Често прикажани како херои, кучињата кои душкаат дрога, ги прават вестите на
денот. Душкањето е нивниот начин за ставање на „лошите момци“ позади решетки.
Како и да е, малку луѓе ја знаат мрачната, замаглена и трагична страна на оваа
приказна.
Тие рачно ги избираат кучињата, обично Германски овчари, од најдобрите
легла. Кучињата се купени со пари од данокот кој го плаќате Вие.
Кутрињата поминуваат низ ригорозна и брутална обука, во тренинг камп познат
на тие што се во него како „Сталаг Ц“. Тие го кршат духот
на кучињата и им го уништуваат смисолот за идентитет.
Кога кучињата конечно завршуваат со обуката им се дава кокаин. Да, наизглед
постепено на почетокот... Но секогаш дозата се зголемува, се додека „Млечните
коски“ не се натопени со чист бел прав. Кога кучињата се навлечени до точка
кога им треба цел грам само да го почнат денот тие преминуваат
на следната фаза - активна должност.
На почетокот почнуваат со мали апсења, колку да ги залажат. Со тек на време
кучињата кои душкаат дрога влегуваат во големата лига, да речеме рации
со НаТаШа, сè додека не станат зависници кои се
тетерават. Душкајќи како полудени пријатели на дрогата тие поминуваат од кило
на кило...
Одкога кучињата кои душкаат дрога ќе прегорат тие се пуштаат. Без пари
и без дом, без фамилија која ги сака, деца со кои може да си играат, без коска
која може да ја наречат своја. Овие безнадежно навлечени кучиња лутаат по улиците,
спијат по сокаци, мочаат врз автомобили, спремни да седнат, легнат, да се превртат,
дури и да молат... се за слаткиот вкус на само уште еден фикс.
Многу луѓе се запрашуваат дали кучињата кои душкаат дрога може да се
рехабилитираат. Одговорот е прост.
Никој не знае.
Ќе требаат огромни и концентрирани напори од сите нас за да ја спречиме оваа
бруталност. Ве молиме, направето сè што е во ваша можност уште денеска
за да им помогнете на овие сироти кучиња. Земете ги во вашите домови. Покажете
им што значи да се живее трезно и дека тоа може да ти донесе исто толку задоволство
како да си накокан нон-стоп цела недела.
Ултимативно, некои од овие бивши дрогаши-кучиња може да најдат нов фикс во
Гопсод. Замислете го чуството на задоволство кое ќе го имате, кога вашето куче
кое душка дрога повторно ќе се пронајде себе си и обичните задоволства како
бркање на топки, ловење на птици, чешање, мирисање на газот и лежење на подот
покрај нечјите нозе.
Посвоете куче кое душка дрога денсека. Дајте им на овие зависници нов
живот. Направете го секој ден „Ден на дрогашките кучиња“.
Ви благодариме на подршката.
Последни коментари