8 јануари, 2009 - 17:28
[веб кирилица]

Владата предлага измена на државните празници

од miopa на 2 окт 2006 - 06:12

Преземено од Вест [vest.com.mk]
__________________

За неработни денови Владата ќе ги прогласи верските христијански празници Велики Петок и Бадник. Од листата на неработни државни празници, пак, од наредната година ќе бидат симнати 2 јануари и 2 мај. Како што дознаваме, Владата ќе предложи измена и на одбележувањето на денов на христовото раѓање - Божик. Од таму велат дека ќе достават предлог до Македонската православна црква, наместо на 7 јануари Божик да се слави како католиците, на 25 декември.

Владини извори објаснуваат дека реално не постои пречка Македонија да се приклучи кон повеќето православни верници во светот кои Божик го слават на 25 декември, сметано по новиот грегоријански календар.

Таков пример се Грција, Бугарија, Романија, Албанија, Цариградската православна патријаршија и Александриската патријаршија.

Кај нас Божиќ се слави според стариот јулијански календар на 7 јануари, исто како и во Србија и во Русија.

Доколку се прифати поместувањето на божиќните празници, тогаш ќе се измегне оној вакум простор од две недели кога се губат комуникациите со другите земји поради прославата на католичкиот и православниот Божиќ од 25 декември до 7 јануари.

Во Македонската православна црква велат дека сеуште не добиле известување за ваквата намера на Владата.

"Доколку дојде ваков предлог до Синодот тогаш тој ќе биде разгледан, а за тоа ќе одлучи Соборот", велат во МПЦ и додаваат дека до сега ниту една Влада не доставила официјално барање за промена на празникот Божик.

Црковни извори објаснуваат дека доколку се прифати предлогот на Владата не може да се помести само прославата на Божик, туку тоа ќе се однесува на сите празници во годината.

"Не може да се прифати само новото сметање на Божик. Црковната година има еден циклус на празници и тогаш ќе треба да се сменат сите, да се поместат сите празници", објаснуваат црковни извори.

Неофицијално дознаваме дека во МПЦ се остава простор за прифаќање на владиниот предлог, но велат дека "во овој историски контекст, кој не е најповолен за Македонската црква не се пожелни промени".

Оваа година, според Владината програмата има 7 празника кои се неработни за сите граѓани во Македонија. За верниците од исламската вероисповед дополнително, за неработни се прогласени и Курбан-Бајрам и Рамазан - Бајрам. И за католиците се неработни 25 декември и 17 април поради прославата на Божик и Велигден. Еден неработен празник имаат и припадниците на Еврејската заедница во Македонија.

Опции за гледање на коментари


За државните празници - од Rod на 3 ноември, 2006 - 15:09

Blagorod Ivanoski

Одлично, така треба да не бидеме изолирани ионака сме со моменталните состојби, треба да се сплотиме со светот, некогаш и традицијата мора малку да се смени во име на напредокот, никогаш ништо не е вечно, тој што размислува дека за се треба стриктно да се придржува всушност тој несвесно ги кочи развојот. Друго ни треба работа и само работа, празниците можат да бидат многу штетни за економијата во нашево опкружување. Има повеќе фактори за тоа да не ги набројувам, прво ние не излегуваме на море, друго опкружени сме исто со недоволно развиени земји околу нас кои влечат потези од минатото, итн. Кога некоја држава ќе достигне висок развој тогаш може да си дозволи празници и да си врати некоја традиција.

сликата на GoodBytes
Ма какви празници! - од GoodBytes на 3 ноември, 2006 - 16:06

1. Празничните денови треба да се минимизираат, ако не и укинат.

2. Македонија (се декларира дека) е секуларна држава. Од каде сега почнавме да славиме религиозни празници?
---

сликата на Chombe
Ма какви празници! - од Chombe на 4 ноември, 2006 - 03:21

GoodBytes напиша:

1. Празничните денови треба да се минимизираат, ако не и укинат.

Еве како е во УСА. Федералната влада има закон со кој што одредени денови се неработни, ама ова важи само за федералните службеници. Владите на државите имаат исто право да си носат закони за неработни денови, но и овие важат само за state employees. Ниеден од овие закони не важи за обичното население.

Ти ако си влегол во било каква фирма што не е во посед на федералната или државната влада, има да работиш како што ти налага работодавецот. Во 99% случаеви, сите фирми си имаат своја листа на празници која се разликува минимално една од друга. Пр. едниве ти даваат еден ден за thanksgiving, некои ти даваат два дена. Кај услужни дејности ко на пример, Мекгомналдс, Бургер Ждриг, не постојат празници, од причина што ти си платен на саат а не годишно, што значи шефот те прашува сакаш ли да работиш од 7 навечер до 8 сабајле за Божиќ. Нормално, законски е обрврзан да ти плати 150%-200% од сумата што ја добиваш како саатнина, а тоа го знае и последната теткица што врти плескавица, тазе симната од Андите. И види чудо, сите доброволци да работат.

Од друга страна имаш федерални и државни чиновници. Е овие колку „слават“ па тоа е чудо едно. Додуше не спојуваат ко кај нас 13 дена од 1-ви јан до Божиќ, ама барем еднаш месечно им се трефнува некој федерален/државен празник на кој што скоро сите други работат. Мартин Лутер Кинг деј, Коламбус деј ... абе еден куп.

Еве ги моите официјални празници за следната година, а ова е да речеме едно 90% од население.

1-ви јануари - Нова Година. На Нова Година уопште не се пука, жижици, балони, пиратки и останати парафеналии, ма тоа нема. Чак шта више Нова Година овде изгледа ко кај нас 9-ти септември. Обичен неработен ден. И тоа што има по телевизии, Њујорк, Тајмс Сквер, Рокфелер Плаца, елката и куглата, ма тоа е 99% туристи. Нова Година sucks овде. Затоа ја букирав лет, 29-ти дек.за у Скопје. Gimme some love! 2-ри јануари се работи турбо во сите дејности.

19-ти февруари - Денот на претседателите (ова е "floating" празник, во смисол, се слави во понеделник ама во третата недела на февруари). Врска неам што е ова, ама сполај им на сите и фала за неработниот ама платен ден.

28-ми мај - Меморијал деј - ова славиме за сите војници што погинале за Америка. (исто „подвижен“ празник, последен понеделник во мај). Сполај им исто, а кој згрешил, историјата нека му суди. Мене ми е неработен а платен ден.

4-ти јули - Ден на борецот у Србија ама и у Америка. Ден на независност. Е тука се пука највише и сите повреди од петарди, жижици, сачмарки и боеви глави се дешаваат на овој ден.

3-ти септември - Labor Day или 1-ви мај по нашки. Ден на трудот. Исто floating празник. Се слави првиот понеделник во септември. Познат по тоа што сите плажи не работат после овој ден. Т.е нема спасувачи на плажите, ти можеш да се фрлиш в`енѕеро ама ако нема спасувач на плажата, тоа е незаконски и ако те изеде некоја риба или исечеш нога од срча од пиво, немаш право да тужиш никој.

31-ви октомври - Halloween. Ова не е празник за никој и сите работат до еден. Само сакав да го спомнам пошто ова е америчко коледе. Баш пред 3 дена ми тропаа деца на врата и исто ко кај нас им даваш бомбони, помаранџи, се отарасуваш од ситното по џебови. Едина разлика е што кај „коледариве“ работно време е од 4-7 попладне за разлика од кај нас од 4-7 сабајле.

22-ти ноември, Thanksgiving, најголем празник после Божиќ. Исто floating во последниот четврток во ноември. Ова е ко прочка кај нас. Секој на секој му се извинува ако му згрешил нешто. Познат и како црн ден за сите мисирки. Ма све иде у рерна, со gravy нормално и stuffing у гз. Обично поголемите фирми ти даваат чек на 20$ да си купиш мисирка од супермаркет. Е сеа проблем е што чекот е ко купон за одредена фирма што прави мисирки, така да не можеш да ги кешираш овие пари ако баш не сакаш да купиш мисирка, мада за прави познавачи ова одма го кешираш кај наблискиот дилер.

25-ти декември. Божиќ. Е ова е најголем празник во цела Америка. Дури ретко да најдеш и Мекгомналдс да ти работи. Мада не е страшно. Има еден куп Индијци, Турци, Талибанци и све остало што се отворени. Има и Мекгомналдц отворен ама треба да излезеш на некој голем автопат , значи едно 10 километри возење ако баш си запнал за квотер паундер. Ја се сеќавам пред две години бев у Атлантик Сити и Филаделфија, баш за овие денови. Соба што кошта 350-500$ ја земаш за 80$. У центар на Филаделфија баш вечерта за 25-ти, имаше само еден ресторан отворен у downtown. Друго све мртво. Абе ко нуклеарка да пукнала, и клошарите по кои што е позната Филаделфија ги немаше. Мада ко што реков, се наоѓа све што ти треба, само ако знаеш кај што имаш. Америка брат, 24/7, све држиме. [се смее]

GoodBytes напиша:

2. Македонија (се декларира дека) е секуларна држава. Од каде сега почнавме да славиме религиозни празници?

Проблемот е тоа што Македонија сака да стане секуларна држава, ама ете не може. Таква ни е структурата бе брат. Затоа за да нема бунење, најдобро е да се даде, Божиќ, Велигден, Рамазан, Бајрам неработни денови и чао пријатно. Владата која ионака ништо не работи, нека прогласи дека овие денови се неработни за нив, а за фирмите, исто ко у Америка, ако сакаш земи си слободен ден. Дали ќе ти се плати денот или не, зависи од фирмата. Чиста работа, фала на соработката, чао и пријатно!

сликата на GoodBytes
ПРАЗНИци - од GoodBytes на 5 ноември, 2006 - 01:50

1. Ти наброја толку неработни денови во САД колку што во Македонија ги имаме со едно спојување. [се смее]

2. Ако се слават православни празници на државно ниво, тогаш имаат право сите други религиозни групи и секти од 2+ човека да бараат и нивните важни датуми да бидат неработни. Исто така имаат право и атеистите да се жалат дека ќе се ставени во нееднаква позиција спрема теистите, бидејќи нема да имаат „свои“ датуми за пријавување.

ВМРО е демохристијанска партија и за очекување се вакви потези од нив. Најголемиот проблем тука е што ние тежнееме само кон земја дембелија со вакви многубројни празници и долги одмори. Бар да имавме нафта. [намигнува]
---

сликата на StobiFlips
Јас не ги - од StobiFlips на 4 ноември, 2006 - 12:40

Јас не ги поддржувам ставовите за промена на календарот, демек, да го славиме Божик(и другите статични празници) по грегоријански. Причини има многу, јас ќе наведам само една.
Ми пречи тоа што сме подготвени да се откажеме од сите карактеристики на нашиот идентитет, само да се лижиме да станеме дела од друштвото во кое не сме добредојдени(мислам на Еу и НАТО).

Башка, ако Европа сака да се обедини, тоа значи, не само ниминално, туку и фактички, да ги почитува различностите, а не да ја наметнува својата култура(западно-европска), традиција, идентитет... ако не, тогаш во прашање се доведува искреноста во романтичарските намери за „обединета“ Европа, нешто во коешто и онака не сум верувал.

А, инаку, мисалм дека ако зборуваме за праведност, тогаш и секуларната држава, би требало да се потпира на волјата и убедувањата(и верски, меѓу останатите) на граѓаните.
[Сега не мора да ми спомнувате исклучоци, како муџахедини, вахаби и слично.]
Ако тие сакаат да слават празници(макар и верски), ок.
Ако не, тогаш се доведува во прашање и воопшто, славењето на било какви празници, оти таквата регулатива, во која ги нема поединците, па и малцинствата, е стерилна, оти државата е заради луѓето, а не обратно.

"Можеби сум параноичен, ама тоа не значи дека никој не ме следи"

Стоби, - од PetarK на 9 декември, 2006 - 17:59

Стоби, промената кон грегоријанскиот календар е потребна заради тоа ш тоа ќе губиш само една, а не две недели во работењето со остатокот од светот, минус Србија и Русија.

сликата на StobiFlips
Е, ако де.... - од StobiFlips на 11 декември, 2006 - 08:44

Петар, во право си, ама зошто, пак, тогаш, да не ги условиме ние дека ако сакаат да влеземе во Еу, ќе мора да го сменат календарот во јулијански, а?
Julls? Шо викаш ти?

"Можеби сум параноичен, ама тоа не значи дека никој не ме следи"

сликата на miopa
Е, ако де.... - од miopa на 11 декември, 2006 - 18:38

StobiFlips напиша:

Петар, во право си, ама зошто, пак, тогаш, да не ги условиме ние дека ако сакаат да влеземе во Еу, ќе мора да го сменат календарот во јулијански, а?

Една можна причина е што Јулијанскиот е многу понеточен [се смее]

--
Краткиот живот гори појасно

сликата на солЗ
стариот (сеуште важечки) закон - од солЗ на 6 декември, 2006 - 14:00

Според одредби од важечкиот Закон за празниците на Република Македонија (подолу) произлегува дека

1) За Нова Година ке бидат неработни 1 (понеделник) и 2 (вторник) јануари 2007 година, согласно со член 2 и член 3 од Законот и

2) Божик, 7 јануари 2007 година паѓа во недела. Бидејки спаѓа во група на празници од член 4 од Законот за кои не е предвидено дека доколку пагаат во недела, наредниот ден се смета за неработен (види член 3 став 2), произлегува дека празнувањето нема да се помести на 8 (понеделник) јануари 20007 година.

ЗАКОН ЗА ПРАЗНИЦИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
„Службен весник на РМ”, бр. 21/98 и е во сила од 16 мај 1998 година.

Член 1
Со овој закон се утврдуваат државните празници на Република Македонија и другите празници и се определуваат неработните денови на празнувањето.

Член 2
Државни празници на Република Македонија се:
2 Август - Ден на Републиката,
8 Септември - Ден на независноста и
11 Октомври - Ден на Народното востание.
Празници на Република Македонија се:
1 и 2 Јануари - Нова година и
1 и 2 Мај - Ден на трудот.

Член 3
Празниците од членот 2 на овој закон се неработни денови.
Доколку празниците од членот 2 на овој закон паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

Член 4
Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови се:
- првиот ден на Божиќ и вториот ден на Велигден за верниците од христијанската вероисповест;
- првиот ден на Рамазан Бајрам и првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од исламската вероисповест и
- првиот ден на Јом Кипур за припадниците на Еврејската заедница.

Член 5
Во неработните денови од членовите 2 и 4 на овој закон, работникот има право на надомест на плата, односно зголемена плата во согласност со закон и колективен договор.

Член 6

Владата на Република Македонија со акт определува кои државни органи и други јавни служби, јавни претпријатија, трговски друштва, установи и други правни лица, се должни да работат во деновите на празниците од членовите 2 и 4 на овој закон.

Член 7
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за државните празници на Социјалистичка Република Македонија (“Службен весник на СРМ”, бр. 16/65 и 15/72) и Законот за празниците на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (“Службен лист на СФРЈ”, бр. 6/73).

Член 8
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

сликата на солЗ
Се остварија црните толкувања на законот - од солЗ на 4 јануари, 2007 - 08:38

Понеделник по Божиќ ќе се работи [тажен]
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9CA8A95CC5CA7B4497E0B341E54FE499

сликата на aceva
Осум дена - од aceva на 6 декември, 2006 - 19:24

Пошто сме од сто кура деца и пошто сите различна слава славиме, нек ни даат на секој по осум дена неработни на име празник и нек си ги искористи секој кога сака и за што сака. М?

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на StobiFlips
...или, пак, ко шо - од StobiFlips на 7 декември, 2006 - 16:36

...или, пак, ко шо велиш ти.
Ем волкот сит, ем овците на број.
На сите капата настрана, секој нека си слави шо сака.
Се сложувам со тебе, aceva.

"Можеби сум параноичен, ама тоа не значи дека никој не ме следи"

Мислам дека - од PetarK на 11 декември, 2006 - 10:22

Мислам дека коментарите и тука, и по медиумите добро покажаа дека не може така пиштолџиски, без анализа, да се менуваат неработните денови.

За контраст ќе дадам пример од Шведска. Таму денот на државноста (како и да се викаше) до скоро не беше неработен ден. Се жалат луѓе, викаат нема смисла, насекаде тој ден е неработен. И, се реши владата да го менува, но не станува збор да се додаде како празник. Добро се знае дека еден екстра неработен ден чини икс промили од БДП. Се појави предлог Духовден наместо два, да биде неработен само еден ден, за да се ослободи ден за државниот празник. Што мислите, кој се побуни на тоа? Црквата? Не, синдикатите. И тоа бидејќи стариот неработен ден секогаш со паѓа во вторник, додека државниот празник на секои 7 години два пати ќе пропадне (сабота и недела). Значи, синдикатите се бунеа поради тоа што вработените ќе работеле екстра околу 130 минути годишно...

Норамално е да - од RULOM на 17 февруари, 2008 - 23:57

Норамално е да се празнува като в БЪЛГАРИЯ ,все пак наш окръг сте!!!