8 јануари, 2009 - 14:23
[веб кирилица]

Денот на дрвото - празник 12.03.2008

од гоце на 7 мар 2008 - 01:38

Преземено од Телма [www.telma.com.mk]
__________________

Денот на дрвото не е од помало значење за Македонија од смртта на претседателот на државата или одржувањето на избори. Вака државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Душко Миновски го објасни прогласувањето на 12 –ти март за неработен ден за граѓаните на Република Македонија. “За жал, се случуваат и трагедии, како смртта на Борис Трајковски, и тогаш прогласивме неработен ден, исто е и за избори, така што не гледам причина зошто да не дадеме придонес и за овој ден што е ос исклучително значење”, изјави Миновски.

Според него, прогласувањето слободен ден за граѓаните за еколошка акција, не се коси со Уставот и е резултат на проценката на Владата дека, со оглед на пожарите што летово ги имавме во голем број, е исклучително важно акцијата да биде успешна.Од овие причини, и мнозинството го брани пријавувањето на владата како партнер во иницијативата, што почна како исклучиво граѓанска. “Апсолутно е добро да се даде слободен ден за една ваква акција, бидејќи ние сите сакаме таа да биде успешна”, рече Оливер Шамбевски, ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата не го оправдува потегот на владата. “Му порачувам на Груевски да прогласи еден работен ден”, изјави Џевад Адеми од ДУИ. Со акцијата, на 57 локации планирано е за само еден ден да се засадат 2.056.000 садници, колку жители има Македонија. Ќе бидат опфатени и локациите кои беа опожарени минатата година, со ангажман на девет илјади луѓе. Учество ќе земат и амбасадорите на земјите членки на Европската унија во земјва, европретставниот, Ерван Фуере, јавни и други личности од владиниот и невладиниот сектор. Невладините организации кои го иницираа пошумувањето го поздравуваат ваквото, како што велат, масовно учество во акцијата, но велат дека текот на неговото организирање полека добива друга димензија, односно дека граѓанската иницијатива е засенета од владините институции. Владата не сака да открие колку пари ќе чини целата оваа акција која опфаќа подготовка на спотови, рекламен материјал, билборди, превоз. Нема информација и колку пари од буџетот ќе бидат префрлени на сметката на македонски шуми за садниците, ако се знае дека едногодишните листопадни дрвја багрем и чемпрес кои ќе бидат засадени, во приватните фирми чинат од 120 до 250 денари.

Опции за гледање на коментари


Малце морбидна - од fLeX на 7 март, 2008 - 09:41

Малце морбидна и глупа му е аналогијата на дечково за неработниот ден, ама нејсе, не се сите со исаф што со што се споредува а што не.
Него, мене ме бендисува идејата. Треба да се пошуми и она што е опожарено и она што е исечено. Генерално во Р.М. неплански се сече што се стигне, и тоа ќе не чини скапо локално и глобално. Замисли секој од нас денес да рипне бурек со јогурт, ил пакло цигари и купи дрвце и го засади, што убав свет ова би бил;) Мада нас не ни треба слободен ден, него 1 саат најмногу да се засади една садница. Се се може, само да се сака. Еве, ја ќе удрам едно копање денес, и ќе засадам уште едно дрвце у двор!
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на excellent
И ја едвај - од excellent на 7 март, 2008 - 10:09

И ја едвај чекам да слушнам каде ќе се сади. Одам да засадам барем 3-4.

Стварно супер идеја, стварно одвратна аналогија.

--------
So, I’ve decided to take my work back underground.
To stop it falling into the wrong hands.

сликата на гоце
Во чест на - од гоце на 7 март, 2008 - 09:56

Во чест на денот на дрвото јас ќе се направам дрво!

сликата на солЗ
Каде треба да - од солЗ на 7 март, 2008 - 10:22

Каде треба да се пријавам?

сликата на солЗ
Четворица 34 - од солЗ на 12 март, 2008 - 21:26

Четворица 34 дрвца. Следната година ќе имаме повеќе кондиција [се смее]

сликата на StipJaNec
Дрвце - од StipJaNec на 7 март, 2008 - 10:48

Абе ако продужат вака ке нема работни денови у годината, ке бидеме како Црногорците.

сликата на dimitar27
Неработни денови . . . - од dimitar27 на 10 март, 2008 - 15:43

StipJaNec напиша:

Абе ако продужат вака ке нема работни денови у годината, ке бидеме како Црногорците.

Све некако мислам дека оние кои ни се репер за работливост имаат уствари највеќе неработните денови во годината-Германците.
поентата е дека таму кога се работи, навистина се работи, за разлика од овде [се смее]
Така да, не е до деновите колку се, ами и кога сме на работа колку всушност работиме, конташ?

сликата на aceva
Најубаа работа на свет - од aceva на 7 март, 2008 - 12:38

....да се засади дрвце. Да се направи живот.
Се надевам дека нема да се потфрли со организација. Уште нема објавено, од каде, во колку саат, за каде...
По се’ изгледа и ја, ко Флекс, ќе се самоорганизирам со мотиката - во двор.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на Tapa user
Ако е за - од Tapa user на 7 март, 2008 - 16:19

Ако е за природа, убавина, за да немаме голи брда и планини, да. Ама ако е за зголемена емисија на Кислород...џабе се и две милијарди дрва.
_________________________________
Polygonum aviculare

Ако е за - од fLeX на 7 март, 2008 - 16:44

Tapa user напиша:

Ако е за природа, убавина, за да немаме голи брда и планини, да. Ама ако е за зголемена емисија на Кислород...џабе се и две милијарди дрва.
_________________________________
Polygonum aviculare

И две милијарди се нешто, а ич?
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на Tapa user
Ич или - од Tapa user на 7 март, 2008 - 18:17

Ич или брич. [се смее]
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на гоце
Има еден куп - од гоце на 7 март, 2008 - 17:56

Има еден куп придобивки од шумите, а како најважен за луѓето секако е кислородот пошто без него ќе настапи колективна смрт. Да не правиме муабет за намалувањето на ефектот на стаклена бавча, намалувањето на темепратурните екстреми, заштита од ерозија на почвата, прочистување на водата која ја пиеме, заштита од одредени климатски услови, производство на дрво и продукти од дрво...

Некои интересни податоци:
- Еден хектар шума апсорбира 12 тона јаглерод диоксид, а продуцира 8 тона кислород. Ова е доволно кислород за цела година за 40 луѓе. Ако еден хектар има 100 дрва тогаш 2.5 дрва по човек се доволни за потребите за дишење. Две миљарди дрва ќе задоволат помалку од миљарда луѓе. Македонија со своите 2,5 милиони хектари кога све би било шума би задоволила 100 милиони луѓе и би имала 250 миљона дрва.
- За секои 100000 поминати километри со кола која троши 7 л. на 100 км треба да засадиме 70 дрва како би компензирале за продукцијата на ЦО2.

сликата на Tapa user
А сепак, - од Tapa user на 7 март, 2008 - 18:20

А сепак, најголемиот производител на кислород за дишење се наоѓа во океаните и морињата...
_________________________________
Polygonum aviculare

Доколку - од Сељачиште на 7 март, 2008 - 21:22

Не баш. Доколку мислиш на цијанобактериите и фитопланктоните, тие продуцираат помалку од 50 проценти од вкупниот кислород во атмосферата. Актуелните проценки се околу 20-30 проценти.

Другото е од лисја зелени....

сликата на gojko
Информации од прва рака - од gojko на 7 март, 2008 - 21:42

www.treeday.com.mk
е сајтот за подетални информации
Инаку на 12 март ќе има организирано слободен превоз, а секој нека си се доинформира кога и каде и во локалните општини каде живее.

сликата на Zelka
садењето дрво е - од Zelka на 8 март, 2008 - 10:38

садењето дрво е како тестамент. оставаш нешто за другите генерации.
впрочем садењето дрво е една од најпаметната работа која еден човекл може да ја направи.
замислете се како по 10 години поминувате кај сте го засадиле а тоа дрво е високо 10 метра:)
и му викаш на син ти -е сине... ја сум го бапнал.

сликата на jordan23
Владата - од jordan23 на 8 март, 2008 - 18:45

Владата неоткрила нешто ова она. Добро е што им текна вакво нешто воопшто.
Ова треба да се сади кај нас http://www.paulowniasupply.com/index.htm

forever pang forever yang

сликата на aleksandra85
Што се однесува за Екологијата - од aleksandra85 на 8 март, 2008 - 19:06

Што се однесува до екологијата сакам да кажам дека емисијата што секој работен ден иде на Телма од 5 саат ПЕТ + многу ми се допаѓа и ги поздравувам ПЕТКО И МИНА ЗАКОН СТЕ
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

сликата на Frejzer
Ова е катастрофа!!! - од Frejzer на 9 март, 2008 - 21:53

Потпарол лупета глупости и тоа огромини!
А друго која е целта акцијата да е во среда а сабота да се работи? Мислат дека на тој начин ќе има многу повеќе луѓе? Не верувам колку организаторите на овој настан го прецениле македонецот.

сликата на Tapa user
Превземено од - од Tapa user на 10 март, 2008 - 12:47

Превземено од маториот блогер Деди:

Знаете дека во среда 12 март цела Македонија ќе се обиде да засади 2,035,000 садници по повод нашиот Ден на Дрвото, и дека по тој повод Владата на Република Македонија и Јавното претпријатие Македонски шуми ве канат да помогнете да се оствари оваа благородна замисла. Знаете, нели, и не ми се правете удрени денеска. Барајте некои гумени чизми и одберите една од 30-те општини каде ќе се садат дрвцата. Вие на скитанција по шумите на наша мила Македонија и описменување по темата ”зачувување на човековата околина” - а ваш Деди во површна анализа на акцијата. Кој за што учел.

Значи,
потребни се поприличен број, едно 6,524,333 садници - колку што годинава вкупно Владата и Македонски шуми планираат да засадат - а кои, ми кажа врапче, сега ги нема кај нас. Толкав број садници чинат, на овој слободен пазар на Дивиот запад, најмалку 117,437,944 US$ или околу 76 милиони евра за ”шарен избор” дрвца.

Доколку пак станува збор за садничиња Abies amabilis (иглолисно дрвце) кое не е повеќе од 30 см високо - сумата е подруга. Едно такво дрвце, имено, чини 45 долари. Кога ТАКВИ би саделе - арчот за оваа акција би бил астрономски, некои 293 милиони долари. Еве ви цени од расадник па повелете проверите: Слободно кликните ОВДЕ и ќе ви излезе веднаш пред очи.

Или, ако не сакате такви скапи конифери, еве ќе земеме нешто поскромно. На пример брези. Убави се а и ги има кај нас, низ парковите, покрај Илинденска, прават романтични шуми. Ги викаат и Betula и се е овде опишано како и кога се садат. Од друга страна, не може ни брези насекаде да се б'цкаат, сака и за ваа акција некој да се дозборувал со Благоја - Џагуре Сотировски, наш супер-стручњак за пејсаќна архитектура, шумар, мислам и дворовире (ги нема многу) околу Белата куќа во Вашингтон он ги има дизајнирано и изведено. Меѓутоа не верувам дека така длабоко ја обмислувале оваа ударничка акција нашиве тенекњџии. Елем, за брезите: овде низ овој линк се гледа дека едно малечка садница бреза (одвај 60 см) чини од $24 за парче па надолу до $18. Врти сучи - пак 70-80 милиони евра за брези, што би било глупо, а и политички многу терсене затоа што во светски рамки брезата се смета за НАЦИОНАЛНО ДРВО НА РУСИЈА и некогаш дровото, брезата, било чествувано како божица во Русија, во првата половина на Јуни. Има се во Вики.

Не може човек ни дрвце да посади без да влезе во политика, за НАТО или за српска Русија. Ајде еве да се откажеме и од тие брези, ем скапи ем руска фарба, не чини за НАТО, нека ги садат по Шумадија.

Да земеме канадска топола. Ем Америка ем не е Ју-Ес-оф-Еј. И згора на се брзо расте - супер за теоријата буцни прачка пи вино. Нас 6,524,333 садници брзорастечки тополчиња би не чинеле (ако се купени регуларно на Дивљи Запад) пак некои $39 милиони или во евра 25 милиончиња. Еве ви ги цените. Со тополите е незгодно што пијат вода како сарвоши а по баирите на планините некако не сакаат да виреат туку бараат потоци и рекичиња. Но тоа не ми е поентата

ДВЕ ПОРАКИ имам за вас со овој пост.

Прво, големи пари се во игра - не се шегувајте, не забушавајте во среда на 12 март, дупките се ископани, одите и брцните ги тие 2,035,000 садници по планините.

Второ, размислите малку дали нема место да се прашаат Македонски шуми - од кај им се 25 ли 75 ли 100 милиони евра ли за да засадат во една година над шест милиони садници? Имаат ли печатница, од небо ли им паѓаат?
И на ова основно прашање има подпрашање:
колку чинеше копањето на тоа шест милиони дупки во кои треба народот да збрца (од педагошки причини) без да ги упропасти - онолку милиони садници?

Па чим е толку лесно, чим има влади кои арчат вакви количества садници за пошумување - што не земат Македонски шуми да продаваат на други по 30-40 милиони евра саден материјал годишно наместо што се арчат толкави милиони на трчање по светот и молење пари од ојлевци-дојлевци за инвестиции кај нас?

И како бе тоа пред нацијата села, како да сме овци - дојдите ќе садиме дрвца. Па има ли план кои дрвца каде, има ли некој веб сајт со мапа, има ли имиња на садниците, има ли бе видови, латински називи, што каде вирее, киселост на почва, осонченост на локациите, све како што е ред да се каже.
Говеда.

Па ние бре имаме земјоделско-шумарски факултети, средни школи со децении, РЕКТОР на Универзитетот беше Академик д-р проф Ѓорги Филиповски (што мераклија човек) кој ораше по светот како стручњак по педологија и предавач. Па Њего бре да го викневте да каже за ова нешто, да се кренат млади, стари, планинари - а они, оглавче на третинче страница во смрден Утрински.
Сељачки малце, намерно, ама на таа арабаџиска логиката на госпоѓа владата нема јас со ”љубим руке милостива” да одговарам.

Ај сеа, каљачите на нога и у планина.

_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на гоце
Врска нема - од гоце на 10 март, 2008 - 13:30

Врска нема фраеров. Садници гледал по интернет колку пари се, не прашал колку ќе се ако купиш миљони, плус одбирал видови на дрва кои виреат на специфични локации со добри услови.

Се знае кај нас што се сади, аризонски чемпрес кој расте и у песок, и црн бор за повисоко. Се произведуваат кај нас и тешко дека коштаат повеќе од евро по садница пошто се стари година-две.

сликата на aceva
Ја матора, Деди поматор - од aceva на 10 март, 2008 - 20:44

Земјоделско-шумарски! Постоеше, да. До почетокот на седумдесеттите. Земјоделски функционира одделно и се вика сега Факултет за земјоделски науки и храна и таму учат за десетка со кромид, а шумите ги садат од Шумарски. И пак, не сите од тој факултет.
Проф. Ѓорѓи Филиповски е уште жив и испраен ко стап и дајбоже уште толку да тера, ама стварно не гледам потреба од негов непосреден ангажман во овој потфат.
Поентата дека треба внимателно со садничињата е единственото ОК шо кажал Деди. Се надевам дека нема да дивљаат со нив, оние што ќе се покренат на ваква благородна работа. Останатото, латинските имиња, киселоста на почвата и другото - го смислиле Македонски шуми.
Јас се лоцирам на стредно водно. Без дест насадени, не се врштам. Другар ми ќе носи сенгвичи да не ни ослабнат снагичињата.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на dimitar27
СИ кажав ја - од dimitar27 на 10 март, 2008 - 15:23

СИ кажав ја уште одма, јас ем ке засадам дрво, ем у таа чест ке се строам дрво, и тоа не само јас, ами и моите блиски пријатели. И пак нека каже некој дека не ја подржуем валадата на Грујо?!?
Арна идејава, ама со работниов дене ми е чудновато млакуцка? башка објансувањево на секретарчено е . . .мробидна глупост.
Ама па ако не се прогласеше неработен денов, колку ке отидевме ај да сме искрени? Ја би прогласил неработен (ама без одработување-пошто ова не е неработен, нели ке се одработи друг ден или ке ти земат од омдорот) ама присуство ЗАДОЛЖИТЕЛНО, по партизански, па кој не дојде, 30% од плата. А вака шо, ке идат пола у СОлн на шопинг другата половина ке читат по дома, и третата половина ке се здрвуваат по кафани [се смее]

сликата на excellent
Ми се свиѓа - од excellent на 10 март, 2008 - 17:17

Ми се свиѓа како бараташ со половините [се смее]

--------
So, I’ve decided to take my work back underground.
To stop it falling into the wrong hands.

сликата на gojko
Во современиот свет е поинаку! - од gojko на 11 март, 2008 - 19:04

Веќе со глобализацијава не постои работен, неработен ден. Кога сакаш работиш и колку сакаш работиш и не е битно колку и како работиш само важно е ефикасно да рабитиш и нема повеќе од толку до толку. Значи среда нешто ми излегло и затоа недела ќе работам. Со интернетот не мора да му дремеш и да му пиеш кафиња повеќе од 4 часа оти немало работа. Затоа дома ќе си имаш интернет и ќе му ја доработиш на твојот компјутер кога ти е воља во денот, така да утре сабајле како што барал работодавачот така и му ја доставуваш изработеното.
Леле денес врне дожд за секој случај понесете си утре и кабаница плус добро е што падна, па полесно ќе се сади и копа, впрочем има и готови дупки што има да се секирате. Си замислувам во моментов од оние што едвај чекаат да има и бура само да се оправдаат: “е не одам мамо, тато утле ќе влне дожд! Луѓе со возраст меѓу 20-40г. а со првоодделенски мозок.
[хахаха]

сликата на Муцко

Нашиот „ѓенијален ум“ Кољо Дијамантот (иначе мој сограѓанин од Ресен) беше мноогу инспириран од оваа акција, што во својот уникатен хумористичен стил ја нарече:
-

Дeн за НАДРВУВАЊЕ (НАсадУВАЊЕ ДРВо)

-
-
Целосниот коментар на Кољо може да го прочитате на официјалниот Форум на акцијата, на овој линк: http://www.ein-sof.com/treeday/viewtopic.php?t=20
-

сликата на aceva
Убав ден - од aceva на 12 март, 2008 - 21:58

Малку дрвца. Идеме на стредно водно, додуша не во 9 ко што бевме договорени, туку во 11 - све засадено. Од таму до Волково - све засадено. И решивме кај другар ми на плац у Бардовац да ги посадиме дрвцата. Три јавора. Во чест на кафаната кај шо си ја испивме младоста. И И уште три кај мене во двор.
Сеа разбрав на телевизор дека и за дома си носеле од државните дрвца. Ваљда затоа не останало за доцнаџиите.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на Julls
А срцката внука - од Julls на 12 март, 2008 - 22:02

А срцката внука ми, вика, абе тето, отидовме на Водно и оној Трифун Костовски, цела планина ја зафатил со обезбедување, па не можевме да стигнеме до нигде! Мисли некој сака да го убие ма тој изгледа, нели, што ли му е? Еве ќе засадам јас сега две дрва во двор!

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Одамна не сум - од Tonchie на 16 март, 2008 - 17:33

Одамна не сум бил на форумов, инаку имаше инфо за акцијава по весници, имав и јас нешто скенирано, па закачено на ФотоБакит, па делено...
Како и да е, еве ќе ископирам две мои мислења за акцијава:
Се вратив пред саат време. И веднаш да пренесам впечатоци додека сликите се закачуваат на интернет, за да можете после да ги гледате

Времето се погоди ептен убаво, утрото врнеше малку дожд, но не беше влажно. Таман за да може лесно да влегува лопата в земја.
Јас бев во првата тура на луѓе (не бев со бус, не се гужвав, пешачев од дома, а живеам на другиот крај на селото, кај рафинеријата) кои храбро тргнаа кон пошумување на ридовите над моето село.
Прва работа што забележав беа преполни автобуси со луѓе, повеќето средовечни, и по некој стар и по некој млад (кој ќе ти стане у 7 сабајле за да оди да пошумува ).
Отприлики знаев каде ќе се пошумува и не ми беше тешко да се искачам по ридот додека луѓето околу мене прашуваа уште колку ли има?!
Пријатно ме изненадија децата од основните училишта од Миладиновци и од Илинден кои максимално се трудеа.
Одлично беше организирано до последен детал речиси се, освен можеби автобускиот превоз, но тој дел од селото е со тесни улици, а нагоре по ридот малку од возачите имаа храброст да возат.
Видов многу луѓе од невладини организации, многу луѓе од факултетите во Скопје, многу луѓе од различни фирми* (ЈКП Илинден и Шпедиција ДЕНИ практично беа домаќини).
Паралелно сликав и засадив пет дрвца, потоа со помош на двајца постари господа заедно засадивме пеесетина дрвца.
Решив рано да си одам дома затоа што вечерва имам обврски.
А и за да пренесам мои впечатоци додека горе акцијата тече турбо.
Инаку додека се симнував видов многу млади кои се качуваа нагоре, извидници, средношколци...
Имаше претставници и од дипломатскиот кор, државни функционери.
Мило ми е што толку многу луѓе денес го видоа моето село, Миладиновци.

* видов мој драг другар Митко, одеше нагоре по пат со цигара в рака, јас бев со ашов. Ме пофали, ее браво со алат в рака. Јас му вратив, па со алат в рака се оди на акција, а не со цигара џаст кидинк [намигнува]

п.с. имам и 3 видеа, ама не знам дал ќе успеам да ги закачам некако на ЈуТјуб, а сликите веќе почнувам да ги ставам во овој албум.
-----------------
Еве стигнаа и видеата (мај факин пи-ци неќеше да ги аплоудира).
9 часот наутро 12 секунди.
Веќе сум на местото за пошумување 19 секунди.
Јас си одам, но многу други доаѓаат, ова е едно од најдосадните клипчиња на ЈуТјуб :pos: 2 минути едно исто, луѓе на патот [се смее]
-----------------
everybody do what you doin' smile would bring a sunshine day