8 јануари, 2009 - 19:29
[веб кирилица]

Старите препреки на пешаките патеки ќе бидат заменети со нови

од damjancd на 9 јан 2007 - 08:13

Веќе застарените препреки на пешачките патеки, плански распрскани низ улиците на Скопје и подалеку, ќе бидат заменети со нови, технолошки напредни барирери и стапици. Овој чекор кон иднината е поддржан од страсните управувачи на возила и други мрзливи влекачи. Новите бариери ќе содржат разни специјални додатоци за одстранување на екстремитетите или гентиалиите кај дрските пешаци.

Стапиците ќе бидат специјално програмирани од страна на вештите единици за поставување на истите, со огромен избор на болни физички последици што може да се аплицираат кај успешно фатените пешаци. Овие направи се поставени поради садистичките нагони на полицијата и државните институции се со цел да се покаже супериорноста на колата и другите масовни превозни средства што ја блокираат пешачката патека.

"Досега само користевме веќе докажани методи за спречување на пешаците да се движат по одредените патеки, но сметаме дека на Македонија и треба револуционерни промени и повеќе добра ракија", изјави добропознатиот управувач на возила, Мартин Висев. Тој смета дека животот на пешаците е премногу исполнет со монотонија и репетиција, една нога, па друга, затоа тој започнал со кампањата што резултираше во ова државно решение и планира да допринесе многу повеќе кон опасната авантура наречена ножно градско движење. Пред да замине, господин Висев ја запали колата да купи штека цигари и едно мало, слатко шишенце ракија кое ќе му помогне самоуверено да маневрира низ улиците на Скопје.

Наскоро сите неправилно паркирани коли, што имаат за цел пореметување на природното и со закон гарантирано движење на пешаците по таканаречените пешачки патеки, ќе бидат заменети со овие технолошки магични препреки, и колата како направа ќе стане тотално неупотреблива (освен ако се потребни цигари или хамбургер од 7-мица).

(fOR MOR WWW.Lukceto.blog.com или на Македонски ЊЊЊ.лукчето.цом.мк)

Опции за гледање на коментари


Пешаците што - од Robomarket на 17 јануари, 2007 - 01:28

Пешаците што префрлаат прометни улици на непригодни места го реметат собраќакот и треба да бидат поткачени барем со ретровизор или некаква модифицирана антена.
Во Скопје сум почесто пешак него ли возач и совесно преминувам улица на пешачки(е јебига ми се смеат другари), а ако не на пешачки тогаш на некое стратешко место за да не ме пцуе никој.

сликата на ГоранОдЧаир
Пешаците што - од ГоранОдЧаир на 18 јануари, 2007 - 01:17

Robomarket напиша:

Пешаците што префрлаат прометни улици на непригодни места го реметат собраќакот и треба да бидат поткачени барем со ретровизор или некаква модифицирана антена.
Во Скопје сум почесто пешак него ли возач и совесно преминувам улица на пешачки(е јебига ми се смеат другари), а ако не на пешачки тогаш на некое стратешко место за да не ме пцуе никој.

а што се случува со возачите кои не застануваат на пешачки премин кога поминуваат пешаци ?!?! Да го почитуваат возачите правилото да застанат кога пешаци поминуваат пешачки, нема да има проблем од типот поминување на непригодни места, барем така мислам јас [намигнува]

--------------------------
не ми работи потписот нешто

Казна, буџет на - од damjancd на 20 јануари, 2007 - 18:45

Казна, буџет на Македонија, полиција, спроведување... Keywords за победа, што ретардирана државка сме..

Беше тоа еднаш - од vestak на 27 февруари, 2007 - 15:58

Беше тоа еднаш на дивиот запад и сеуште е, предлагам да почнеме да ги скокаме со копачки на нозе,па ништо друго и не останува. Природна селекција се вика тоа на урбаниот ни асфалт. Инаку постои една организација на млади луѓе кои сериозно го мислат ова дури и беа со мисла да воведат во пракса ваков тип на мерки кои не знам дали профункционира во пракса ,а трбаше да се спроведува паралелно со проектот на Полио + Паркинг за мене. Незнам кои беа дечките ама имаа за цел ваквите препреки да ги отстрануваат со лепење на етикети кои не се одлепуваат без да направат штета.