You are here

Градење куќа во МК - инфосторминг ....

Градење куќа во МК - инфосторминг ... Апла хардвер...

Би сакал да ве замолам тука да ги постирате сите можни информации кои можат да помогнат во процесот - градење на куќа.

Чисто информативно, да видиме што све ќе излезе и што све се знаеме за овој процес.
Цени и искуства на све што ке ви текне во врска со процесот.

Како наплаќаат кај нас архитекти за проекти, како ги прават има ли 3д и сл.
Колку и како наплаќаат зидари, град.фирми , теслари и све што се прилепуе на тој процес. Што цаки и фори имаат ...

Колку кошта камен колку е цигла, која е боља која нечини ...
Кои математики се во опток, квадрат ваков, квадрат таков, која даска чини, која не.
Булдожери, потпорни зидови, бунари, септ, јами и све.
Бетони, усје мал-голем , керамиди, лимови, олуци .
Терволи, стиропори, гуми и тн.

За овој процес све знам доколку се одвива на запад.
Таму Функциноира на принцип адд-то-карт со маус и некст некст... Од почеток до крај.
Би сакал да знам како функционира овде.
Инфо - сторминг , мислам дека ова така би се викало.
Данке.
К

Категорија: 
Теми: 

Comments

KraFT's picture

Градење куќа во МК - инфосторминг ....

ZisDead's picture

За изградба можеш да сметаш на цена од 200 Евра/м2 нагоре, зависи од луксузирањето. Тука треба да се вклучени сите завршни работи, под, санитарии, столарија, односно да биде вселиво. Со 300 Евра/м2 би требало да добиеш висок стандард.

Communism is monopoly capitalism

Grofica's picture

[quote=KraFT]
Колку кошта камен колку е цигла, која е боља која нечини ...
Кои математики се во опток, квадрат ваков, квадрат таков, која даска чини, која не.
[/quote]

Хехе, добра тематика... Епа вака, за цигливе врска неам као што 80% од Македончињава врска немаат за математика, а камоли за квадрат ваков или онаков... А пак, за даските... Ех, на сите ни фали по некоја, а ти дури сакаш и куќа да градиш кога сме со зијан даски?! Немој, аман... Ќе се срушиме сосе неа... Хехе (just kidding)!!
И то.

Robomarket's picture

Ме заинтересира еднаш темава ама немав со кого да направам корисен муабет. Ај едно ЧПП на градење куќа.

Во сличен контекст, ме интересира како оди купување земјиште кај нас? На пример наоѓам некое ливатче во некој заборавен регион и сакам да го купам. Како иде тоа, колку пари метар квадрат, папири и слично?

KraFT's picture

[quote=Robomarket]Во сличен контекст, ме интересира како оди купување земјиште кај нас? На пример наоѓам некое ливатче во некој заборавен регион и сакам да го купам. Како иде тоа, колку пари метар квадрат, папири и слично? [/quote]

Процесот.
1. Наогаш ливада и се договараш за цена.
2. Идеш во катастар и земаш имотен лист. (250 ден - одма.)
Бараш и "движење" на имотот. Тоа е лог за сите сопственици на имотот, како се продавало и итн... (250 ден - 7 дена.)
3. Во истиот гледаш дали земјиштето е "трансформирано" и дали е во градежен реон.
Ако не е дигаш веднаш рачна и за понатаму се советуваш со КаФка.
4. Ако е ОК, тогаш идеш на нотар. Toj ти спрема договор и пред него броиш кеш и му ги предаваш на сопственикот на ливадата.
5, Му плаќаш и на нотарот кеш 150е и им купуваш Јупи и пиво и излагаш со таквото во раце. Договор не добиваш евра еден тон си се истресол а фискална е "педерски" да побараш" Парите си ги дал а нотарот ти вика , немај гајле - си се потпишал во "книга"
Мој совет снимај со мобилен... Не дека нешто....
Овој го праќа договорот службено у општината кај што е ливадата , да кажат и они дека е ок да ти се продаде ливадата и да израчунаат колку данок треба да платиш во зависност од класата на ливадата (класа 1 или 2 ) и каде се наоѓа. Они тоа го враќаат назад па ти плаќаш данок. Е тогаш нотарот ти дава копија од ЗАВЕРЕН нотарски договор.
Ова знае да се чека и до година дена затоа фаќаш врски. Идадија итн...
( 100 евра кебапи и многу кретенски муабети ... )
Во меѓувереме пукаат афери за нотари и луѓе што шиткаат еден недвижен имот 100 пати но ти ги игнорораш ладнокрвно ...
Ако купуваш дел од ливадата тогаш стануваш акционер во цела ливада односно си процентуален сопственик на вкупната ливада.
6. После наогаш геодет - 150евра. Идете со катастар колчите таму и правите физичка делба . Твоето парче станува твое а на стариот сопственик му се намалува квадратурата на имотот што го поседувал.
7.Имотен лист итн.
http://www.katastar.gov.mk/prasanja_cesti.aspx

Овде би сакал да не се шири темата во овој контекст,
Да не се јават сеа правници и дрвени адвокоати и да солат памет како треба а како нетреба да биде ...
Процесот засега е овој и молам да не се тупи натака...
Ако не , нема нива...
Толку за Кафка...

Затоа сега назад кон видови камења, нивно редење, архитекти, зидари и "газда суво е"
фраери ...
Без мрза ...

m3chan1k's picture

За тие што се по градењето - многу среќа и пари, пошто ќе им требаат и двете... Јас претпочитам од тие готовите куќички ([url=http://]www.hot-hot.com.mk[/url]). За пристојна сума, горе-долу иста како да си ја градиш сам, минус нервози и други заебанции, добиваш клуч од готова куќа. Без да остане куќата до пола изградена, немалтарена, без гелендери и слично, к'о шо знае Македонче да си напраи кога ќе му снема кеш, жифци или енергија...

МiNd thE gAp...

KraFT's picture

Нема везе.. Мешаш баби и жаби... Уствари бетер...
Ова е супер за Шведска или Зап. Европа каде што градење куќа е 20 пати поскапо од Македонија. Апсурдот е што кај нас цената на тврда градба е пата-пата со лего-шклопоции.
Или ако ја ставаш на Солунска Глава. Или ако те мрзи да се заебаваш. Тебе те мрзи.
Ај на темата назад дека ова не е темата... Нити од далеку...
К

dimitar27's picture

Крафт бе другарче, со цел памет од БАГРАва очекуваш помош или онака си правиш муабет??
Не дека нејкат, ами не можат да ти помогнат. Со пар исклучоци, другите тројца активни БАГРАши живеат со тато и мама, или под кирија, или ко мене у стан. Мислиш дека некој изградил куќа своја???
Има еден дечко овде, стар БАГРАш, гради сеуште (мислам) куќа у радишани, ама изгледа не ја чита ни он више мртвава ни БАГРА.
Искрено и мене ме интересира темава (иако јас би купил веке готова куќа, само да видам да продадам станчињата) ама тешко дека од овде ке се офајдиме со информации, или ко ти што викаш инфостероминг.
Поздрав друже и со среќа ако си тргнал по тој долг и трновит пат.Знаеш како викаат, кога ке направиш своја куќа, дури тогаш си ЧОВЕК :))
П.С.
И уште викаат дека на третата куќа ке знаеш како НЕ ТРЕБА :)))

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Gorco's picture

Друже, гледам дека горе-доле знаеш шо се оди во градење куќа, не си тутуле-бале :). Ќе си најдеш градежна фирма или под-изведувач и ќе се информираш околу понудата. За да пројдеш поевтино, барај фирми надвор од Скопје. Консултирај се со неколку фими, барај на интернет за материјалите што ги вградуваат, преговарај за цената. Е сега, најважното:

1. Обавезно договор каде ќе биде прецизиран датумот на завршување.
2. Листа на сите материјали кои ќе бидат вградени на одредени места од градежниот план, со претходно напишани мерки за квалитет!

3. НАЈБИТЕН ДЕЛ: твое присуство во процесот на градба, посебно во почетокот кога се ставаат темели. Ако не си присутен, од каде знаеш колку железо и кој квалитет на бетон е користено?? Ај, ќе бутнеш ѕид за да видиш дебелина на малтер (усје-мал, никако вар) и како се редени циглите (по височина или должина) и нивната дебелина... но темели неможеш да "тестираш" без специјална опрема!

Бетонот сигурно ќе го носат од некоја фирма специјализирана само за тоа. Барај документ за квалитет т.е. процент на цемент во него. Од изведувачот барај цена за секој дел поединечно, колку се прозори, колку се вратите, колку е базенот :), струјната инсталација (никако кинески, турски или француски елементи), водоводот... па после барај фирми чија специјалност се токму тие сектори, за да споредиш цена. Прашај колку чини само карабина!

Прво собери понуди од фирмите, постирај овдека (без мрза) па ќе разглобиме детали. Градење куќа е сериозна пара, може да се изведе за помалку од два месеца, клуч на рака, но само со добро планирање.

--
People demand freedom of speech to make up for the freedom of thought which they avoid. - Soren Kier

triipol's picture

Ке ти го кажам најбитното правило кога градиш куќа или реновираш стан

НЕ ДАВАЈ КЕШ ОДНАПРЕД НА МАЈСТОРИ / ПРЕДУЗИМАЧИ максимум 30%

Ма колку да те вртат дека мора да купат материјал, или треба да платат мајстори итн. никако не давај повеке од 30%

Држисе до ова правило, и ке ја изградиш пред време, со квалитет кој си го договорил, бидејки ке треба да земат пари од тебе, мајсторите и предузимачите ке те тинтраат до крај

Cunami go ldt
world wide insurance company