8 јануари, 2009 - 13:56
[веб кирилица]

Мачиња во потрага по топол дом

од солЗ на 18 апр 2006 - 12:32

Родени 15.03.2006 од мајка Вива (слика другпат). Мајката не е од ниту една позната марка, но е многу мила, питома и воспитана домашна мачка (не гребе и не гризе дури и при најголеми репресии), а од искуство знам дека овие својства ќе им ги пренесе на потомството, ако останат доволно долго со неа. Мачињата се златни и премногу љубопитни, си знаат кај им е песокот, единствена маана им е што понекогаш сакаат да ми го гризат мрежниот кабел [се смее]

Буцко (женска)

Тига (машко)

Цака (женска) и Тига (дечкото од погоре)

Опции за гледање на коментари


сликата на bojadva
леле - од bojadva на 19 април, 2006 - 08:30

какви срциња. во искушение сум....

Мацовите - од fLeX на 19 април, 2006 - 10:26

ви супер слатки, цуциња:) Е одма бојадва да си земеш едно, две или сите тЛи! Ја си иам мацовче и кучувче, и неам место за вишe;)

сликата на ГоранОдЧаир
ја иам рибче - од ГоранОдЧаир на 20 април, 2006 - 23:59

така да маче не доаѓа у предвид... да не биде имав 8 рибчиња, а сега се само 5 [намигнува]

сликата на JohnFoe
Се пишува риПче - од JohnFoe на 21 април, 2006 - 00:14

Се пишува риПче бе "глуп"! =)

сликата на toomuchisnotenough
љубчо -- бичка! - од toomuchisnotenough на 21 април, 2006 - 03:17

љубчо -- бичка!

пранко-бедер - од Robomarket на 21 април, 2006 - 03:29

пранко-бедер

сликата на toomuchisnotenough
ова е уште better! - од toomuchisnotenough на 21 април, 2006 - 03:39

ова е уште better!

сликата на leki81
- од leki81 на 21 април, 2006 - 11:03

Хахахахахаххахахахаха на смеење ми тргна денов. Ајде остајте го детето, прочитало негде нешто едначење по звучност па смешал [се смее])))) не ова цел ден ке се смејам. Него неможам на овие околу мене да им објаснам не контаат што заоѓам [тажен]

да ми се фатиш.. од ГоранОдЧаир
сликата на Chombe
O: ја иам рибче - од Chombe на 21 април, 2006 - 04:08

ГоранОдЧаир напиша:

така да маче не доаѓа у предвид... да не биде имав 8 рибчиња, а сега се само 5 [намигнува]

Ако чуваш пирани нема да имаш таков проблем. При првиот обид, има да и ги истрошат сите „девет животи“. [се смее]

Него дур сум тука, да кажам дека у САД ако ренташ стан, многу ретко можеш да најдеш место каде што има „pets allowed“. Претпоставувам да не се жалат другите станари ако почне кучето да завива у 3 сабајле. Башка, ако им дозволиш да чуваат животни, Америве не зимаат едно, него ќе набута 15 мачки, питон и крокодил.

Се сеќавам пред едно година-две читам у она Daily News (нешто ко Вечер кај нас), фраер-нигга у Бронкс чувал тигар дома бе. И го исцинкариле комшиите, пошто ептен смрдело и им ги бркал муштериите за крек и ефтин blow-job. И имаше интервју со тој главниот на џандарите. Фраеров вика, ѕиркаме низ клучалка и глеаме тигар. Ај тибем, кој има муда сеа да скрши врата и да каже freeze! Тигар не разбира freeze а ние имаме само боева муниција. А според закон, немаат право да му акнат метак у глаа на тигарот ако овој не праи проблем. (Ова не важи за газдата). А да викаат Animal Control да го успијат тигаров, исто не иде, пошто овие идат да бркаат животни само на отворено и сигурно нема да влегуваат у стан и да го бараат по соби. На крај влегле фраериве, за среќа тигаров бил ОК, почнал да преде и да се мази.

Заборавив што се деси со тигарот, ваљда го дадоа у Bronx Zoo (еден од најголемите у свет) ама no animals were hurt, башка и најдоа два не-крокодил, не-алигатор... Како се викаше бе она, исто такво говедо, го има само у Јужна Америка и е пократок....Кајман му ебем, сеа видов на Википедиа.
Е со кајманите не знам што се деси, дал` се и они у Bronx Zoo или џандариве си направиле каиши и кондури.

П.С Иначе јас повеќе сакам маче него куче. Постои и психолошка анализа за тоа каков карактер си, во зависност дали преферираш canidae или felidae. Нормално, ова нема врска ама ете...

сликата на Electroqute
Ре: пусикет - од Electroqute на 21 април, 2006 - 15:51

Цитат:

Chombe
П.С Иначе јас повеќе сакам маче него куче. Постои и психолошка анализа за тоа каков карактер си, во зависност дали преферираш canidae или felidae....

И ја исто. Али заради поверодостојно и аргументирано тврдење при дебатната распаљотка дека ние сме "бољи" од дог- лаверз јас би те повикала да споделиш линк (ако имаш) за споменатата психолошка анализа [намигнува]

сликата на Chombe
O: Ре: пусикет - од Chombe на 21 април, 2006 - 18:58

Electroqute напиша:

И ја исто. Али заради поверодостојно и аргументирано тврдење при дебатната распаљотка дека ние сме "бољи" од дог- лаверз јас би те повикала да споделиш линк (ако имаш) за споменатата психолошка анализа [намигнува]

Ова го читав у некој весник на бербер. Врска неам кај да најдам линк.

Chomb-ац! - од кучевина.млаз на 21 април, 2006 - 22:47

ја ли да те перам!

Cops bag big, bad cat in Harlem high-rise apt.

сликата на Chombe
O: Chomb-ац! - од Chombe на 22 април, 2006 - 00:10

кучевина.млаз напиша:

ја ли да те перам!

Cops bag big, bad cat in Harlem high-rise apt.

Браос бе брат, ми напраи реминесценција на младоста. Видиш сум заборавил како беше, ама горе-доле е исто. А и онаа теткицата што викала дека и капе м*чка од тигарот на комшијата одозгора, ааа крш... Како смеев ова да го заборав, ова е главната смеа. [се смее] Вакво нешто има само у Америка.

Ај другпат кога ќе бидам расположен ќе ви раскажам прикаска за наши деца, што работат реновирање на станови и кои ги пратиле да мењаат плочки у ВЦ на 20 спратна зграда у Харлем.

сликата на toomuchisnotenough
O: Ре: пусикет - од toomuchisnotenough на 22 април, 2006 - 04:43

Electroqute напиша:
Цитат:

Chombe
П.С Иначе јас повеќе сакам маче него куче. Постои и психолошка анализа за тоа каков карактер си, во зависност дали преферираш canidae или felidae....

И ја исто. Али заради поверодостојно и аргументирано тврдење при дебатната распаљотка дека ние сме "бољи" од дог- лаверз јас би те повикала да споделиш линк (ако имаш) за споменатата психолошка анализа [намигнува]

може ја? фала.

прво, да забележам дека чомбе никаде не спомна дека мачкарите се бољи од кучкарите.

понатаму, една лаичка анализа за тоа кој зошто сака каква животинка:

во принцип, долгорочно гледано* луѓето сакаат придружба со која што можат да се идентификуваат во поглед на однесувањето и вредностите. затоа оние кои што ценат работи како што се индивидуалност, дистанца и слично бираат мачки, бидејќи мачките во човечки очи се однесуваат на начин кој што се чини дека е мотивиран од овие вредности -- мачките се „кул“, доаѓаат да те играат само кога тие сакаат и слично. од друга страна, оние кои што ценат взаемност, поврзаност и слично бираат кучиња заради нивната склоност да се постојано до сопственикот, лесно можат да се истренираат да да реагираат на повеќетпо нивни наредби итн.

практично, луѓето се проектираат во своите миленици: во нив или ги препознаваат некои свои лични особини, или пак особини кои што би сакале да ги имаат. воедно, заради истите причини тие се склони и да ги презираат другите миленици и нивните сопственици: мачкарите ги сметаат кучињата и нивните сопственици како лигуши, безрбетници и наивни гревчиња, додека пак кучкарите ги сметаат мачињата и нивните сопственици за студени, себични и неблагодарни.

биолошката реалност е попрозаична од овие романтизирани претстави: кучињата се едноставно на повисоко еволутивно скалило од мачките бидејќи имаат поразвиен лимбичен систем, што им овозможува да остваруваат поинтерактивен однос со нивните господари. заради истиот лимбичен систем (кој што е седиштето на емоциите), луѓето се во состојба да споделат пошироко поле на заедничка реалност со нив, отколку со мачките -- кај кучињата многу полесно можат да се препознаат основни емоции како радост, тага, возбуденост и слично, отколку кај мачките.

да се разбереме: ова е само една голема генерализација и сигурно има уште еден куп елементи кои што недостигаат во еден ваков примитивен модел, но се надевам дека идеата е јасна.

_____
* привлечноста меѓу спротивностите е динамика која што не може да се игнорира, но најчесто таа е краткотрајна, неодржлива и деструктивна за обете страни.

сликата на Electroqute
Фала тумач за - од Electroqute на 22 април, 2006 - 19:50

Фала тумач за твојата "ничим изазвана али добредојдена" лаичка анализа.

Цитат:

прво, да забележам дека чомбе никаде не спомна дека мачкарите се бољи од кучкарите.

..а ни ти.
А кога сме веќе тука не се ни изјасни во која група спаѓаш.

Сфаќам дека можеби сакаше само да објасниш општи карактеристики за двете животинки и нивните старатели и да не се приклониш кон ниту една од групите, ама па при игра на завземање страни тоа баш и не многу fun не?[се смее]

значи ако сакаш можеби би почнал со одговори на следниве:
- каде спаѓаш ти при категоризацијата
- дали чуваш милениче и
- како го искусуваш ти поврзувањето и комуникацијата со истото.

Цитат:

* привлечноста меѓу спротивностите е динамика која што не може да се игнорира, но најчесто таа е краткотрајна, неодржлива и деструктивна за обете страни.

баш би сакала ако имаш време и желба да ми го објасниш ова.

Тенкју

сликата на toomuchisnotenough
маче ти ебем! - од toomuchisnotenough на 22 април, 2006 - 21:00

дома сум имал само едно милениче, маче со кое што си поминував ептен супер кога беше мало и стално сакаше да си игра. омилена забава ми беше да го ставам на грамофон и да го слушам како мјаука како расипана плоча. кога потпорасна моравме да го дадеме на друго место, што ми беше тешко, но од друга страна, барем ми остана во спомен како добро другарче што стално беше расположено да ме игра.

ги сакам сите животни (особено на скара), но кога би требало да се одлучам за милениче, би одбрал куче.

што се однесува до привлечноста на спротивностите:

често се случува, особено кога сме помлади, да не привлекуваат луѓе кои што имаат некои особини спротивни на нашите: одличната ученичка и дечкото со непримерно поведение од последната клупа, богатата наследничка и харизматичниот џанак, организираниот и претпазлив дечко и дивата и еднаш-се-живее цура. во овие ситуации, не привлекува токму она што го немаме, а го романтизираме и сакаме да го изживееме преку другиот. но, новоста и возбудливоста на ваквите првични доживувања набрзо ветрее, а динамиката на ваквиот однос се урива под интензитетот на конфликтот меѓу спротивставените карактери.

со други зборови, спротивностите се супер за добра викенд-ебачина, али не ги бива за брак.

[се смее]

сликата на zejtin
Или... - од zejtin на 23 април, 2006 - 11:23

toomuchisnotenough напиша:

со други зборови, спротивностите се супер за добра викенд-ебачина, али не ги бива за брак.[се смее]

... у петок навечер прашуваш “сакаш куче или маче“.
Во зависност од добиениот одговор:
а) до недела попладне ја тураш од ебење, па ја носиш на матичар или
б) до недела попладне ја тураш од ебење, па објаснуваш дека одбрала погрешно животно.Ако ептен се погоди ебачината, ја викаш следниот викенд.
Зашто никој порано не ми го објасни ова?

сликата на Electroqute
You wish!;) - од Electroqute на 23 април, 2006 - 18:38

Значи тебе ти се игра со кул, себични, неблагодарни и студени викенд-ебачини, спротивнo на твојот карактер,потреби и желби, али "љубимката" on the long run треба да е за взаемност и поврзување, рефлектирајќи го твоето однесување и вредности?

Иако не мислам дека мачките се за на грамафон, понекогаш ради нивното непотчинување сфаќам зошто може да одат на нерви на оној кој е научен да ги држи работите под контрола.
Толкувањето за нивната неемотивност, за мене е имање personality.
Нивната засебност, приватност и неумилкувачки однос не ги прави студени и себични, туку напротив, даваат информација за интегритет во однесувањето исто како и сопственикот, кога го почитува своето време, простор и вложување (идентификација како што спомена)
Често се многу мили, љубовни и автентични во своето однесување.
Знаат и да се препредени и арогантни, ама тоа секако заслужува повеќе почит отколку истренирано куче, а камоли истренирана жена [шокиран]
[намигнува]

сликата на toomuchisnotenough
земав нешто да - од toomuchisnotenough на 23 април, 2006 - 22:31

ти ги антропоморфизираш* животните. тие не можат да имаат човечки особини.
на ист начин на кој што биолошкиот хардвер за рационалноста е мозокот, седиштето на емоциите е во лимбичкиот систем. тој на живите битија кои што го имаат им овозможува споделуваат емотивна реалност.

препреденост? арогантност? тоа се особини кои што можат да ги имаат само луѓето, особини кои што сакаме да ги проектираме во животните.

Цитат:

Значи тебе ти се игра со кул, себични, неблагодарни и студени викенд-ебачини, спротивнo на твојот карактер,потреби и желби, али "љубимката" on the long run треба да е за взаемност и поврзување, рефлектирајќи го твоето однесување и вредности?

два одговори:

мачето со кое што уживав да си играм ги возвраќаше моите интереси и иницираше интеракција и затоа не може да се смета за кул, себично, итн. како такво, тоа повеќе наликува на куче, отколку на возрасна мачка.

сум имал помал број еднократни ебачини, но не биле којзнае што. ебачините со цурите што сум ги сакал увек биле многу бољи.

земав нешто да ти ја елаборирам теоријава и за да ја поткрепам со линкови, па дури и изнапишав еден ферман. арно ама, кога дојдов до линковите, тоа што го најдов не ми ја поткрепи теоријата. затоа, како секој добар wannabe „научник“, наместо да ги прилагодувам фактите на теоријата, ќе ја сменам теоријата:

по се изгледа дека фраерлукот на мачките и умилкувањето на кучињата произлегува од нивниот општествен живот: имено, мачките се ловци-поединци, додека пак кучињата ловат во група. кај кучињата е поразвиено чувството за воспоставување хиерархиски ред. затоа, тие се посклони да стапуваат во интеракција со останатите членови на глутницате (во случајот на кучиња миленици, глутницата се луѓето во куќата).

иначе, све ми се чини дека некаде читано дека кучињата имаат поразвиен лимбички систем од мачките, што кога би било точно би одело во прилог на мојата погорна теорија, но бидејќи не успеав да најдам поткрепа, ќе морам (привремено) да ја напуштам.

и то. малку сум уморен, така што ќе запрам тука со еден линк.

Морам да се - од Сељачиште на 24 април, 2006 - 00:35

Морам да се вмешам.

1. Сите ги антропоморфизираме животните.

2. Oперираш со прилично слободни изрази како „умилкување“ во дискусија која, нели, треба да биде семантички издржана. Не знам како тоа може. Како го дефнираше „умилкување“? Неќам да изигравам пицајзла и не мислам дека све треба да се дефинира. Но самот му даваш на овој термин круцијална улога во твојата теза. Ред е во најмала рака посредно да го определиш.

3. Како тоа мислиш „мачките немаат лимбички систем“?

4. The way I see it, тоа што кучето не е префригано како мачето е својство кое му недостига на кучето. Иначе и маче знае да биде и верно и борбено како куче. О да! Само има превртлив карактер и понекогаш знае да се трансформира во нешто друго. Себично и дрско безобразниче, на пример. Или брутален ninja-like наоружан ѕвер жеден за топла крв.

5. Можеби звучи неразумно, но сигурен сум дека емотивно сум искомуницирал со сите од моите до сега чувани мачиња. Со бубашваби - не.

toomuchisnotenough напиша:

препреденост? арогантност? тоа се особини кои што можат да ги имаат само луѓето, особини кои што сакаме да ги проектираме во животните.

Не бе друже и мачките се такви жими све! [се смее]

Шега на страна. Тоа се особини кои ги проектираме како во луѓето, така и во животните. Феноменолошката страна во двата случаи слична. За другата страна не можеме ни ја ни ти воопшто да збориме.

сликата на toomuchisnotenough
абе, не знам што - од toomuchisnotenough на 24 април, 2006 - 04:03

абе, не знам што се деси:

ја све мислев дека не сум го пратил постот кој што ти оправдано ми го критикуваш. уште додека го пишував ми се виде дека нешто не е како што треба, па го баталив, искочив на вечера и кога се вратив подистражив уште малку па видов дека имам напишано некои глупости.

кога конечно го пратив, гледам дека всушност само сум го изменил претходниот, што е малку фрики, пошто нели обично не можеш да измениш пост на кој што некој во меѓувреме одговорил. твајлајт зоун.

накусо: се извинувам за небулозата дека мачките немаат лимбички систем (забележи дека на некој чуден начин тоа веќе го нема во горниот пост, исто како и делот со умилкувањата итн. wtf?!). веројатно сум сакал да кажам дека нивниот е помалку развиен од на кучињата (за што не успеав да најдам поддршка), па ќе се извадам на паднатото ниво шеќер у крвта за привремената будалаштина.

у секој случај, фала за конструктивната критика. [се смее]

бтњ, ај уште пар збора за ова:

Цитат:

Шега на страна. Тоа се особини кои ги проектираме како во луѓето, така и во животните. Феноменолошката страна во двата случаи слична. За другата страна не можеме ни ја ни ти воопшто да збориме.

не сум сигурен дека те разбрав. дали сакаш да кажеш дека препреденоста, арогантноста, се феноменолошка, а не онтолошка категорија? или пак трескам глупости? [намигнува]

сликата на SuperGirl
Имав ја иста - од SuperGirl на 22 април, 2006 - 22:07

Имав ја иста Буцко, само со едното уво цело бело. Гарант е нејзината мила, питома и воспитана домашна мачка, не од ниту една позната марка [тажен]

солЗ, ја прашував деновиве на фах дали некој сака, све што добив како одговор беше „Не, зашто?“ [тажен] Ќе треба поватрена кампања да направам [намигнува]

сликата на солЗ
O: Имав ја иста - од солЗ на 24 април, 2006 - 20:15

Благодарам СуперГрл, сега кога се ангажираа суперхерои, мачињава немаат гајле и мирно ќе спијат [се смее]

сликата на PassENGER
Сакам мачиња - од PassENGER на 23 април, 2006 - 17:35

Сол3, би земал едно, не е битно машко или женско. Ако ти останале кажи ми како и кога и каде да дојдам да си земам едно.
П.С. Пошто ке живее во зграда на 8-ми спрат, а последното машко маче ми рипна од тераса и тоа му беше финален скок, јеби га, се скапав од плакање, се викаше Тошо и беше многу, многу убаво и бесно маче.
Па прашањето ми беше, како да не бегаат и да не сакаат да киднат по секоја цена, штом ке отвориш врата, или со други зборови- како најбезболно да ја убиеме природата во нив, затоа што несебично ги сакаме и неподнесуваме кога бегаат од нас, следејки си го инстинктот. Сериозен сум, иако може незвучев така.
Молам одговор или ПП, па телефон, или како?
Однапред благодарен В.

сликата на солЗ
Лепота или карактер? - од солЗ на 26 април, 2006 - 14:49

Добиваш! (моите мачиња не покажуваат самоубиствени тенденции)

Го сакаш најубавото маче или најмилото маче? (лепота или карактер?)

[се смее]

сликата на Mistress
Лепота или - од Mistress на 26 април, 2006 - 19:18

Лепота или карактер... Абе здравје пред се. [се смее]

Баш се цакани на слика мачињава, морам да признам. Но не би ги чувала дома. Како латентен хипохондрик не можам да се воздржам и да не кажам дека мачките се потенцијални трансмитери на опасни болести.

Јеби га сад, кучињата пренесуваат ехинококуси, говедата тении, птиците смртоносен грип, и ако човек толку се чува, еден ден може саксија да му падне од зграда и џабе чувањето. Сепак ова токсоплазмата што ја пренесуваат мачките некако ми делува најсвирепо зошто на сеуште неродено бебе може да предизвика ретардација, слепило или епилепсија.
Инаку и мене ми се вака убави на слика. Извињење до сите страсни љубители на мачки. Мрч, мрч. [се смее]

O: Лепота или - од Сељачиште на 26 април, 2006 - 19:25

Mistress напиша:

Како латентен хипохондрик не можам да се воздржам и да не кажам дека мачките се потенцијални трансмитери на опасни болести.

Сите извори до кои што сум дошол се согласуваат дека чувањето маче позитивно влијае на човековото здравје затоа што:

1. Тие што чуваат маче имаат посилен имунитет. За други животни не знам.
2. Мачките се најефикасните познати истребители на бубашваби и сл. кои од своја страна пренесуваат болештини. Кај што има маче нема бубачки.

Така да, хипохондријата би требало да ти биде аргумент ЗА чување маче. А ако од други некои причини не сакаш да чуваш, е тоа е више друго...

сликата на Electroqute
... 3. Можда е - од Electroqute на 26 април, 2006 - 21:31

... 3. Можда е општопознат факт, али мене ми фалеше намбр 3 во набројувањево па ќе дополнам и дека детектираат негативни влијанија од подземни води и разноразни зрачења со што најчесто спијат на тие места кои воедно се најлоши за спиење за луѓето. (Спиење покрај нозе се смета за неутрализирање на негативно влијание исто така)

4. Земи си маче![палец горе](ќе се исчудиш на колкав број најразлични начини една млада дама лигавесто и патетично се бербати...па неретко и маж, али исклучиво ко е сам)

башка и во моменти на неспокој, тага или депресивна состојба животинчево е секогаш near by да упија...уствари веојатно ова важи и за кучиња и други животни, али јас сакам да сум пристрасна, so why the hell wouldn’t I be! [намигнува]

...или да се - од NikDdik на 27 април, 2006 - 10:34

...или да се лизнеш на кора од банана. [плази јазик]

сликата на солЗ
Operation successful ! - од солЗ на 10 мај, 2006 - 12:53

Мачињата се успешно удомени и среќни [се смее]

Ако некој веќе не може да ги чува, слободно нека ми ги врати, мајка им уште не престанала да ги бара (по минимум саат време наутро и навечер со оној специјалниот мачешки тон за воспитување деца)

сликата на Chombe
O: Operation successful ! - од Chombe на 11 мај, 2006 - 02:26

солЗ напиша:

Мачињата се успешно удомени и среќни [се смее]

Е баш ми е драго да го слушнам ова. [се смее]

Јас имам детска траума во врска со незгрижени мачиња. Имено, кога бев детуле на 7-8 години, играме фудбал кај баба ми у село, и искача една теткица со најлон кеса „ЗИК Изворски - Богданци“ и у нејзе едно 4-5 мачиња. И прашува теткицава, кој сака мачиња? Сите ја гледаат ладно пошто имаат по 58 у двор. И ни пет ни шест-него седум, теткицава прави „шрауба“ и ја џитка кесава у канал за наводнување од карши. Ја забезекнат, не можам да се опраам од тоа што го гледам. Дури и ми брцнаа гол меѓу нозе пошто бранев, а за секој мажјак, брцање гол меѓу нозе е една од најголемите навреди.

Мачињата отидоа јабана, сполај им. [тажен]

И еве сега, не знам дали овој настан ми потегнал нешто, ама од тогаш, ја сум заколнат пријател на мачките.

сликата на fluida
Мачиња во - од fluida на 12 мај, 2006 - 10:08

Мачиња во најава!!!
уште не се родени ама за недела, две ке биде.Сигурно ке бидат убави, се надевам со добри навики, и ке ги има 5, 6ест во различни бои.
Мајката е мила, домашна џукела со малку подолго влакно од обично.
+ има, кој сака време да се спреми, таман за да ги издои.

Инаку ние дома успешно доиме маче веке две недели, кое ја прослави својата трета недела од животот. [поклонче](незнам да постирам слики.?)
Мојот дестогодишен Ердел љубоморно се бори за внимание, па за да не го фати срце мачето ке си оди, штом почне да јаде храна.
Приказнава среќно завршува, му најдовме дом.