто кршиш [се смее]. Не, озбилно, најдобра е милка со лешници... Или евентуално една црна (80% какао), горчлива, јужноамеричка што не ми текнува како се викаше(мислам дека беше перуанска).

сликата на excellent
Прилично - од excellent на 5 април, 2006 - 15:58

Прилично класична приказна е Колумбото: на Краш му се виде многу големо излевањето пари за лиценца за Тоблероне, па решија сами да си ’измислат’ исто такво.

Една од ретките лоши епизоди на мојата омилена чоколадна фирма.

сликата на BugS
Обожавам - од BugS на 5 април, 2006 - 08:42

Обожавам ствари што ги има во еден куп различни флејвори (чоколади, чипсови, сокови, кондоми, пасти за заби). Така можам да ги конзумирам без било кога да ми здосадат.

Гласам за Милка пошто ги тепа сите во поглед на разновидност, a и за квалитетот мислам дека нема што да се објаснуваме.

И овие знам да ги испоштувам:

сликата на itra
Милка - од itra на 5 април, 2006 - 10:59

Тука у Англија не е ич убава Милката. Не ја увезуват изгледа него ја прават тука под некое си овластување, и ајде божем е со млеко од Швајцарија. Врска нема! Отидев у Австрија пред една недела, тоа да видиш Милка, купих сите врсти освен тоа со целите лешници(ради протезите) а тоа едно со ориз што беше, утепах се јадејќи. Вие изгледа оти имате 'правилна' Милка затоа е убава. Тука исто како и ајварот, а се потроши донесеното купувај трета класа...

сликата на bojadva
O: Милка - од bojadva на 5 април, 2006 - 11:21

itra напиша:

Тука у Англија не е ич убава Милката. Не ја увезуват изгледа него ја прават тука под некое си овластување, и ајде божем е со млеко од Швајцарија. Врска нема! Отидев у Австрија пред една недела, тоа да видиш Милка, купих сите врсти освен тоа со целите лешници(ради протезите) а тоа едно со ориз што беше, утепах се јадејќи. Вие изгледа оти имате 'правилна' Милка затоа е убава. Тука исто како и ајварот, а се потроши донесеното купувај трета класа...

ново дете а. мило, шо наречје имаш? купих, утепах, отидев... онака ме интересира научноистражувачки, демек.
и еве ти едно швајцарско вилкомен со лешници.

сликата на itra
Па ај фала. Ај - од itra на 5 април, 2006 - 11:45

Па ај фала.
Ај сега не ме ногу закачајте да не се засрамам. Наречјето е претежно Кочанско. Причина за мешањето ќе да е школувањето. Неле пола ден литературно пола ден мајка ти ти тепа по шопската а другарите по кочански. Не го збори на дневни бази неколку години и ко да видеш мешавина испадне. Важно ме разбираш,а кој збори литеранурно овија денови (кога не мора), тоа глупо се осеќам чувство, знаеш...

сликата на del^
Цитат:тоа глупо - од del^ на 5 април, 2006 - 14:41

Цитат:

тоа глупо се осеќам чувство, знаеш...

Знаеш, знаеш.
Морав [се смее]

Иначе, не знам за вас, али ја к`о копиљ уживав да го кркам чоколадото од киндер јајцата. Ама тие оригиналните! [се смее] Мх, мх... Мераци! [се смее]

сликата на excellent
Ако сеуште те - од excellent на 5 април, 2006 - 16:00

Ако сеуште те држи ова горенапишаново, добијаш од мене МИНИМУМ 15 киндер јајца, ама без играчките. Ја, будала, ги собирам истите, ама не им го сакам чоколадото.

Јави ако си заинтересисан (и ако си од скопската околија)

сликата на koskar
O: Цитат:тоа глупо - од koskar на 14 април, 2006 - 22:04

del^ напиша:

Иначе, не знам за вас, али ја к`о копиљ уживав да го кркам чоколадото од киндер јајцата. Ама тие оригиналните! [се смее] Мх, мх... Мераци! [се смее]

ја коа бев копиљ, немаше киндер јајца, барем не во македонија... или ја не се сеќавам? (бев второ коа умре тито)

тоблероне просто обожавав, али толку беше скупо за домашниот буџет, што го јадев само у специјални прилики.

гринго таманев на тони, не као сок, туку за лижење, оф корс.
пред да се појави Степ, имаше Fla-Vor-Aid, али овие две спаѓаат во друга категорија. имено, со помала количина прашок се добиваше поголема количина сок, кило нешо така. друг састав на прашакот, (скоро) нелижливо, со самото тоа и неспоредливо со гринго. грингото беше само за една чаша, а имаше дупло поише прашак. иначе, праење сок од гринго=комплит вејст оф истото.

се слажем со вечината овде за белгиските чоколади. брисел е пун со мали чоколатерии, шо сами си го праат „отровот“. вкусно, превкусно.
милка и остали, евтино конфекциско чоколадо.

коа се спомнаа атлантис... тоа е еден одвратен рипоф кој не му до колена на белгискиот оригинал. мислам дека дури и името е варијација на оригиналот. школките, секако. (белгијска дијаспоро, помагајте)

ја иначе никоаш не сум го сакал белото од еурокремот, па затоа обожавав VIKI... словенечки „еурокрем“ кој једини имаше "all black" варијанта. ах да, и индијанче на слика... ви текиња?

агроплод поише го поштуев од европа дефинитивно. али....
КРЕМ БАНАНА!!!!!! не знам чиј беше оригиналот (можда на краш?), мене ми е у глава урежана кутија (рефус) од кило крем банани купени у продавниците на европа. ако се тазе, јадеш кило без збор за триес секунди.....

оф топик: јабуките у аватарите се различни нешо као Apple Computer i Apple Corps.
мада таму судењето трае со години.....
скроз оф топик, моето (гризнато, стилизирано, у профил) јаболко е со црна боја и се наоѓа суб-епидермално на моето десно рамо [се смее]

не сум - од Therion на 17 април, 2006 - 08:18

не сум белгијска дијаспора, ама чоколадните школки се викаат Guylian

сликата на PSYCHOpatka
O: Милка - од PSYCHOpatka на 7 април, 2006 - 07:58

bojadva напиша:

ново дете а. мило, шо наречје имаш? купих, утепах, отидев... онака ме интересира научноистражувачки, демек.
и еве ти едно швајцарско вилкомен со лешници.

[се гази од смеење] bojaadvaaa, иницицињација на нови женски членови а? (ете ти копи/пејст што прави, хаха)
и после подолу [женкарош]

ц ц ц, па и со чоколатца ги залажува, прав научноистрачувачки љубовџија, демек [намигнува]

[се гази од смеење]

сликата на CelaBagraPederi
Лелеле мамооо - од CelaBagraPederi на 5 април, 2006 - 12:58

Лелеле мамооо пак овие со чоколадите! Колку сум се давела у Ritter SPORT со јогурт што беше....оргазмично!

сликата на PassENGER
Има една, демек - од PassENGER на 5 април, 2006 - 12:54

Има една, демек млечна е со ориз, црвена, нешто кинези некакви со оние-ко-сомбреро-капи на нив по омотот и такви клише букви демек као кинески, мислам, изглед нула, али чоколадото ми остана у сеќавање ко најубаво; после иде агроплод таблата, па ресана (ама она не се важи); Па у `ново време`сеа - киндер буено, е тоа ме сотира, најслаткото нешо што сум го пробал (ама кога е тазе, оф корс), тоа кремчето од-што-ли-го-прават, кога ке се залепи за јазичето, па чоколадираниот дел и некаква кранчи меуреста тестенинка без специфична тежина...- абе лудило!
Еднаш кај мене у драгстор СИТЕ им ги изедов за ден-два. Ми го спомнаа тоа еднаш...море утредента, пошто снемаа, као се сум им ги изел! Пазарна економија, еј?!

сликата на vikky
Пасенѓер, овде - од vikky на 5 април, 2006 - 13:22

Пасенѓер, овде порно текстови не се дозволени..[се смее]

сликата на KenobiBen
Нестле лАјонс - - од KenobiBen на 5 април, 2006 - 15:17

Нестле лАјонс - ги задоволува потребите на секој растафаријанец.

O: Нестле лАјонс - - од Robomarket на 7 април, 2006 - 05:56

KenobiBen напиша:

Нестле лАјонс - ги задоволува потребите на секој растафаријанец.

оо море раста, во сува уста ама ич не ставам чоколадо [намигнува]

сликата на Муцко
O: Нестле лАјонс - - од Муцко на 10 април, 2006 - 11:49

KenobiBen напиша:

Нестле лАјонс - ги задоволува потребите на секој растафаријанец.

Малечко е, ама... невообичаено вкусно!

За задоволување на „потребите“ тешко може да стане збор – поголемо дете или возрасен човек тешко може да се задоволи со помалце од 90g чоколадо! Значи, 2-4 од Lions би свршиле работа [намигнува]

сликата на ZisDead
druga - од ZisDead на 5 април, 2006 - 15:34

Koga bi mozel po cel den bi krkal od onie custom made svajcarski cokoladi sto gi pravat mali svajcarski proizvoditeli. Se prodavaat na grami, cinat nekade okolu 50evra kilo. Ima izbor od najrazlicni ludi kombinacii: belo cokolado so karamelizirani bademi i f`staci, crno cokolado so karamelizirani lesnici, belo so kapini, belo so malini,... perverzija [се смее]

Ич не знаеш што - од grace на 13 април, 2006 - 11:33

Ич не знаеш што сакаш [се смее] По мој вкус бело со боровинки е фантазија.
А од чоколада, што нагорчува сакам, но не тие за готвење [се смее]

сликата на ZisDead
Имаше - од ZisDead на 13 април, 2006 - 14:24

Имаше изгледа и од тие со боровинки, само тие не ги пробав... Како и да е, во таква продавничка човек треба да дојде со камион и да натовари сВе како да ќе му е последно. [се смее]

Мрзам - од fLeX на 5 април, 2006 - 16:54

...чоколадо, зал затоа сакам чоколадно суфле![се смее])))

сликата на Electroqute
МЛС - од Electroqute на 5 април, 2006 - 20:40

Дорина - Пунч

Massively Long Sex [луд]

сликата на Angella
huh - од Angella на 6 април, 2006 - 00:07

признавам само течна чоколада...повекенаменска е [се смее]

сликата на Chima
Киндерлада - од Chima на 6 април, 2006 - 13:27

Kinder ruls !!!!!

Постарите членови на Багра ваљда се сеќаваат на легендарниот аерокрем Киндерлада , не сум го видел повеќе од 10 години , тоа беше совршен вкус на чоколадо , не знам дали уште се произведува , на интернет не најдов ништо за него [тажен]

сликата на excellent
Чима, Подравка - од excellent на 6 април, 2006 - 13:31

Чима, Подравка прави крем по лиценца на Киндерлада. Не ми текнува како се вика, ама го има по продавниците. Мислам дека она животинчето од чоколино е на опаковка. Побарај, ист е кремот. Трет на мојата ол-тајм листа на најдобри кремови.

сликата на del^
За ова е - од del^ на 6 април, 2006 - 14:07

За ова е муабетот? Баш ќе проверам поручек дали се наоѓа по супермаркетиве!
Чима, еве ко за тебе еден рецепт за хоум-мејд Киндерлада. [се смее]

сликата на excellent
Тоа е. И го има - од excellent на 6 април, 2006 - 15:17

Тоа е. И го има по супермаркети.

лино лада го - од Therion на 7 април, 2006 - 08:44

лино лада го има по маркети, ок е, но не е по рецепт на киндер лада. инаку за оние што не ја виделе киндер ладата одамна - мислам дека веќе не се произведува. фереро, власникот на брендот киндер, го згасна киндер лада за на негово место да го етаблира нутела, која за жал, е само црна, а ладата беше позната по белото.
се на се, еурокремови од секој вид се опасно шкарт производ за секој што ужива во храна, а исто така и се еден од најлесно произведените и копираните производи. поради тоа и има таква хиперпродуцкија на балканиве.

сликата на excellent
Мене муабетот - од excellent на 7 април, 2006 - 08:53

Мене муабетот ми беше направен од еден лик од фабриката Подравка. Ако ме лажел, сум лажел и ја.

Нејсе. Мојата топ листа би била:

1. Еурокрем - Таково (ради сеќавањата од младоста; објективно е на второ место)
2. Нутела
3. Киндерлада

инаку, - од Therion на 7 април, 2006 - 09:08

инаку, класичниот еурокрем на таково направи камбек пред некое време, односно свисслион го купи таково и му ја задржа амбалажата. е сега, од пуста носталгија го пробав пред некој месец, и или мене ми мутирал вкусот кон подобро, или не е истиот. а може и селективната меморија си го идеализирала еурокремот во времето на планското производство.
инаку да се надоврзам на некој од погоре - уса е слаба по класични чоколадни табли, они се повеќе ориентирани кон барови, ама има неколку солидни од типот на ghirrardeli од сан франциско.
мене отсекогаш ми се свиѓале оние малине млечни чоколатца, секое во посебен омот, со слики од швајцарија. порано ги правеше suchard, ама у име на глобализација ги купи kraft (кој btw ја купи и милка), но сепак слушам уште биле добри.

сликата на FreeStyle
O: Мене муабетот - од FreeStyle на 7 април, 2006 - 11:57

excellent напиша:

Мене муабетот ми беше направен од еден лик од фабриката Подравка. Ако ме лажел, сум лажел и ја.

Нејсе. Мојата топ листа би била:

1. Еурокрем - Таково (ради сеќавањата од младоста; објективно е на второ место)
2. Нутела
3. Киндерлада

Така е одличен! Нутела на прво место , Памела на последно. Многу ме разочара Памелата, многу...

сликата на Angella
АЕРОкрем или - од Angella на 6 април, 2006 - 14:36

АЕРОкрем или ЕУРОкрем? и ако има аерокрем која е разликата? ама ич не се разбирам од кремовиве, затоа не ми замерувај на прашанјево.

сликата на bojadva
O: АЕРОкрем или - од bojadva на 6 април, 2006 - 15:51

Angella напиша:

АЕРОкрем или ЕУРОкрем? и ако има аерокрем која е разликата? ама ич не се разбирам од кремовиве, затоа не ми замерувај на прашанјево.

енџи,
АЕРОкрем ти е за на аеромитинг а ЕУРОкрем е она вистинското.

и шо прајме сеа со аватарот?

сликата на itra
За јабуките - од itra на 6 април, 2006 - 17:04

Тепачка?!?
У стил на борење у кал само овај пат нека биде у крем. Може и мармалад од јабуки ама крем повеќе одговара, ради темата.

сликата на Angella
во економијата - од Angella на 6 април, 2006 - 21:10

во економијата 2+2= ке се договориме.... така и ние ке се договориме за аватарот, дај предлози од кои јас ке си одберам што ми одговара [се смее]
и данке за објаснуванјето, јас да бидам искрена би одела на аеромитинг со аеро и еуро - вистинското во комбинација и мислам ке биде вон конкуренција ваквата чоколада [се смее]

сликата на KenobiBen
O: Киндерлада - од KenobiBen на 1 мај, 2006 - 08:11

Chima напиша:

Kinder ruls !!!!!

Постарите членови на Багра ваљда се сеќаваат на легендарниот аерокрем Киндерлада , не сум го видел повеќе од 10 години , тоа беше совршен вкус на чоколадо , не знам дали уште се произведува , на интернет не најдов ништо за него [тажен]

ме потсети на вкусот, мммм.

сликата на stingeye
нејасно!!!! - од stingeye на 6 април, 2006 - 20:46

Мислиш дека ако е во течна состојба можеш да ја калапираш во форма на плејбој зајаче и да ја змрзнеш (или класична тврда состојба) или можеби да ја загрееш и да добиеме такозвана “испарена чоколада“
браво...болна идеја..

сликата на leki81
Белгиска чоколада - од leki81 на 6 април, 2006 - 19:37

Сите врсти се давам во нив, пола плата ми иде за чоколади пола за цигари [се смее] Него видете ова [се смее] Ова е врв на хедонизам - чоколадна фонтана лиги ми течат кога ќе ја видам по излози

сликата на smole
O: Белгиска чоколада - од smole на 24 април, 2006 - 23:58

leki81 напиша:

Да да да!Ја сеа го видов у еден трговски у Лондон и тоа ти е уствари чоколадото се врти а ти набодуеш на ч`чкалица за увијач било шо од таму(јагода,мачмелоу итн) и го брцаш у брдото од чоколадо и го уствари чоколадираш.Беше гага али мене не ми се чекаше у ОГРОМНИОТ ред.Мераци!

Отприлика - од Robomarket на 7 април, 2006 - 05:50

Отприлика вака...

1. Југословенско чоколадо, највероватно од Краш, со плаво-бела обвивка, полнето со некој бел фил со ептен специфичен вкус. Закон чоколада!
2. Чоколадо за кување
3. Тоблероне

и тие блоковите се добри ама колку само не се здрави =)

ииии па како - од Robomarket на 7 април, 2006 - 05:53

ииии па како можев да заборавам на Чика Глиша [се смее])) Чика Глиша-Чудо од слаткиша...имаа супер кремови и едни чудни чоколатца со ситни овошја.

Ми текнува дека се продаваа кофи од тие Глиша кремови. Не канчинња, туку КОФИ!

сликата на excellent
(ми се погоди - од excellent на 7 април, 2006 - 11:01

(ми се погоди темава)

А тие блоковите, имаше на Таково Еурокрем блок, ама у онакви мали пакувања светлуцави, со слики од животинчиња.

Боже драги, колку сум ги таманел! Па кога тие беа тазе, можев по сто да изедам! Пред година дена се појави во маркетот близу до вас една серија од тие, и ја на непробано купив цела кутија. И не ми беше криво.

сликата на stingeye
O: (ми се погоди - од stingeye на 7 април, 2006 - 11:43

excellent напиша:

(ми се погоди темава)

Боже драги, колку сум ги таманел! Па кога тие беа тазе, можев по сто да изедам! Пред година дена се појави во маркетот близу до вас една серија од тие, и ја на непробано купив цела кутија. И не ми беше криво.

И мене слично ми се дешава другар,ама јас купувам во комбинација со некое овошно сокче (ради шмек и естетика)....
иначе не можам да ги заборавам и оние од животинско царство...ем имаш 5грама благо ем имаш 200грама сликички...